• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Проблем Проблем со полнач за лаптоп Lenovo

TexasUS

Gaining Experience
25 февруари 2017
504
378
Здраво на сите. Пред некој ден дел од полначот што влегува во лаптопот почна да откажува односно почна да губи контакт па мора да го поднаместиш и да не го движиш за да полни а тој дел и почна поприлично да загрева кога е под некој поголем load лаптопот (видете 2-та слика, одбележаното со плаво). Од надвор нема никакви физички оштетувања на прв поглед се е во ред, изолирот го ставив само со цел да го држи тој дел исправен со обична спајалица која ја превиткав внатре па си викам ај уште некое време ќе тера вака и се надевам нема да грее. Ден беше океј но еве денес пак губи многу често контакт и грее поприлично и при мал load.

Пошо му нема спас денес бев да барам само кабел од трансформаторчето но очигледно одат цел полнач во пакет за што во инет ми побараа 4500 за цел комплет нов.

Со остатокот значи цел кабел до транформаторчето и самото, нема никаков проблем топ си се, е сега прашањето ми е дали постои некаде ако некој знае да може да се најде само кабелче цело кое би се залемило во трансформаторчето, бидејќи денес од што барав не се нафати никој тоа да го репарира кај што е дефектот (а и ја не би одел со таа опција), единствено Логинг Електроникс се нафатија но ми рекоа дека би било готово најрано средина на следната недела а за тоа време бараа таму да биде цел полнач што беше неприфатливо. Другите сите ми кажаа ако успеам да најдам таков кабел кој излегува од трансформаторчето до лаптопот не би било проблем да се замени.

Останува опцијата само да одам до Инет и да купам ново, но доколку некој има друг совет идеа за поевтино да поминам би бил благодарен. :) Совети каде продаваат вакви за Леново доколку знаете пишете да видам што кој колку би понудил и дали воопшто има можност такво кабелче да се пронајде.

135W e.

Благодарам однапред! :)
20220808_141902.jpg 20220808_141910.jpg
 
gloria borger

On your way to fame
10 мај 2018
297
596
Позади тебе
 
Slupcane

Intern
10 јуни 2017
60
30
Истиот полнач го имаш на ebay за упола од цената која што ти ја бараат. Секако ова е добра опција ако воопшто ја имаш опцијата да чекаш бидејки знаеме како работат македонски пошти.
 
Banjifiko

Unbeatable
28 октомври 2008
3.610
5.432
Skopje
Останува опцијата само да одам до Инет и да купам ново, но доколку некој има друг совет идеа за поевтино да поминам би бил благодарен. :) Совети каде продаваат вакви за Леново доколку знаете пишете да видам што кој колку би понудил и дали воопшто има можност такво кабелче да се пронајде.

135W e.

Благодарам однапред! :)

Можеш да смениш само кабел со конектор, се продава и локално

Ако немаш искуство како, имаш две опции: да им го однесеш па тие да ти го сменат или да го прашаш Daniel86 да ти го среди.
 
Nikola100

Unstoppable
30 септември 2019
2.446
2.468
Скопје
Здраво на сите. Пред некој ден дел од полначот што влегува во лаптопот почна да откажува односно почна да губи контакт па мора да го поднаместиш и да не го движиш за да полни а тој дел и почна поприлично да загрева кога е под некој поголем load лаптопот (видете 2-та слика, одбележаното со плаво). Од надвор нема никакви физички оштетувања на прв поглед се е во ред, изолирот го ставив само со цел да го држи тој дел исправен со обична спајалица која ја превиткав внатре па си викам ај уште некое време ќе тера вака и се надевам нема да грее. Ден беше океј но еве денес пак губи многу често контакт и грее поприлично и при мал load.

Пошо му нема спас денес бев да барам само кабел од трансформаторчето но очигледно одат цел полнач во пакет за што во инет ми побараа 4500 за цел комплет нов.

