1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Проблем со POE

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од smole, 27 Август 2019.

Тагови:
  1. smole

    smole
    Unstoppable

    2,978
    3,321
    18 Април 2007
    Имам IP камера Dahua SD59225U-HNI (PTZ) која бара 802.3at POE.

    Приклучена е на Mikrotik CRS112-8P-4S-IN кој испорачува 802.3at POE, со фабрички струјен адаптер 48V 1.6A (амперажата за сега е доволна за оваа намена иако има адаптер со повеќе ампери).

    Кабелот кој го користам е Lanmark (by Nexans) Cat.6 AWG24 F1/UTP со shielded Cat6 конектори, должината му е 45м. Пробав и со 15м од истиот кабел и пак не се покренува камерата.

    Користам network tester NF-8061 и кај POE ми отчитува 48.1V на крајот на кабелот, но не ја напојува камерата како што треба и истата не се покрева.

    Со 5м STP AWG23 cat6 patch кабел (фабрички терминиран, Draka) камерата се покрева ок, ќе пробам и со печ кабел од 10/15м.

    Дали да пробам со 45м cat5e/cat 6 AWG23 (подебели се париците и помал отпорот отколку кај AWG24)? Друга сугестија?
     
  2. bxxxn

    bxxxn
    Practice makes perfect

    1,020
    1,144
    11 Март 2011
    Имав сличен проблем со rb2011, го имаат декларирано последниот порт дека е PoE. Но всушност испорачуваше само онолку колку што беше адаптерот 24 волти. На свичот имаш место за втор адаптер од 48 волти. Она што ми паѓа на ум, дали е соодветен адаптерот
     
    На smole му/ѝ се допаѓа ова.
  3. smole

    smole
    Unstoppable

    2,978
    3,321
    18 Април 2007
    На 2011 последниот е пасивен пое, и не е стандарден него е "микротиковски". И да, од РОЕ ќе искочи иста волтажа колку што ќе влезе во свичот/рутерот.

    Соодветен е адаптерот (48V), бидејќи со краток печ кабел камерата се покренува ОК, долгиов кабел (45м) ме јебе. Т.е. и парче од 15м од истиот кабел ме јебе, така да се сумњам у кабелот иако земав скап кат.6 за да не ме јебе.

    Последна опција е да побарам да дојде екипа од Тринити/Кабтел со профи уред кој ќе ја тестира (повлече) 802.3at РОЕ струјата на крај на џекот, со справа како Fluke Microscanner POE или нешто понапредно од ова.

    Друга опција на памет не ми паѓа.
     
    На bxxxn му/ѝ се допаѓа ова.
  4. marv

    marv
    Practice makes perfect

    2,053
    1,287
    5 oктомври 2007
    Машко
    А да пробаш да измериш импеданца помеѓу струјните парови, да видиш да не јебе кабелот до толку. Опција 2 да му фукнеш појак импут сигнал мада пое портата би требало да го ограничи на стандарден максимум.

    Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
     
    На smole му/ѝ се допаѓа ова.
  5. bxxxn

    bxxxn
    Practice makes perfect

    1,020
    1,144
    11 Март 2011
    Да си земеш POE injector околу 5 евра е и да пробаш со истиот адаптер. Кога купував опрема и сетирав од Овернет рекоа до кај 25 метри сигурно немаш проблеми, кај мене е околу 20 метра кабел Cat 5e
     
    На smole му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,893
    6,512
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Мислам дека ти чита 48.1V само дека е празен, ако има голем отпор од кабелот и е на граница кога ќе повлече струја камерата паѓа напонот.

    Ако сакаш појак 48 волтен адаптер да видам утре на работа дали имам, да пробаш.
     
    krema, smole, bxxxn и на уште 1 им се допаѓа ова.
  7. smole

    smole
    Unstoppable

    2,978
    3,321
    18 Април 2007
    Ќе измерам. Појак сигнал не најдов како да му наредам на Микротикот да пушти.

    Ако е за РОЕ инџектор ондак целата струја он ќе ја дава, свичот само дата сигнал ќе дава. Ќе разгледам .at инџектори, иако имам и струен адаптер за камерата за у штекер, па крајно решение е неговата струја да ја пушта преку 2х0.75 или 2х1.5 кабел до камера.

    Јас имам 48V 1.6A адаптер (очигледно не оригинал Микротик адаптер), ако го имаш 48V2A96W адаптерот, многу радо би пробал со него, пред да идам на некој следен чекор (двожилен кабел, РОЕ иџектор и сл.).
     
  8. G4M3R

    G4M3R
    Gaining Experience

    451
    354
    26 Јуни 2012
    Машко
    Провери тука за командите, само внимавај прочитај добро description да не направиш беља.
    Manual:PoE-Out - MikroTik Wiki
     
  9. krema

    krema
    Professor

    9,093
    8,820
    24 Јуни 2009
    Машко
    Потполно истото го мислам, измери ако можеш колку ти дава кога ти е вклучена камерата.
     
