Користите застарен прелистувач. Тој можеби не ја прикажува оваа или други интернет страници како што треба. Би требало да го надградите или да користите алтернативен прелистувач.
Сте сретнале ли по македонскиве продавници, имаат ли од оние принтери кои покрај што принтат на хартија имаат можност и за принтање на cd-a.
Колку им се движат цените, кои специфики ги имаат и сл.
Ах, изгледа е до годиниве (38), почнав да заборавам ) . Цената му е 135 E + ДДВ. А вреди и повеќе од тие пари, верувај. Секако, ако е за домашно користење. Ова не е профи модел, но има извонредно високи перформанси за оваа категорија. Мултифункционален модел (скенер, копир, принтер), има и читач за мемориски картички, колор дисплејче, и функционира независно од компјутерот.
Може да користи и фото кертриџи.
Го има во МП Компјутери, Т.Ц Скопјанка, 1 кат, под ПАКОМ.
Фала ви и на двајцата...
Баш пред извесен период размислував да земам мултифункционален уред, се во едно е сега штом ја има и оваа функција дефинитивно купувам.
А и не е скап штом викаш дека има извонредно добри перформанси вреди да му дадам шанса
Тенкс аген...