1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Проблем со Монитор

Дискусија во форумот 'Графички картички, звучни картички и монитори' започната од Steff_Maja, 30 Мај 2010.

  1. Steff_Maja

    Steff_Maja
    Practice makes perfect

    4,157
    1,709
    30 Мај 2010
    Здраво, ќе може ли да ми помогнете околу проблемов. Имам еден стар 15 инчен IBM Монитор. Кога се вклучува компјутерот со OS Windows XP биос сликата, boot сликата се во ред, но кога ќе се вклучи десктопот го дели на 4 дела и е малку збунувачки, а и не е паралелно распределено туку се мешаат помеѓу себе. Го пробав мониторот и на OS Windows 7 и тука во биос сликата беше во ред но boot сликата беше исто така поделена, а и подоцна кога се вклучи десктопот беше така поделен. Ја менував резолуцијата на 1024x768 и Refresh Rate на 60 Hz бидејќи таа ми ја покажуваше како најмала, имаше 70, 72 и 75, ама мислам дека ке се јаки за овој стар монитор. Дали е проблемот нешто со системот, или пак е дефект на мониторот?
    Погледнете ја сликата како изгледа проблемот...

    http://tinypic.com/r/23u972b/6
     
  2. Биа

    Биа
    Intern

    121
    15
    24 ноември 2008
    Женско
    Колку јас се разбирам (а тоа не е многу) мислам дека е до графичката.. Сепак да почекаме некое покомпетентно мислење :)
     
  3. Steff_Maja

    Steff_Maja
    Practice makes perfect

    4,157
    1,709
    30 Мај 2010
    Не е до графичката бидејќи си работи перфектно на Samsung Sync Master 920 NW LCD 19'' на 60 Hz и резолуција 1440x900
     
  4. Sephiroth

    Sephiroth
    Баниран/a

    3,492
    2,519
    14 Мај 2008
    Машко
    До кабелот да не е..........ама па на стари монитори не им се вадат каблите ко на новиве. Незнам како да пробаш сам. Сервис!
     
  5. Steff_Maja

    Steff_Maja
    Practice makes perfect

    4,157
    1,709
    30 Мај 2010
    Е да кабелот не се вади ... Му фалат 3 пина, ама порано е работел без тие 3 пина, а сега не сака. Му фалат:
    Pin No. 9 - GND
    Pin No.12 - N/C
    Pin No.15 - N/C
     
  6. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,601
    5,175
    20 Април 2007
    Машко
    Ајде ако не ти е проблем позади на мониторот има една налепница на која што го пишува комплетно моделот, прочитај го и напиши го да видиме кои му се вистинските параметри за работа.

    Ова што ти покажува слика во биос кажува дека мониторот си работи...Да можеш да ја намалиш резолуцијата на 800х600 мислам дека не би имала никаков проблем.
    Исто така може да прави проблем и драјвер за мониторот кој мислам дека ако виндоусот не го препознал како таков до сега, нема да можеш да најдеш друг компатибилен за жал.
    Само незнам дали проба и под ХР да ја намалиш резолуцијата на 800х600. Колку што се сеќавам мислам дека можеше :zbunet3:

    99% проблемот е во компатибилноста на стариот и новиот хардвер. Што сакам да кажам. Резолуцијата и рифрешот на старите монитори, поготово кога станува збор за 15 инчен монитор, е многу помал од оние кои се наоѓаат денес во продажба...Можеби мониторот поддржува реолуција од 1024х768 но на рифреш од 50 Hz.
    Мислам дека немаш проблем ниту со мониторот ниту со компјутерот, него со различните генерации на хардвер...
    И уште едно прашање...Дали мониторот ти работел претходно на некој од овие системи или пак сега за првпат го вклучуваш на некој од нив?
    Ако за првпат го вклучуваш на некој од овие системи во тој случај е она што ти го кажав.

