• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Проблем Проблем со лаптоп Acer

Antigona.B

Intern
3 јануари 2018
12
8
Лаик сум за тематикава, па би ве замолила за совет. Имам лаптоп Acer, модел Aspire A515-56, Processor 11th Gen Intel(R) Core(TM) i7-1165G7 @ 2.80GHz, RAM 16GB, SSD 1000 GB, Intel Iris Xe Graphics, Full HD, со лиценциран Windows 10 Home. Купен е во април годинава, користен само за сурфање на нет, канцелариска работа и преводи во SDL Trados. Од пред десетина дена, кога ќе уклучам 2 таба, на пример Facebook и YouTube (музика или серија), после некои си пола саат, макс. саат, прегрева, баш онака топлина зрачи и татстатурата кога ја допирам со прсти е врела, звукот почнува да шушти, некогаш се гаси, или го ресетирам, па го уклучувам и после се слушаат гласно кулерите и ќе се олади па си тера така уште некое време. Со оглед на тоа дека сурфањето не би требало да е нешто што толку би ја оптеретило конфигурацијава, прашањето е дали можам нешто да направам сама или да го носам на сервис (под гаранција е)? Кога работам во SDL Trados не прави проблем, само кога сурфам и тоа ако слушам музика или гледам нешто на YouTube (Mozilla и Edge). Сите ажурирања се направени, не сум истурила ништо врз лаптопот, цело време е поставен на биро, а во овластениот сервис ми рекоа дека нема потреба да купам cooler pad. Неколку дена го имав подигнато да може полесно да циркулира воздух, џабе. Летово кога беше пекол и кога преведував не грееше, сега нешто зеза.
Пред Acer-ов, имав еден десктоп, 13 години душа му извадив и последните година-две загреваш и кочеше при сурфање, со неспоредливо послаби перформанси, па ова благо речено ме изненадува.

Однапред благодарам за советите.
 
Pane24

Mariovec
31 октомври 2012
5,444
4,885
Ethermine
www.facebook.com
Дали врте кулерчето ? Се слуша ли дека врте ?
П.С глеам дека си пишала тоа.
Најверојатно затната е решетката. Тоа ке мора во сервис да се носе за да се исчисте и смене термопаста.
 
Antigona.B

Intern
3 јануари 2018
12
8
Дали врте кулерчето ? Се слуша ли дека врте ?
П.С глеам дека си пишала тоа.
Најверојатно затната е решетката. Тоа ке мора во сервис да се носе за да се исчисте и смене термопаста.
Врти, се слуша и тоа баш убаво се слуша, ама откако ќе се исклучи лаптопот па ќе го вклучам пак. И тогаш за кратко време се лади лаптопот. Но, пред да се прегрее и сам да се исклучи, воопшто не се слуша кулерот.

Многу ви благодарам за одговорот. Утре ќе го носам на сервис.
 
Nikola100

Домаќин
30 септември 2019
1,161
1,041
Скопје

Да не има некој вирус - некој непожелен програм што врти во позадина да го напрега процесорот ? Не мора да значи дека е нешто расипано...
Провери состојба во таск- менаџер
 
Antigona.B

Intern
3 јануари 2018
12
8
Да не има некој вирус - некој непожелен програм што врти во позадина да го напрега процесорот ? Не мора да значи дека е нешто расипано...
Провери состојба во таск- менаџер
Имав Norton trial верзија со самиот лаптоп. Откако истече, само Windows Defender. Не знам колку е добра како програма. Според ова што гледам, не априкажува проблем. Дали да симнам некоја друга програма и да пробам со неа да проверам. Може и совет за антивирусна програма. Благодарам.
 
