AMD_fan
Gaining Experience
- 10 ноември 2007
- 3.646
- 139
Сервисот за он лајн аплицирање за вработување во Јавната администрација во Владата на РМ, prijava.ads.gov.mk беше одбрана за неделен број 1 според ePractice.eu Editor’s Choice.
Ова е 38-ма апликација што ја добива оваа престижна награда, од вкупно 810 апликации кои биле поднесени. Треба да се нагласи дека ова е прва награда за е-Влада од земја што не е членка на Европска унија.
"Во соработка со USAID’s eGov и софтверската компанија NextSense, успеавме да имплементираме електронски систем за аплицирање кој нуди поедноставен и поефикасен начин за вработување во јавната администрација" - вели Александар Угриновски - Државен советник за информатичка технологија во Агенцијата за државни службеници.
"Бројот на он лајн апликации секоја година рапидно се зголемуваше (од 78% во 2006, 88% во 2007) до 93% денес. Со последната надоградба на апликацијата во Септември 2007, го заменивме традиционалниот метод на известување на апликантите преку редовна пошта со известување преку e-mail и SMS пораки. Со оваа надоградба успеавме да заштедиме околу 440.000 денари од македонските даночни обврзници односно граѓаните" - вели Угриновски.
Извор: metamorphosis.org.mk
Агенција за државни службеници.