1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Превод

Дискусија во форумот 'Видео и аудио продукција' започната од kic94, 3 Јуни 2011.

  1. kic94

    kic94
    Intern

    63
    0
    29 Септември 2010
    Здраво на сите...
    Го користам CONVERTXTODVD 4,проблемот е следен...кога ќе ставам превод (македонски) на филмот и од кога ќе се конвертира така залепен.Го пуштам конвертираното и преводод е со бројки.Многу цд зафркнав од што не погледнував,јас вистина незнам како да го наместам да биде македонски кирилица.
    ДАли некој знае како се прави тоа ...

    Поздрав,фала многу
     
  2. iq1

    iq1
    Intern

    173
    4
    20 Јануари 2010
    Јас налетав на истото :) Решение беше превод на српски или хрватски. Види што ќе направиш.
    Поздрав
     
  3. kic94

    kic94
    Intern

    63
    0
    29 Септември 2010
    Абе брат работата е што јас симнувам филм,само ако има македонски превод (бидејќи многу многу не ме бива со хрватскио и но српскиот превод) хахаха ...

    MADE IN MACEDONIA :))
     
  4. smdprint

    smdprint
    Gaining Experience

    378
    170
    6 Март 2010
    Машко
    Графички дизајн, ситопечат, дигитален печат...
    Проблемот изгледа е во фонтот или во кодната страница. Одбери фонт кој има unicode подршка (arial, tahoma, times new roman...), и кирилична кодна страница. А за да не трошиш цд, сними го како disk image, па провери го со некој image drive (пример nero imagedrive).
     
  5. stefan_v

    stefan_v
    On your way to fame

    1,422
    601
    3 Мај 2010
    Машко
    Ќе побарам туторијал за ова, имав на ком... Ако треба и до сега немало, ќе го ставам туторијалот во одделна тема.
     
  6. kic94

    kic94
    Intern

    63
    0
    29 Септември 2010
    А брат види,и постирај.Многу ќе ми помогнеш
     
  7. stefan_v

    stefan_v
    On your way to fame

    1,422
    601
    3 Мај 2010
    Машко
    Програмава е најуниверзалана од било кој друг софвер за оваа намена, но што оти е така, ако знаат да ја работат само тие кој активно се бават со видео монтажа -хах тука ќе се набројам и јас и ќе дадам целосно нејзино објаснување за да може да ја работи било кој.

    Инструкции за поставка на програмата:
    ======================================
    Откога ќе ја инсталирате програмата, на првото уклучување ќе внесете сериски број и ќе добиете Full version. После одите во Settins->General.

    Патеката за работа најдобро би било да ја ставите во поголема партиција.
    Под тоа од 4 коцки ја оставате штиклирана само првата.

    Десно имате картичка Languge -оствете на англиски затоа што секако нема македонски а ја секако ќе продолжам да ги објаснувам командите на англиски.

    Chapters:
    -----------
    Не смета ништо нека стојат default вредностите.

    DVD menus:
    -----------
    Default template-(Одберете) Default, simple menu

    Подоле првите 4 коцки да бидат дештиклирани.

    Enconding:
    -----------
    Log engine messages -дештиклирано.

    Enconding quality --> speed
    High quality -->long enconding time (разликата во времетраењето на конвертација помеѓу high i normal quality e скоро незабележлива, додека резултатот во квалитетот на сликата и тоа каде-каде.)

    Target size
    DVD-5 (4300Mb)

    Conversion priority
    Normal

    Во Video processing, Sound events, DVD specifications, Subtitles и Аudio.
    ------------------------------------
    Оставете ги вредностите кои се дадени под default.

    Burning:
    --------

    Штиклирајте "Burn result to DVD"
    Доле бирате DVD rezac и за брзина одберете x4 (за било која поголема брзина немојте воопшто да се надевате -затоа што скоро ниеден двд=плеар нема да го прочита било кое двд што е снимано на поголема брзина.)

    Подоле во default DVD label пишете кое име на ДВД-та да ви дава под default (почетно).

    и се останато надоле оставете како што е.

    (Само втората и трета коцка да бидат штиклирани.)

    Притиснете ОК.

    ******************************************************************

    Сега од тестатурата притиснете "Insert"

    одите во папката каде што се наоѓа некој DivX филм.
    (Напомена ако сакате преводот да ви биде додаден автоматски, треба изворно името на фајлот на филмот и преводот да се викаат исто -само екстензијата да им биде различна и така заедно да се наоѓаат во иста папка. Пример: Terminator.avi и Terminator.srt)

    Нормално Вие можете да видите само видео материјал, така да тука не се дадени преводите. Одбирате еден видео фајл. (Пример Тerminator.avi)

    "Ќе ви се појават две линии текст кои од десна страна имаат стрелки за влегување во под нивните менија.

    Отворете го првото мени:
    >DVD Options - Disk name:....
    Доле кликнете на предпоследно подмени "Disc name" -и овде по желба напишете му име на вашeто ДВД.

    Одиме на второто: (кликнете на стрелката за да се отвори подменито)
    >Titleset #1 ~ 90min. File: "Terminator"

    Во подменито "Audio" можете да видите во која форма (2ch или 5.1ch) ќе излезе DVD-то тоа директно зависи од изворниот фајл (не заборавајте дека има многу DivX филмови со 5.1ch аудио).

    Во подменито "Video" можете да видите во која форма ќе биде крајниот резултат.

    Во последното подмени "source file(s) info":
    одберете File #2 (Play First): "Terminator.srt"

    Двоклик на подподменито "Subtitle text style editor".
    ---------------------------------------------------------

    Ова е најбитно за да фрлите едно двд и 2-3 саати работа во корпа.