Со остатокот значи цел кабел до транформаторчето и самото, нема никаков проблем топ си се, е сега прашањето ми е дали постои некаде ако некој знае да може да се најде само кабелче цело кое би се залемило во трансформаторчето, бидејќи денес од што барав не се нафати никој тоа да го репарира кај што е дефектот (а и ја не би одел со таа опција), единствено Логинг Електроникс се нафатија но ми рекоа дека би било готово најрано средина на следната недела а за тоа време бараа таму да биде цел полнач што беше неприфатливо. Другите сите ми кажаа ако успеам да најдам таков кабел кој излегува од трансформаторчето до лаптопот не би било проблем да се замени.

Останува опцијата само да одам до Инет и да купам ново, но доколку некој има друг совет идеа за поевтино да поминам би бил благодарен. Совети каде продаваат вакви за Леново доколку знаете пишете да видам што кој колку би понудил и дали воопшто има можност такво кабелче да се пронајде.

135W e.

Благодарам однапред!
Погледнете го атачментот 115620Погледнете го атачментот 115621
Ако има доволно жица (од страна на конекторот (џекот) и од страна на филтерот ) лесно може да се залеми (две жици се само) и после да се стави "heat shrink" "wire heat wrap" . (зборам за само тој дел што е заокружен)

(Нормално ќе загрева - 135W не може да спроведеш со „плукни залепи„ контакт - мора добар контакт да има - затоа загревало искрело )

Останува некој што нема две леви раце да се нафати да ти залеми . Воедно Апелирам !
 
TexasUS

Gaining Experience
25 февруари 2017
504
378
Можеш да смениш само кабел со конектор, се продава и локално

Ако немаш искуство како, имаш две опции: да им го однесеш па тие да ти го сменат или да го прашаш Daniel86 да ти го среди.
Не знам ни зошто не се ни понудија да земам од кај нов ново кога веќе бев во сервис освен ако не ни знаеле тие од сервис дека и имаат... Дефинитивно би одел со опција да земам вакво ново па кај некој со електроника да го однесам да го смени кабелчето. Ќе разгледам и за кај @Daniel86 само клучно ми е колку брзо би можел работа да ми заврши.

Ви благодарам многу на сите! :)
 
Banjifiko

Unbeatable
28 октомври 2008
3.610
5.432
Skopje
Ако има доволно жица (од страна на конекторот (џекот) и од страна на филтерот ) лесно може да се залеми (две жици се само) и после да се стави "heat shrink" "wire heat wrap" . (зборам за само тој дел што е заокружен)

(Нормално ќе загрева - 135W не може да спроведеш со „плукни залепи„ контакт - мора добар контакт да има - затоа загревало искрело )

Останува некој што нема две леви раце да се нафати да ти залеми . Воедно Апелирам !
Зошто да прави од џабе вересија. За 300 денари има потполно нов кабел.
Полначот може да го отвори така што ќе го натопи со бензин по линија каде што е залепен, и за пет минути ќе се одвои како оревче.
Промената не комплицирана, две жици се, толку. Ама сепак му препорачувам да му пише на Даниел. Инаку, кој не знае кој е членот, слободно нека прочешла наназад темите, дечкото е wizard.
Мислењето е автоматски споено:

Не знам ни зошто не се ни понудија да земам од кај нов ново кога веќе бев во сервис освен ако не ни знаеле тие од сервис дека и имаат... Дефинитивно би одел со опција да земам вакво ново па кај некој со електроника да го однесам да го смени кабелчето. Ќе разгледам и за кај @Daniel86 само клучно ми е колку брзо би можел работа да ми заврши.

