• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Проблем со ПЦ хардвер

  • Ја почнал/а темата
  • #1

lynx

Unstoppable
4 септември 2008
3,443
3,124
Здраво дечки, веќе 3-4 месеца го имам следниот проблем и никако неможам да дијагностицирам што може да е дефектно. Се работи за следната конфигурација:

Процесор: Intel i5 6500
RAM: 8GB Geil (PC4-19200 (2400), CL17)
Матична: Gigabyte H110M-DS2 со последна верзија на BIOS F24 од 2018 година
Напојување: Matrix 800W со фејк реални можности
SSD: Kingston 240GB Hyper-X
Графичка: Asus GTX 1050 Ti, 4GB

Прво започна со не бутирање на системот, едноставно при старт бут дискот не беше достапен воопшто. Прво се посомневав во SATA каблите или напојувањето, имам уште еден механички диск за податоци кој е поврзан, пробував неколку комбинации и на крај испадна дека ако го исклучам механичкиот SSD проработува и почнува да бутира. Си помислив дека е до напојувањето, старото го користев со години и беше во истата класа како она од листата, го сменив со ново слично такво но проблемот остана, без механички диск се бутира сеуште со механички плус не сака.

После тоа други проблеми што се случуваат е секојдневно random рестартирања по 3-4 пати во денот, во логовите немаше ништо конкретно и исто така не се креираат dump фајлови. Решив да ја тестирам меморијата со последната верзија на memtest86, испадна дефектна со доста грешки (моделот на старата беше исто 8GB Geil), ја сменив со нова но проблемите остана. Онеспособив компјутерот да се рестартира за да видам дали ќе покаже плав екран но тоа не се случува, едноставно замрзнува и толку. После гаснење и пак палење нема во логовите ништо и никакви дампови за анализа. Во меѓувреме ми е преинсталиран еднаш затоа што од толку рестартирања се корумпираше оперативниот. Матичната ми е тестирана со Prime95 со сите можни комбинации на тестови без никакви проблеми и замрзнувања, 30 минутни тестови. Ноќеска пак ја тестирав неколку саати меморија исто и таа немаше грешки, SSD дискот е тестиран со Kingston официјалната алатка кажува дека нема грешки и е во добра состојба.

После преинсталацијата на оперативниот пред месец-два видов една грешка со nVidia драјверите (рестарт), решив да инсталирам последна верзија од тие драјвери и да онеспособам автоматско апдејтирање од Windows но проблемот остана не се реши ни со тоа. Инаку проблемот со замрзнување се случува и при играње и при обично сурфање, нема правило.

Јас се сомневам на матичната и некој проблем со SATA контролерот според симптомите, random замрзнување и не бутирање на приклучени два диска, но пред да ја сменам може некој ќе даде памет што може друго да истестирам и пробам.
 

mkgunner

Gaining Experience
29 октомври 2008
327
282
Кичево
mkgunner's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 1600AF
Motherboard
MSI B450 Gaming Plus Max
Storage
Kingston UV500 240GB
PSU
Chieftec GPS-600A8
RAM
2x8Gb G.Skill Ripjaws F4-3200C16D-16GVGB
Video card
XFX RX570 4GB
Case
No name
Mouse
некаков Кинез
Keyboard
Delux K5108 (11 години, абер нема да рикне)
Audio
Panasonic SA-AK20 на AUX
Monitor
AOC 27V2Q
OS
Windows 10 Pro
Со друг HDD+ твоето SSD прави проблеми?
Мене ми изгледа како да има проблем со напојување

never give up
 
  • Ја почнал/а темата
  • #3

lynx

Unstoppable
4 септември 2008
3,443
3,124
Сменето е напојувањето, сега го работам само со SSD-то.
 

moongose

Unstoppable
19 јули 2013
2,587
2,921
Јас се сомневам на матичната и некој проблем со SATA контролерот според симптомите, random замрзнување и не бутирање на приклучени два диска, но пред да ја сменам може некој ќе даде памет што може друго да истестирам и пробам.
Многу слични симптоми имав на еден компјутер. Испадна дека е дискот. Интересно беше што ги поминуваше сите тестови, немаше изгубени податоци или лоши сектори. И по некое време цркна.
Но може и да е нешто во близина, како кабел или контролер.

