1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Проблем со Asus Prime X370-Pro

Дискусија во форумот 'Конфигурации' започната од Sartorius, 27 Март 2019.

Тагови:
  1. Sartorius

    Sartorius
    Intern

    9
    9
    27 Март 2019
    Машко
    Пред некој ден склопив декстоп со следнава конфигурација:
    MOBO: Asus Prime X370-Pro
    CPU: AMD Ryzen 2600 3.4GHz
    GPU: GeForce 1070 Zotac
    RAM: Kingston XMP HyperX Predator 16GB 3200 MHz CL16
    PSU: Cooler Master Vanguard V 650W

    Не може POST да направам. Се е поврзано како што треба, сите кулери вртат, RGB од матичната свети. Ги пробав сите предлози што можев да ги најдам на интернет по форуми и ништо не беше успешно.

    Единствено ова остана: BIOS верзијата е стара и треба апдејт. Цела конфигурација е купена од Сетек, бев да ги замолам да ми направат апдејт на биос и прво нешто што ми кажа вработениот беше дека матичната и процесорот не биле компатиблни. Откако му покажав на официјалната страна на Asus дека се компатибилни, ми кажа дека имало некоја грешка и дека не било нивни проблем дали конфигурацијата постира или не (однос со клиенти на бедно ниво).

    Прашањето ми е дали некој од вас се има сретнато со овој проблем и дали биос апдејт е можно решение или проблемот е во нешто друго (за да не лутам бесцелно)?
    Имам проблем да најдам Ryzen Gen1 процесор или A series процесор за да направам апдејт.
     
    На Picolo му/ѝ се допаѓа ова.
  2. shifty

    shifty
    Модератор

    979
    1,274
    5 Септември 2009
    Плочата е компатибилна со тој процесор, треба само Ryzen од 1-ва генерација и да се направи update.
     
    gOJDO, bxxxn и на Sartorius им се допаѓа ова.
  3. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,094
    3,072
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Старата верзија на биосот работе и со рејзен 2600 , нешто друго го маче проблемот... Сумљам на дефектна плоча или некомпактбилни рамови.
     
    На Sartorius му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Sartorius

    Sartorius
    Intern

    9
    9
    27 Март 2019
    Машко
    Пробав и со Geil Evo 4GB 2666MHz и со HyperX Fury 8GB 2400MHz, се беше исто.. немаше разлика
     
  5. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,094
    3,072
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Врати му ја плочата и кажи му да ти дадат друга . Кажи му го таму проблемот. Гледам и старава верзија на биосот го поддржува процесоров
    Ryzen 5 2600(3.4GHz,6C,L3:16M,65W,B2) ALL 3803
     
  6. Sartorius

    Sartorius
    Intern

    9
    9
    27 Март 2019
    Машко
    Ќе одам утре во друга Сетек локација и ќе се разберам со нив. Во Сетек Струмица јасни беа дека не сакаат да ја вратат иако е под гаранција.
    Ти благодарам за мислењето
     
  7. Ace Lud

    Ace Lud
    Practice makes perfect

    1,111
    1,924
    7 Април 2012
    Машко
    Ја имам истата матична како твојата и што и да си згрешил би требало да те донесе до биос, или ако згрешиш нешто во биос сама влегува во safe mode и кажува f1 за влез во биос. Дали компјутерот се уклучува и останува уклучен или се пали и гаси?

    Sent from my SM-T561 using Tapatalk
     
  8. Sartorius

    Sartorius
    Intern

    9
    9
    27 Март 2019
    Машко
    Се уклучува компјутерот и останува уклучен, не се гаси сам. Сите кулери работат непрекинато (освен тој на графичката кој регуларно сам си се гаси). Немам никаква слика на мониторот со HDMI кабел (поврзан за графичката). System Speaker не бипнува нитуа еднаш.

    Поврзани се и двата конектори од напојувањето до матичната - 24пин и 8пин.
     
  9. 1s3ct0wN

    1s3ct0wN
    Intern

    47
    12
    18 Септември 2013
    Која беда, како може да продадеш не функционален производ и несакаш да го замениш.
     
  10. Astraion

    Astraion
    Unstoppable

    1,556
    2,370
    24 ноември 2012
    Машко
    Ps • Ai • Id • Ae • Pr
    Ако имаш фискална оди им пак и кажи им да не се занесуват оти ќе им дојдеш со инспекција. По закон имаш право во рок од недела дена или 15 беа не сум сигурен, да го вратиш производот и да ти вратат парите.
     
    На 1s3ct0wN му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ace Lud

    Ace Lud
    Practice makes perfect

    1,111
    1,924
    7 Април 2012
    Машко
    А да пробаш со друг кабел да го споиш мониторот!!! По тоа што го пишуваш испаѓа дека се функционира добро ама немаш слика од графичка до монитор.

