D
Администратор
Пријава за оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем е поднесена до СВР Штип од страна на лицето Т.Б. Таа тврди дека некој неовластено неодамна влегол во нејзиниот компјутер и одзел фотографии по што направил фотомонтажа и ги пуштил во јавноста. Се работи за фотографии со компримитирачка содржина, кои неодамна излегоа во јавноста. Т.Б. случајот веднаш го пријавила во СВР Штип. Од штипската полиција со став: Го истражувале случајот, и биле на трага на можниот сторител на ваквиот вид казнено дело.
“ Го следевме трагот по т.н. IP адресите. Сега за сега можам да кажам дека востановивме дека во компјутерот на оштетеното лице е навлезено од компјутер надвор од државата. Компјутерот кој се јавува како разбивач на компјутерскиот систем, не би можел тоа да го направи без асистенција однатре“, вели Петар Санев, заменик началник на Штипската полиција.
Неофицијално, се работи за компјутер од Соедниетите Американски Држави. Полицијата тврди дека неовластеното навлегување во компјутерот на Т.Б. е со асистенција на лице, кое веќе имало достап до тој компјутер. Македонската полиција нема многу искуство со ваков вид на софистициран. Дали имаат доволно експерти за ова ќе покаже истрагата.
Извор: НетПрес