Ако имаш можност приклучи друг диск, а овој пробај го на друг компјутер.
 

kirems

Gaining Experience
28 април 2015
70
50
Пробај исклучи, вентичатори или фен контролери, лед светла итн, ако има воопшто. Ако не би сугерирал да провериш волтажи на cpu, chipset меморија. И на крај на краишта би ти рекол да ставиш поасолно, напојување, ова ши го имаш можи да има многу рипл, а плочата ти е од понизок ранг и не можи да се справи,или не ги пушта точните волтажи.
 

niagacrp

Intern
2 април 2018
14
7
Здраво дечки, веќе 3-4 месеца го имам следниот проблем и никако неможам да дијагностицирам што може да е дефектно. Се работи за следната конфигурација:

Процесор: Intel i5 6500
RAM: 8GB Geil (PC4-19200 (2400), CL17)
Матична: Gigabyte H110M-DS2 со последна верзија на BIOS F24 од 2018 година
Напојување: Matrix 800W со фејк реални можности
SSD: Kingston 240GB Hyper-X
Графичка: Asus GTX 1050 Ti, 4GB

Прво започна со не бутирање на системот, едноставно при старт бут дискот не беше достапен воопшто. Прво се посомневав во SATA каблите или напојувањето, имам уште еден механички диск за податоци кој е поврзан, пробував неколку комбинации и на крај испадна дека ако го исклучам механичкиот SSD проработува и почнува да бутира. Си помислив дека е до напојувањето, старото го користев со години и беше во истата класа како она од листата, го сменив со ново слично такво но проблемот остана, без механички диск се бутира сеуште со механички плус не сака.

После тоа други проблеми што се случуваат е секојдневно random рестартирања по 3-4 пати во денот, во логовите немаше ништо конкретно и исто така не се креираат dump фајлови. Решив да ја тестирам меморијата со последната верзија на memtest86, испадна дефектна со доста грешки (моделот на старата беше исто 8GB Geil), ја сменив со нова но проблемите остана. Онеспособив компјутерот да се рестартира за да видам дали ќе покаже плав екран но тоа не се случува, едноставно замрзнува и толку. После гаснење и пак палење нема во логовите ништо и никакви дампови за анализа. Во меѓувреме ми е преинсталиран еднаш затоа што од толку рестартирања се корумпираше оперативниот. Матичната ми е тестирана со Prime95 со сите можни комбинации на тестови без никакви проблеми и замрзнувања, 30 минутни тестови. Ноќеска пак ја тестирав неколку саати меморија исто и таа немаше грешки, SSD дискот е тестиран со Kingston официјалната алатка кажува дека нема грешки и е во добра состојба.

После преинсталацијата на оперативниот пред месец-два видов една грешка со nVidia драјверите (рестарт), решив да инсталирам последна верзија од тие драјвери и да онеспособам автоматско апдејтирање од Windows но проблемот остана не се реши ни со тоа. Инаку проблемот со замрзнување се случува и при играње и при обично сурфање, нема правило.

Јас се сомневам на матичната и некој проблем со SATA контролерот според симптомите, random замрзнување и не бутирање на приклучени два диска, но пред да ја сменам може некој ќе даде памет што може друго да истестирам и пробам.
Слични проблеми имав како ти, сменив AHCI > IDE vo BIOS и се реши , не сум имал време да видам дали е МБ или ССД проблем или трето. Можеби кај тебе е тоа проблем.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,572
Мислења
820,894
Членови
28,236
Најнов член
Bubce30
На врв Дно