Ви благодарам многу на сите! :)
Затоа што им е поисплатливо да ти го закрпат за 600 денари. Како сервис се ептен спори, затоа и ти пишав да го пингаш Даниел. Голема е веројатноста и тој да има кабел.
 
igor_igor

Unstoppable
2 септември 2012
2.257
3.823
Скопје
igor_igor's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-11400F + CM Hyper 212 EVO
Motherboard
Gigabyte B560M - DS3H V2
Storage
SSD Kingston NV1 500GB M.2 / HDD Seagate BarraCuda 2TB (ST2000DM008)
PSU
Cooler Master V750 GOLD V2
RAM
2 x 8GB (16GB) Kingston HyperX FURY RGB 3200MHz DDR4
Video card
Zotac RTX 3050 Twin Edge OC 8GB GDDR6
Case
SAMA Vision III
Mouse
A4 X5 MAX Bloody Gaming Esports Stone Black
Keyboard
X7 A4tech G800 MU
Monitor
AOC D2357Ph Led 3D
OS
Windows 10 Pro 64 bit
Интересна работа, лани отварав еден од монитор се шинав од сечење, стругање странично. o_O
А лекот да ти бил пет пари. (y)
 
petkotrajko

Gaining Experience
16 јуни 2017
400
385
Јас лани купвав од itradeполнач за леново (прикачена слика), 850 денари беше (плус 120 за достава, пошто рекоа на телефон, дека така функционирале, не можело од кај нив да се појди и купи...) IMG_20220808_202034.jpeg

Испратено од телефоно.
 
Daniel86

Guru
28 мај 2013
3.155
8.578
Скопје, Карпош 1
www.facebook.com
Daniel86's setup  
Processor & Cooler
i5 11400 & Deepcool AK620
Motherboard
Gigabyte Z590 UD AC
Storage
Samsung 980 Pro NVME & WD Blue WD10EZEX 1TB
PSU
Asus Rog Strix 850W
RAM
G-Skill Ripjaws 3200Mhz
Video card
Intel UHD730
Case
Deepcool Tesseract SW Black/Blue
Mouse
Logitech MX1000
Keyboard
Coolermaster Devastator 3
Audio
Kenwood KRF-V5020 + Kenwood LS76
Monitor
Philips 222EL
OS
Windows 10 Pro 64bit
Да ви каже нешто батко Даниел, сите кабли што ги продаваат кај нас се за послабите модели, односно за 90W, скоро невозможно е да се најде кај нас кабел, само кабел, за 135W полнач. Во самиот коцкаст конектор има електроника која комуницира со матичната и тој сигнал е наречен PSID. Во случај на неодговарачки кабел, се ризикува да се направи голем проблем со матичната, како горење на напојувачка секција и embedded controller, кои воопшто не се лесни за поправка која вклучува сорсирање на оригинални делови, како и програмирање на embedded controller-от кој ги содржи сите информации за хардверот, односно DMI датата.
Земете го сето ова во обзир, па одлучете дали да ризикувате за ситна пара. Инаку јас го немам тој кабел на лагер моментално, ете би требало да го имам, ама јебига, не сум толку моќен да држам голем лагер на најразлични делови.
 
Има некоја можност да се препознае одговарачки/неодговарачки кабел и што е тоа што ги разликува?

Не сум воопшто со електрониката упатен така да би бил благодарен на објаснување кратко.
 
Daniel86

Guru
28 мај 2013
3.155
8.578
Скопје, Карпош 1
www.facebook.com
Daniel86's setup  
Processor & Cooler
i5 11400 & Deepcool AK620
Motherboard
Gigabyte Z590 UD AC
Storage
Samsung 980 Pro NVME & WD Blue WD10EZEX 1TB
PSU
Asus Rog Strix 850W
RAM
G-Skill Ripjaws 3200Mhz
Video card
Intel UHD730
Case
Deepcool Tesseract SW Black/Blue
Mouse
Logitech MX1000
Keyboard
Coolermaster Devastator 3
Audio
Kenwood KRF-V5020 + Kenwood LS76
Monitor
Philips 222EL
OS
Windows 10 Pro 64bit
Има начин да се разликуваат, прво во дебелината на кабелот, а второ со омско мерење меѓу средниот (PSID) пин и внатрешниот + контакт ако не се лажам, е сега точно колку оми беше не се сеќавам, мислам дека околу 560 или 580 за 90W кабелот, а за 135 стварно не знам, треба да разбарам по семоќниов интернет, не можам баш се да запаметам, нажалост :)
 
