• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Претставување на www.Reklama7.mk – верзија во изработка

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Reklama7.mk

Intern
3 септември 2017
8
15
Здраво форумџии


Најпрвин да се претставам, моето име е Димитар. Иако не учествувам активно, форумот го следам уште од средно (можеби повеќе од 8-9 години), па затоа и' решев токму овде да ја започнам оваа тема.

По еден релативно долг период на изработка, и надминати еден куп проблеми од разична природа, проектот кој што го доби името Reklama7.mk ја доживува последната фаза на графичка и функционална изработка.

Како прва работа која што знам дека ќе Ви падне во очи, барем на повеќето од вас, секако е името на сајтот. Знам дека критиките во овој дел ќе бидат повеќе лоши отколку добри, но исто така се надевам и дека ќе го најдете логичното „затоа“ на прашањето „зошто баш токму тоа име“.

Да се навратам на сржта, односно на суштината, значењето, целта на Reklama7.mk.

Идеата за ваков сајт ја имав уште од поодамна, односно од времето / моментот кога првиот и најголем во тоа време интернет огласник, пазар3, реши да ја промени стратегијата, и од бесплатен, да стане огласник на кој што треба да му се плати за услугата која што тој ја нуди. Но откако се случи таа промена, идеата за овој мој сајт не се реализираше од повеќе причини, иако главна беше тоа што релативно брзо се појави нов и сличен сајт – реклама5, кој што ги понуди истите опции кои ги имаше пазар3, нормално бесплатно.

Но, исто како и пазар3, и’ реклама5 по одреден период на постоење реши да ја примени истата тактика на својот претходник, односно од бесплатен, стана огласник на кој што треба да му се плати одредена сума на пари за да се користат услугите кои што се понудени на самиот сајт.

Овој настан можеби и беше делот кадешто одлучив да ја започнам реализацијата на овој проект / сајт.

Главната идеа, цел, функција, и смисол за постоење на сајтот (реклама7.мк), барем за мене како негов осмислувач, е да понуди една релативно барана услуга во нашава држава, бесплатно. Секој во Македонија има потреба одвреме навреме да продаде некој предмет од кој што веќе нема потреба, а тој сеуште има некоја пазарна вреднст. Затоа принципот на бесплатност е фундаментот на овој проект, а не профитот кој што би се генерирал од самиот сајт, притоа наметнувајќи им тарифа на корисниците.

При изработка на целиот нацрт план за изгледот и фунционалноста на секој засебен дел од сајтот, се држев до принципите на едноставност, функционалност, и донекаде минималистички дизајн, кој што во крајна линија ќе му обезбеди на крајниот корисник наједноставна навигација низ самиот сајт, најнеопходните функции при објавувањето на самите огласи, најбрзо (колку што дозволува самиот сервер) можно пребарување, како и отстранување на реално се повеќе беспотребните опции кои што двата погоре наведени огласници, како и многу други понови огласници од нив ги воведоа во изминативе години, а кои, барем според тоа мало истражување кое го направив, добив до знаење дека се реално беспотребни и не додаваат некоја особена корист ниту за оној кој објавува, ниту за оној кој пребарува низ огласите на сајтот.

Reklama7.mk ги има наследено поголемиот дел од функционалностите на двата гиганти, како и дел од нивниот изглед. Како што и споменав на почетокот, иако во финална / завршна фаза, сепак е сеуште во изработка, пред се во делот на изгледот и порамнувањето на некои од елементите. Со тоа, сајтот реално и сеуште не е официјално во функција, но и покрај тоа, решив да го објавам токму на овој форум од повеќе причини:


1. Критики, позитивни и уште повеќе негативни, особено за функционалноста, изгледот и генерално за самата осмисленост и идеа на целиот или на делови од сајтот. Сметам дека критиките се многу добар начин да добијам идеа за тоа што мислите дека не е добро направено, дека може да се направи подобро од ова, и како вие би го направиле тоа конкретно нешто.

2. Сугестии за работи кои што лично би сакале да ви бидат достапни на еден ваков тип на сајт, а кои на овој ѓи нема.

3. Вашиот прв впечаток откако за првпат го отворивте сајтот. Добар, лош, неутрален, ќе го биде, нема да го биде, или нешто сосема друго размислување. Каков и да е, би сакал да го прочитам.


Се надевам дека темава не ја отворив на погрешниот дел од форумот.

Во исчекување на вашите сугестии, пофалби, поплаки, импресии, коментари, критики ...

Поздрав :)
 

Pulse

Practice makes perfect
26 октомври 2014
1,309
1,395
127.0.0.1
petrov.mk
1) Логото, дефинитивно не по мој вкус, претпоставувам и за другите
2) Логото не треба да е толку големо, нема потреба, доколку сум ти ја посетил страната веќе знам каде сум, да не ми боди во очи, ќе го сонувам навечер
3) Уште ви стојат огласи од тестирање
4) Направете огласите да се одобруваат од админстраторот и напишете СТРОГИ правила за огласување, на пример:
- Огласи без слика нема да се прифаќаат
- Огласи без контакт исто така
итн итн. за да добиете едно подобро место каде ќе може секој да најде тоа што му треба.
Јас по дифолт кога гледам огласи, ги одминувам сите што немаат слика/и.
 

boro1

Practice makes perfect
13 август 2009
1,642
1,300
boro1's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i5-6500 3.2GHz
Motherboard
ASUS H110M-R
Storage
840 EVO 120GB + WD 1TB EZEX + WD 640 Blue + 240GB random Chinese SSD
PSU
Cooler Master G450M
RAM
2x8GB DDR4 HyperX Fury
Video card
Gigabyte GTX 1660 Super 6GB
Case
SAMA Black Widow Silent Gaming
Mouse
Razer Viper Mini
Keyboard
Razer Blackwidow Lite
Audio
Panasonic SA-HT500
Monitor
DELL P2414H
OS
Windows 10 Pro 64-bit
0) IQ тест пред формата за креирање оглас.
1) Задолжително секој оглас да биде на кирилица и да има слики и соодветен опис ( за да се избегнат огласи од типот: zvoni za pojce infoo, kolata e pali vozi ne e terana mn.. и слични ракови )
2) Најди помодерен темплејт за огласник, ако треба и плати некој.. вака не се разликува од reklama5/pazar3 ( види тука што има )
3) Измисли, или некој друг нека измисли некој начин за бришење на стари/неважечки огласи, никој не ги брише старите или продадени огласи.
4) Гледај што може помалку да пишуваат огласувачите ( неписмени се.. ). Можеш ова да го решеш вака:
upload_2017-9-3_12-48-19.png
Само уште повеќе инфо и сите полиња да бидат задолжителни.​

Најбитни се критериумите за огласите, не пуштај се живо и диво само за да има трафик на страната.
Битно е да кажеш дали овој проект ти е за да заработиш некој денар ( преку огласите од страната ) или да направиш културно место за огласување кое корисниците со ќеф би го користеле.
 
Последна промена:

stefan_mkd

Gaining Experience
18 март 2015
446
256
Каде со името? Сериозно? Сакаш да си конкуренција, на пазар3 и реклама5 и го именуваш реклама7?

Понатаму, цел интерфејс е „украден“...

Ако сакааш да биде сфатен сериозно, поработи на овие две работи.


