1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Проблем со графичка

Дискусија во форумот 'Графички картички, звучни картички и монитори' започната од bokiscout, 19 Септември 2013.

  1. bokiscout

    bokiscout
    Unstoppable

    1,720
    2,017
    17 Март 2011
    Машко
    Embedded C, C++, Linux Kernel, Java, JavaScript
    До членот @FrukaZ: Во иднина вакви проблеми постирај јавно во нова тема наместо по приватна порака, така поголем број форумџии ке прочитаат и поголема е воројатноста некој од нив да знае повеке од мене за да ти помогне.
    гпу.JPG

    Да појаснам: членот ја заменил неговата графичка со HD 6850.

    Прво кажи ми кога првпат ти се појави проблемот со црни екран? Додека ја користеше старата графичка или одкога проба да ја уштекаш новата графичка?
     
  2. FrukaZ

    FrukaZ
    Gaining Experience

    312
    362
    16 Август 2013
    Машко
    Фудбал
    Знаци јас неам мака со старата графичка укл сонеа се и на интегрална немам проблем укл арно ама кога ке а ставам ХД 6850 графичката врте перката на графичката арно ама споро нема јацина значи а пробав графичката кај пријател работеше без проблем одма се укл само упдате направи и работе он има Гигабуте матична јас не се разбирам ногу у тоа и незнам арно ама како што читам на интернет сите делови ми се компитабилни и пак несака нонстоп ЦРН екран нонстоп ...биос ми е фулл упдате ресетирав биос извадив батеријата таа малата и пак несака ако има нешто казите како да средам недела време така ми стое дома графичката...
     
  3. vane44

    vane44
    Баниран/a

    1,417
    776
    26 ноември 2010
    До членот @FrukaZ пробај ја на хдми ако има ако не дава слика пак отиден и е излезот
     
  4. FrukaZ

    FrukaZ
    Gaining Experience

    312
    362
    16 Август 2013
    Машко
    Фудбал
    Читав дека треба некој активен адаптер или нешто слично јас имам обичен кабел од ХДМИ во ВГА незнам дали ке може со обичен кабел секако ке пробам одма ...
     
  5. gligor

    gligor
    Gaining Experience

    225
    148
    5 Март 2008
    Машко
    @FrukaZ Ај ако може превод?
     
  6. FrukaZ

    FrukaZ
    Gaining Experience

    312
    362
    16 Август 2013
    Машко
    Фудбал
    Ништо ништо пробав и со тој кабел нема сигнал а излезот да е отиден не е пошто е нова и работе кај пријател...
     
  7. vane44

    vane44
    Баниран/a

    1,417
    776
    26 ноември 2010
    баш чудно
    пробај направи формат и тоа ако не помогне не знам друго џаре
     
  8. FrukaZ

    FrukaZ
    Gaining Experience

    312
    362
    16 Август 2013
    Машко
    Фудбал
    Сите до сега тоа го рекоа...
     
  9. gokica

    gokica
    Модератор

    8,578
    10,744
    13 Јуни 2009
    Има ли потреба од дополнително напојување и кабел да врзеш за 6 пински конектор?

    Ако работи на друг компјутер тогаш може да е и напојувањето.

    Да не ја оштети додека си ја ставал во слотот. Дали е убаво легната на матичната?
     
  10. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,554
    4,910
    18 Септември 2013
    Машко
    Значи пријател одговори на следниве прашања во нови редови, полека и концизно:

    1. Каква матична точно имаш (модел, број, верзија на биос и се тоа - не „најнов биос“ туку точни бројки.
    2. Точен модел и број и се тоа на графичката што е нова, исто и на старата
    3. Најважно: какво напојување имаш (исто колку можеш повеќе детали за истото) и дали истото има конектори за струја за графичка или со адаптери ти е поврзано?