    Горе со плави букви пишува Font.
    Одберете "Verdana" (Истиот фонт кој го користи A1 телевизија)
    Големина на буквите 28.

    Code page:
    Зависно на кој јазик е преводот одбирате за македонски "01251 (ANSI-Cyrillic)"; за Srpski или Hrvatski "01251 (ANSI-Central Europian)"
    ---ОВА МОРА ДА БИДЕ ВАКА ПОДЕСЕНО ИЛИ ЗНАЈТЕ СО СИГУРНОСТ ДЕКА ЌЕ ИМА ХИРОГЛИФИ ВО ПРЕВОДОТ!!!---

    Подоле одберете текстот да биде Болдиран (така е под default)
    Во Color сменете ја само белата боја во жолта (потемната нијанса).

    Во Tekst rendering:
    хммм... тука исто може да се направи кикс -но тука јас и нема да бидам можеби од некоја голема помош. Во "Max lenght" одберете 55 -вредност за должината на текстот по редови -но не сум сигурен дека резултатот ќе биде најдобар затоа што понекогаш и мене ми се случува да некаде во ДВД верзијата на филмот ми се појават три реда текст :(

    Десно во "Shadow direction" селектирајте ја првата коцка (лево-горе).
    И сега само одете на ОК.
    ******************************************

    Најдоле на левата страна имате:

    Conversion result (quality).
    Bad-лош
    Good-средно добар
    Excellent-Одличен.

    Најдоле на десната страна имате "Convert" -притиснете го.

    Горе десно имате вертикално наредени 8 икони, можете чисто информативно да ја кликнете 8-та (последната) икона за да видите до каде е филмот исконвертиран -live preview. (во случај таа опција да ја оставите отворена -конвертација ќе оди побавно.)
    Исто така немојте да се изненадите во тој Preview прозорец нема да го има преводот на филмот, тоа пак ќе напоменам дека служи само за ориентација за да видете до каде е стигнат процесот.

    ******************************************
    Кога ќе заврши конвертацијата:

    Ќе ви се отвори прозорец Burn DVD

    Вашиот двд-рекордер кој предходно го одрбравте да биде даден под default (за основен) сега ќе биде тука даден.

    Ставите празно двд во рекордерот.

    Подоле во Volume Name:
    Напишете како да се вика дискот односно како да го пишува во My Computer.

    И кликнете на Burn.
    (Максимум времетраењето на снимање на дискот во x4 брзина е 14-15мин.)
    =======================================================================

    Да наведам и уште една работа, сеедно ако се работи за филм на какво двд ќе го снимате -Prinko се најефтини и вршат работа а и сите поефтини плеери се наменети да читаат ефтини пиратски двд-а, така да околу тоа ич не се секирајте, е сега ако планирате да снимате свадба, роденден, и слично не се лажете купете си Verbatim двд, за да не се случи по неколку години да неможете двд-то ни да го уклучите. Се знае секаде е така -колку пари -толку музика.

    Инаку да решиме и една друга дилема.

    ДВД/ЦД се, се оштетуваат од горната страна -затоа што доле е само пластика која го рефлектира ласерот -а горе е некој специјален целофан на кои се снимаат податоците, значи ако на долна страна малку се изгребе тоа цд пак ќе работи, а ако со клуч на пример направите една гребнатинка на горната страна доволно на тоа место да остане проѕирно тоа двд/цд веќе никогаш нема да проработи.

    И ако сакате да им го продолжите колку што е можно животот на двд-а, а инаку тие се поиздржливи во споредба со обичните цд-а, чувајте ги во црни двд-опаковки во исправена положба.

    Туториалов не е од мене, но немаше ништо напишано дека какви било права се задржани(btw од warez форум е, така да...).
     
  8. stefan_v

    stefan_v
    On your way to fame

    1,422
    601
    3 Мај 2010
    Машко
    Заборавив:
    Преводот мора да биде во .srt формат ако не е во тој формат тогаш симни ја програмата SubtitleTool и конвертирај го од .sub вo .srt. При конвертирањето ќе ти биде понудена опција за по која фреквенција на фрејмови да оди преводот, ти ќе кликнеш на Detect from AVI и програмта автоматски ќе го подеси движењењто на преводот. тебе после тоа ти останува само да го зачуваш преводот во .srt формат и готово. Ако евентуално и откога ќе го зачуваш преводот во srt, на зачуваното место ти се појави обичен фајл а не subttile file, тогаш само по името на фајлот односно преводот допиши .srt

    Што се однесува до импортирањето на преводот во Convert X to DVD 3.5, можеш тоа се да го сведеш на автоматски. Единствено што треба да направиш е како што имам и претходно споменато, филмот и превод да имаат исто име (нормално различна екстензија .

    Пример во една иста папка:

    Armageddon.avi
    Armageddon.srt

    Тогаш автоматски кога ќе го импортираш филмот, ќе се додаде и преводот.
     
    1 person likes this.
  9. iq1

    iq1
    Intern

    173
    4
    20 Јануари 2010
    Добар туториал, ќе затреба некогаш :)))

    Најубаво е ако разбираш да си ставиш англиски превод, пошто увек е ок, за разлика од другите јазици. Ја се имам малтретирано со програмов кога сакав да ставам превод и го имаше само на кирилица на италијански филм, и не успеав :)) Сега ќе можам да го гледам и на телевизор :))
     
  10. kic94

    kic94
    Intern

    63
    0
    29 Септември 2010
    stefan_v Фала брат,ај ќе ти кажам за резултатите.
     

Сподели

Вчитување...