Ако воопшто некогаш сајтот проработе, имаше добар совет од горе. Не дозволувај цени на оглас од 1евро, и сите пропратни глупости
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
8,667
11,032
gokica's setup  
Processor & Cooler
i7 2600K & Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V Pro GEN 3
Storage
Samsung 850 Pro 256GB
PSU
Cooler Master V850
RAM
16GB 1333Mhz Kingston Value
Video card
ASUS Strix RX570 OC
Case
HAF 932
Mouse
Logitech G502 Proteus Core
Keyboard
Logitech K800
Audio
ASUS Xonar ST
Monitor
Dell UP3216Q
OS
Windows 7, 8 & 10
Оригинални идеи успеваат најлесно.
 

marv

Unstoppable
5 октомври 2007
2,963
2,336
Да нема цени од типот 1 евро и по договор, ептен ме нервира да морам да се јавам само ради цената и да ме убедуваат.
Ова кај никој го немаат напрсвено кај нас, а во германија супе функционира. Ако незнаеш цена ставаш да е Биддинг па ко да више ако те бендиса придаваш.

May the Force be with you !
 

riki_staff

Gaining Experience
28 ноември 2015
470
226
Тогаш да помогнеме сите на членот да ја уреди страната како што треба,страшно ме нервираат овие од Реклама 5,на почеток беше бесплатно,потоа направија да се плаќа но огласот имаш право да го обновиш 1 во 24 часа но Ок е и тоа за некој 150Мкд годишно,но сега е катастрофа имаат разни паќети за огласи при што наефтиниот има право месечно да обнови само 30 огласи,следно очекувам со евтиниот пакет да се обновува само 1 оглас месечно ,додека пазар 3 одамна не го користам,премногу скапо и пребарувањето е катастрофа.
За тоа се слагам да има цена задолжително (без договор и само 1€) слики исто така да има,по можност да има и онлајн контакт (Вибер,whats'up,e-mail)
Ако имате и ако може да се смени името на огласникот нека се дадат предлози
Во изгледот на страната некој што се бави со овие работи нека даде некој предлог како треба да изгледа...

Sent from my Lenovo K33a48 using Tapatalk
 

igor_igor

Unstoppable
2 септември 2012
2,116
3,255
Скопје
igor_igor's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i3-9100F (6M Cache, 3.60GHz, up to 4.20 GHz)
Motherboard
GIGABYTE - Z370P-D3
Storage
SSD Kingston A2000 250GB M.2 / HDD Seagate BarraCuda 2TB (ST2000DM008)
PSU
Cooler Master G750M 80 Plus Bronze
RAM
2 x 8GB (16GB) Kingston HyperX FURY RGB 3200MHz DDR4
Video card
SAPPHIRE NITRO+ RX 580 - 8GB DDR5
Case
SAMA Vision III
Mouse
X7 XL-750BH
Keyboard
X7 A4tech G800 MU
Monitor
AOC D2357Ph Led 3D
OS
Windows 10 Pro 64 bit
Многу ми се допаѓа името. :p
 
  • Ја почнал/а темата
  • #14

Reklama7.mk

Intern
3 септември 2017
8
15
1) Логото, дефинитивно не по мој вкус, претпоставувам и за другите
2) Логото не треба да е толку големо, нема потреба, доколку сум ти ја посетил страната веќе знам каде сум, да не ми боди во очи, ќе го сонувам навечер
3) Уште ви стојат огласи од тестирање
4) Направете огласите да се одобруваат од админстраторот и напишете СТРОГИ правила за огласување, на пример:
- Огласи без слика нема да се прифаќаат
- Огласи без контакт исто така
итн итн. за да добиете едно подобро место каде ќе може секој да најде тоа што му треба.
Јас по дифолт кога гледам огласи, ги одминувам сите што немаат слика/и.

Во врска со големината на логото, предлогот ќе го земам во предвид во наредниов период на до-уредување на дизајнот.

Во однос на тест огласите да, изумив да ги тргнам (иако сајтот е сеуште полу non-public).

За предлогот за строги правила, дефинитивно сметам дека секој оглас треба да содржи барем една слика за предметот кој што се продава, но сепак решив да се остави таа одлука дали ќе има или не на самиот огласувач, зошто, на крајот на краиштата, тој самиот си ги намалува шансите за успешна продажба на предметот кога го објавува без слика.

