1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Проблем со претплата за Магента на Телеком

Дискусија во форумот 'Телеком' започната од bobmkd, 12 Март 2016.

  1. bobmkd

    bobmkd
    Gaining Experience

    372
    191
    18 ноември 2008
    Машко
    Корисник сум на Магента 1 пакетот на услуги на Телеком http://www.telekom.mk/magenta1.nspx и кога ја добив првата фактура приметив дека е со повисока цена од онаа што ми беше пресметана во салон и која ја има и на сајтот на Телеком. Имено на веб сајтот на Телеком како и во нивниот салон ми беше пресметан попуст од 20% на вкупниот износ на месечна претплата со ДДВ (до овој момент сеуште е така на нивниот сјат, проверете) но во фактурата попустот е засметан на износ без ДДВ и месечната фактура ми е повисока од она што ми беше пресметано од агентот во нивниот салон. Денеска бев да дадам приговор и вработената ми вели „попустот е на цената без ДДВ и се одзема од вкупнатапретплата со ДДВ“, кога и посочив дека на флаерот кај нив а и на веб сајтот попустот е на цената со ДДВ ми рече „пуштете приговор, очигледно не се разбираме“ (не се разбираат, тоа ми е јасно). Исто така, во барањето кое го генерираше нивниот агент кога го потпишувава договорот (и кое е составен дел на истиот) си стои дека за пакетот следува попуст од 20% на месечната претплата, не е пишано „без ДДВ“ туку само месечна претплата.
    Инаку пакетот што го имам е составен од:
    1. Магента 1 М за мобилни услуги со цена од 2 х 799денари = 1598
    2. Магента 1 Л за фиксни услуги и интернет со цена од 1199 денари и
    3. Магента 1 М за МаксТВ со цена од 799 денари
    Според податоците на сајтот и во флаерите (а денес вработената во салонот исто така ми пресмета, пред да и кажам зошто сум дојден) цената на цел пакет без попуст е 3596 денари а со 20% попуст е 2876 денари.
    Дека попустот е навкупната цена со ДДВ се гледа од стандардните пакети, на пример:
    Магента 1 М е 4*799=3196 (цената е пречкртана) или со 20% попуст е 2557 денари.
    Доколку има корисници на Магента 1 пакетот тука, нека си ги проверат фактурите и нека споделат, ме интересира дали кај сите е така (а мора да е).
    Во најлош случај за нас, т.е. попустот да се пресметува на цената без ДДВ, сепак излегува дека на нивниот сајт како и во флаерите и рекламите на билборди пресметката им е погрешна и ги доведуваат потрошувачите во заблуда, што мора да е казниво по некој закон кај нас??
     
    Последна промена: 12 Март 2016
    На Bubache и kirev им се допаѓа ова.
  2. ekonomist

    ekonomist
    Gaining Experience

    949
    381
    17 Јуни 2008
    Без разлика дали попустот ти е на цената со ДДВ или без ДДВ, ти треба да плаќаш 2.880 мкд. Ако се смета на цената без ДДВ, ти тогаш би имал помала основица за ДДВ и вкупниот износ би бил повторно ист.
    Јас ја имам баш оваа комбинација и фактурата ми е колку што треба да ми биде.
     
    На bobmkd и Ceco им се допаѓа ова.
  3. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,313
    9,579
    23 oктомври 2012
    Машко
    Првата фактура е повисока од причина што плаќаш ПРЕТплата за нареден месец плус деновите од изминатиот месец. Клучниот збор е ПРЕТ.
     
    На gocetan и bobmkd им се допаѓа ова.
  4. bobmkd

    bobmkd
    Gaining Experience

    372
    191
    18 ноември 2008
    Машко
    Фала @ekonomist , јасно ми е тоа, но очигледно дека со вработените во салониве не се разбирам баш добро :) што не е моја вина, т.е. вина на клиентот туку е до пристапот на вработениот. Јас видов дека фактурата ми е повисока и само барав објаснување од нив.
    Вработенава ми вика дека износот од 609,49 што претставува пресметан попуст на цената без ДДВ се одзема од цената на претплатата со ддв, за мојот (и твојот) пакет 3596 - 609 = 2987 т.е > 2876 (за само ~110 денари ама па зошто да биде) и тоа ме збуни, затоа и реагирав, а всушност не е така. Најверојатно иам користено некои услуги што не влегуваат во претплатата и затоа ми е малку повисока фактурата, а таа, наместо да извади детална и да види каде е проблемот ме збуни со небулозиве.
    Важно, дилемата е разрешена.
     
    Последна промена: 12 Март 2016
  5. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,313
    9,579
    23 oктомври 2012
    Машко
    2876/31*1,18=109,47 денари т.е. имаш 110 денари за еден ден во месецот. Претпоставувам дека договорот ти е од 31.01.2015 и за тој еден ден од јануари имаш 110 денари, остатокот е за февруари. Или така нешто... од кога ти е договорот, т.е. кога ти ја монтираа опремата и проврви првиот интернет пакет накај тебе?
     
