1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Принтер за фотографија за домашна употреба

Дискусија во форумот 'Дигитални апарати, камери и слично' започната од Oktar, 18 Јануари 2020.

Тагови:
  1. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,450
    10,328
    23 oктомври 2012
    Машко
    Драги форумџии и нијанса подраги форумџики, ми треба мала помош. Бидејки имам еден тон дигитални фотографии, секако дека кога ке дојде моментот да испринтам некоја, тоа се претвора во превише труд од гледна точка на одбери, стави на усб, иди во фото студио да ги однесеш, иди да ги земеш па ке ти кажат некоја не влагала во димензијата па незнаеле што да скратат, иди трет пат и тогаш можеби ке си ги земеш итн итн итн. А искрено и многу се изненадив дека за принт 10х15 ми побараа 30 денари од фотка и ми се виде скапо некако, а да не зборам дека за принт нешто помал од А4 ми земаа 300 или 350 денари.

    Но, да не се жалам, решив да си купам некое принтерче за фотки и прво помислив на Canon Selphy, се наоѓа за некоја пристојна цена од околу 7000 денари, ама сватив дека некогаш ке сакам да принтнан нешто поголемо од 10х15 (што реално се мали посткард принтови) и пак ке го терам истиот пат од погоре. Така тргнав по патот да гледам и се појавија некои си Canon 1411, 2411, 3411... сите во околината од околу 7500 денари. Тие се ол ин уан, што не ми се бендисува, ама отидов да ги видам, чисто онака, да ја видам пластиката и тука стварите ескалираа и видов нешто што се вика Epson L805 photo printer! За неверојатни 17.500 денари и буквално во секоја продавница е истата цена. Нептун има предност при изборот бидејки имам некои ваучери околу 9000 денари за трошење таму.

    Е сега... ми треба совет од некој што разбира принтер, дали сакам епсон и зошто не, дали треба да гледам канон и зошто не, дали епсонот е правиот избор за квалитетни фотки, дали испуптам нешто (освен CO2). Да не се прескапи боите одпосле, вака во нептун што видов, 500 денари боја, 6 различни, значи 3000 за сите. Дајте малку помош, имаше тука некои членови со печатници ако не се лажам, да не ги именувам... затоа што незнам точно кои беа.

    П.С. Дополнително ми треба инфо од каде да набавам фото хартија, мат.
     
    PC_GAMER, Psycore, Taurus и на уште 1 им се допаѓа ова.
  2. Banjifiko

    Banjifiko
    Unbeatable

    2,983
    4,223
    28 oктомври 2008
    Јас го имам 805-та. Го користам најповеќе за DVD-а, но понекогаш принтам и по некое фото. Ефикасен е, со многу низок трошок по принт.
    Но, моето искуство можам да посочам дека е малку табиетлија во однос на подлогата на која принта, и кога го земав изгубив две недели и скоро 50 листа А4 фото хартија додека му го фатам теркот. Ако го искалибрирам за дискови, тогаш не е реален со хартија и обратно. Тоа е најверојатно поради различните емулзии што се користат кај тврда и мека подлога.
    Мое мислење е ако немаш потреба од принтање дискови, да си земеш Canon.
     
    stefan_off, Avid и на Oktar им се допаѓа ова.
  3. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,450
    10,328
    23 oктомври 2012
    Машко
    Фала на инфо, јас не би го користел за цедиња воопшто, буквално ми е само за фотографии и затоа не ми требаат дополнителни компликации од типот на скенери и копири. Единствените канони што ги најдов се ол ин уан и се офис уреди, не се насочени баш кон фотографија и сите се со 3+1 бои додека епсонов е со 5+1 така да би требало да дава попрецизни принтови. Имаш некој канон да препорачаш?

    П.С. А за хартија? Од каде набабуваш и која цена да очекувам да биде?
     
  4. Маша

    Маша
    Gaining Experience

    222
    478
    24 Април 2007
    Женско
    @ivsss чинам се занимаваше на времето со печатење, можда може да ускочи и помогне ;)
     
    На ivsss му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ivsss

    ivsss
    V.I.P

    323
    621
    16 Февруари 2012
    Машко
    Октар,
    на добар пат си да си одбереш тоа што ти треба, инк-џет со CISS систем и да не се мислиш што, кога и колку печатиш. За тоа кој модел на принтер и која компанија (Epson или Canon) да одбереш може да ти каже некој што многу печати и ги користи актуелните модели.
    Epson L805 мислам дека не ти е потребен зошто е најдобриот модел за "канцелариска" работа, барај нешто од средната класа со 5+1 боја, буџет 7-9К денари. Имај во предвид дека е добро да печатиш на принтерот секој ден или барем еднаш неделно.

