• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Проблем со Електро мотор

Optipro

Intern
5 мај 2021
56
27
Здраво дечки,
Можеби воопшто не е темава/муабетов за на овој форум,.. но сепак се надевам дека има некој што се разбира околу мотори :)
Се работи за мотор од пумпа за машина за садови.
Имаше пукнато едно цревце, и подлижуваше вода во моторот..(доволно колку да го зарѓа роторот и да се стегне за статорот) сето тоа го средив ...
Е сега дојде моментот да го проверам пуштам.. само бучи.. тргнува доколку го завртам со рака и си работи...
Реков до кондензаторот е ... Пробав со друг (ми се најде низ дома 60уф.. за чудо тргна моторот сам и тоа со голема брзина) пошо стариот беше 9yF.. денес купив нов.. ама не сака да тргне и со новиот кој е со приближна капацитивност!
Па ми треба некоја солуција што да направам?
Благодарам однапред.
 

bxxxn

Practice makes perfect
11 март 2011
1,416
1,512
- Да провериш отпор на намотките со мултиметар, доколку е во ред има логика да се продолжи да се сервисира. Доколку се „пробиени“ намотките, во денешно време мислам дека нема логика да се премотува мотор, освен тоа според мое искуство премотаниот мотор нема ни приближно да трае како фабричкиот.

- Пожелно е да се сменат лагерите доколку имало било каква корозија или опструкција

- Не го стартувај моторот директно во струја, конектирај го само во машината, не сите мотори се исти: индукциони, серво, со и без четкички ... можеби треба нешто повеќе во целата логика, т.е. да враќа број на вртежи до електрониката, како CPU fan.
 

Нови мислења

Последни Теми

Онлајн членови

Статистика

Теми
44,069
Мислења
871,240
Членови
30,405
Најнов член
FenomenX
На врв Дно