Атачменти

  • sec.png
    sec.png
    166.2 KB · Прегледи: 37

Nikola100

Домаќин
30 септември 2019
1,161
1,041
Скопје
Имав Norton trial верзија со самиот лаптоп. Откако истече, само Windows Defender. Не знам колку е добра како програма. Според ова што гледам, не априкажува проблем. Дали да симнам некоја друга програма и да пробам со неа да проверам. Може и совет за антивирусна програма. Благодарам.
Мислев на ова
1112.PNG

Притисни Ctrl+Shift+Esc истовремено - ќе излезе таск-менаџер

Види таму кај што пишува 6% CPU - провери кај тебе кој процент на процесор е употребен (абнормални вредности се од 60-100%). Значи додека се служиш со лаптопот ако вредноста е 60-80 или 100% тогаш некој програм го преоптеретува процесорот (во CPU графата се сите вредности во процент кој програм колку од процесорот употребува - тој што троши повеќе од 50% може да е непожелен програм)
За да одредиме дали програм предизвикува прегревање или нешто друго
Поздрав
 
Antigona.B

Intern
3 јануари 2018
12
8
Еве го. CPU не оди повеќе од 11%, освен во самиот момент кога се појави прозорчето покажа 19%, ама веднаш падна на 7%. И со овие вредности кога правев Print Screen беше доста загреан (тастатурата топла, одоздола баш врело), не ги слушав кулерите, па го ресетирав и пред да се подигне Windows-ot кулерите почнаа да работат. Сега се олади и откако се олади пак не се слушаат кулерите. Изгледа ќе мора на сервис утре, ми е страв да не се расипе нешто.
 
Атачменти

  • cpu.png
    cpu.png
    52.3 KB · Прегледи: 44

Avid

Guru
21 јануари 2009
6,061
9,922
Скопје
@Pane24 не се прај демек коригираш некој, твојата кратенка отвора плав глуп екран па од таму да бираш, а кратенката на @Nikola100 отвора директно тоа шо треба

@Antigona.B Acer новите модели се тапа (затоа се поевтини), нешто е зезнато хардверски ладење паста падови ово оно, давај го на сервис ќе видат веднаш што е, какви вируси какви бакрачи

постои (мала) шанса и ссдто нешо да ебава/грее, ѕирни температури на све со некоја програма ко hwinfo или hw monitor.
 
Nikola100

Домаќин
30 септември 2019
1,161
1,041
Скопје
Хмм.. Да - има некој друг проблем тогаш - штом CPU е 6-11% само , а гледам GPU -3% - значи не до преоптеретување на нив. Тие се главен извор на топлина обично.Тогаш е нешто друго во прашање. Најпаметно е сервисер да погледа мислам.
 
Astro

Epic
20 јуни 2012
8,139
11,685
Astro's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 2600 + Deepcool Lucifer K2
Motherboard
Gigabyte B450 Aorus PRO
Storage
Western Digital 500GB NVME
PSU
EVA SuperNova 550w
RAM
2 x 8Gb Kingston HyperX DDR4-3200
Video card
Gigabyte GeForce 1060 6Gb G1 Gaming
Case
Corsair, не знам какво е.
Mouse
Dell Optical
Keyboard
Microsoft
Monitor
Dell P2417H
OS
Windows 10 Pro x64
Има два клучни моменти во случајов:

1. Кулерите вртат
2. Лаптопот загрева и тастатурата е жешка, претпоставувам и долниот капак е жежок. Постои стандард за ергономија кој мора сите лаптопи да го исполнат а тоа е тастатурата и долниот капак да не се потопли од 52 или слично степени. Ацер колку и да се тапа (а не се тапа) мораат да го исполнат овој стандард.

Причини изолирам две:
1. Најмалку веројатна е дека има дефект на VRM - voltage regulation module па пушта висок напон на процесорот и го грее
2. Затнати се издувите за топол воздух и топлината се заробува внатре и се кумулура.

Бидејќи лаптопот ти е под гаранција, а е нов, н треба менување на паста и падови, треба само отворање и чистење, така да носи го во сервис. Гаранцијата не го покрива чистењето па ќе ти наплатат некоја сума, максимум 1000 денари по моја проценка.
 
ARMac

Epic
2 октомври 2010
8,388
10,350
Скопје
androgaming.com
ARMac's setup  
Processor & Cooler
R7 2700x + Neptwin V2
Motherboard
Gigabyte B450 AORUS ELITE
Storage
Samsung 970 EVO NVMe
PSU
SilentStorm Icewind 750W
RAM
16GB Kingston HyperX Fury 3200
Video card
XFX Radeon RX 580 - 4GB
Case
Gigabyte C200
Mouse
Bloody v7
Keyboard
Natec Thor 300
Audio
Creative Muvo 2
Monitor
Benq GW2480E IPS + Dell p2219h
OS
Windows 10 Pro
Да не го користиш во кревет. На ќебе или слично.
 