    Специјализирана компанија за продавање делови, репро материјали, бои, хартија и се останато за инк-џет во Скопје е Буг Компјутери (www.bug.com.mk). Консултирај се на лице место да ти кажат кој од моменталните модели на Canon или Epson се покажал најдобро со заменски бои. Сум користел инк-џет печатачи што отпечатиле по 40-50К листови во боја со исполнетост од 60%+. Боите се купуваат на литро или количина што ти треба. Ќе си купиш и фото хартија во различни димензии и дебелини во пакувања до 100 листа. Имам нешто останато разни типови фото хартија па можам да ти дадам за проба ако сакаш.

    Поздрав,
    Ивс.
     
    Psycore, Маша и на Oktar им се допаѓа ова.
  6. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,450
    10,328
    23 oктомври 2012
    Машко
    Хах... а кога срчав фото хартија скопје ми искочија ови баг, али не ги сватив сериозно по дизајнот на сајтот :| Ај баш ке ги исконтактирам да видам што ке кажат. Фала ти на инфо и секако фала и за @Маша што те намами на темава :D
     
    На Маша му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Маша

    Маша
    Gaining Experience

    222
    478
    24 Април 2007
    Женско
    Хахаха можда не знам све, али I know a guy, who knows a guy ;)
     
    Psycore, RoninMK и на Oktar им се допаѓа ова.
  8. 123456

    123456
    On your way to fame

    971
    526
    12 Април 2013
    Машко
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  9. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    719
    2,389
    27 Јануари 2014
    Машко
    Ѕирни го Canon PIXMA PRO-100S ако ти влага во буџет. Јас скоро го меркав за купување ама добив сличен совет дека ако не принташ често нема никаква поента поготово за боите. Со месеци пратев ривјуа и за тие пари моделот е меѓу најдобрите. Некако скептик сум да одам на друг бренд поготово кога поседувам Канон, па оптимизацијата на боите мислам дека најдобро би била меѓу Канон RAW и нивни принтер. Не знам може и грешам ама логиката така ми вели.

    Ако не се лажам пикс плус нудат опција да ти принтаат, неколку дечки ги видов како принтаат кај нив скоро. Не знам дали имаа промоција на некој принтер или си ја имаат таа опција регуларно.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,450
    10,328
    23 oктомври 2012
    Машко
    Е ова е ескалирање, тргнав од канон селфи од 120 евра да завршам со какон пиксма профешнл од 520 евра :| Мислам дека ова е д риал дил, ама ептен е оут оф буџет а и реално немам толкава потреба од ептен профи принт. Инаку во Нептун освен Епсон Л805 нема ништо друго, а нептун имаат предност поради 9-те илјади денари бонус кои ги имам таму.

    @123456 скапичка е фото хартијата споредена со обичната ама е многу подолготрајна, канон селфи на нивната хартија и принт имаат нешто како 100 години гаранција на принтот. А иначе со изборов не би знаел да се снајдам, преголем е, а појма немам која хартија е добра која не, а секоја проба е скапичка.
     
    На M.Pix му/ѝ се допаѓа ова.
  11. stefan_off

    stefan_off
    Gaining Experience

    346
    286
    29 oктомври 2009
    Фотограф
    Исто за хартија ако ти треба помал формат 13х18цм можеш да си купиш на ролна што ја користат харијата за фото принтерите на "сув процес" Имаш оригинал Fuji Lustre а ако сакаш Glossy ти е малку поефтина. Ги има кај нас ако сакаш може да прашаш тука а сигурно и во Скопје може да се најде, цените се тука некаде како тие на B&H
    +1 за L805 или ако го има L310 поефтин а тука негде е како L805
     
    На 123456 и Oktar им се допаѓа ова.
  12. Sharlovski

    Sharlovski
    Unstoppable

    1,079
    2,399
    28 Јануари 2017
    Машко
    @Oktar те жалам, едно шо не знаеш каков принтер да земиш па ѕгора на то и табиетот да му го учиш + пари и време, јака ти душа, обавезно еден машки репродуктивен орган јајш, можда и два.

    Со лесно

    Btw, имаш математика направено да ги печатиш во студио како би ти дошло или тоа не е опција?
     
    Последна промена: 19 Јануари 2020
    На CBB_6 и Oktar им се допаѓа ова.
  13. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,470
    12,644
    2 Август 2012
    Машко
    Пред година дена и јас ја имав истата дилема. Почнав од Selphy и завршив на принтери од 500€

    Selphy е сублимациски принтер. Квалитетот е како од фото студио.

    Се утешив дека за грото слики ми се доволни 10 пута 15 а остатокот, кој бара повеќе, да оди во фотостудио.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  14. brasica

    brasica
    On your way to fame

    616
    939
    18 Април 2010
    Јас принтав во PixPlus пред некое време чисто како за тест.

