1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Решено Проблем со мејлови за пораки

Дискусија во форумот 'Ваши сугестии / забелешки / проблеми' започната од Oktar, 17 oктомври 2016.

  1. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,324
    9,668
    23 oктомври 2012
    Машко
    Приметив дека од вчера ми стигаат мејлови за пораки од форумов но содржината е празна, т.е. мејловите имаат само Subject, a соджината изостанува. Симптоматично ми стана и дека мејловите сега се од contact а не од admin како досега, па поради тоа и филтрите на џемаил не ми работат. Али ОК, тоа со филтерот не е некој проблем, само сакам да укажам дека најверојатно е направена некоја промена која резултира со празни мејлови.
    Еве пример како тоа изгледа

    Screen Shot 2016-10-17 at 11.51.44.png
     
  2. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,325
    24,897
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Со пораките е се во ред. Сменет е general email можеби затоа е тоа така, или некои сетинзи на сервер.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  3. D

    D
    Администратор

    3,230
    1,607
    31 Март 2007
    Сменет е емаилот од admin@ во contact@, а пораките кои стигаат од сега ќе го содржат само насловот во маилот со линк до пораката да се прочита на форумот.
     
    Последна промена: 17 oктомври 2016
    На Oktar и spiritBreaker им се допаѓа ова.
  4. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,324
    9,668
    23 oктомври 2012
    Машко
    Не сум среќен со решението, убаво беше да може да прочитам порака без притоа да мора да се логирам на форум, тапаток како таков е ужасен а знае да биде болка во задникот отварање на форумов преку мобилен интернет прелистувач. Посебно ако си на Вип и си на џпрс.
    Второ, вака имав бекап на сите пораки од форум, кој како што знаеме минатата година имаше инцидент и дел од соджината отиде за навек, а мене баш од тој период ми трбаше некоја содржина од порака која успеав да си ја најдам благодарение на тоа што пораките ги имав на мејл.
    Трето, како што знаеме не сме баш најсреќни со срчот низ форумов а не па низ пораките, според мене инбоксот на форумов е многу непрегледен додека срчнот низ истите тие пораки преку џемаил е милина.
    Четврто, не треба да им кратите на луѓето нешто што го имале, тоа води кон несреќа, тага, доведување во меланхолична и алкохолизирана состојба која може да резултира со управување на возила и тешка машинерија и притоа да настанат разноразни инциденти и загрозувања на својот и туѓите животи. Во некои ситуации и обиди за самоубиство со бесење со јаже на трула греда, сечење вени со тап нож, електрифицирање со низок напон итн итн итн.

    За да си олесните на душата, вратете ја содржината од пораките во мејловите :)
     
    На Speedster, neW1, Psycore и уште 12 други им се допаѓа ова.
  5. D

    D
    Администратор

    3,230
    1,607
    31 Март 2007
    @Oktar,

    Те слушнавме јасно и гласно. Дозволи ни да го тестираме овој концепт некое време, ако има проблеми со него и поплаки ќе го вратиме на старо. Идејата е малце со скриена агенда - да го натера корисникот да дојде на форум и да прочита а и со тоа се надеваме повеќе да го користи форумот.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,324
    9,668
    23 oктомври 2012
    Машко
    Cool, cool... јас само го кажав моето мислење, а секако дека ке преживеам и вака и онака.

    Едит: нема да направам драма и да возам виљушкар во алкохолизирана состојба додека сечам вени со тап нож :D :D :D
     
  7. Tajson

    Tajson
    On your way to fame

    569
    722
    25 Февруари 2016
    Машко
    Едит: нема да направам драма и да возам виљушкар во алкохолизирана состојба додека сечам вени со тап нож :D :D :D[/QUOTE]
    Си купи виљушкар? :p
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,324
    9,668
    23 oктомври 2012
    Машко
    Си имам од претходно, додуша службен, али па тој секако помалку троши... не ми е ова прва драма во животот :D
     
  9. D

    D
    Администратор

    3,230
    1,607
    31 Март 2007
     
    На Fatal1ty_ и Oktar им се допаѓа ова.
  10. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,324
    9,668
    23 oктомври 2012
    Машко
    Дечки, помина доста време, дајте да разговараме сериозно на темава. Стварно е невозможно да се најде некоја комуникација која се одвивала во пораки. Пред неколку дена очајно ми требаше линк од еден член што ми го имаше пратено во ПП, и потрошив 2 часа за да НЕ го најдам, се откажав. Кога веќе немаме пребарување низ пораките и прегледноста на инбоксот е лоша, дајте барем да може таа работа да си ја завршиме преку нашиот омилен џемаил.

    П.С. Моментално ми треба уште еден податок од порака, телефонски број, али јеби га, се откажав, нема шанси да седнам и да прегледувам еден куп пораки.
     
    На moongose и Psycore им се допаѓа ова.
  11. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,325
    24,897
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Сериозно ветувам дека ќе средам search во приватни пораки со повеќе филтри!

    Испратено преку nokia 3310
     
    На Глупав, krema, HardCorec и уште 4 други им се допаѓа ова.
  12. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,324
    9,668
    23 oктомври 2012
    Машко
    Сериозно верувам дека ке биде така, ама сериозно и верувам дека тоа ке потрае неколку месеци, а веќе неколку (4) месеци неможеме да си најдеме ништо низ пораките. Предлагам да се врати праќањето на содржината на порака во мејл нотификациите додека не се реши пребарувањето тука на форум.
     
    На moongose и HardCorec им се допаѓа ова.
  13. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,325
    24,897
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Две недели максимум. На пат сум. Да се вратам ќе средам...чесен збор

    Испратено преку nokia 3310
     
    На Глупав и Oktar им се допаѓа ова.
  14. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,324
    9,668
    23 oктомври 2012
    Машко
    Fine by me, наредна недела идам на одмор, па таман кога ке се вратам ке ти удрам еден кјуеј на срчот, а ако го нема сеуште ке плаќаш кафана :D :D :D
     
    На Fatal1ty_ му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Enquito

    Enquito
    On your way to fame

    994
    606
    8 Август 2017
    Машко
    Дали може да се исклучат известувањата на меил, ми се преполни мејлот со глупи известувања, што не ги ни читам. Бар не ми се појавуваа како известувања на десктопот, но еве сега од време ќе ми стигне известување на Виндоус 10. Значи известувањата се ОК, но не на меил, секако ќе ги прочитам кога ќе влезам на форумот. Еве кои опции ги имам.
    upload_2019-2-26_16-24-34.png
     
  16. Avid

    Avid
    Unbeatable

    3,636
    5,289
    21 Јануари 2009
    Вклучи зачувај исклучи зачувај
    Може да е багче и да му треба рифреш. А и во меилот види дали има најдолу нешо ансабскрајб фром ол имејлс ор самтинг
     
  17. Enquito

    Enquito
    On your way to fame

    994
    606
    8 Август 2017
    Машко
    Ќе пробам со тоа ансабскрајб.
     
  18. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,222
    3,201
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Isto i na mene pocnaa da mi stignuvaat notifikacii na email a taa opcija mi bese isklucena . Resenie ?
    Screenshot_20190323-111030.png
     

Сподели

Вчитување...