1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Проблем со контраст на нов LG телевизор!?

Дискусија во форумот 'Радио, телевизија, радио-телевизиски сигнал и него' започната од Luxell, 28 ноември 2016.

  1. Luxell

    Luxell
    Intern

    215
    46
    7 Јули 2012
    Машко
    Пред два дена го зедов овој модел на LG и во глобала е добар звук,слика но има нешто што ми смета а незнам дали спаѓа во проблем или е тоа нормално.
    Во десниот долен агол на тв на црна позадина се заприметува значителен зголемен бел контраст спрема другите агли го пуштив и ова видео со црна позадина на тв и се гледа осветлувањето а додека пак кога ќе има слика од некој канал не се гледа зголемениот контраст,пребарав на гугл околу ова и најдов некои "решенија" кој за мене не беа успешни,како промена на сејтинзи и сл. и веќе незнам што да правам,подолу има и слики на кој незнам колку ќе може да се запримети проблемот.
    На првиот линк е прикажано тв менито од LG-то каде што има подлабока црна боја и осветлувањето се заприметува, додека пак на другиот е менито од сателитскиот ресивер кое што е со побледа црна боја и не се заприметува појакиот контраст.
    https://postimg.org/gallery/16r7z7m5c/8f77cdfe/
    https://postimg.org/gallery/1e64nlza8/79fed0ef/
     
    Последна промена: 28 ноември 2016
  2. nik0la_

    nik0la_
    Practice makes perfect

    763
    1,251
    5 Јануари 2012
    Backlight bleed е ова, а како може да се реши незнам.
     
    На Gaston и Luxell им се допаѓа ова.
  3. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,098
    3,074
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Фабричка мана е овоа , сигурно е панелот .Подобро врати му го и барај си друг.
     
    На Luxell му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Pulse

    Pulse
    Practice makes perfect

    1,258
    1,282
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    Враќај назад, сигурно јас и уште 20 други членови ќе го коментираат истото.
    Зошто кога веќе си платил да не добиеш тоа што си планирал.
     
    olikomerc, Gaston и на Luxell им се допаѓа ова.
  5. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,540
    3,448
    11 Декември 2008
    Машко
    Го имав порачано истиот ТВ, имав пишувано со неколку членови во пораки за овој модел колку лоша слика и контраст има. Го вратив под итно утредента.

    Контрастот му е ептен слаб, од страна малку ако го гледаш има изразит IPS Glow (удира ептен сивкасто), боите му се за никаде, слаб 4К панел со непрецизни под-пискели и заменски бои, демек TrueBlack панел (нема врска 100 пати боље беа старите Glossy).

    Црна боја нема воопшто, црната=сива, другите бои сите како исперени бледи, катастрофа. Поготово ако го ставиш во некоја потемна соба а не во дневна.

    Враќај го под итно, и за тие пари земи си Sony W805C или Samsung KU6400+.

    И друг ако земаш, истестирај го 5 минутки со спремни позадини на усб стик (црна, бела, плава, зелена, црвена), за да не ти се погоди пак некој фаличен со backlight bleed, или мртви пиксели, burn-in ефекти или незнам што...
     
    StalkeR, Gaston и на Luxell им се допаѓа ова.
  6. Luxell

    Luxell
    Intern

    215
    46
    7 Јули 2012
    Машко
    Во ред,изгледа на крај ми останува да го враќам.
    Еве и некој клип снимив:


     
  7. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,540
    3,448
    11 Декември 2008
    Машко
    Ќе пробуваат во Нептун да те убедуваат продавачите дека такви биле сите телевизори, тоа било нормално, бла бла бла...

    Види со убаво разбери се, замоли ги уште еднаш да ти направат замена, ако одбиваат спомни им го и законот за потрошувачи и дека ќе си повикаш пазарен инспектор (член 50 или 51 така нешто), имаш право на замена во рок од 15 дена, ако не ти се допаѓа производот, или па уште вака ако има очигледен дефект на панелот/осветлувањето.
     
    На marto, nik0la_, StalkeR и уште 2 други им се допаѓа ова.
  8. Luxell

    Luxell
    Intern

    215
    46
    7 Јули 2012
    Машко
    Во ред тогаш дајте и некој предлог доколку можам да го заменам за друг за кој модел во класата на овој?
    @olikomerc ми го предложи Sony 50 w805,само се мислам дека не е 4к и 800Hz да не вади послаба слика од LG-то?
     
