• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Проблем со пристап до податоците по инсталација на ubuntu

  • Ја почнал/а темата reng
  • Време на почнување
  • Ја почнал/а темата
  • #1

reng

Intern
13 август 2007
683
19
Отприлика открив што е работата и што се случило по инсталацијата на Ubuntu. Сите податоци се останати во компјутерот и не се форматирани, но неможе да се пристапи до нив, бидејќи тие се наменети за NTFS формат на партиција, а во моментов имам само linux партиција која ја направи ubuntu. Ова го открив бидејќи хард дискот не е целосно слободен, односно ubuntu зафаќа простор од 1,6 гб, а јас имам искористен простор од 13гб на хард дискот, што директно кажува дека постојат фајлови до кои неможе да се пристапи.
Веројатно никој се нема сретнато со ваков случај или пак ако постои програма слободно постирајте ја која ќе ги претвори фајловите или пак ќе овозможи пристап до истите преку Ubuntu.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #2

reng

Intern
13 август 2007
683
19
Според она што го разгледав на интернет, значи е извршен формат, не сум единствен колку што видов, среќа што немав животно важни работи освен слики. Другото поважно го имам на дискови. Но сеуште не ми е јасно зошто Ubuntuto зафаќа простор од 2,6 гб, доколку кликнам на хард дискот пишува дека е искористено 13гб од хард дискот.
За сите оние што сакаат да инсталираат нов оперативен систем прво правило back up и да внимаваат на која партиција ќе се инсталира. Значи се збунив заради тоа што можеше на NTFS да се инсталира Ubuntu ама мал недостаток на информации. Не пробувајте преку wubi, пошто ме зезна.
 

Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5,748
288
влези во линуксот, отвори терминал пиши sudo fdisk -l и пастирај ми го резултатот ... сега ќе видеме дали реално уште постојат партициите ...

И те молам не расфрлај едно прашање по неколку теми
 
  • Ја почнал/а темата
  • #4

reng

Intern
13 август 2007
683
19
Значи ова истово што го бараш го најдов на интернет и одговорот беше дека е се изгубено предходно. Еве види и ти.

Disk /dev/sda: 250.0 GB, 250059350016 bytes
255 heads, 63 sectors/track, 30401 cylinders
Units = cylinders of 16065 * 512 = 8225280 bytes
Disk identifier: 0xf26df26d

Device Boot Start End Blocks Id System
/dev/sda1 * 1 30027 241191846 83 Linux
/dev/sda2 30028 30401 3004155 5 Extended
/dev/sda5 30028 30401 3004123+ 82 Linux swap / Solaris

Отворив нова тема зошто предходната беше за со windows, а сега е веќе како да спасам нешто. Ете ако некој заглави со истово да прочита нешто тука и да знае дека му нема спас за податоците освен со некои програми да спаси нешто. Нормално и дека wubi не функционира барем за мојата верзија 7.10.

Веројатно ќе ми кажеш дека нема спас за windows, a доколку се поправи boot дали може нешто да се промени.
 

Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5,748
288
Прво ... НТФС партиција не постои на твојот хард диск. Второ тешко дека со некоја линукс програма ќе можеш да напраиш рековер од НТФС партиција, ако е можно тоа, значи не сум слушнал за таква програма

Би ти препорачал да земеш Ultimate Boot CD мислам дека има неколку алатки за рековер на податоци и да пробаш на тој начин.

Мислам дека не е крива инсталацијата на убунту .. туку дека лошо си го инсталирал, затоа следен пат прочитај што и како треба да се праи па после праи

“мисли трипати, сечи еднаш“
 
  • Ја почнал/а темата
  • #6

reng

Intern
13 август 2007
683
19
Да ти кажам сакав одма да ја прекинам и стиснав на Х ама прозорецот се изгуби и форматираше во позадина, што ме зезна зошто незнаев. Затоа и прашував сто пати ама изгледа освен ти никој друг не е доволно стручен, па се потпрев на лоши мислења. Понекогаш треба да ти се случат вакви работи за да бидеш по претпазлив, еве сега гледам на позитивна страна дека научив нешто повеќе и ја расчистив мистеријата. Имаше едно мислење прочитав во една тема дека му се случило истото ама не го сватив сериозно, а другиве мислења беа поубедливи.

п.с. уште не научив како да инсталирам програма во линукс ми делува чудно, а сигурен сум дека е лесно.
 

Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5,748
288
Applications > Add/Remove ... Мора да имаш интернет ...

Добро е кога човек учи од своите грешки
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,599
Мислења
824,362
Членови
28,092
Најнов член
mkcoach
На врв Дно