1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Проблем со Оверклок

Дискусија во форумот 'Overclock & Modding' започната од Transporter444, 9 Март 2020.

  1. Transporter444

    Transporter444
    Gaining Experience

    86
    119
    11 Јуни 2016
    Машко
    ФИНКИ
    Здраво, имам i7 5820K i GA-X99-UD3, процесорот го оверклокнав на 4.2GHz на 1.23v и е карпа стабилен на сите стрес тестови, aida64 extreme 12h, cinebench r20 loop 12h, intel xtu 12h значи нема никаков проблем со under load стабилност, е сега во денот првиот пат кога ке го уклучам пцто на десктоп на идле после 10-15 минути крашнува без никаков BSOD и влегува сам во BIOS и вика дека имало некој проблем и ми дава опции да го ресетирам BIOSот или да влезам во него и да си го средам проблемот. До напојувањето сигурно не е зошто имам 750w 80+ Gold така да ми завршија идеите до што може да биде...
     
    На b.a му/ѝ се допаѓа ова.
  2. masterwu

    masterwu
    Gaining Experience

    560
    391
    11 Февруари 2016
    Машко
    Пробај да кренеш напон за 0.005. Дали Windows-от ти е наместен на High Performance во power management?
     
  3. Transporter444

    Transporter444
    Gaining Experience

    86
    119
    11 Јуни 2016
    Машко
    ФИНКИ
    беше стабилен на 1.215, па го кренав до 1.23 така да мислам дека тоа не е проблемот, и да high performance е наместено, дали е можно рамот со XMP профилот да прави проблем?
     
  4. masterwu

    masterwu
    Gaining Experience

    560
    391
    11 Февруари 2016
    Машко
    Колку време го тестираш за стабилност? Можно е и до XMP да е проблемот, но сепак мислам дека со напонот имаш проблем. Пробај го х264 тестот. Остави го барем 24 часа. Можеш да го спуштиш од оверклокерс форумот (прв резултат на гугл). Кога правев оверклок кај мене, си тераше стабилно повеќе од 8 часа па потоа да оди во БСОД.
     
    На Transporter444 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,458
    11,726
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Ако е исто како кај Сенди, Load Line Calibration или нешто слично. Напонот му е доволен на full load, не му е доволен на idle.

    Edit: Да го намалиш за цртичка, а можеби и да го зголемиш, кај Сенди многу различно се однесуваше во зависност од производителот на матичната.
     
    Nomad, shifty, Transporter444 и на уште 1 им се допаѓа ова.
  6. Transporter444

    Transporter444
    Gaining Experience

    86
    119
    11 Јуни 2016
    Машко
    ФИНКИ
    ама финтата е што во денот само првиот пат кога ќе го уклучам еднаш крашнува и толку, после кога ќе се рестартира, го враќам оверклок профилот и нема проблем
     
  7. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,458
    11,726
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Па нели биосот се буни и средува?
     
  8. comakot

    comakot
    Gaining Experience

    275
    159
    23 Февруари 2017
    Машко
    Дали имаш упдејтирано виндовс? Последен упдејт има проблеми, кај мене имаше BSOD и на кратко ми го снема акаунтот

    Испратено од POCO F1 преку IT.mk форум апликација
     
  9. Transporter444

    Transporter444
    Gaining Experience

    86
    119
    11 Јуни 2016
    Машко
    ФИНКИ
    да ама кога се буни влегувам во биос и пак ставам оверклок и после нема проблеми

    upload_2020-3-10_0-46-25.jpeg
    на оваа верзија сум, кога ја инсталирав најновата беше, од тогаш немам чепкано windows update, го имам исклучено во регистри
     
  10. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,458
    11,726
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Зависи дали кога ќе влезеш во БИОС прво го ресетираш (load defaults) или можеби тој сам го прави тоа... Може и нешто друго да не му е по ќеиф.

    Дигни напон за проба на кратко време повеќе одошто мислиш (и следи температури, пази да не го спржиш процесорот), па ќе видиш.
     