Antigona.B

Intern
3 јануари 2018
12
8
Да не го користиш во кревет. На ќебе или слично.
Не, никогаш, цело време е на биро. По сугестија на @Avid инсталирав HWMonitor, вредностите кај температурите биле високи, другото, не се разбирам, ама веројатно е во ред.
 
Атачменти

  • HWmonitor.png
    HWmonitor.png
    201.8 KB · Прегледи: 67
  • HWmonitor 1.png
    HWmonitor 1.png
    137.9 KB · Прегледи: 66

Nikola100

Домаќин
30 септември 2019
1,161
1,041
Скопје
Не, никогаш, цело време е на биро. По сугестија на @Avid инсталирав HWMonitor, вредностите кај температурите биле високи, другото, не се разбирам, ама веројатно е во ред.
Нешто не е во ред со ладењето. Или нема добар контакт процесорот со ладилникот (можеби од механички потрес или се олабавиле штрафчињата)- ама најверојатно вентилаторите и ладилниците се затнати од прашина . На сервис на чистење.
 
Antigona.B

Intern
3 јануари 2018
12
8
Дефинитивно оди на сервис, таму нека го средат. Ви благодарам на сите за споделените мислења и извинете што ве изгњавив, ама сметав дека е најсоодветно да се консултирам со луѓе што имаат знаење од проблематикава пред да го однесам на сервис.
 
Antigona.B

Intern
3 јануари 2018
12
8
Пак јас :( вчера го однесов лаптопот во овластен сервис, денес го земав. Ми рекоа дека го тестирале (гледам инсталирано Haven Benchmark 4.0 и FurMark), кај нив не кревал повеќе од 70 степени и не се гасел, ама дека превентивно замениле fan. Провериле сѐ друго и сѐ е ок. Ама, еве го сега, пак ист проблем. Имав пуштено музика на YouTube (еден таб) и читав тука на форумот нешто за Windows 10 (втор таб). Пак тастатурата топла, одоздола врел, температура над 90 степени, музиката почна да сецка, а поинтерот на маусот едвај се движеше меѓу два таба. Значи, штом пуштам видео на browser (без разлика дали е музика на YouTube или серија), за кратко време грее ко ќумбе. Ако само читам текстови, и неколку таба да се, не прегрева (сега додека пишувам јавува < 50 степени, а кога имаше видео > 90 степени, доле ќе ставам Print Screen).

Прашање до вас, пошто секако утре ако го носам пак во сервис нема да ми веруваат, иако имав неколку Print Screen на десктоп оставено за да докажам дека има проблем.

1. Дали може некој update на driver да направил проблем, конкретно на Intel, пошто тоа е последно што инсталирав пред да се јави проблемот?
2. Дали можеби проблемот ќе се реши ако реинсталирам Windows? Или сепак да одам да купам cooler pad?
 
Атачменти

  • 30.11.png
    30.11.png
    224.5 KB · Прегледи: 38

Ова 99% не е софтверски, така што нема да ти го реши драјвер апдејт или реинстал на Windows.
Тие у сервис биле ботови. Однеси го кај @Daniel86
Не смее нов олку брзо да има фрки со прегревање ради нечистотија или што знам. Не смее да му треба дополнителен кулер за 2 таба со едно видео.
Но мора да признаам дека е доста чудно на обично користење да загрева, а на бенчмарк не.

Сомнителен ми е малку и лиценцираниов Windows, стај пиратски. Сериозен сум.
 
Последна промена:

Daniel86

Guru
28 мај 2013
2,993
7,883
Скопје, Карпош 1
www.facebook.com
Daniel86's setup  
Processor & Cooler
i7 3770 & Cooler Master Hyper 612 V2
Motherboard
Asus P8Z77-V PRO
Storage
Samsung 860 EVO 250GB & WD Blue WD10EZEX 1TB
PSU
Cooler Master-Silent Pro Gold 600W
RAM
Geil 2x8GB
Video card
Asus R7 250 2GDDR5 & Intel HD 4000
Case
Deepcool Tesseract SW Black/Blue
Mouse
Logitech MX1000
Keyboard
Verbatim KU-0725
Audio
Realtek ALC887 & Kenwood KRF-V5020 + Kenwood LS76
Monitor
Philips 222EL
OS
Windows 7 Ultimate SP1 x64 И НЕ ГО МЕЊАМ!!!
Мене ова ми личи како да не уклучува кулерот. @Antigona.B можеш да го донесеш на дијагностика кај мене, меѓутоа строго препорачувам да не го носиш никаде на друго место освен во овластен сервис затоа што најверојатно ќе изгубиш гаранција, а тоа може скапо да те чини. Замарај ги, биди упорна, па ако видиш дека ептен не бива, повели донеси го.
 
Nikola100

Домаќин
30 септември 2019
1,161
1,041
Скопје
Мене ова ми личи како да не уклучува кулерот. @Antigona.B можеш да го донесеш на дијагностика кај мене, меѓутоа строго препорачувам да не го носиш никаде на друго место освен во овластен сервис затоа што најверојатно ќе изгубиш гаранција, а тоа може скапо да те чини. Замарај ги, биди упорна, па ако видиш дека ептен не бива, повели донеси го.
Даниел а можно ли е само интегрираната графичка да е расипана ? Си имал таков случај ?
Поздрав
Едит - а гледам и максимални вредности на утилизација на процесор -100% - тоа не е баш нормално мислам...
 
На овластен го носев вчера, токму заради гаранцијата. И се осеќам ко бот, пошто знам дека има проблем, ама не знам како да докажам. Вчера кога го оставив вработениот во сервис пред мене го уклучи лаптопот и прво што направи - го допре до уво и не се слушаа кулерите. Не се слушаат ни сега.
Ви благодарам за одговорите @Avid и @Daniel86. Ќе го носам утре пак на сервис, па доколку не го решат проблемот сигурно ќе го донесам за дијагностика и поправка кај Даниел.
 
Последна промена:

Daniel86

Guru
28 мај 2013
2,993
7,883
Скопје, Карпош 1
www.facebook.com
Daniel86's setup  
Processor & Cooler
i7 3770 & Cooler Master Hyper 612 V2
Motherboard
Asus P8Z77-V PRO
Storage
Samsung 860 EVO 250GB & WD Blue WD10EZEX 1TB
PSU
Cooler Master-Silent Pro Gold 600W
RAM
Geil 2x8GB
Video card
Asus R7 250 2GDDR5 & Intel HD 4000
Case
Deepcool Tesseract SW Black/Blue
Mouse
Logitech MX1000
Keyboard
Verbatim KU-0725
Audio
Realtek ALC887 & Kenwood KRF-V5020 + Kenwood LS76
Monitor
Philips 222EL
OS
Windows 7 Ultimate SP1 x64 И НЕ ГО МЕЊАМ!!!
Даниел а можно ли е само интегрираната графичка да е расипана ? Си имал таков случај ?
Поздрав
Едит - а гледам и максимални вредности на утилизација на процесор -100% - тоа не е баш нормално мислам...

Сум видел еднаш или двапати таков случај во цела моја кариера, значи скоро и да нема шанси да е тоа, меѓутоа ништо не се исклучува во случајов, има многу опции што може да биде, се надевам ќе го средат во овластен сервис.
 
marv

Unstoppable
5 октомври 2007
3,949
3,343
Пак јас :( вчера го однесов лаптопот во овластен сервис, денес го земав. Ми рекоа дека го тестирале (гледам инсталирано Haven Benchmark 4.0 и FurMark), кај нив не кревал повеќе од 70 степени и не се гасел, ама дека превентивно замениле fan. Провериле сѐ друго и сѐ е ок. Ама, еве го сега, пак ист проблем. Имав пуштено музика на YouTube (еден таб) и читав тука на форумот нешто за Windows 10 (втор таб). Пак тастатурата топла, одоздола врел, температура над 90 степени, музиката почна да сецка, а поинтерот на маусот едвај се движеше меѓу два таба. Значи, штом пуштам видео на browser (без разлика дали е музика на YouTube или серија), за кратко време грее ко ќумбе. Ако само читам текстови, и неколку таба да се, не прегрева (сега додека пишувам јавува < 50 степени, а кога имаше видео > 90 степени, доле ќе ставам Print Screen).

