1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Рецензија Проблем со напојување Antec TPC 650W Gold

Дискусија во форумот 'Генерална ИТ дискусија' започната од Војвода, 19 Јули 2019.

  1. Војвода

    Војвода
    Unstoppable

    2,205
    3,551
    26 oктомври 2012
    Машко
    Поздрав дечки.
    Пред 2 дена, системот во Lock Screen, се замрзна и морав да го рестартирам целиот систем. Повремено ( еднаш на 5-6месеци) системското ссд, OCZ Vector, знае да не ми биде препознато од самиот систем. По 3-4 рестарти на писи-то, одеднаш системот повеќе не сакаше да се подигне, буквално како да умре.
    3-4 месеци пред ова да се случи, истото ми се има случено но по час два, само по себе си се среди. Овојпат не се среди.
    Значи системот не се подига, нема никакво звучно сигнализирање, ни еден кулер не врти, лед сијаличките на матичната си светат.
    Денес го демонтирав цел компјутер, пробав само со рам/процесор, повторно ништо.
    Го извадив напојувањето и пробав да му направам Jump Start (гледав на јутјуб ) со шпенагла во 24 пинскиот конектор ( во зелената и црната жица) и притоа молексот го поврзав со Фен контролерот на куќиштето, повторно ништо, напојувањето не се вклучува никако. Ова го направив неколку пати, но безуспешно.
    Ме интересира има ли некој од реонот Лисиче/К Вода/Аеродром којшто би можел подобро да го тестира напојувањето, да знам дали да си барам ново напојување, или пак евентуално матичната да не е отидена па да си барам друга, или пак да ми позајми напојување колку да тестирам дали матичната ми е ок ?
    High End напојување без никакво малтретирање, 80% од времето на 20-30% Load, вака да пушти душа...
    Мебиус пропадна па така ништо од гаранцијата...

    Sent from my SM-G975F using Tapatalk
     
  2. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,942
    3,930
    18 Септември 2013
    Машко
    Овие кај тобако 2 сервис за компјутери шо имаа, шо беше на форум едно време тој Кјосмофон ако работат уште можда не се лоши?

    Не ми текинја друг у моментов у тој регион... имаше знам позади булеварот у ново лисиче некаде добар сервис ама премногу одамна беше тоа.

    Иначе ова со гаранцијата ме замисли сеа, ко шо се затвараат фирми кај нас (мебиус, амц, итн.) се повеќе ми иде дека ако зиам нешо шо има над 3 години гаранција е боље од Плесио или друг реноминаран продавач у комшии да зеам пошо помалку шанси има да не постојат коа ќе ми затреба гаранција.
     
  3. Astro

    Astro
    Guru

    6,023
    8,156
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Да не е напојвањето шокирано пошто грмеше деновиве? УПС претпоставувам немаш.

    А проба ли да го извадиш од струја напојувањето и да го оставиш така неколку денови, да се поиспразни тој големиот електролит што го има. Пробај после тоа дали ќе сака. Ако нејќе со спојување на пинови да се подигне тогаш може е паметно да го отвориш да видиш со унимер дали осигурачот му е добар или пак е цофнат. Ако е добар осигурачот тогаш барај друго напојување. Јбг
     
  4. Војвода

    Војвода
    Unstoppable

    2,205
    3,551
    26 oктомври 2012
    Машко
    Не сум пробал така, држи ли тоа вода ?
    Пошто не грмеше тој ден, а си работеше без проблеми дури и кога грмело. Напротив, тој ден си работеше некои добри 7-8 часа пред ова да се случи.
    И напоменав и еднаш претходно истото се случи, но после час-два се среди самото по себе.
    Знаете ли дали нашиот Даниел сеуште чепка електроника ? Да проба да го воскресне. Пошто 7к го платив, 2ипол години дали е старо...

    Sent from my SM-G975F using Tapatalk
     
  5. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,046
    3,007
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Купи си од тука половно некое кулермастер за 1500ден од 650вати и ке заштедеш на живци по сервиси.
    Патем Даниел како што знам работе на лаптопите само. Кренал раце и тој од напојувањата.
     
    На Arabian му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Војвода

    Војвода
    Unstoppable

    2,205
    3,551
    26 oктомври 2012
    Машко
    Си реков пред да го однесам на сервис, да го оставам како што кажа Астро и ден ипол седеше исклучено од струја, и еве го работи со трикот со шпенаглата.
    Побрзо воскресна и од Исус у пм...
    Астро фала ти на советот :D


    Sent from my SM-G975F using Tapatalk
     
    Tenny, NecrotoX, toshex и на уште 1 им се допаѓа ова.
  7. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,821
    2,661
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Некој ако сака да подобјасни како точно се поправило напојувањево и зошто воопшто настанал проблемов?
     
Слични теми
  1. Avid
    Одговори:
    14
    Прегледи:
    1,200
  2. LeRade
    Одговори:
    3
    Прегледи:
    442
  3. StefAngel
    Одговори:
    6
    Прегледи:
    1,024
  4. Bozoo
    Одговори:
    2
    Прегледи:
    315
  5. gOJDO
    Одговори:
    1
    Прегледи:
    338
Вчитување...

Сподели

Вчитување...