    Заборавив да додадам дека тоа со пиновите е ОК... ;)
     
  7. Steff_Maja

    Steff_Maja
    Practice makes perfect

    4,157
    1,709
    30 Мај 2010
    Марката е IBM 15''

    Type/Model 6321-002
    S/N 55FT166
    P/N 96G0115 TBV
    V 200-240V
    A 0.85
    Hz 50/60

    CopyRight 1993 (Мислам дека тогаш е произведен)

    Ја намалував на Windows 7 на 800x600 бидејќи помала не можев и го ставив Refresh Rate на 56Hz бидејќи и тоа беше најмало, ама пак истиот проблем.

    Сега за првпат го вклучувам. Порано е работел на Windows 95. Ама не се сеќавам која резолуција, Refresh Rate и слично. Мал сум бил :p

    Тоа и според мене мислам дека е ОК бидејќи двата пина 12 и 15 се неискористени така да не би требале да играат некоја улога, а за 9 мислам дека има доволно други пинови кои ќе служат како заземјување.
     
  8. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,601
    5,175
    20 Април 2007
    Машко
    Мислам дека нема да ти работи на 7-ца, мада на ХР би требало да ти даде слика.
    Мониторот е стварно престар, а и не е 15 него е 14 инча ;)
    Еве ти ги податоците за него, а кратенките имаат значење: I = Interlaced; NI = Non-interlaced
     

    Прикачени датотеки:

    • untitled.jpg
      untitled.jpg
      Големина:
      60.4 KB
      Прегледи:
      10
  9. Steff_Maja

    Steff_Maja
    Practice makes perfect

    4,157
    1,709
    30 Мај 2010
    Фала за помошта, ама баш сега немам при рака компјутер со Windows XP кога ќе инсталирам ќе пишам што ќе направам.

    Да е стар, стар е не викам дека не е :D Користен е 2 години во Банка, а подоцна јас го користев. Се сеќавам само дека имаше 700 MB Хард Диск :p:p

    Сакав да го користам за преинсталирање, бидејќи со тоа се занимавам.
    Се надевам дека ќе работи барем на 640x480 или на 800x600 на Windows XP.
     
  10. Sephiroth

    Sephiroth
    Баниран/a

    3,492
    2,519
    14 Мај 2008
    Машко
    Според спецификациите погоре, мониторот треба да работи 800х600 @60hz. Ама имав еднаш и јас 14-ка стар монитор по дома, па на 800х600 нејќеше слика да дае, а 640х480 работеше совершено.
     
  11. Steff_Maja

    Steff_Maja
    Practice makes perfect

    4,157
    1,709
    30 Мај 2010
    Ќе најдам јас компјутер со Windows XP и таму ваљда ќе има 640x480 на 60Hz.
    Сега имам Windows 7 и тука најслабо ми е 800x600 на 56Hz.
     
  12. gokica

    gokica
    Модератор

    8,550
    10,639
    13 Јуни 2009
    Ако е за резолуција и Win7 може да прикаже 640х480:

    "Control Panel"->"Display Properties"->"Advanced"->"Adapter"->"List All Modes"

    640x480 треба да е на листата за избор ако се инсталирани драјверите од картичката.
     
  13. Steff_Maja

    Steff_Maja
    Practice makes perfect

    4,157
    1,709
    30 Мај 2010
    Да инсталирани ми се и ги најдов овие, а јас претходно само во Resolution опција ја менував резолуцијата. Пробав на 640x480 на 59Hz и пак исто. Ништо ново. :ermm:
     
  14. maci

    maci
    On your way to fame

    2,888
    649
    2 Април 2008
    фрли го во канта,не се мачи,до сега за 800-1000 ќе земеше 17 инчен црт.
     
  15. batka

    batka
    Intern

    34
    1
    26 Јуни 2010
    Maci dade dobar predlog.Ne mozes da napravis nisto so monitorot bidejki cipot na vlezot nema vreme ni moznost da gi obraboti site podatoci na vreme.Ne e do rezolucijata ,hardver(star) e vo prasanje.Sobiraj pari za LCD .
     

Сподели

Вчитување...