    На Transporter444 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,681
    14,247
    23 Јануари 2008
    диско денсер
    Исклучи ги сите паур сејбинг фичрс во биос
     
    На G4M3R и Transporter444 им се допаѓа ова.
  12. masterwu

    masterwu
    Gaining Experience

    560
    391
    11 Февруари 2016
    Машко
    Модерниве процесори не се пржат толку лесно, си имаат заштити :)
     
    На Metuzalem и Transporter444 им се допаѓа ова.
  13. Transporter444

    Transporter444
    Gaining Experience

    86
    119
    11 Јуни 2016
    Машко
    ФИНКИ
    исклучени се, го исклучив и XMP и се фиксна изгледа...
     
  14. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,681
    14,247
    23 Јануари 2008
    диско денсер
    Ако е ради XMP тогаш додади напон на мемориските конторолери/нортбриџ (не знам како го имаат крстено Gigabyte, System Agent и VCCIO voltage). Види дали со покачени напони ќе ти вози стабилно на XMP.
     
    Nomad, Transporter444, G4M3R и на уште 1 им се допаѓа ова.
  15. G4M3R

    G4M3R
    On your way to fame

    603
    568
    26 Јуни 2012
    Машко
    Како што пишал и гојдо погоре, пробај зголемувај едно по едно VCCSA и VCCIO, пример за 0.05V. Почни прво со system agent(VCCSA) и тестирај. Ако ни со покачен VCSSA за 0.15V не се стабилизира префрли и почни со VCCIO(можно е да имаш засебни I/O дигитални и аналогни сетинзи за tweaking).

    Не е лошо да пуштиш еден принт скрин од сетинзите во биосот.
     
    На gOJDO и Transporter444 им се допаѓа ова.
  16. Transporter444

    Transporter444
    Gaining Experience

    86
    119
    11 Јуни 2016
    Машко
    ФИНКИ
    дечки направив load default settings и истото го прави... кај би бил проблемот во хардверот?
     
  17. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,458
    11,726
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Се` може да биде...

    Иако викаш дека имаш добро напојување, сепак следи ги напоните со Aida или друг програм како се однесуваат. Може има проблем со VRM-овите на матичната на пример (да се прегреваат?). Чепкај ги и напоните кои што ти ги рекоа.

    Некомпатибилни рамови? Менувај им ги местата или вади еден по еден. Може ќе треба БИОС апдејт, ама немој да го правиш на нестабилен компјутер.

    Дали е добро монтиран CPU cooler-от и дали има втор вентилатор. Иако би требало да работи супер на defaults со еден, по мое мислење 212-ките се релативно просечни или слаби (има и многу подобри), па не би било на одмет да му се помогне со уште еден.

    Провери убаво во Event Log, понекогаш има запис што се случило (но често и нема). На пример со овој, попрегледно е.

    * Edited
     
    Последна промена: 12 Март 2020
    На Transporter444 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Transporter444

    Transporter444
    Gaining Experience

    86
    119
    11 Јуни 2016
    Машко
    ФИНКИ
    VRM-овите не се прегреваат, ги следев и со оверклок никогаш не преминаа 50C, рамовите покасно ќе ги поминам да видам дали е до нив, биосот е последната верзија а CPU coolerot има 2 вентилатори пуш-пул и процесорот на оверклок не поминуваше 80C а вака на сток не поминува 50C и ќе пробам ова со евент логот, фала ти.
     
    На Metuzalem му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,458
    11,726
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Во Event Log-овите особено барај WHEA Uncorrectable Error.

    Напоните најдобро да ги следиш ако има графикон, па да пуштиш stress test, и плус на idle да зјапаш во нив неколку минути. :)

    И за кулерот дали е стегнат кажувам од искуство, на мојот мислев дека го стегнав крвнички (се виткаше матичната и жал ми паѓаше, но не одеше понатаму), но друг човек го стегна уште повеќе. :)
     
    На Transporter444 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Transporter444

    Transporter444
    Gaining Experience

    86
    119
    11 Јуни 2016
    Машко
    ФИНКИ
    да да стегнат е не оди повеќе :D пастата е проширена на цел процесор нема проблем тоа сигурно
     
    На Metuzalem му/ѝ се допаѓа ова.
  21. Transporter444

    Transporter444
    Gaining Experience

    86
    119
    11 Јуни 2016
    Машко
    ФИНКИ
    Дечки, не приметив дека ми фалат 8 гига рам, слотот на матичната откажал, ги префрлив стиковите на другата страна и работи сега без никаков проблем и со оверклок и без. Фала ви на сите за помошта. Може Клуч.
     
    masterwu, Nomad, Tenny и на уште 1 им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...