    Услугата ја нудат од пред месец дена и мислам дека попаметно ти е да отидеш кај нив и да завршиш работа одколку да се малтретираш по дома.

    Принтаат на Canon imagePROGRAF PRO 2000, максимален принт им е 90x60cm.

    Имаат избор на хартии (мат, сјајни, сатен).

    Јас принтав една 60x40цм и една 60x50цм. Ме интересираше форматот, како што реков тест принт.

    Двете ми ги наплатија 1000 ден. што мислам за такви принтови е прифатливо. И така не принтам секој ден, само за мерак.

    Ако сакаш ќе ти пратам контакт од човекот со кој се договарав во ПП.
     
    На M.Pix и Oktar им се допаѓа ова.
  15. TATA_MATA

    TATA_MATA
    Practice makes perfect

    1,601
    1,834
    25 Март 2013
    Машко
    Не сум сигурен дали е тоа што го бараш, ниту пак сум ги користел но може да ти заврши работа особено за цената

    Xiaomi Photo Printer 1
    Xiaomi Photo Printer 2

    Се продаваат и со принт хартија
     
    На 123456 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. moongose

    moongose
    Unstoppable

    2,064
    2,308
    19 Јули 2013
    Јас исто го имам L805, две години и нешто како беше ставен во функција, како замена за L800, кој беше замена за веќе не се сеќавам кои модели предходно. Печатење исклучиво фотографии, некомерцијално. Уште е на фабричките бои. Со оглед на цената на оригиналните, нема воопшто потреба ни за размислување за заменски бои.

    Е сега, штосот е во хартијата. Фотографија си сака квалитетна фото хартија. Епсон прави и хартија и нормално на неа најдобро излегуваат отпечатоците. Мана и е што е поскапа и заради тоа баш и не ја носат редовно. И со авери исто имав одлични резултати. Со други брендови баш и не, барем од оние што беа кај нас достапни во мали фото формати. Не само што отпечатокот не е ист како на добра хартија, туку и бледее со тек на време. Отпечатоци на епсонова хартија од пред повеќе од десет години изгледаат идентично како првиот ден. А имам и некој впечаток дека влијае на трајноста на главите.

    За А4 има повеќе избор, но истото важи. Лично, 10х15 принтер никогаш не би купил. Мислам, телефони има сега со поголем екран од тоа :) Со А4 си пофлексибилен затоа што не си врзан на односот па и големината на фото форматот. Може да пуштиш и панорамски формат или квадрат. Од друга страна веднаш ќе почнеш да мислиш и за набавка на тример за хартија :) А за многу поголеми формати директно на дигитален печат. 120х80 за 700-800 денари.

    За Епсон увозници се Дигит, карши румунска болница. Со Канон немам искуство, но принципот треба да е исти.
     
    RoninMK, Маша, M.Pix и на уште 1 им се допаѓа ова.
  17. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,450
    10,328
    23 oктомври 2012
    Машко
    @FLEGMA кога видов принт оф Селфи, ми беше идентичен како од фото студио бимбо, оригинал, баш затоа и ми делуваше како добар избор, ама кога размислив дека огранилувањето е посткард сајз, тоа е едноставно премало и пак најголем дел од времето ке мора да одам кај бимбо. Дополнително што ме одврати е што хартијата е глоси, а јас сум фан на мат.

    @brasica фала на инфо за пикс плус, дефинитивно ке ги имам наум за големи принтови, ама па од друга страна не ми делува дека они се изборот за фотки од типот на 13х18 или А4 или нешто слично. Оверкил е да ги малтретираш и нив и себе со такви формати, ама за постер сајз дефинитивно.

    @TATA_MATA Ксиаомито е иста цена како и проверениот и одличен канон селфи. Дополнително што моето искуство со ксиаоми досега е дека секој нивни производ е полуготов, најверојатно после 7-8 фирмвер/софтвер апдејти ке бидат 80% готов производ. Во секој случај фала ти на предлогот.

    @moongose Ова е одлично инфо, веќе сум 88% убеден дека епсонот ке ми заврши работа, поготово што ке ми дојде на пола цена со ваучерите. Дефинитивно сум за поквалитетна хартија, така да ако начекаш некаде епсон оригинал, би ја платил и поскапо.
     
    На TheMarshal, Lokvan, moongose и уште 2 други им се допаѓа ова.
  18. moongose

    moongose
    Unstoppable

    2,064
    2,308
    19 Јули 2013
    Ај со здравје да си го користиш.
    Хартија од Епсон носи Дигит, но забушаваат со малите формати особено 13х18, многу слабо се трошеле. Малки повеќе ако ги напнеш, ќе набават. Ако не онлајн нешто или од надвор.
    Авери има во Офис плус, ама тие таму имаат доста добро наострени бричови :)
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  19. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    719
    2,389
    27 Јануари 2014
    Машко
    @Oktar
    Ако го зимаш принтерот би те замолил да споделиш резултати, и кој тип на хартија ќе користиш.
    Ептен е тапа што сликаме секој ден, а ништо не принтаме.
     