  9. vlavot

    vlavot
    Medicus

    2,877
    2,817
    29 oктомври 2009
    Машко
    Medical Doctor
    Backlight bleeding да не најдеш на 50 инчен тв е бинго.
    Единствено sony x93/4 серијата, Samsung ks9000 и oled na LG. 90% од телевизороте што се купуваат имаат блидинг. Сеа јесте не до тој степен, но секако ќе имаш.
    На моделите што ги набројав помали се шансите за блидинг.


    Sent from my iPhone using Tapatalk Pro
     
    На Luxell му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Luxell

    Luxell
    Intern

    215
    46
    7 Јули 2012
    Машко
    Се слушнав со вработен во Нептун по телефон,провере за кој модел се работи и ми вика вакви биле и другите тв од истиот модел се заприметувало само кога сменуваш програма ,е колку да е повеќе си велам,ми вика да сум прашал во сервис дали сум можел тоа да го средам за на крај да завршиме со муабетот да поминам до кај нив.
    Ако случајно можи или треба промена на друг модел или бренд на тв,дај предложете во овој ранг и до оваа цена,затоа што мозокот ми е блокиран и само да го средам проблемов во кој заглавив.
    Од овие некој што велите?
    https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=1_174_173&product_id=215524
    https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&filter_name=6207&product_id=219731

    И која е разликата помеѓу овие два модели на Сони?
    sony kdl 50 w 805 cbaep
    sony kdl 50 w 809 cbaep
     
    Последна промена: 29 ноември 2016
  11. STEALTH

    STEALTH
    Баниран/a

    477
    558
    22 Февруари 2015
    Машко
    Другар, тоа не е контраст, туку тоа е НОРМАЛНА појава кај ИПС панелите од ниска/средна, па и до некаде висока класа со Edge LED осветлување. Со други зборови, тој backlight bleed е лотарија, кај некои примероци е ептен малку приметлив, кај некои ептен. Значи на зборам за модел, туку секој примерок посебно.
     
  12. Sephiroth

    Sephiroth
    Unstoppable

    3,498
    2,490
    14 Мај 2008
    Машко
    Разликата е во Motionflow опцијата, едниот симулира 800hz со софтвер, другиот 900 или така нешто. Инаку истиот ТВ е. Јас кога купував, 809 го немаа на лагер, па земав 805. Ти го препорачувам да го земеш наместо било кој од тие што ги наброја.
     
    На Luxell му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Luxell

    Luxell
    Intern

    215
    46
    7 Јули 2012
    Машко
    Ајде и така нека е,ама овде е веќе приметливо,а и самиот вработен во Нептун ми вика и на изложениот примерок што го имале ја имало таа нормална појава и била заприметлива таков бил моделот или што ти ја знам.
    А за замена требало утре да сум поминел до нивниот овластен сервисер да го видел за што точно се работи и од таму да ги известел да направат замена таква била процедурата за телефони,телевизори и лаптопи,ама јас ќе настојувам да дојди до кај мене сервисерот не би сакал да се шетам со тв и да правам спакувај/отпакувај на секое.
     
    На STEALTH му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Luxell

    Luxell
    Intern

    215
    46
    7 Јули 2012
    Машко
    Во ред и други доста ми го препорачуваа овие модели на Сони.
     
  15. Multipass

    Multipass
    Gaining Experience

    149
    280
    1 ноември 2015
    Машко
    Баш заради backlight bleed повеќе преферирам телевизори со self-emitting пиксели.

    Штета што ја пензионираа плазма технологијата, бидејќи навистина дојде на ниво каде што скоро сите нејзини негативни страни ги решија. Арно ама енергетската ефикасност сеуште си остана висока и EU со нејзините безвезе регулации мораше прерано да пензионира технологија која сеуште можеше да се подобрува.

    Добро е што OLED постои како алтернатива, и од тоа што го имам видено од експонати во маркетите, навистина е вреден наследник, се надевам дека во скоро време ќе имаат поприфатливи цени.

