1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Проблем со драјвери

Дискусија во форумот 'Драјвери' започната од The Geek Boy, 20 Јануари 2019.

  1. The Geek Boy

    The Geek Boy
    Gaining Experience

    301
    106
    9 Август 2018
    Машко
    Епа,на новиот компјутер,многу не му чепкав по драјвери,освен за оние на Nvidia што морав да ги симнам,ама кога отворив кај Gigabyte APP Center апликацијата и отидов во тоа за апдејтирање драјвери почнав да апдејтирам,и никако да им дојде крајот.
    Проверка за драјвери > Достапни Ажурирања > Симнување > Рестарт >Проверка за драјвери > Достапни Ажурирања > Симнување > Рестарт >Проверка за драјвери > Достапни Ажурирања > Симнување > Рестарт >Проверка за драјвери > Достапни Ажурирања > Симнување > Рестарт >
    и се така им нема крај,ми дојде преку глава.
    Прашав на Discord но конкретен одговор не добив туку ми рекоа зошто на прво место у опште користам Gigabyte апликација бидејки ко демек срање била,итн,итн...
    Решение?
    Предлог некоја free апликација или нешто што директно ќе ми ги симне најновите драјвери,а не вака да се тормозам,по 5-10 пати само рестарт и никако крај да им дојде.
    Еве и слика:
    Screenshot_1.png
    Прво повеќе ми се појавуваа,а сега при секој рестарт секогаш кога ќе проверам само овие 3 ми ги дава.
     
  2. MasteR_#0

    MasteR_#0
    Unstoppable

    2,649
    2,203
    14 Декември 2010
    Машко
    Оди на страната на Gigabyte, пиши модел на матична, симни Chipset, MEI, Intel RST, Network и Audio драјвери, после од Nvidia драјвер за графичката, инсталирај ги прво Chipset и MEI после останатите.

    Процесот на барање и инсталирање драјвери трае неколку минути, нема потреба од глупости како програми за автоматско барање и инсталирање итн.
     
    На borcep и The Geek Boy им се допаѓа ова.
  3. The Geek Boy

    The Geek Boy
    Gaining Experience

    301
    106
    9 Август 2018
    Машко
    Ај ќе пробам ако така ми ги даде најновите.

    B360M GAMING HD (rev. 1.0) | Motherboard - GIGABYTE Global
    Овде ми даде повеќе драјвери па ќе ги симнам најновите.
    Иначе,ми дава Win 10 64-Bit и Win 10 64-Bit(DCH),кое од овие да одберам?
     
    Изменето од модератор: 21 Јануари 2019
  4. MasteR_#0

    MasteR_#0
    Unstoppable

    2,649
    2,203
    14 Декември 2010
    Машко
    Од кратко гуглање - најверојатно тие под DCH се за OEM конфигурации, инсталирај ги тие под обичната Windows 10 категорија.
     
    На The Geek Boy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,402
    3,238
    11 Декември 2008
    Машко
    DCH ти се за последниот 1809 виндоус, ако не се инсталирал апдејтот тогаш само Win 10 64-bit одбери.

    Колку што гледам ти требаат уште Chipset, Audio и RST драјверот.
     
    На The Geek Boy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. architect

    architect
    Unstoppable

    1,808
    2,030
    27 ноември 2008
    Машко
    Архитект
    На The Geek Boy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Garfield'

    Garfield'
    Intern

    28
    4
    18 Јануари 2019
    Машко
    OEM drivers со најнови верзии
    за да симнеш,најдобро од driver talent и driver tuner.

    Мислам дека имаш линк за симување под description на youtube.
     
    На The Geek Boy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MasteR_#0

    MasteR_#0
    Unstoppable

    2,649
    2,203
    14 Декември 2010
    Машко
    Да се корегирам - DCH нема врска со OEM конфигурации туку под таа категорија треба да се Universal Windows драјвери, во принцип нов начин на пакување на драјвери за Windows 10, a DCH (акроним за Declarative, Componentized, Hardware Supported Apps) се дизајн принципи според кои треба да се развива Universal Windows драјвер.

