• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Проблем со POS систем

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Харви

Intern
7 ноември 2017
6
3
Имам проблем со POS систем на една каса за работа во ресторан за брза храна. Системот е Aloha POS, верзија 12.3.46. Нормално треба истиот да е инсталиран и на касата (Front of House - FOH), и на компјутерот со кој е поврзана касата (Back of House - BOH), при што компјутерот функционира како Fileserver и сите нарачки да се испраќаат таму. Но бидејќи имаше технички проблем со BOH, Windows-от мораше да се преинсталира таму, и при тоа го избришале целиот POS систем од него. Но тоа не е проблем, зашто самата каса (FOH) може да функционира offline, се прави Fileserver и нема проблем, ги помни сите нарачки сама. Така и работеа во локалот веќе неколку месеци. Но од утрово на касата се појавува порака: System Redundancy Limit Exceeded, и не може да се логира никој. Да се среди инсталирањето на Aloha-та на BOH е невозможно, зашто треба да дојде екипа од друга држава, што во денешниве услови е неизводливо. Денес пробав во самата каса да ги исправам работите, без успех. Направив буквално се што најдов на reddit, од тука:
Reddit - alohapos - System Redundancy Limit Exceeded
И тука:
Help with Redundancy : alohapos
, неуспешно. До Windows-от сум 100% сигурен дека не е, зашто направив 2 пати System restore во денови кога касата функционирала нормално, и истиот проблем го јавуваше. Некој некоја основна помош, да не ми е решението пред очи, а јас не го гледам?
 

hipo

Practice makes perfect
27 јануари 2011
1,677
1,484
sistrum.mk
Обично касите се поврзуваат на компјутер преку сериски кабел. Дали провери конекција меѓу компјутери каса? Види дали комуницираат, драјвери дали се ОК, дали е активна сериска порта итн.
Неколку месеци бил присутен проблемот и никој не се нашол натенане да го реши, и кога се престанало да работи ука бука.
Дали може да се ресетира каса/пос терминал и да си работи пак самостално.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #3

Харви

Intern
7 ноември 2017
6
3
Обично касите се поврзуваат на компјутер преку сериски кабел. Дали провери конекција меѓу компјутери каса?
Не, не, реков, компјутерот не работи, касата си работеше самостојно, како fileserver. Значи нема врска дали е поврзана или не со компјутерот, на нејзе не и треба конекција за да функционира. На неа има инсталирано Windows, има интернет, се си е ОК. Проблемот е до POS софтверот, не до каблите, драјверите и сл.
Неколку месеци бил присутен проблемот и никој не се нашол натенане да го реши, и кога се престанало да работи ука бука.
Малку е комплицирано за објаснување, ама ќе пробам: на компјутерот потребна е инсталација на лиценциран софтвер кој го има техничка служба во рамките на странска компанија и верувајте дека е невозможно на било кој начин да го препрати на трето лице, кое не е дел од таа служба, за да го инсталира. (Тоа што јас, што сум ептен лаик имам поголеми познавања од тој кој обично ни го праќаат, е друга тема. Нејсе. Заради карантините за коронавирусот не можеше никој од нив да дојде во државава. Сега се отворија границите, ама веројатно пак им е страв заради големиот број случаи во државава. Затоа проблемот стои.
Дали може да се ресетира каса/пос терминал и да си работи пак самостално.
Касата (FOH) денес ја рестартирав минимум 30 пати, по секое можно нешто на кое ќе налетав на reddit, направено. Како мислиш на друг начин да се ресетира? Ако се преинсталира Windows и на неа, и таму ќе се избрише Aloha-та, и уште поголем проблем после. Плус во неа ги има податоците од продажбите од последните 2-3 месеци, и на нив мора да се внимава да не се избришат.
 

marv

Unstoppable
5 октомври 2007
2,942
2,317
Не, не, реков, компјутерот не работи, касата си работеше самостојно, како fileserver. Значи нема врска дали е поврзана или не со компјутерот, на нејзе не и треба конекција за да функционира. На неа има инсталирано Windows, има интернет, се си е ОК. Проблемот е до POS софтверот, не до каблите, драјверите и сл.

Малку е комплицирано за објаснување, ама ќе пробам: на компјутерот потребна е инсталација на лиценциран софтвер кој го има техничка служба во рамките на странска компанија и верувајте дека е невозможно на било кој начин да го препрати на трето лице, кое не е дел од таа служба, за да го инсталира. (Тоа што јас, што сум ептен лаик имам поголеми познавања од тој кој обично ни го праќаат, е друга тема. Нејсе. Заради карантините за коронавирусот не можеше никој од нив да дојде во државава. Сега се отворија границите, ама веројатно пак им е страв заради големиот број случаи во државава. Затоа проблемот стои.

Касата (FOH) денес ја рестартирав минимум 30 пати, по секое можно нешто на кое ќе налетав на reddit, направено. Како мислиш на друг начин да се ресетира? Ако се преинсталира Windows и на неа, и таму ќе се избрише Aloha-та, и уште поголем проблем после. Плус во неа ги има податоците од продажбите од последните 2-3 месеци, и на нив мора да се внимава да не се избришат.
И целото ова неможат ремоте да го средат? Морално е физичко присуство на тој сервисер?

Sent from my TELEFON using Tapatalk
 

Pane24

Unbeatable
31 октомври 2012
4,843
4,219
Ethermine
www.facebook.com
И целото ова неможат ремоте да го средат? Морално е физичко присуство на тој сервисер?

Sent from my TELEFON using Tapatalk
Му е страв да не гледаат овие од другава страна и да се научат како се средува софтверски, за да не му земаат заработка. Инаку све се средува remote...
 
  • Ја почнал/а темата
  • #6

Харви

Intern
7 ноември 2017
6
3
И целото ова неможат ремоте да го средат? Морално е физичко присуство на тој сервисер?

Sent from my TELEFON using Tapatalk
Ваљда можат да ја оправат касата, ама толку се замараат. Денес се поврза еден, ги проба истите работи што ги пробав јас 3 пати пред него, и се откажа. А јас 4 саати скапав таму, што и не е моја работа.
 
Му е страв да не гледаат овие од другава страна и да се научат како се средува софтверски, за да не му земаат заработка. Инаку све се средува remote...
Или тоа, или го мрзи.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,546
Мислења
820,276
Членови
28,210
Најнов член
iledimovski
На врв Дно