    Јас типувам дека е напојувањето. Најверојатно имаш слабо напојување кое не може да ја издржи графичката и истата се мачи да работи. Сите компјутерски делови имаат спецификации за побарувањето за ватажа и ампеража. Јас мислам дека тебе 12 волтната линија на напојувањето не ти поддржува доволно ампери и заради тоа графичката да не ти работи ко што треба.

    Пробај позајми го напојувањето од другар ти кај што работи и види така дали ќе ти работи компјутерот.

    И уште една работа: каков оперативен имаш? 32 битен или 64 битен и колку рам меморија имаш на компјутерот а колку рам има графичката 6850?



    До иста идеја во ист момент сме дошле :D Сите AMD графички уште од HD 3XXX серијата кои се малце подобри имале дополнителни побарувања за напојување.

    HD 6850 ако не се лажам има потреба од 2 6 пински или еден 6 пински и еден 8 пински зависно од моделот. А чисто се сомневам дека дечкото има нешто подобро од делукс напојување.
     
  11. imperial

    imperial
    V.I.P

    1,411
    2,035
    12 Август 2009
    Машко
    Исклучи го хард дискот, на кој имаш windows, и пробај... стави ако имаш инсталационо DVD и избери boot from CD, колку да видиш некоја слика.
    Ако работи значи треба преинсталација.
     
  12. FrukaZ

    FrukaZ
    Gaining Experience

    312
    362
    16 Август 2013
    Машко
    Фудбал
    Вака че почнам првен со одговорот на Гокица
    Значи има 6пин на напојуванјето исто и 8 пин за оштета нема шанси затоа што сум педантен со нови работи ајде ке кажам земав медицински нараквици додека ја местев пошто пред да ја земав гледав Save installation на интернет и запазив во тиа дел не е до тоа
    ТosheX Вака првен Матична имам ваков модел :
    http://www.foxconnchannel.com/ProductDetail.aspx?T=motherboard&U=en-us0000520http://article.techlabs.by/img/article/30539/Foxconn_H67M_V_front_view.jpg
    Стара Графичка :
    https://www.asus.com/Graphics_Cards/GT6302GD3/
    Нова Графика http://www.sapphiretech.com/presentation/product/?pid=497&lid=1
    Напојуванје : HANTOL слики подолу
    Еве слика од колку има снага се прикажано http://www.hantol.cn/public/HPSU800V2.3_label_site.jpg

    Рам имам 8гб Кингстон Графичката незнам на што мислиш ГДДР5 е 1ГБ
     

    Прикачени датотеки:

  13. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,614
    3,528
    11 Декември 2008
    Машко
    Претходно избриши nVidia драјверите.

    Додека си на интегрираната во БИОС стај го First Initital Adapter - PCI, после стави ја HD 6850 и пробај.
     
  14. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,554
    4,910
    18 Септември 2013
    Машко

    Ок, не сум имал многу искуство со хантол. Но прво да бидеме оптимисти. Штом работи на друг компјутер тогаш најверојатно не е до графичката. Сега гуглав малце, можеш и ти повеќе да прогуглаш ама наидов на различни мислења за тоа колку ампери треба за твојата графичка. Некои викаат 20, некои 30, некои дури и над 40.

    Очигледно моќност имаш - 800W и штом е 80 плус бронз рејтувано солидно напојување е.

    Е сега во поглед на ампери, ти имаш 2 линии од 12 волти и секоја има по 26 ампери. Комбинирано тоа според некои таму електрични закони, не сум сигурен колку е ама треба да е некаде околу 80 посто од збирот на двете - што значи максимално оптеретување на двете линии заедно може да поднесе околу 40-45 ампери твоето напојување ако не сум грешка.

    Малце е комплицирано ова да се знае кај напојувања со повеќе линии, повеќето понови се со една линија (single rail) за 12 волти и има убаво напишано колку поднесуваат :))

    Значи најдобро отиди со компјутерот кај другар ти, и најпрво пробај со неговото напојување во твојот компјутер. Ако тоа не го реши проблемот, пробај и нешто друго.