    Со ова IHV производителите (како Intel) ќе може да направат т.н. основен (base) драјвер и тој ќе биде ист за различни платформи (врадливи системи, таблети, PC) со тоа што понатаму OEM производителите ќе може да ги џиџаат и шминкаат со додатоци. Вака со одделување на основниот драјвер ќе се поедностави и тестирањето во Insider програмата при driver flighting процесот, кога се пуштаат драјвери за одредени ring-ови и се врши автоматска евалуација и надгледување со цел да се евалуираат битните функционалности и update сценарија - ако нема проблеми овие драјвери се пуштаат преку Windows Update за обични корисници.

    Конкретно Intel од пред 2 месеци почнал да пушта вакви драјвери, па најверојатно тоа се тие се под категоријата (DCH). Сеуште се во рана фаза и засега често UWP драјверите се постара верзија од обичните legacy драјвери, па сепак инсталирај ги обичните.
     
    На The Geek Boy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Garfield'

    Garfield'
    Intern

    28
    4
    18 Јануари 2019
    Машко
    Друже многу комплицирано кажа,па јас не ги правам драјверите :)
    Oem секогаш користам,овие што се како driver pack solution ти го инсталираа драјверот но не е оригиналален.
    Може само да ги познава хардверите.
    И затоа кога ќе уклучиш некоја игра нема opengl и треба пак да си инсталираш драјвер оем.
     
  10. marick14

    marick14
    Intern

    72
    24
    2 Март 2011
    Имам проблем со драјверот на HP Envy 15. Постојано ми паѓа интернетот и после не пронаоѓа било каква мрежа. Мора да го рестартирам за да најде мрежа.

    Би требало да е драјверот според моето видување.
    Кажете ми некој добар драјвер од каде да најдам?
     
  11. The Geek Boy

    The Geek Boy
    Gaining Experience

    301
    106
    9 Август 2018
    Машко
    Ако ти е WiFi проблем мислам дека знам решение, пиши ми у ПП, ако е нешто со WiFi, односно ако ти дава жолт извичник.
     
  12. The Geek Boy

    The Geek Boy
    Gaining Experience

    301
    106
    9 Август 2018
    Машко
    Море на бил гејтс треба да му се клањам, молитва да читам.
    Епа, симнав тоа софтверот (згрешив што симнав) и топ го кракнав, арно ама Windows - от не го апдејтирав со најновата верзија, и кога апдејтирав драјвери изглеа ми го стаил тој за најновиот Build што го немав, па затоа снемав звук. Ја незнаејќи пробав да средам, ама ништо. Едино решение ми беше restore point, и имав само еден, и тоа од некој си critical windows update, што не ни знаев што беше, ама беше од 19-ти или 20-ти јануар. Апликацијата за драјверите она направи и тоа 2 пати, ама не се појавија тие restore points, па едини излез ми беше тој. Ама и тој кога го кликнав вртеше едно 15 минути и ми даде error дека неможело да се врати. После тоа се вратив, и ми текна ако апдејтирам, па да го избришам тој драјвер за звук, и од сајтот на Gigabyte да ја симнам најновата верзија, за најновиот build па тогаш дали ќе се среди, ама јас не знаев дека веќе ја имам најновата верзија, но и најновиот build го немав. Кога апдејтирав за чудо ми се среди.
    Иначе,претходно кога апдејтирав драјвери и по таа апликација, и по онаа од матичната при секој рестарт оно не ми давало install па install, туку тоа било Install > Restart > Uninstall & Install, и фактички така на една иста верзија ја по 10 пати сум го преинсталирувал тој драјвер за џабе :facepalm:‍♂️, незмам зошто така ми праеше, али нема везе, сега звукот е среден. Од ова научив една голема лекција, дека секогаш прво се апдејтира Windows, па после драјвери, и дека не е препорачливо од 3rd party апликации да се апдејтираат драјверите, пошто господ знае што може да се деси.

    Иначе, кога апдејтирав и други драјвери, сега у Device Manager кај display (кај шо се глеа GPU) ми даде и друга графичка (претходно само 1050Ti ми стоеше) Intel UHD 620 мислам, или така нешто? За што е таа, да не знае некој што може со таа да се прави, може ли за игри да се користи (знам дека нема dedicated memory, и дела не е за игри, ама само прашувам), може ли да видам дали ми е вклучена за нешто, и такви ствари, а?
     

Сподели

Вчитување...