1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Проблем со мрежа

Дискусија во форумот 'LAN // WAN // MAN // PAN // CAN' започната од undergrounde, 16 Декември 2017.

  1. undergrounde

    undergrounde
    Gaining Experience

    410
    306
    11 Декември 2009
    Ќе замолам некој поскусен со мрежи ако сака да помогне
    Проблем настанат после преинсталација на Windows 10 на канцеларскиот комп
    Станува збор за 4 комп поврзани во мрежа безжично
    Канцелариски со виндовс 10
    Машина 1 со виндовс ХП
    Машина 2 и 3 со виндовс 7
    Проблемот е помеѓу виндовс 10 и вин Хп само во еден правец.
    Од канцеларискиот со вин 10 се влегува без проблем во машина 1 со вин Хп, но обратно ја дава следната грешка
    \\PC NAME is not accessible. You might not have permission to use this network resource. Contact the administratior of this server to find out if you have access permissions
    Машина 1 нема никаков проблем со машина 2 и 3, исто и машина 2 и 3 немаат никаков проблем со канцеларискиот
    Сите се на иста мрежа поврзани преку ист Workgroup
    Да напоменам дека пред преинсталацијата го немаше овој проблем
    Благодарам
     
  2. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,842
    6,433
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    1. Види дали на Win 10 мрежата е public или private
    2. Исклучи на момент целосено windows firewall

    3. Ако е до тоа треба малце фајн тјунинг.
     
    Astro, Oktar и на DrMTR им се допаѓа ова.
  3. undergrounde

    undergrounde
    Gaining Experience

    410
    306
    11 Декември 2009
    Мрежата е private, пробав и на public, истиот резултат
    исто и со исклучен firewall
    незнам зошто само помеѓу тие два компјутери е проблемот
    истиот тој влегува без проблем кај тие со њиндоњс 7
     
  4. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,192
    6,303
    27 Март 2014
  5. undergrounde

    undergrounde
    Gaining Experience

    410
    306
    11 Декември 2009
  6. Astro

    Astro
    Guru

    6,035
    8,183
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Дај Teamviewer
     
    На ARMac му/ѝ се допаѓа ова.
  7. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,340
    2,936
    4 Септември 2008
    На Windows 10 компјутерот:

    Control Panel -> Network and sharing center -> Advanced sharing settings

    - Turn on network discovery -> штиклирано
    - Turn file and printer sharing -> штиклирано
    - File sharing connections -> 40 - 56 bit encryption штиклирано
    - Password protected sharing -> turn off
     
    На masterficx и ARMac им се допаѓа ова.
  8. undergrounde

    undergrounde
    Gaining Experience

    410
    306
    11 Декември 2009
    Se e taka namesteno
     
  9. undergrounde

    undergrounde
    Gaining Experience

    410
    306
    11 Декември 2009
    Сега сум дома, неможеш да се вклучиш.
    Ако бидеш слободен да те барам во понеделник помеѓу 8 и 16 часот
     
  10. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,340
    2,936
    4 Септември 2008
    Или креирај два исти user-a на двата компјутера со иста шифра или десен клик врз фолдерот што го шеруваш и на Everybody групата дај им full share permissions.
     
  11. Astro

    Astro
    Guru

    6,035
    8,183
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Тоа време сум на работа, единствено после 18.
    Иначе ист таков проблем имав со стар компјутер со XP, никако не можев да го решам цела недела, на крај го реинсталирав и си го броусна 10-чето од прва без никаков проблем. Може и да е заглупен ХР-то, се случува, ама прво да се провери со пермисиите и со firewall-от.
     
  12. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,337
    3,729
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Windows XP? Мењај го и раат си. Инаку нешто беше со верзијата на SMB протоколот, ме мрзи да барам, плус - МЕЊАЈ ГО одма.
     
    На ARMac му/ѝ се допаѓа ова.
  13. undergrounde

    undergrounde
    Gaining Experience

    410
    306
    11 Декември 2009
    Неможам да го менувам, се наоѓа на машина за сечење иверица стара околу 10 год
    Не верувам дека е до него, мислам дека е до канцеларискиот, откако го преинсталирав се случи ова
     
  14. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,337
    3,729
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Па е до Вин10, ја гаси компатибилноста со античкиот XP. Снаоѓај се со време и апгрејдувај ја машината. Или замени ја со нова (а чувај ја старата за секој случај) па макар во виртуелка да работи.
     
    На undergrounde и ARMac им се допаѓа ова.
  15. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,337
    3,729
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
  16. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,842
    6,433
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    И јас викам да се апгрејдне, макар на 7-ца.

    Али има начин да комуницираат.
    1. Провери Workgroup
    2. Провери уште еднаш Windows Firewall
    3. Kреирај уште еден усер на Win10 ист како оној на XP
    4. На XP ако нема пасворд на јусерот, пробај со пасворд и истиот усер/пасс на Win10 да го има.

    Провери дали на Win10 е вака поставено

    [​IMG]


    Ако мењање на XP не е опција за сега, размисли за некој мал уред што ќе ти биде NAS во мрежа. Како RPi на пример или било кој стар компјутер (од 486 наваму) што ќе користи Open Media Vault.
     
    На undergrounde му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,337
    3,729
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Ставив детален линк погоре. Работата е голема. Прво, Виндоус Икспе на било која мрежа е дупчиште! Огромен безбедносен проблем. Отворена врата за неканети гости. Второ, толку стара машина може да рикне у било кој момент а толку стари делови малку потешко. Ќе изгуби викенд или два ама ќе се осигура барем за следните неколку години :)
    Ете, во краен случај, НОВ компјутер со десетка а во виртуелка старово Икспе (со изгасени практично сите мрежни сервиси... Како sandbox). Рикне ли новиот, само ја префрлаш виртуелката и си работи :D
     
  18. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,146
    11,143
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Не се согласувам дека ХР е огромен безбедносен проблем, односно тврдам дека зависно од конфигурирањето може да биде или дупка или побезбеден од 10-ка.