    Трето, види како му е нему сетиран биосот - види да не има конфликти со вградената графичка на интел нешто.

    Дури на крај резортирај на формат. Пред тоа убаво прогуглај на англиски дали ке најдеш слични проблеми на интернет некаде. Обично најголемите проблеми се имаат случено и на некој друг, и може ќе најдеш решение.

    Е сега, имав јас 4850 графичка на времето која исто вадеше пореметена слика понекогаш (најчесто при игри) ама остатокот од времето беше супер. Излезе дел од меморијата дека и е оштетена и ми ја заменија дека е под гаранција. Она што беше чудно е дека кај другар ми работеше добро и под игри поголемиот дел од времето дури ја пробував кај него да видам дали е до графичката или не.

    За секој случај значи ако не го решиш проблемот откако ќе пробаш повеќе работи пробај и уште толку работи. Стави ја на трет компјутер, пробај играј си со биос сетингси. Пробај однеси ја на сервис да ја тестираат и таму (во Сет мислам имаат солиден сервис, или Анхоч). Макс 500 ќе ти земат ама можеби ќе најдат што е (ама не им верувај безусловно.

    Се надевам ти дадов барем неколку идеи кои ќе ги прифатиш и може ќе помогнат. Ако сакаш опиши го проблемот поубаво тука бидејќи од сликана ништо не можев да видам. Ме интересира и дали стално имаш црн екран со 6850ката или можеш да влезеш во биос или слично?

    Ако е само при Windows (односно после ПОСТ) тогаш пак ќе кажам најверојатно е напојувањето. Мојата 4850 и во DOS околината даваше некои чудни карактери наоколу.
     
  15. FrukaZ

    FrukaZ
    Gaining Experience

    312
    362
    16 Август 2013
    Машко
    Фудбал
    Фала однапред за идеите секако че отидам кај него ке проверам со неговото напојуванје ке пробам и кај друг пријател не е проблем а за сет или анхоч немозам посто сум од Кавадарци али ке видам што можам тука да средам иначе нонстоп е со црн екран одкако а ставам нема никаков знак не дава ... неможам со 6850 да влезам во биос едноставно ништо неможам сонеа ...
     
  16. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,554
    4,910
    18 Септември 2013
    Машко
    И велиш побавно врти кулерот отколку кај другар ти при вклучување на струја? Провери да не случајно имаш и прашина во PCI-X слотот макар тешко да е тоа (со некое тенко, ептен меко стапче за чистење уши полека без да ти остане памук во слотот помини нежно низ процепот да го зачистиш).

    Не знам што друго да кажам, мене се ми оди умот накај струјата. Или имаш некој прекин на каблите што ти се 6 и 8 пински, или не ти е доволно јако напојувањето... што знам, откако кажа дека кулерот побавно врти скоро сум уверен дека е тоа.
     
  17. FrukaZ

    FrukaZ
    Gaining Experience

    312
    362
    16 Август 2013
    Машко
    Фудбал
    2 пати побавно врте од кајнего кајнего фучеше кајмене го ставам нежно прстот врз кулер застанува не врте после пак ке почне ...
     
  18. bokiscout

    bokiscout
    Unstoppable

    1,720
    2,017
    17 Март 2011
    Машко
    Embedded C, C++, Linux Kernel, Java, JavaScript
    @toshex напојувањето е далеку од добро како што го опиша, хантол е 800W на жими-мајка таа декларација ретко кога е точна кај напојувањата од ниска класа.

    @FrukaZ немам што да дополнам веке се ти кажаа
     
    На Enforcer_ му/ѝ се допаѓа ова.
  19. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,554
    4,910
    18 Септември 2013
    Машко
    Се надевам ќе излезе добро се. Колку и кога го зема напојувањето? А графичката има гаранција?