Daniel86

Guru
28 мај 2013
3.155
8.578
Скопје, Карпош 1
www.facebook.com
Daniel86's setup  
Processor & Cooler
i5 11400 & Deepcool AK620
Motherboard
Gigabyte Z590 UD AC
Storage
Samsung 980 Pro NVME & WD Blue WD10EZEX 1TB
PSU
Asus Rog Strix 850W
RAM
G-Skill Ripjaws 3200Mhz
Video card
Intel UHD730
Case
Deepcool Tesseract SW Black/Blue
Mouse
Logitech MX1000
Keyboard
Coolermaster Devastator 3
Audio
Kenwood KRF-V5020 + Kenwood LS76
Monitor
Philips 222EL
OS
Windows 10 Pro 64bit

l1d0v1c

Practice makes perfect
10 март 2011
694
1.564
Пошо му нема спас денес бев да барам само кабел од трансформаторчето но очигледно одат цел полнач во пакет за што во инет ми побараа 4500 за цел комплет нов.

Ме чуди зошто не ти понудиле да го сменат. Разговараше со продажба или со сервис? Пред неколку месеци за ич пари ми сменија кабелче, на исто место цвикнато. Очекував цена од 1000-1500 денари, бидејки нов полнач кај нив беше околу 5,000 денари, но не ми наплатија ништо.
 
Sparkplug folf

Gaining Experience
5 јануари 2021
246
127
Што течност му става? Се извинувам не видов на шишето дека пишува бензин. А 95ка алкохол или домашна ракија не бидуват?
П.С. Ама јак туторијал не слушнав крцкање и кршење на пластика, без штравцигер да отиде многу внатре.
 
Последна промена:

TexasUS

Gaining Experience
25 февруари 2017
504
378
Штотуку бев, како што и кажа @Daniel86 90W е тоа што го имаат, ми потврдија. Тоа е тоа очигледно ќе мора целосно нов полнач да се зема. Фала многу на сите :)
 
Daniel86

Guru
28 мај 2013
3.155
8.578
Скопје, Карпош 1
www.facebook.com
Daniel86's setup  
Processor & Cooler
i5 11400 & Deepcool AK620
Motherboard
Gigabyte Z590 UD AC
Storage
Samsung 980 Pro NVME & WD Blue WD10EZEX 1TB
PSU
Asus Rog Strix 850W
RAM
G-Skill Ripjaws 3200Mhz
Video card
Intel UHD730
Case
Deepcool Tesseract SW Black/Blue
Mouse
Logitech MX1000
Keyboard
Coolermaster Devastator 3
Audio
Kenwood KRF-V5020 + Kenwood LS76
Monitor
Philips 222EL
OS
Windows 10 Pro 64bit
Штотуку бев, како што и кажа @Daniel86 90W е тоа што го имаат, ми потврдија. Тоа е тоа очигледно ќе мора целосно нов полнач да се зема. Фала многу на сите :)
Најдругарски совет, земи оригинален полнач и да си бидеш раат. Можам и да ти закрпам и да мењаме кабли и да правиме се што сакаш, ама ако сакаш да си бидеш раат, само нов полнач од инет. Верувај дека е исплатливо на долги рокови.
 
Banjifiko

Unbeatable
28 октомври 2008
3.610
5.432
Skopje
Штотуку бев, како што и кажа @Daniel86 90W е тоа што го имаат, ми потврдија. Тоа е тоа очигледно ќе мора целосно нов полнач да се зема. Фала многу на сите :)
Ова објаснува и зошто не ти го понудиле кабелчето кога си бил кај нив.
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43.414
Мислења
900.375
Членови
32.126
Огласи
505
Најнов член
zoki.mitovski
На врв Дно