    Sent from my SM-T561 using Tapatalk
     
  12. StalkeR

    StalkeR
    Unstoppable

    3,904
    3,470
    5 Декември 2009
    Машко
    Нема да бидам на помош од темава многу, но my 2 cents...
    ас стварно не знам како сте се научиле тоа одма враќање, инспекции, 10,15 дена и слично. Не дека имам нешто од кај вие или од кај тие, но прашање до Вас: од каде знаете дека при склопување, членот не искривил некој пин на матична или дека не ја притиснал малку повеќе па да направи некој спој и слично?
    Чисто за пример еве, што би се десило ако е по грешка на корисникот и одма се бунтува дека Сет/Анхоч/Нексио продава неисправна роба. Јас досега имам само еден случај на фабрички проблем со плоча (и тоа Asus X99 Deluxe) што го приметив пред монтирање на цпу то.

    А во врска со темата, пробај одштекај се, РАМ, ГПУ, оптика и сл. и тестирај едно по едно.
     
    На Ace Lud му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sartorius

    Sartorius
    Intern

    9
    9
    27 Март 2019
    Машко
    Пробав со друг HDMI кабел на друг монитор и пак нема слика.
     
  14. Sartorius

    Sartorius
    Intern

    9
    9
    27 Март 2019
    Машко


    Во право сте дека тоа секогаш е опција, потрошувачот да го оштети производот (иако бев многу внимателен, тоа е секогаш можна опција)
    Ако има оштетување на пин, спој или било што на матичната не важи гаранцијата. Такво механичко оштетување може да се идентификува и тоа е обврска на трговецот. Мојата замерка со трговецот е дека тој одби да ја тестира матичната со негови компоненти и само кажа дека тоа не е негов проблем. Останува утре поостро да реагирам за да си ги исполни обврските спрема мене.

    Инаку сите компоненти се тестирани на друга матична и функционираат (само CPU не е тестиран).
     
    На StalkeR му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,867
    6,463
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Иди му пак со телефон у џеб уклучен на снимање. Да му се смееме.
     
  16. Gaston

    Gaston
    Unstoppable

    1,263
    2,298
    9 Февруари 2011
    Нема таа плоча USB BIOS Flashback?
     
  17. dekomote

    dekomote
    Gaining Experience

    286
    498
    11 ноември 2014
    Машко
    Програмист
    @Pane24 Остај што пишува таму, x370 не поддржува зен+ од мајка. Ете и на нет има еден куп народ што ја користеле оваа плоча со зен+ и не им постала. Може е за 0404 биос?

    Најверојатно е до биосот. Ако можеш да најдеш прва генерација ризен да постнеш и да апдејтираш биос... Види некој од форумов дали може да ти ускочи во помош. моеш и со A10-9700 A12-9800 A6-9400 A6-9500 A6-9550 A8-9600 или било кој од прва генерација
     
    На Sartorius му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Avid

    Avid
    Unbeatable

    3,445
    4,996
    21 Јануари 2009
    Процесорот од АМД, Ryzen, не е компатибилен со графичката од NVIDIA.
    @psyside
     
  19. Costigan_Jr

    Costigan_Jr
    Unstoppable

    2,830
    3,907
    5 Јули 2013
    Или оди до Нексио и замоли ги да ти направат апдејт на биос. Не знам колку наплаќаат.
     
  20. Steam.

    Steam.
    On your way to fame

    666
    593
    31 Мај 2011

    Unable to Boot New Desktop System Configured with AMD 2nd Generation Ryzen™ Desktop Processor, and AMD Socket AM4 300-Series Motherboard | AMD

    will be sent with pre-paid return shipping
     
  21. Sartorius

    Sartorius
    Intern

    9
    9
    27 Март 2019
    Машко
    @Gaston Нема таа плоча USB Flashback.

    @Avid Компатибилни се. Има многу конфигурации со оваа комбинација по форумите и ит веб сајтови.

    @Costigan_Jr Нексио ми кажаа подобро да одам во сетек бидејќи се под гаранција.

    @dekomote Не можам да најдам никој со соодветен процесор, сите што ги знам користат интел. Во друг сервис во Струмица бараат 3000 денари за апдејт на биос што е апсурдно. Ми преостанува да го оставам pc во сетек да го пратат во нивниот сервис во Скопје бидејќи во Струмица не се нафаќаат да апдејтираат биос и си остануваат на ставот дека компонентите не биле компатибилни... попаметен е менаџерот на сетек отколку Асус очигледно -.-


    Ќе ве известам овде како ќе се заврши ситуацијата.. кога евентуално ќе се заврши.
     
  22. krema

    krema
    Professor

    8,955
    8,708
    24 Јуни 2009
    Машко
    А што те спречува ти да го флешнеш биосот?
     
  23. Sartorius

    Sartorius
    Intern

    9
    9
    27 Март 2019
    Машко
    Немам Ryzen 1stGen или A-series процесор. Плочата нема BIOS USB Flashback.
     
  24. krema

    krema
    Professor

    8,955
    8,708
    24 Јуни 2009
    Машко
    Тогаш барај некој да те услужи со процесор или праќај во се` од техника, мислам попаметно ти е ова второто.
     
  25. dekomote

    dekomote
    Gaining Experience

    286
    498
    11 ноември 2014
    Машко
    Програмист
    Напиши еден оглас во Купувам, флегни го позајмувам и обеќај пиво/кафе/200 грама милка, се надевам дека некој ќе ти искочи во пресрет, има топ дечки тука. Било кој ризен од прва генерација или А6/7/8-9xxx ќе ти избрка работа.
     
    На Sartorius му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...