1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Проблем со напојување

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од fuzzjaw, 21 Септември 2019.

  1. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    988
    1,513
    13 Јануари 2014
    Машко
    Од утринсково вклучување на домашниот десктоп почнав да слушам "гребење". Го отворив сега пред малку куќиштето, звукот доаѓа од напојувањето, како вентилаторот внатре да гребе по нешто меко. Проверени се сите други вентилатори (графичка, процесор, case fans), сите се океј.

    Напојувањето мислам дека е ThermalMaster, дефинитивно е 500W и дојде во комплет со куќиштето (CoolerMaster K350). Гаранцијата е истечена, компјутерот е склопен зимата 2013-2014.

    Компјутерот го користат моиве по дома, light гејминг и секојдневни работи (Office, Facebook и сл.) и од кога го склопив, сум немал никаква мака со него.

    Остатокот од конфигурацијата, ако е воопшто битно:
    - Intel Core i3-3240
    - ASUS P8-B75-M LE
    - Nvidia GT630 2GB
    - 2x4GB HyperX Blue DDR3 1600Mhz
    - 1TB Western Digital Blue
    - 128GB Kingston A400

    Дали има нешто што би можел сам да го направам/проверам/поправам, или да го сменам напојувањето пред да повлече уште нешто со него?


    EDIT: Ако го менувам напојувањево, дајте предлог за ново. 500W е повеќе него доволно, и колку што ги знам моиве, ќе сакаат да поминат најефтино што е можно. Би избегнал Matrix/Gembird и сличните, ама и не би дал пари за EVGA на оваа конфигурација. Дајте предлог за "разумен компромис".
     
  2. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,183
    3,163
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Otvori go napojuvanjeto i prozirniot pleksiglas sto e vnatre do ventilatorot namesti go ubavo.
     
    На fuzzjaw му/ѝ се допаѓа ова.
  3. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    988
    1,513
    13 Јануари 2014
    Машко
    Ќе пробам да го отворам сам, фала @Pane24 . Доколку не го средам, предлог за ново?
     
  4. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,183
    3,163
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Baraj coolermaster masterwatt serija na novo. Isto i ubo ke pomines so polovni. Isto taka i evga se megju dobrite i sum zadovolen od niv.
     
  5. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    988
    1,513
    13 Јануари 2014
    Машко
    Системов според калкулатор влече околу 250-270 вати. Ова ваљда би завршило работа?

    Cooler Master MasterWatt Lite 400W

    Исто имам и опција за Corsair CX750, недела дена користено, ама overkill e.
     
  6. GGTT1

    GGTT1
    Gaining Experience

    304
    249
    1 Февруари 2017
    Машко
  7. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,183
    3,163
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Zemi si 500-650w za da si imas mirna glava vo idni nadgradbi.
     
  8. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    988
    1,513
    13 Јануари 2014
    Машко
    Единствена идна надградба би била некоја GTX 750 Ti или нешто од нејзин ранг, така да 500W ќе е и повеќе од доволно. Фала.
     
  9. itstheigyg

    itstheigyg
    Gaining Experience

    216
    163
    21 Мај 2017
    А зашто би купувал ново, или види на што гребе вентилаторот и тргни го(можно е да е жица или нешто слично), или смени го цел вентилатор и терај.
     
  10. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    988
    1,513
    13 Јануари 2014
    Машко
    Затоа што е напојување во прашање, мала грешка и може да повлече и плоча и процесор и графичка. Порадо би ново и да не се секирам отколку да ризикувам. Немам чепкано претходно, не ми е сеедно.
     
  11. PeroLozac

    PeroLozac
    Intern

    14
    9
    11 Јули 2018
    Машко
    Неколку пати го имам отворано напојувањето заради подмачкување на тој вентилатор бидејки ми гребеше и вадеше јака бучава. На крај го заменив вентилаторот. Неможеш ништо да погрешиш, нема што да направиш штета. Го отштекуваш само каблето од вентилаторот и ако незнаеш како да го подмачкаш, одиш купуваш нов и го враќаш на место.
    Не е некоја филозофија од која си се уплашил дека заради вентилатор што бучи ќе го сјебеш напојувањето ако го отвориш.
     
    На fuzzjaw му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Vlatzki

    Vlatzki
    Gaining Experience

    1,250
    276
    1 Мај 2008
    Вентилаторот има улога да го лади напојувањето. Се додека напојувањето е ладено, без разлика бучел-небучел вентилаторот, напојувањето нема да цркне и да ти спржи пола куќиште. А ако имало некој друг проблем освен вентилаторот, тогаш е тоа друга работа.

    На напојувањето не му прави разлика дали вентилаторот бучи или не. Единствено вибрациите од вентилаторот (ако ги има и се со доволно големо забрзување) може да направи некој проблем од типот на ладен лем, ама за ова се потребни месеци ако не и години, а и поради тоа што во сите напојувања во последниве 15тина години ставаат лепила за да ги фиксираат погабаритните компоненти во напојувањето, баш за да се намали/нулира влијанието на вибрациите врз компонентите од напојувањето.

    Смени го или подмачкај го слободно вентилаторот и накриви капа. Не менувај цело напојување без потреба.
     
    На ТАТА_МАТА и fuzzjaw им се допаѓа ова.
  13. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    988
    1,513
    13 Јануари 2014
    Машко
    Фала ви за советите. Ќе го отворам деновиве па ваљда ќе го средам.
     
  14. borcep

    borcep
    Practice makes perfect

    779
    1,247
    12 Септември 2013
    Машко
    Еднаш купив напојување Термал Мастер демек од Cooler Master направено. Вториот ден му ја скинав траката за гаранција и му го сменив кулерот поради бучава.
     
  15. Vlatzki

    Vlatzki
    Gaining Experience

    1,250
    276
    1 Мај 2008
    Само внимавај на кондензаторите што се на примарот (тие големите, обично се два кондензатори) да не ги допреш одоздола кај што се залемени, пошто може да те дрмне струја. Иако добар дел од напојувањата имаат отпорници за празнење на кондензаторите кога напојувањето е исклучено од струја, сепак не шкоди да се биде претпазлив.

    Мислам дека советов во конкретниов случај не ти е потребен пошто сигурен сум дека нема да мора да ја вадиш плочата за да го смениш/подмачкаш вентилаторот. Но добро е да се знае во секој случај.
     
    На fuzzjaw му/ѝ се допаѓа ова.
  16. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    988
    1,513
    13 Јануари 2014
    Машко
    Напојувањето го отворив, имаше нечистотија и прашина, го исчистив и го склопив. Го затворив, и беше тивко 30тина секунди, после почнав пак да го слушам истиот звук на гребење. Нема плексиглас внатре, значи вентилаторот е покриен со обична решетка и е одма над компонентите внатре, така да ги исчистив решетката и вентилаторот.

    Јас се сомневам на рикнат лагер во вентилаторот, така да веројатно ќе го сменам со ново за брзо. Уште еднаш фала ви за советите.
     
  17. Vlatzki

    Vlatzki
    Gaining Experience

    1,250
    276
    1 Мај 2008
    Што направи со напојувањето ?
     

Сподели

Вчитување...