Проблем со лаптоп што се гаси при boot

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од Sonic.01, 16 Април 2018 at 16:27.

  1. Sonic.01

    Sonic.01
    Intern

    16
    24
    5 Јули 2016
    Луѓе може ли некој да ми помогне некако, имам проблем со лаптоп Dell inspiron N5010, на лаптопот му сменив паста пред недела дена пошто имаше проблем со греење, при нормална работа креваше 90c и се гасеше. Кога му сменив паста си тераше одлично некои недела дена се до пред некој ден, сега кога ќе го уклучам стартува, почнува со boot и наеднаш кулерот почнува да врти многу брзо и се гаси лаптопот.
    Пошто батеријата е зезната пробав без неа директ на полнач, пробав и со друг полнач ама пак не сака, истото се дешава, дури пробав и од ново да турам паста и ги проверив сите конектори и флет кабли, се си е у реду. Кулерот е очистен и исправен и што највише ме чуди кога ќе почне да врти ко луд дува ладен воздух.
    Се мислам да не е нешто со некој сензор за топлина ама не знам каде би било тоа чудо.
    Во биосот не покажува никаде темпреатура на CPU, а истиот проблем го имам и во биос, работи некои 5 секунди, почнува да врти ко луд и гаси.
    Ај ве молам дајте некој предлог, некое чаре што може да е.
     
  2. Daniel86

    Daniel86
    Unbeatable

    2,436
    5,682
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    Моја претпоставка е дека си направил ладен лем на графичката/чипсетот при виткање на плочата, најчест проблем кај овие плочи. Друго според однесувањето, фирмверот во EC контролерот можно е да е коруптиран, иако помалку веројатно е второво. Во секој случај не е проблем што можеш сам и едноставно да го решиш, освен ако не си по печењето матични во рерна. :)

    Всушност ова е причината зошто понекогаш промена на термална паста се наплаќа и по 1500-2000 денари, поради огромниот ризик да се случи ова што ти се случило тебе ;)
     
    RoninMK, damil и на SiPy` им се допаѓа ова.
  3. Pane24

    Pane24
    Practice makes perfect

    2,973
    1,814
    31 oктомври 2012
    Машко
    Невработен
    Термална паста не се додава никогаш на лаптоп туку термални падови.
     
  4. marv

    marv
    Gaining Experience

    1,008
    380
    5 oктомври 2007
    Машко
    Ова не е 100% точно, за да се каже и напише како факт. Сум видел најмалце 10 модели на лаптопи, а Даниел сигурно и повеќе каде на процесор и/или графика има фабрички термална паста а не пад. Последниот на пример Асус рог, со И7-ца HQ оди па вози го со термал пад на процесор, уште па од оние кинескине. Ќе се самозапали :)

    Испратено од LG-H440n преку IT.mk форум апликација
     
    Daniel86, RoninMK и на Pane24 им се допаѓа ова.
Слични теми
  1. DynamicMK
    Одговори:
    16
    Прегледи:
    1,721
  2. TheSpeedy
    Одговори:
    4
    Прегледи:
    875
  3. Steff_Maja
    Одговори:
    10
    Прегледи:
    746
  4. Enforcer_
    Одговори:
    10
    Прегледи:
    625
  5. SaleSk
    Одговори:
    16
    Прегледи:
    798
Вчитување...

Сподели