    На smole му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,893
    6,512
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Не, имам адаптери 48V од cisco телефони, треба да проверам колки ампери се. На работа ми се утре ќе проверам ако е појак би ти го дал да пробаш.
     
    На smole му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,893
    6,512
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    @smole ништо од ова. 0.2А биле.

    [​IMG]
     
  12. smole

    smole
    Unstoppable

    2,978
    3,321
    18 Април 2007
    Уживај, исто како да си ми го позајмил адаптерот :)

    Не мислам дека е до адаптерот, утре ќе пробам да ги соголам париците и така да ги убацам во конекторот и пак да пробам.

    После ќе пробам со најголемиот cat. 6 печ кабел што го имам (10м или 15м) и да видам како се понаша камерата.

    Следниот чекор е да викнам екипа со профи уред кој ќе го испита кабелот до тачина и ќе испита колку mA * V може да повлече како PD device ако уопште Kabtel/Trinity имаат таков уред.

    После тоа би купил Draka кабел со толкава должина AWG23.

    Ако и ова не вроди со плод ќе идам со 2х0.75 или 2х1.5 кабел од UPS до камера, ова е краен чекор.
     
  13. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,151
    4,372
    4 ноември 2013
    Машко
    Можно е јас да имам таков адаптер, ке проверам утре па ке ти кажам.
    Само не знам дали ти се исплаќа да го пратам по карго.
     
  14. smole

    smole
    Unstoppable

    2,978
    3,321
    18 Април 2007
    Ѕирни и пиши, АКО ми треба за проба ќе си правиме на ти го - дај ми го по карго :)
     
  15. G4M3R

    G4M3R
    Gaining Experience

    451
    354
    26 Јуни 2012
    Машко
    Да пробаш на една порта да ја приклучиш камерата а на друга тестерот во исто време. Па тогаш да видиш напонот да не паѓа? Секако ова би потврдило доколку е „глобален“ проблем да не испорачува струја како што треба, а не индивидуален тест по порта.
     
    На smole му/ѝ се допаѓа ова.
  16. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,151
    4,372
    4 ноември 2013
    Машко
    @smole
    Ништо брат....
    (ваков е адаптерот)
    [​IMG]
     
  17. smole

    smole
    Unstoppable

    2,978
    3,321
    18 Април 2007
    Финален апдејт:

    Сабајле беше екипа од Кабтел (од каде што е купен Nexans кабелот), го проверија кабелот и истиот е исправен.

    Потоа ги земав камерата, свичот (сосе струјниот адаптер), и 15м од Nexans мрежниот кабел и отидов во Визард во сервис да се консултирам, и да пробаме да го решиме проблемот.

    Прв предлог беше да се проба свичот со појак адаптер - адаптерот кој ми го продадоа во Тринити за CRS112 демек за 48V POE камери има излез од 48V и 1.46A по цена од 1557 ден, слика:

    [​IMG]

    Во Визард сервисерот извади појак адаптер - 52V 2.5A, ист таков купив по цена од 1330 ден, слика:

    [​IMG]

    Наравоучение: секогаш кога ќе имате работа со POE пазете да имате струјен адаптер со доволно Волти и Ампери.

    Им благодарам на сите кои се вклучија во темава, се надевам дека моево искуство ќе му помогне на некого.
     
    ARMac, borcep и на bxxxn им се допаѓа ова.
  18. krema

    krema
    Professor

    9,093
    8,820
    24 Јуни 2009
    Машко
    Колку е поголема должината на кабелот, толку е поголема загубата на V и A.
     
    На smole му/ѝ се допаѓа ова.
  19. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,398
    12,534
    2 Август 2012
    Машко
    Сега ја гледам темава и немам намера отпосле да се правам паметен ама уште од првиот пост е очигледно дека се работи за недостаток на струја (А)

    Како и да е, супер е што се реши проблемот.
     
    На smole му/ѝ се допаѓа ова.
  20. smole

    smole
    Unstoppable

    2,978
    3,321
    18 Април 2007
    Со краток печ кабел ПОЕ-то дава 48.2V, на 45м дава 48.1V.

    Да, фалеја ампери, а мислам дека и волти.

    Заебаното кај Noyafa-та е што мери само волтажа на POE, а не симулира PD па да проба да повлече Х милиампери и да се види дали бараната ватажа може свичот (читај стујниот адаптер) да ја испорача. Ова мислам дека го имаат некои од Fluke мрежните тестери кои чинат многу (радо ќе рентав на ден да имаше таква опција во МК).

    Да ја имаше оваа опција одма ќе беше очигледно каде е слабата карика но што е тука е, битно се среди работата, баш ќе беше замарање и арч да треба да влечам и башка струјен кабел/купувам друг РОЕ свич.
     

Сподели

Вчитување...