• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Проблем со отварање на C:\ , D:\ партиции

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

akis100

Intern
10 април 2007
61
0
При активирање на партициите C:\ и D:\ , наместо да се отварат, се појавува ова обавестување :

Windows cannot find, recycled\boot.com , Make sure you typed the name correctly, and then try again…........

Па сега отварањето мора да го направам преко десни клик врз C или D и Explore . Дали некој може да помогне како би се решил овој проблем . Фала и поздрави
 

BaDMaN

Gaining Experience
26 април 2007
115
90
Најлесен начин.. симни си ComboFix бесплатен е ... преку Safe Mode скенирај автоматски ќе си заврши работа и на наредното вклучување ќе го немаш проблемот.. поздрав.
 

HijackHacker

Gaining Experience
21 февруари 2008
5,108
297
www.gorjan.info
Како што кажаа, Autorun.inf ти го прави проблемот. После поправање то КонбоФикс, скенирај со некој јак АВ и со Спајбот :)
 

Taurus

Модератор
13 октомври 2007
2,362
1,054
dribbble.com
Taurus's setup  
Processor & Cooler
i5-2500K Quad 3.3GHz LGA 1155 6MB + Cooler Deepcool Gammaxx 200
Motherboard
Gigabyte Z68P-DS3
Storage
WD 1ТB SATA3 Caviar Black 7200rpm 64MB + SSD 2.5" Samsung 850 Evo 250GB
PSU
460W Gigabyte Superb Real Power
RAM
2x4GB DDR3 1866Mhz Kingston CL11 HyperX Genesis
Video card
Sapphire ATI PCX R9 270X 2GB GDDR5
Case
Gigabyte LUXO X140
Mouse
Zalman ZM-M300 Black
Keyboard
Sweex Illuminating
Audio
DeLux 2.1
Monitor
Dell UltraSharp U2311H 23" e-IPS
OS
Win 8.1
Вирус или спајвер, незнам точно. Кажуваше слична порака, не се сеќавам точно која. Го решив со форматирање, ама компјутерот му беше време за форматирање. Форматирањето нека ти остане последна опција, прво пробај да го ичистиш на повеќето можни начини.
- антивирус;
- преку run -> msconfig најди го;
- све тоа ама преку safe mode...
 
  • Ја почнал/а темата
  • #8

akis100

Intern
10 април 2007
61
0
Немам многу искуство со овие работи , затоа би ве замолил објаснување малку по детално,

Како се доваѓа до Autorun.inf за да се избрише фајлот на едната партиција, пример : да се следи патот корак по корак /........./ ......../ .........
Многу фала за разбирањето и трпеливост.
 

fuUuUzZzZy

On your way to fame
14 декември 2007
4,842
885
Ohrid
Лесно е.. Autorun.inf го имаш во c:\ и d:\ но како скриен фајл. Но, бидејки е активен нема да можеш да го избришиш со shift + delete, или само delete.

Значи, отвори Start --> run --> внеси cmd, па <ентер>.

Ќе ти се појави еден црн екран. Таму внеси:

cd.. <enter>
cd.. <enter>
attrib -s -h -r autorun.inf <enter>
del autorun.inf <enter>

потоа,
d: <enter>
attrib -s -h -r autorun.inf <enter>
del autorun.inf <enter>

attrib е команда за менување атрибути како: системски, скриен, Read Only и слично.
Во случајов attrib -s -h -r значи дека фајлот НЕМА да биде повеќе системски со што ќе можеш да го избришиш -s , потоа НЕМА да биде скриен (hidden) -х, и НЕМА да биде Read Only -r.

После ова би требало да можеш да отвараш партиции.
 

dzunko

Gaining Experience
26 септември 2007
332
259
Битола
Dvete particii ti se zafateni , toa e trojan ,go imav sretnato pred 5-6 dena. Vleguva najpoveke preku usb stick .Bitno e ne e strasen ne ostetuva nesto sistemsko ili dokumenti itn. Ona sto ti go napisaa pogore e ok.sledi go toa i ke go resis problemot, ili najlesno se sto imas prefrli na drug HDD, pa potoa formatiraj go hardot no taka sto ke gi zbrisis i particiite i potoa ke gi kreiras povtorno. (so Hirens Boot pr.)Posle toa sleduva instalacija itn, poz
 
  • Ја почнал/а темата
  • #11

akis100

Intern
10 април 2007
61
0
Го инсталирав Kaspersky Internet Security 2009, иако важноста му е само 11 дена.
По скенирањето и бришење со помош на Kaspersky и програмата Malwarebytes…. Проблемот се реши, партициите C:\ и D:\ сега нормално се отвараат со двоклик.

Кога сме веќе тука, поради информираност, дали може некој да каже како се доваѓа во состојба на Safe Mode, бидејки нели во таква состојба по арно се скенира и се брише.

Момци многу фала за помошта, и пуно поздрав....
 

Taurus

Модератор
13 октомври 2007
2,362
1,054
dribbble.com
Taurus's setup  
Processor & Cooler
i5-2500K Quad 3.3GHz LGA 1155 6MB + Cooler Deepcool Gammaxx 200
Motherboard
Gigabyte Z68P-DS3
Storage
WD 1ТB SATA3 Caviar Black 7200rpm 64MB + SSD 2.5" Samsung 850 Evo 250GB
PSU
460W Gigabyte Superb Real Power
RAM
2x4GB DDR3 1866Mhz Kingston CL11 HyperX Genesis
Video card
Sapphire ATI PCX R9 270X 2GB GDDR5
Case
Gigabyte LUXO X140
Mouse
Zalman ZM-M300 Black
Keyboard
Sweex Illuminating
Audio
DeLux 2.1
Monitor
Dell UltraSharp U2311H 23" e-IPS
OS
Win 8.1
При рестарт на компјутерот би требало да влезиш во Safe Mode преку F8, најчесто е тоа дугме.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,580
Мислења
823,891
Членови
28,079
Најнов член
ivannalex
На врв Дно