Pepsi Man
Intern
Програмите на вишите програмски јазици не можат директно да се извршуваат на компјутерот. За таа цел се потребни посебни системски програми, што ќе извршат нивно преведување на машински јазик со компајлери(анг. compiler). Секој програмски јазик има свој компајлер. Програмата напишана на виш програмски јазик се нарекува изворна програма (анг. source program), а преведената машинска програма се нарекува (анг. executive program). Преведувањето шематски се претставува:
Преведената програма е извршна и може веднаш да се изврши, но обично се сместува на некоја надворешна меморија за оттаму да се повика и да се изврши по потреба. Инаку, не е редок и случајот кога изворните програми директно се извршуваат без да се преведуваат во извршни. Тоа се прави со други системски програми, наречени интерпретери. Интерпретерите не прават машинска форма на изворната програма, туку секвенцијално ги интерпретираат и ги извршуваат нејзините наредби. Притоа, влезните податоци се читаат тогаш кога се потребни. Интерпретирањето на програмата може да се претстави како на шемата: