TexasUS
On your way to fame
- 25 февруари 2017
- 909
- 841
Здраво на сите, како што гласи темата имам проблем при поврзување до домашен VPN сервер (IKEv2 протокол) преку мобилниве мрежи најверојатно поради блокирање на таков сообраќај од мобилниве опрератори. Бар ја се сомневам дека е до ова, затоа ја отворив темава за помош и сугестии.
Во кратки црти конфигурацијата локална:
Во кратки црти проблемот и што фунционира а што не:
Доколку е така зошто од еднава би ги блокирале зошто од другата не?
Во кратки црти конфигурацијата локална:
- Корисник сум на Телеком оптика, немам фиксна ИП, туку динамична и преку дднс цело време се ажурира ИПто и така и се конектирам уствари, како хост на впнот е конфигуриран на домеинот.
- Користам нивно ОНТ - Huawei HG8145, на кое имам подесено порт форвардинг на порти 500 и 4500 UDP да препраќа кон локална ип односно кон orangepi на кое и имам поставено конфигуриран strongswan ikev2 сервер.
Во кратки црти проблемот и што фунционира а што не:
- Закачен преку други Wi-Fi мрежи (денес тестирано на 2, и 2те се од телеком) конекцијата нема никаков проблем, веднаш се конектира и од Windows и од iOS. Изминатиов период бев и во шпанија и ист случај и таму, преку мобилна не работи преку фиксна мрежа нема никаков проблем, се конектираше. Секој трафик инициран од надвор се логира и на Хуавеито (дека има примено пакет од надвор) и на orangepi-то (барање за конекцијата). Али кога пробувам од мобилна, воопшто нема никаков лог на ниедно место, ни дека Хуавеито примило пакет ни на пи-то. Бидејќи iOS ко iOS не фрла еррор зошто не успева, на Windows јавува како да се затворени портите, истиот еррор што би го добил кога би ги затворил портите на ОНТ-то (видете слика 1). Значи кога би ги затворил портите и би пробал од другиве Wi-Fi мрежи е целосно истиот ерор. Во event viewer e код 809 што по гуглање на истиот значи: Error 809 cause You can encounter this issue when the UDP 500 or 4500 ports on the VPN server or firewall are blocked
- До пред некој месец бев на Телекабел мобилна (рентаат мрежа од Телеком нели) и од таму немав никаков проблем, и преку мобилната се поврзуваше без никакви проблеми. Откако се префрлив на Телеком, веднаш се појави проблемот
- Со нмап пробав да видам што можам, од фиксна мрежа портите ги јавува како open, од мобилна (Телеком и А1) како open|filtered. Видете слики. Од ова и дојдов до заклучок дека најверојатно ова е и проблемот што не можам да се конектирам, дека не е до моја локална конфигурација, али ајде сугестии, помош, идеи се добредојдени. На Телекабел мобилната фунционираше.
Доколку е така зошто од еднава би ги блокирале зошто од другата не?
Атачменти
Последна промена: