Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Проблем со апдејт на Windows 10 Pro (1909)

G4M3R

Practice makes perfect
26 јуни 2012
989
1.273
Очигледно виндоусов што го имам моментално, има мака со апдејти. Сакав да го донесам на најновата верзија, која претпоставувам е 21H2.
Моментално е заглавен на 1909, по историја со последен апдејт направен на 16.05.2021. Оттаму навака сам не наоѓа апдејти.
Во меѓувреме пробав скоро се што знаев и најдов по нетов за да го оправам... Но без никаков прогрес.

Да напоменам дека во ниту еден случај не ми е за реинстал, повеќе е „ако пројде пројде“ со апдејтиве. Но ме зачуди што се има случено во меѓувреме, да не може никако апдејт да направи.

Да почнеме од почеток.

Моменталната верзија е:
nKgatbh.png

Конфигот е i5 9600k, 32GB RAM, Z390 GAMING X.
Од проблематичен софтвер кој можеби би играл улога е Касперски и Spybot anti-beacon.

Преку Windows Update не јавува дека има нова верзија:
saaW5nz.png

Од измени во групна полиса направено е:
ioRcDD3.png


Друго што е пробано:
  • Извршено sfc /scannow - не јавува грешка
  • DISM.exe (со сите попратни аргументи) - не јавува грешка
  • Со изгасен антивирус
  • Со изгасен spybot и вратени промени
  • Избришано се од хост фајл да не блокира
Дополнително на ова пробано е и рачно да се симнат апдејти директно од Microsoft Update Catalog. Пробано е и помали верзии и major од типот на 2004, 20Н2.
Едно што се случува е пријавува the update is not applicable to your computer, или второто. Инсталира апдејт, рестарт, и фејлнува и јавува следното:
FjRJVZu.jpg

И го одбива апдејтот.

Пробано е и преку Windows Update Assistant. Симнува апдејт, прави неколку пати рестарт и повторно не сака да продолжи.
Со што јавува иста грешка:
RXtSdcf.jpg


Кога имаат сопрено апдејтите искрено не знам, дали истиот ден со тој последниот, дали подоцна, не се сеќавам и не можам да кажам точно.
Се ми оди дека е или поради антивирусот или евентуално anti-beacon-от да перманентно корупирал нешто.
Некој ако има идеја што друго да пробам, пуцајте :)
 

Gaston

Unstoppable
9 февруари 2011
1.706
3.121
Gaston's setup  
Audio
AR
Симни си image од најнова верзија или таа што ја сакаш, стартај ја под Windows, напрај си upgrade.
 

ARMac

Epic
2 октомври 2010
9.259
12.092
Скопје
androgaming.com
Кој ги рчкал полисите? Ако се антивирусите да им се пљукнам во квалитетот.

Почни со Gpedit.msc и провери како се поставките за апдејт.

 

Ab@ace

On your way to fame
21 мај 2016
730
617
some settings are managed by your organization убаво ти пишува ова се јавува од Gpedit и од регистри, најдобро е симни ISO и преку тој нагази како апгрејд
 
И

Избришан член 42370

Гостин
Провери gpedit.msc во следнава патека кои (доколку има) полиси се конфигурирани: Computer Configuration \ Administrative Templates \ Windows Components \ Windows Update

Запази детал на следните:

Configure Automatic Updates,
Remove access to use all Windows Update features,
Do not connect to any Windows Update Internet locations

Кој ги рчкал полисите? Ако се антивирусите да им се пљукнам во квалитетот.

Почни со Gpedit.msc и провери како се поставките за апдејт.


Сите полиси да ги ресетира е ептен екстремно сценарио и би подложило на многу проблеми понатака во случајов. Подобро чист реинстал да прави.
 

G4M3R

Practice makes perfect
26 јуни 2012
989
1.273
Симни си image од најнова верзија или таа што ја сакаш, стартај ја под Windows, напрај си upgrade.
Ова го немам пробано. Така ако направам апдејт фајловите си остануваат?
Кој ги рчкал полисите? Ако се антивирусите да им се пљукнам во квалитетот.

Почни со Gpedit.msc и провери како се поставките за апдејт.

Јас имав некои менувано во обид да го оправам апдејтувањето, но и претходно не фукнционираше.
Пробав сега со командата, но не ги ресетира на дефолт.
C:\Windows\system32>RD /S /Q "%WinDir%\System32\GroupPolicyUsers" && RD /S /Q "%WinDir%\System32\GroupPolicy" The system cannot find the file specified.
Да, последниот обид беше и тоа. Имам ставено скришат што се случува.
Провери gpedit.msc во следнава патека кои (доколку има) полиси се конфигурирани: Computer Configuration \ Administrative Templates \ Windows Components \ Windows Update

Запази детал на следните:

Configure Automatic Updates,
Remove access to use all Windows Update features,
Do not connect to any Windows Update Internet locations



Сите полиси да ги ресетира е ептен екстремно сценарио и би подложило на многу проблеми понатака во случајов. Подобро чист реинстал да прави.
Пробав да ги ресетирам но безуспешно. Компјутеров ми е дома, не е нешто со фирма па на домен контролер. Така да не ми менува и да се вратат назад на дефолт вредности.
Реинстал не би правел, барем не сега.
 

Slupcane

Intern
10 јуни 2017
69
31
Имаш користено de-bloat програма?
Буквално истиот проблем го имав и никогаш не успеав да го поправам па удрив формат.
 

Gaston

Unstoppable
9 февруари 2011
1.706
3.121
Gaston's setup  
Audio
AR
Ова го немам пробано. Така ако направам апдејт фајловите си остануваат?
Да, на почеток ти кажува дека ќе ги задржи фајловите и софтверите.
Можеш по желба да го смениш тоа и да не ги задржи.
 

G4M3R

Practice makes perfect
26 јуни 2012
989
1.273
Имаш користено de-bloat програма?
Буквално истиот проблем го имав и никогаш не успеав да го поправам па удрив формат.
de-bloat баш не, но anti-beacon-от e за блокирање телеметрија. Што претпоставувам има нешто зезнато и сега не може да врати на нормала.
Да, на почеток ти кажува дека ќе ги задржи фајловите и софтверите.
Можеш по желба да го смениш тоа и да не ги задржи.
Океј супер, ќе пробам во теков на денов и ќе известам дали има прогрес.
 

G4M3R

Practice makes perfect
26 јуни 2012
989
1.273
Океј супер, ќе пробам во теков на денов и ќе известам дали има прогрес.
@Gaston ништо, фејлна и тоа со истата грешка како и со update assistant. На апдејт појави „Undoing changes made to your computer..." и плус ова кога бутираше:
0HRQkhN.png
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
47.096
Мислења
974.497
Членови
35.404
Најнов член
altin
На врв Дно