За делот огласи без контакт, мислам дека нема да имаме проблем. За да се објави оглас потребно е да се изврши регистрација со име презиме е-маил и телефонски број (е-маил верификацијата барем на почетокот ќе остане исклучена).

Направивме малце по софистицирана форма на внес на телефонскиот број (кој што подоцна се прикажува под секој оглас) при самата регистрација, така да корисникот не е во можност да внесе невалиден телефонски број, без разлика дали бројот е мобилен или фексен.

Инаку, и јас исто така ги одминувам огласите без слики.

0) IQ тест пред формата за креирање оглас.
1) Задолжително секој оглас да биде на кирилица и да има слики и соодветен опис ( за да се избегнат огласи од типот: zvoni za pojce infoo, kolata e pali vozi ne e terana mn.. и слични ракови )
2) Најди помодерен темплејт за огласник, ако треба и плати некој.. вака не се разликува од reklama5/pazar3 ( види тука што има )
3) Измисли, или некој друг нека измисли некој начин за бришење на стари/неважечки огласи, никој не ги брише старите или продадени огласи.
4) Гледај што може помалку да пишуваат огласувачите ( неписмени се.. ). Можеш ова да го решеш вака:
Погледнете го атачментот 58122
Само уште повеќе инфо и сите полиња да бидат задолжителни.​

Најбитни се критериумите за огласите, не пуштај се живо и диво само за да има трафик на страната.
Битно е да кажеш дали овој проект ти е за да заработиш некој денар ( преку огласите од страната ) или да направиш културно место за огласување кое корисниците со ќеф би го користеле.
Хахах добар предлог број 0).

Во однос на 1), иако системот дозволува да се објави бланко оглас без слики, детали, и опис, затоа е тука вториот контролен фактор, човечкиот. Јас се надевам, а таква ми беше и замислата, сајтот да биде наменет за широките народни маси, но и покрај тоа дефинитивно ќе се води сметка за квалитетот на содржината која што се објавува.

3) Првично идеата се темелеше на еден joomla темплејт, но на крајот успеав да најдам човек кој што го направи целиот сајт / систем from scratch односно custom made, со што беа исфрлени многу од опциите кои што ги нудеше joomla а не ми беа потребни. А во однос на дизајнот, за кој што се и поголем дел од замерките надолу, да, знам дека е речиси копија на двата големи огласници. Целта со овој потег не беше / не е да се „крадат“ посетителите со тоа што ќе го имам истиот дизајн, туку да се искористи тоа што корисниците веќе се навикнати да користат еден речиси ист дизајн кај пазар3 и реклама5, па доколку се решат да го користат Реклама7 да не почуствуваат преголема разлика во однос на движењето низ самиот сајт.

4) Тој конкретен оддел, односно таканаречените детали, кои што на корисникот му овозможуваат, користејќи dropdown selectlists да одбере некоја од понудените опции, и така да го дообјасни по детално предметот што го продава, на програмерот му одзема прилично многу време, но на крајот мислам дека вредеше. Еве како изгледаат деталите при внес на оглас во категорија Автомобили:



И секако за крај, да се произнесам по основ на прашањето дали главната цел на сајтот е да ми направи некоја пара плус, ќе го кажам следново: Главна, ултимативна цел на сајтот е, и ќе продолжи да биде БЕСПЛАТНОТО огласување.

Не ја гледам поентата да кога некој сака да си го продаде својот стар мобилен телефон кој што има вредност од 1.500 денари, да треба да плати 110 денари за верификација на акаунтот на реклама5, или 60 денари само за еден објавен оглас на пазар3.

Реклама7.мк, со своите сличности со погоре-наведените два сајта, ќе се обиде да им го овозможи на корисниците речисти истото корисничко искуство (а ќе се потрудиме да биде не само исто, туку и подобро), но главната и според мене клучна разлика, е бесплатноста.

