1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Проблем со клима Vivax ACP-12CH35AERI R32 (не исклучува и не уклучува)

Дискусија во форумот 'Електроника - гаџети, електронски компоненти' започната од baness, 4 Август 2018.

  1. baness

    baness
    Intern

    2
    2
    19 Јули 2018
    Машко
    Климата е со wifi уред и температурата ја гледам на апликацијата но имам и 2 термометри кој едниот е горе кај усисот на климата а другиот доле. Тој горе покажува иста температура како и климата во апликацијата.
    Климата е нова монтирана пред еден месец, проблемите се следните:
    1. На ладење кога ке се постави на 27 степени (не е битно која температура проблемот е ист), лади 2 степени подоле од поставената температура пред да исклучи компресорот. Во мегу време ја намалува брзината на компресорот (нели инвертер..) но не доволно за да не стане "кочан". Повторно се уклучува компресорот на 0,5 степени од поставената. Температурата ја гледаме сега од апликацијата и термометарот на усис. Да ве потсетам дека горе 2 степени под 27 е 25 но доле 4 степени е поладно значи 23. Ти си ја ставил на 27 таа на 23 лади.
    2. Има опција follow me која треба да ја прочита температурата и спрема тоа да лади колку што треба. Значи праќа далечинското секој 3 минути колку степени чита и спрема тоа климата гаси пали намалува брзина итн итн. Еве што се случува: Далечинското бијдеки е на маса (ниско) температурата која ја чита е по-реална и компресорот гаси многу порано, всушност на време бидејки ке падне многу побрзо 2 степени температурата доле него горе кај климата НО кога ке се качи температурата не уклучува додека не дојде 1.5 степени над поставената. Која глупост е тоа?! Во нивната брошура таа опција ја рекламираат како прецизно контролирање на температурата до 0.1 степен. Сега некој може ке каже но не ја прочитал температурата, ја чита гледам на апликацијата дека покажува исто како и на далечинското (кога се користи follow me на далечинското ја прикажува температурата во собата).
    Ги исконтактирав паком и сервис 2000 (тие се одговорни) и ми кажаа дека нормално било 2 степени подоле од поставената температура да лади но небило нормално да не уклучува кога ке биде над 0.5 степени. Демек ке дојдоа сервисери ги нема цел месец. Има ли некој искуство со истиве клими?
    Да ве потсетам имам исто инвертер клима LG нова, кога ке се постави на 27 во собата доле е 27 точно не мрда под над, 26 прави точно 26 да биде. Не ја фалам LG, напротив многу бучен компресор имаа и вентилаторот внатре завива како да "стенка" оној whining sound (видете на youtube што значи) станува збор за LG p12en клима.
     
    На Draynor му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ARMac

    ARMac
    Орган

    6,127
    7,029
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Другар се работи за клима уред од Кинеско производство.
    Не е контролирана лабараторија за чување лекови на Алкалоид.

    Мислам дека претеруваш, без навреда.
     
    barneymk, Draynor, SiPy` и на уште 1 им се допаѓа ова.
  3. baness

    baness
    Intern

    2
    2
    19 Јули 2018
    Машко
    Добро и јас си помислив така се додека не се најдов во простории каде имаше AEXI klima (поевтиниот модел од мојава) и таман си гасеше. Вака не звучи лошо но кога ке влезеш во просторија од 20 квадрати и поседиш 8 саати има све да почне да ти фали од нагла промена на температура..ладно топло ладно топло ладно топло :) и ај ке речеш кинеска, внатрешната единица на прва брзина не се слуша како работи, компресорот на било која брзина нема никакви вибрации ниту се пренесува звукот од моторот во внатрешната единица за разлика од LG P12, потивка е од daikin ftx35a на неа па компресорот зуи као комарец и се пренесува звукот во внатрешната единица. Незнам како може најефтините модели на vivax (уствари но-наме име истите клими во америка се продаваат под други 2 имиња како клими за diy инсталација) да се подобри од пред-најдобриот модел.
     
    На topic му/ѝ се допаѓа ова.
  4. doktore

    doktore
    Intern

    30
    3
    18 Септември 2019
    Машко
    Како си задоволен од климата, освен овој проблем. Дали ја користиш за греење и како е ?

    Sent from my SM-A405FN using Tapatalk
     
  5. pojmanemam

    pojmanemam
    Intern

    1
    0
    27 oктомври 2017
    Дали го реши проблемот со follow me опцијата
     

Сподели

Вчитување...