    На goranzoran и bobmkd им се допаѓа ова.
  6. bobmkd

    bobmkd
    Gaining Experience

    372
    191
    18 ноември 2008
    Машко
    Не е тоа, изгледа некоја донација пуштиле жена ми или син ми (кај нив се мобилните), баш сега се потсеќавме по дома што може да е.
    Едит: или паркинг...
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ceco

    Ceco
    Gaining Experience

    604
    166
    29 Септември 2010
    имаш на телеком страната мој телеком можеш да се најавиш и да провериш детална сметка кон секој број од мобилен со се смс колку интернет буквално се не сум сигурен за фиксен
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  8. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    2,902
    2,451
    21 Јануари 2011
    Машко
    Невработен
    Скапа магентава
     
  9. krema

    krema
    Professor

    8,989
    8,746
    24 Јуни 2009
    Машко
    Изгор :)
     
  10. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,224
    6,352
    27 Март 2014
    Магентава има квалитет, Ексимава бе моја грешка. :D
     
    На smole му/ѝ се допаѓа ова.
  11. dimges

    dimges
    Intern

    15
    8
    14 Мај 2017
    Машко
    бев одамна заинтересиран за Магента, а и ќерката е со мобилен од Телеком скоро 2 години, ама испадна друга работа што ме пишманува, чув дека откажува опремата на Телеком ама не подлегнува на замена; бараат пари иако таа опрема е нивна... некој набавил опрема со смешен гарантен рок а праи договори на 2 години
     
  12. Vampo

    Vampo
    Gaining Experience

    347
    233
    24 oктомври 2010
    Машко
    Не те разбирам како откажува а не подлегнува на замена? До сега ми смениле повеќе од 3-4 ресивери и исто толку рутери потполно бесплатно.
     
    Ragnar, olikomerc, kirev и на уште 1 им се допаѓа ова.
  13. Bagata

    Bagata
    Gaining Experience

    60
    53
    21 Август 2010
    Исто и на мене ми имаат заменувано ресивери и рутери, и немаат барано никаква парична накнада +
     
    На kirev му/ѝ се допаѓа ова.
  14. igor_igor

    igor_igor
    Unstoppable

    2,095
    3,013
    2 Септември 2012
    Машко
    Можеби кај нив има физичко оштетување на опремата штом им бараат пари за замена. :)
     
  15. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,337
    3,730
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Тешко некоја гаранција да покрива физичко оштетување. За било што.
     
    На igor_igor му/ѝ се допаѓа ова.
  16. dimges

    dimges
    Intern

    15
    8
    14 Мај 2017
    Машко
    далечинското откажа.... а и да дадеш 1000ка на новото пак нема гаранција.. а специфично е , не може да се купи на друго место
     
  17. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,337
    3,730
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Ако не е паѓано и испокршено, ќе одиш и ќе ти го заменат.
     
  18. dimges

    dimges
    Intern

    15
    8
    14 Мај 2017
    Машко
    каде тоа конкретно??
    работата е до АЕК , се чека одговор а и на повисоко може ќе оди.... а веќе по 6месеци почна да откажува, а сега на година не функционира
     
  19. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,871
    6,479
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Нема друже АЕК со твоето даљинско ништо да направи, а и грешна агенција е. ДПИ ти треба, ама и тоа е многу за даљинско.
    Фино лепо јави си се на 080012345 и кажи ресиверот не ми работи, не се разбирам и слично. Речи неможам да го уклучам стискам нема ништо. Ќе отворат налог ќе дојдат со нов ресивер ќе го сменат.

    И треба малце поубаво да објасниш и да си отвориш посебна тема. Ништо не разбрав од првиот пост, многу малце од вториот.
     
  20. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,337
    3,730
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    У сервис, у продавница, ... Каков АЕК сеа? Скршен е? Ако не е нема што да комплицираат.
     
  21. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    965
    1,475
    13 Јануари 2014
    Машко
    Колку и да е сочувано, не ги менуваат. Во најдобар случај ќе ти го сменат со некое со помалку фалични копчиња, или со други расипани копчиња.

    Дури и да побараш ново, да си го платиш, добиваш "Немаме на лагер".

    Наводно не биле заедно со ресиверот, и не потпаѓаат под истата гаранција. Ова ми е информација од вработен од Телеком.

    А ако пробаш да ги натераш да ти сменат ресивер (со кој би требало да има и ново), веројатно ќе добиеш користено, затоа што новото сервисерите му го дале на "пријател", зошто ова од пријателов се расипало, па го ставиле тоа во кутија со нов ресивер.
     
  22. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,871
    6,479
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Од скоро даваат нови ресивери не ми текнува името ама не се циско. Со нив идат нови даљински. Можда од старите ресивери немаат па така прават ама еве од салон вчера земав за кај старите нов ресивер, стариот не им снимаше, дојде со даљинско гланц ново во кутија па дури и батерии во целофан. Нормално и нов хдми кабел и нов адаптер. Тоа е пакет незнам зошто би давале користена опрема.
     
  23. Psycore

    Psycore
    Gaining Experience

    478
    409
    12 ноември 2013
    Меѓу првите во Скопје добив оптика во мојата зграда и од тогаш ништо не сменето, ниту откажано. Huawei модем имам и maxTV од првите дебелите ресивери (10 саати на ден просек). Гајле немаат после 8+ години. Рутер имаше Cisco коцка мала и го сменив уште пред некоја година од мои лични потреби.

    Испратено од SM-N950F преку IT.mk форум апликација
     
    На fikiki и Oktar им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...