Верувам во тоа дека доколку корисниците се среќни со услугата, брзината на сајтот, добриот интерфејс, одржувањето на квалитетот на огласите, деталноста, едноставноста, сличноста, па дури и сличноста во името на доменот поради полесно помнење на името на сајтот, ќе придонесат да корисниците се враќаат на сајтот. Така, не би постоел проблем од финансиска гледна точка, сајтот да ги покрива трошоците со продажба на рекламни банери, кои што се лоцирани на стриктно определени места, што во ниеден поглед нема да го нарушат корисничкото искуство или да го натераат корисникот нервозно да го исклучи сајтот.

Поздрав :)

Има уште мал милион други бесплатни сајтови за огласување. Зошто би го користел овој?

Таргетот на Реклама7 се оние огласувачи, кои се' задоволни од карактеристиките кои што ги нудат пазар3 и реклама5, но се Незадоволни и одбиваат да платат 50 денари по оглас, односно 110 денари за верификација респективно на погоре наведените сајтови за да можат да објават оглас.

Зошто Реклама7 покрај сите останати бесплатни огласници? Како најголема причина би навел, за истата услуга која што би ја добиле на пазар3 или реклама5, огласувањето овде не ве чини ниту еден денар, а ќе го добиете истиот квалитет на услуга.

Поздрав :)

Да нема цени од типот 1 евро и по договор, ептен ме нервира да морам да се јавам само ради цената и да ме убедуваат.
Ова кај никој го немаат напрсвено кај нас, а во германија супе функционира. Ако незнаеш цена ставаш да е Биддинг па ко да више ако те бендиса придаваш.

May the Force be with you !

Лично, исто колку и тебе, толку и мене ме нервира тоа „Цена по договор“. Во ред е да е по договор, но потребно е да стои некоја референтна цена, за тој што го чита огласот да знае дали воопшто да се јавува и да си го губи времето со тој оглас. Затоа таа опција на Реклама7 е исфрлена од понуда. Што се однесува до цените од 1 денар / 1 евро, не можевме да го решиме проблемот без притоа да направиме влошување на сајтот за одредени објавувачи на огласи (колку за пр, продажба на садници со дрвца од 1 евро). Доколку ставевме цената да е мин 10 евра или повеќе, ќе им беше оневозможено на погоре наведените огласувачи да си ја внесат цената по која што реално го продаваат предметот.

Исто така, во однос на подредувањето на огласите, воведовме систем за автоматска позадинска пресметка / конверзија на цената, па така кога корисникот би решил огласите да ги подреди, наместо по датумот на објавување, да ги подреди по цената на чинење, а притоа да има огласи со цени и во денари и во евра, самиот сајт ќе ги подреди огласите вредносно точно, а не 1 евро, па 1 денар, па 5 евра, па 20 денари.

Тогаш да помогнеме сите на членот да ја уреди страната како што треба,страшно ме нервираат овие од Реклама 5,на почеток беше бесплатно,потоа направија да се плаќа но огласот имаш право да го обновиш 1 во 24 часа но Ок е и тоа за некој 150Мкд годишно,но сега е катастрофа имаат разни паќети за огласи при што наефтиниот има право месечно да обнови само 30 огласи,следно очекувам со евтиниот пакет да се обновува само 1 оглас месечно ,додека пазар 3 одамна не го користам,премногу скапо и пребарувањето е катастрофа.
За тоа се слагам да има цена задолжително (без договор и само 1€) слики исто така да има,по можност да има и онлајн контакт (Вибер,whats'up,e-mail)
Ако имате и ако може да се смени името на огласникот нека се дадат предлози
Во изгледот на страната некој што се бави со овие работи нека даде некој предлог како треба да изгледа...