    Но ако го гледаме овој случај изолирано, исто така тврдам дека не е огромен безбедносен проблем ако машината е зад рутер (NAT).

    Проблемот со поврзувањето е настанат затоа што неодамна (оваа година) Миркософт го изгаси SMB1 протоколот (кој го користи ХР). Прво советуваше да се изгаси, па мислам дека подоцна со апдејти (и/или со новите верзии на 10-ка) сам си го изгаси.

    Јас би го вклучил SMB1 на десетката (според горниот линк) без око да ми трепне затоа што ако сите машини се зад рутер никој не им може ништо однадвор, а ако нападот доаѓа однатре, веќе се заразени и сигурно дека хакеришчата веќе знаат дека SMB1 се потиснува, па веројатно ќе најдат/бараат друг начин да ги дозаразат другите машини. А Wannacry, кој беше причината за ова, и онака е одамна неутрализиран.
     
    На PandaBomber и kirev им се допаѓа ова.
  19. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,337
    3,729
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Е огромен безбедносен проблем од проста причина - нема апдејти. Мајкрософт не се ни замара со 99,9999% од дупките и не ги ни крпи. Јес да НАТ е некаква брана, ама е пис ов кејк да се пробие...
     
  20. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,146
    11,143
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Сори, колега, јас општо не се согласувам со моделот security through obsccurity и со тоа што Мирко намерно не ги крпи постарите за да ги продава поновите оперативни системи.

    Моето мислење е дека со добар third-party firewall и/или антивирус, како и здраво конфигурирање (затворање на портови) секој оперативен систем е безбеден.

    И онака најголем дел од заразите се случуваат поради глупоста на корисниците, а не поради „незаштитена мрежа“.

    Но ова се теми за дискусија (филозофирање? :hay:) на некое друго место.
     
    На PandaBomber му/ѝ се допаѓа ова.
  21. kjosmofon

    kjosmofon
    Баниран/a

    3,764
    5,730
    7 oктомври 2011
    kalfa
    Не е лесно промена на ОС на машини кои се во индустрија.
    Се е подесено и си работи, 1 програма или драјвер да не работи како треба и џаба и машина и се. Вработените, години го користеле XP во случајов, најчесто 1 икона променета на десктоп и хаос, не се сите ИТ писмени.
    Америте имаат правило викаат - не менувај ништо што си работи добро.
     
    На kirev му/ѝ се допаѓа ова.
  22. undergrounde

    undergrounde
    Gaining Experience

    410
    306
    11 Декември 2009
    Прво фала на сите за предлозите, ќе пробам утре се што ме советувавте
    Компјутерот на машината неможе да се промени нити со понов хардвер нити со понов ОС,пробавме и несака машината да работи
    Ги контактиравме произведувачите и добивме понуда за исти таков компјутер со исти ОС по цена од 1700 евра(еднојадрен процесор, 256мб рам, онбоард вга и 80гб хдд со инсталиран XP Embedded)
    Nадградбата за друг компјутер со понов ОС ни кажаа дека ќе чини околу 4-5000 евра + трошковите за нивни вработен да дојде и да среди
    Машината работи одлично како што е со овој компјутер и winXP, единствено што несака да влезе во канцеларискиот компјутер
    Ова се случува од петокот откако го преинсталирав канцеларискиот компјутер со понова верзија на Win 10, предходно беше со win 10 1607 и работеше без проблем, сега е со 1709 мислам и го има овој проблем
    Друг проблем што ми се јави(не е некој проблем ама мене ми смета) е промена на фонтот со оваа верзија на win 10, во програмата што ја користам за кројни шеми - Mawinhal
    слика 1 и слика 2 се од верзија 1607, а слика 3 и 4 се од верзија 1709
    Има некој идеја како да го променим
     

    Прикачени датотеки:

    • Slika 4.jpg
      Slika 4.jpg
      Големина:
      32.7 KB
      Прегледи:
      44
    • slika1.jpg
      slika1.jpg
      Големина:
      40.7 KB
      Прегледи:
      44
    • Slika2.jpg
      Slika2.jpg
      Големина:
      32 KB
      Прегледи:
      44
    • slika3.jpg
      slika3.jpg
      Големина:
      31.5 KB
      Прегледи:
      44
    На kirev му/ѝ се допаѓа ова.
  23. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,337
    3,729
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Луѓе, стварно си играте со оган. 24/7 сме онлајн а вие сте ОК да имате XP компјутер у мрежа?!?
    Во конкретниот случај - би го тргнал скроз од мрежа, никаков кабел да нема. Ако треба нешто да се префрли - со УСБ.
    Што правите ако попушти хардверот? Има заменски делови низ град по нормални цени?
    Дали можеш да пробаш да направиш виртуелка од машината и после да ја стартуваш на друг хардвер?
     
    На Astraion му/ѝ се допаѓа ова.
  24. undergrounde

    undergrounde
    Gaining Experience

    410
    306
    11 Декември 2009
    Не работи на друг хардвер, пробав да ставам друг процесор и програмата не стартува, единствено само диск може да се промени.
    При стартување самата прави проверка и ако нешто е променето не се пали програмата за сечење, односно се пали ама сите копчиња за контрола се деактивирани
     
    На kirev му/ѝ се допаѓа ова.
  25. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,055
    3,023
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    А што ако рикне матичната плоча заради некој застарен кондезатор/ подуен и т.н ? Фактички 5000е фрлање пак за друг ?
     
    На Astraion и kirev им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...