    Ако излезе дека е напојувањето, ако можеш врати го и земи го ова (моја препорака)
    http://set.com.mk/index.php?route=product/product&path=1003_66&product_id=23345
    или ова
    http://set.com.mk/index.php?route=product/product&keyword=silent pro&product_id=23344

    Од тоа што гледав завчера по фирмиве, јас ќе земам едно од овие две за мојата следна конфигурација. Не се толку добри ко Silent Pro M2, но се одлични. На рецензии велат дека ги надминуваат очекувањата. Посебно она од 700 вати, а и модуларни се.

    Ако не ти е гајле за модуларни или не, земи некое од 3-4 илјади напојување, и гледај да е кулер мастер или термалтејк (кулер мастер имаат дд стор и сет, термалтејк нико) или корсер и други такви добри марки ако можеш да најдеш. Најбитно кај напојувањето ти е да биде добра марка и да кошта солидна пара. НИКОГАШ! Никогаш не зимај напојувања од испод 3 илјади денари. Не траат, немаат моќност, трошат повеќе (поради загуба) и може да ти цркне нешто од нив. Ако си среќен они ќе цркнат за помалце од година.

    Ајде извести не како поминало се ова кога ќе пробаш.
     
  20. FrukaZ

    FrukaZ
    Gaining Experience

    312
    362
    16 Август 2013
    Машко
    Фудбал
    Напојуванјето го земав 2500 и има гаранција ке ми го вратат
    ли во тим компутерс ???
    Иначе графичката има гаранција ама не е донеа...
     
  21. omegaRED

    omegaRED
    Unstoppable

    2,340
    2,799
    13 Септември 2011
    Машко
    Проект менаџер
    Не знам дали ќе ти го заменат, веројатно не е неисправно туку е шкарт. Но, ако утврдиш дека е дефинитивно до него, обиди се и кажи им вака и вака, не работи компјутерот со ова напојување а со друго работи.

    Ако прифатат доплати си за асално напојување (барем CoolerMaster B series), ако не прифаќаат пробај барем земи исто Hantol гованце, може по некоја случај твојот примерок да е фаличен. Иако не ми се верува да е така, сепак пробај прво да си доплатиш за подобро напојување.
     
  22. FrukaZ

    FrukaZ
    Gaining Experience

    312
    362
    16 Август 2013
    Машко
    Фудбал
    Како што реков ке пробам да го вратам а после ова кога ке си дојдам од школо моментално сум нашколо кога ке си дојдам ке пробам со на пријателче напојуванје ако преработе со тоа напојуванје мојот го продавам (Ако не го вратат) и ке зеам нешто од 1000W да неам мака веке пошто ми е преку К**...
     
  23. omegaRED

    omegaRED
    Unstoppable

    2,340
    2,799
    13 Септември 2011
    Машко
    Проект менаџер
    Провери со друго напојување, да имаш аргумент за да го вратиш, а дефинитивно пробај да смениш за подобро. Не мораш од 1000W, доволно е 500-600W, но асално. CoolerMaster B600 ќе ти заврши работа за релативно малку пари. И користи интерпункција. Напорно е да се чита, како неповрзани мисли на шизофреник...
     
    На xhktw му/ѝ се допаѓа ова.
  24. FrukaZ

    FrukaZ
    Gaining Experience

    312
    362
    16 Август 2013
    Машко
    Фудбал
    Друг ми е диалектот од кавадарци сум и не сум навикнат сеуште ке опростите за тоа сеуште сум нов на форумот...
     
  25. xhktw

    xhktw
    Practice makes perfect

    1,229
    1,314
    2 Август 2009

    Де бе да му се сневиди,дај одвојувај реченици и стави запирка понекаде (,),мачно е да се чита вака..

    Иначе гледај ако можеш да ти вратат пари за напојувањето,ако ти вратат тогаш земи некоја докажана марка,не ти е потребно 1000W. Во иднина избегнувај Hantol/Gembird и што ти јас знам,добро ме научија мене форумџиите :)
    Убаво ти кажа @omegaRED, B600 во случајов ќе ја заврши работата.
     

Сподели

Вчитување...