Sent from my Lenovo K33a48 using Tapatalk

На Реклама7 како и се останато на сајтот, така и обновувањето на огласи не се наплатува. Но сепак, поради зачувување на квалитетот на содржините, бројот на обновувања за секој Конкретен еден оглас е еднаков на 30, односно, еден оглас може да се обнови 30 пати, при што, не постојат никакви лимитирање и ограничувања врз самиот корисник за тоа кога тој ќе го прави обновувањето. Доколку сака, може да го обновува огласот секој ден по еднаш, а може и сите 30 обновувања да ги потроши во еден ден. Таа одлука е на самиот корисник.

Во однос на проблемот и решението со „По договор“ и цените од 1 денар и 1 евро, прочитај во репликата над оваа.

Поздрав :)

Многу ми се допаѓа името. :p
Ти благодарам :D
 
Изменето од модератор:

Psycore

On your way to fame
12 ноември 2013
551
561
Скопје
Како што рекоа и другите логото е преголемо за старт. Името не е оргинално. Околу ова убаво би било да се пробиеш со некое мото во стилот на "секогаш бесплатно". Колку и добро да изработиш све, најбитно ќе биде како ќе го изрекламираш после и како да привлечеш луѓето да се огласуваат кај тебе.

Околу 4тиот предлог на @boro1 сакам да кажам дека е одлична идеја. Ама многу битно е сите тие полиња да не бидат задолжителни. Ваква грешка според мене имаат направено Reklama5. За издавање на стан имаат 30 полиња задолжитени и некои од нив има доста шанси да не ги знаеш во момент како на пример "Ориентација" Исток-Запад итн. Поготово ако работиш со повише станови, а си приморан да одбереш од dropdown менито. Вакви ситници мене ми го уништуваат целото искуство со сајтот.

Исто така од секогаш ме интересирало дали нашиве огласи (и постоечкиве и овој) имаат utf8 encoding средено. Дали ако пребаруваш за "Audi" ќе бара и огласи кој имаат "Ауди". И како се снаоѓаат со c ch ч.
 

viktorce

Gaining Experience
13 март 2015
371
264
Вo ред ти е oвa зaмислaвa, aмa дaли се сеќaвaш кaкo пaзaр3 се прoби нa пaзaрoт? И зaштo и двaтa oглaси oстaнaa пoпулaрни тoлку време.

Знaеш ли кoлку вaкa прoбaле пред тебе сo oгрoмни нaдежи декa ќе земaт дел oд кoлaчoт нa реклaмa 5 и пaзaр3 ? И штo се случи сите нaбрзo им oпaднaa нaдежите и прoектите oстaнaa зaбoрaвени.

2. Ќе си дaвaл бесплaтнo сo нaдеж декa тaкa ќе привлечеш клиенти. Oвa е пoвеќе безврскa oсoбенo aкo е нa дoлгoрoчен плaн бидејќи тoa ќе привлече неквaлитетни oглaсувaчи и втoрo ќе имa лaжни oглaси.

Третo дaли сметaш декa дo сегa нa некoј екoнoмистa не му текнaлo дa нaпрaви сaјт aкo тoј сметaл декa ќaр ќе имa.
Oдгoвoрoт е требa влoжувaње и реклaмирaње нa телевизијa,нa youtube, a сетo тoa бaрa пaри, дa не речaм 10000 еврa сaмo зa реклaмa aкo сaкaш дa имaш некoјa блискa пoсетенoст кaкo двaтa нaјпoзнaти сaјтoви зa oглaсувaње кaј нaс.
Сите тие пaри немa oдмa дa ти се врaтaт туку ќе требa време пa aкo си спремен дa влoжиш и дa си чекaш пoврaтoк нa инвестицијaтa пoвели.

Дa нaпрaвиме и втoрa кaлкулaцијa

Штo ќе се случи aкo немa вистинскa реклaмa туку вaкa сaмo пo фoрумчињaтa си пишувaш. Вo стaрт ќе привлечеш 10 oглaсувaчи oд тукa (aкo и тoлку) и тoa пoвеќетo oд тие кoи прoдaвaaт рaм мемoријa oд пентиум 3 пo некoјa ненoрмaлнa ценa и нa некoи нa кoи нениѓ не им се дaвa пaри зa дa прoдaдaт. И тoa ќе трaе тaкa нa пoчетoкoт, зa дa пoсле и тие ги снемa и сaјтпт дa ти дoјде нa 0.