    Маша, Oktar и на TheMarshal им се допаѓа ова.
  20. Tajson

    Tajson
    On your way to fame

    602
    780
    25 Февруари 2016
    Машко
    @Oktar
    Обавезно да пишеш импресии, а секако и еден фајл за А4 формат да споделиш да испринтам на брадер принтеров што го имам.
    Имам принтано фотографии на ХП принтер со ''мека'' црна боја(која е за фотографии) пред 16 години, фотографииите се ден денес топ.
    Повремено принтам рандом фотографии на А4 формат, на глоси и мат хартија, излегуваат одлично но боите се ''фалц'' па нормално е бледеењето да се познава (највеќе зависи од колку сонце ќе ја фаќа фотографијата).
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  21. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,450
    10,328
    23 oктомври 2012
    Машко
    Епа другари... бидна, принтерот беше подигнат во нептун и спуштен кај мене дома.
    20200120_170200.jpg
    Првичните импресии... мислам дека е добар принтер, ама јас ја е*бав работата со изборот на хартија. Како што кажа @moongose хартијат е многу битна. Јас направив грешен избор и купив Авери фото мат мислејки дека е мат како кај фотографиите, ама искочи дека е само дебела обилна хартија, никаде нема пластиче на неа, од двете страни е иста. Принтањето е релативно споро, А4 на фајн принт му треба, па сигурно минута, ама тоа не е некој проблем.
    Прецизноста и детаљите се тука, на Арчи убаво му се познаваат брковите на принтот, што пријатно ме изненади. Колоритната акурација (color accuracy) можам да речам дека одлична, уште еден момент кој ме бендиса, иако мислам дека на малку по глоси хартија би добил подобри резултати. Единствено сивите детали како да ми маваат малку на плавкасто, незнам, ке видам на друга хартија како ке се понашаат. Незнам ни зошто ја споделувам сликава од принтовите кога абсолутно ништо неможе да утврдите, тоа е како кога некој на јутуб прави ривју на звучници и ги пушта да ги слушнеш :| :| :|
    20200120_225324.jpg

    Дефинитивно мислам дека на поубава хартија ке има подобар резултат. Тука би го замолил @moongose да препорача некоја хартија за фото принт, а воедно и би ја прифатил понудата на @ivsss да сподели некој лист фото хартија како би направил неколку проби да ја најдам вистинската за мене... хартија, сопруга веќе имам, топ си е!

    Благодарност до сите за учеството, ке апдејтнам кога ке направам тест со повеќе типови на хартија.
     
    На Janev, PC_GAMER, l1d0v1c и уште 21 други им се допаѓа ова.
  22. Маша

    Маша
    Gaining Experience

    222
    478
    24 Април 2007
    Женско
    Може да утврдиме cuteness overload по дома ;)
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  23. Steff_Maja

    Steff_Maja
    Practice makes perfect

    4,112
    1,670
    30 Мај 2010
    Јас можам да ти понудам fuji или tura профи хартија што ја спомнаа од машините за сув процес.
     
    На stefan_off и Oktar им се допаѓа ова.
  24. moongose

    moongose
    Unstoppable

    2,064
    2,308
    19 Јули 2013
    Да, си ја утнал хартијата. Оваа е обична дебела, не е фото.
    Порано од Авери оваа мислам дека ја користев, 200 грамска. Потоа на епсонова пројдов, од Дигит, последно оваа:

    IMG-5e2a0a065ee864133c8e26b4bc8c1f8f-V.jpg
     
    На PC_GAMER и Oktar им се допаѓа ова.
  25. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,450
    10,328
    23 oктомври 2012
    Машко
    Мал апдејт околу ситуацијата со хартијата. Пробав неколку различни, покрај Авери и оние кинезите, вајт хорс или како и да се викаат, и епсон. Морам да кажам дека се што не е епсон е мех, т.е. ми беа онака ок се додека не пробав Епсон глоси и ултра глоси. Поуката е дека си треба квалитетна хартија кој во принцип и не е толку скапа. Околу 1000 денари се 50 парчиња 13х18 Епсон Ултра Глоси што даоаѓа 20 денари по фотографија, што не е лошо а Епсон Глоси А4 формат е скоро 2000 денари за 100 листа што доаќа исто околу 20 денари за А4 принт, со тоа што ултра глоси е секако поквалитетна и е 300 грамска а глоси е 200 грамска. All in all, одсега само Епсон од дигит, релативо ок им се цените, само треба да се начека лагер.
    20200214_081832.jpg 20200214_081842.jpg
     
    На PC_GAMER, l1d0v1c, Lokvan и уште 11 други им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...