Прашање до вас, пошто секако утре ако го носам пак во сервис нема да ми веруваат, иако имав неколку Print Screen на десктоп оставено за да докажам дека има проблем.

1. Дали може некој update на driver да направил проблем, конкретно на Intel, пошто тоа е последно што инсталирав пред да се јави проблемот?
2. Дали можеби проблемот ќе се реши ако реинсталирам Windows? Или сепак да одам да купам cooler pad?
Мене нешто ми е глупо овде. На не цели 2% оптеретен процесор тебе темп ти е на 80Ц веќе. Може ли да пуштиш ти сама фурммарк и хевен 7 така ги имаш и паралелно ХВМонитор и еден скриншот после 2 минути да речеме. Или ај пушти Јутуб во Хром или Опера и да видиме оптеретување и температури. И дај скриншоти и од подоле на HWMonitor прозорот, а пробај и HW Info, убаво може хоризонтално да дава детални сензор податоци.

Sent from Телефон using Tapatalk
 
Astro

Epic
20 јуни 2012
8,139
11,685
Astro's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 2600 + Deepcool Lucifer K2
Motherboard
Gigabyte B450 Aorus PRO
Storage
Western Digital 500GB NVME
PSU
EVA SuperNova 550w
RAM
2 x 8Gb Kingston HyperX DDR4-3200
Video card
Gigabyte GeForce 1060 6Gb G1 Gaming
Case
Corsair, не знам какво е.
Mouse
Dell Optical
Keyboard
Microsoft
Monitor
Dell P2417H
OS
Windows 10 Pro x64
Во сервис го немаат пипнато очигледно.
За кој сервис се работи? Да потегнеме барем да го погледнат.
 
marv

Unstoppable
5 октомври 2007
3,949
3,343
Во сервис го немаат пипнато очигледно.
За кој сервис се работи? Да потегнеме барем да го погледнат.
Викаш фурмарк и Хевен онака инсталирале само да се рече работеле нешто?

Sent from Телефон using Tapatalk
 
ARMac

Epic
2 октомври 2010
8,388
10,350
Скопје
androgaming.com
ARMac's setup  
Processor & Cooler
R7 2700x + Neptwin V2
Motherboard
Gigabyte B450 AORUS ELITE
Storage
Samsung 970 EVO NVMe
PSU
SilentStorm Icewind 750W
RAM
16GB Kingston HyperX Fury 3200
Video card
XFX Radeon RX 580 - 4GB
Case
Gigabyte C200
Mouse
Bloody v7
Keyboard
Natec Thor 300
Audio
Creative Muvo 2
Monitor
Benq GW2480E IPS + Dell p2219h
OS
Windows 10 Pro
Пак јас :( вчера го однесов лаптопот во овластен сервис, денес го земав. Ми рекоа дека го тестирале (гледам инсталирано Haven Benchmark 4.0 и FurMark), кај нив не кревал повеќе од 70 степени и не се гасел, ама дека превентивно замениле fan. Провериле сѐ друго и сѐ е ок. Ама, еве го сега, пак ист проблем. Имав пуштено музика на YouTube (еден таб) и читав тука на форумот нешто за Windows 10 (втор таб). Пак тастатурата топла, одоздола врел, температура над 90 степени, музиката почна да сецка, а поинтерот на маусот едвај се движеше меѓу два таба. Значи, штом пуштам видео на browser (без разлика дали е музика на YouTube или серија), за кратко време грее ко ќумбе. Ако само читам текстови, и неколку таба да се, не прегрева (сега додека пишувам јавува < 50 степени, а кога имаше видео > 90 степени, доле ќе ставам Print Screen).

Прашање до вас, пошто секако утре ако го носам пак во сервис нема да ми веруваат, иако имав неколку Print Screen на десктоп оставено за да докажам дека има проблем.

1. Дали може некој update на driver да направил проблем, конкретно на Intel, пошто тоа е последно што инсталирав пред да се јави проблемот?
2. Дали можеби проблемот ќе се реши ако реинсталирам Windows? Или сепак да одам да купам cooler pad?

1 и 2 не.

Да не го користиш случајно на батерија кога загрева? По дифолт е наместено passive cooling (кога е на бат.) во power options.
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
44,187
Мислења
879,741
Членови
30,813
Најнов член
viktor7
На врв Дно