    Ако очекуваш да ти пратат сервисер, никогаш нема да го смениш, ќе ти пројде периодот за замена и после некое време ќе си речеш кој ќе се замара со сервисирања и замени, нека си остане.

    Спакувај го телевизорот во кутија, стави го во кола и веднаш оди во салонот од кај што си го купил и барај замена за ист/друг или парите назад.

    Не мораш ништо да им објаснуваш, едноставно не ти се свиѓа телевизорот и толку. Не ти можат ништо, бидејќи законот е на твоја страна.
     
    Gaston, Krkac, nik0la_ и на уште 1 им се допаѓа ова.
  16. STEALTH

    STEALTH
    Баниран/a

    477
    558
    22 Февруари 2015
    Машко
    Ќе пробат да те маткаат пошто тоа не се решава со ниеден сервисер тука, едноставно така ти се погодил примерокот. Барај нов или друг модел...
    И јас кога купував LG LB730V лани играв лотарија пошто и тој модел пати од истото. Јас го пробував во салон на црна и бела позадина, па среќа тој примерокот што го пробував и земав не беше очигледно, иако постои.
     
    На Luxell му/ѝ се допаѓа ова.
  17. nik0la_

    nik0la_
    Practice makes perfect

    763
    1,251
    5 Јануари 2012
    Значи не треба да им пријавуваш проблем па да те маткаат по сервис, едноставно кажи има дека неси задоволен од тоа што си го купил и сакаш друг телевизор да земеш или парите назад.
     
    На Gaston и Krkac им се допаѓа ова.
  18. Luxell

    Luxell
    Intern

    215
    46
    7 Јули 2012
    Машко
    Сервисерот колку да потврдел дека за тоа се работи и да ги известел,за потоа да можеле да направат замена,според мене тоа е маткање ама ај ваљда утре ќе завршам работа.
    nik0la_ не го ни пријавив како проблем само им кажав дека не ми се допаѓа тоа што има јак контраст и не ми е пријатно за гледање,и тој ми вика ок ама мора да го прегледа сервисерот за да можеме да извршиме замена,таква била процедурата за враќање на телефони,лаптопи и телевизори и пак му велам дека ова не е проблем ама така мора ми вика.
     
    На nik0la_ му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Krkac

    Krkac
    Gaining Experience

    109
    79
    29 Февруари 2008
    Ако сакаат може да ти завршат работа бидејки е скоро купен, ама очигледно немаат таква желба.
    Знам како е бидејки и мене ме маткаа на тој начин, кога ке отидешна сервисер и таму можеби ќе пробаат да го направат истото (барем кај мене беше така) и ќе одолговлекуваат во стил дека чекаат потврда од производителот што да прават.
    За секој случај најдобро е да се посоветуваш со ОПМ што е најдобро да направиш (така направив јас) и да го разгледаш законот за заштита на купувачите.
    Еве извадок од водичот за потрошувачи кој можеби ке ти користи:
    [​IMG]
    Откако ке дознаеш на кој дел од законот можеш да се повикаш (кои се твоите права), потенцирај им го тоа, и речи им дека ке ги пријавиш во ДПИ доколку не ти ги вратат парите или ти го заменат производот.
    Кај мене беше поинаква ситуација од твојата, расипан телевизор во првите три месеци од гаранцијата, откако неможеа да го поправат за 30 дена, ме маткаа кој требало да ми го замени телевизорот и сервисот не ми даваше документ. Проблемот го решив со помош на ДПИ за 24 часа, затоа што имаа прекршено конкретен член а тоа беше сервисирање подолго од триесет дена.
     
    На Gaston и Luxell им се допаѓа ова.
  20. Luxell

    Luxell
    Intern

    215
    46
    7 Јули 2012
    Машко
    @Krkac ќе видиме,се надевам дека нема да ја истуркаме работата до таму и се ќе се реши по мирен пат.
     
    На Krkac му/ѝ се допаѓа ова.
  21. Sm0k3y25

    Sm0k3y25
    Баниран/a

    393
    278
    7 ноември 2012
    Машко
    Имам w805b ТВ-то си е врв, посебно црната боја вришти. Нема никаков backlight bleed, панелот е 10/10.
     
    На Gaston и Luxell им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...