Тoa се сoвети мoи. Спoред мoите кaлкулaции ќе ти требa првo дoбрo дa гo изреклaмирaш, пa вo првo време дa бидеш пoевтин oд пaзaр3 и реклaмa 5 нa пример сo 5 денaри oглaс итн. Пa пoтoa дa си јa чекaш инвестицијaтa.
Акo немaш дa влoжиш не си гo губи времетo безпoтребa. Oвa се нaјдoбрoнaмерни сoвети
 

StOrMK

Gaining Experience
25 јули 2015
801
388
Скопје
StOrMK's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i5 - 4440
Motherboard
Gigabyte H81M-S
Storage
TOSHIBA DT01ACA100 1TB
RAM
Kingston HyperX Fury 8GB
Case
Ментална :D
Mouse
Motospeed V70
Keyboard
Motospeed CK 104
Audio
Realtek HD Audio
Monitor
Benq DL2215-B 1920x1080 Full HD
OS
Windows 10 PRO 64bit
Дизајнот на картата на Македонија многу ми се допаѓа, логото со количка како маркет некако не ми изгледа прикладно за огласник (иако покрај бесплатното огласување некој на тоа да наоѓа мана е нон сенз...), јас би пишал во некој агол бесплатно огласување, огласите да бидат задолжително со име и слики, контакт телефон, цена. После ако сакаат страните при купување да се договараат за корекција на цената, тоа е дополнителна работа и надвор од огласник. И секако како шлаг на торта, редовно да се одржува. Можеби ќе му треба некое рекламче за почеток, потоа со квалитет би се покажал и самиот.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #19

Reklama7.mk

Intern
3 септември 2017
8
15
Како што рекоа и другите логото е преголемо за старт. Името не е оргинално. Околу ова убаво би било да се пробиеш со некое мото во стилот на "секогаш бесплатно". Колку и добро да изработиш све, најбитно ќе биде како ќе го изрекламираш после и како да привлечеш луѓето да се огласуваат кај тебе.

Околу 4тиот предлог на @boro1 сакам да кажам дека е одлична идеја. Ама многу битно е сите тие полиња да не бидат задолжителни. Ваква грешка според мене имаат направено Reklama5. За издавање на стан имаат 30 полиња задолжитени и некои од нив има доста шанси да не ги знаеш во момент како на пример "Ориентација" Исток-Запад итн. Поготово ако работиш со повише станови, а си приморан да одбереш од dropdown менито. Вакви ситници мене ми го уништуваат целото искуство со сајтот.

Исто така од секогаш ме интересирало дали нашиве огласи (и постоечкиве и овој) имаат utf8 encoding средено. Дали ако пребаруваш за "Audi" ќе бара и огласи кој имаат "Ауди". И како се снаоѓаат со c ch ч.
Во врска со деталите кои се на располагање во одредени категории, односно dropdown-ите, незнам како е кај пазар3 и реклама5, но на Реклама7 не се задолжителни, односно огласот може да се објави и без да се избере нешто од понудените опции. А не се задолжителни баш поради тоа што, можеби некој огласувач не сака или не го знае податокот во моментот на објавување, па така ако е задолжително а тој го внел огласот речиси цел, ќе мора или да исклучи па да го внесе кога ќе знае се, или да го внесе со погрешни податоци.

Во врска со второто прашање, тоа е едно од подобрувањата кое што ќе го има на R7, и веќе се работи на тој дел како последен major part пред сајтот да се пушти во целост OnAir. Ќе ја има таа опција, па без ралика дали си пребарал стан или stan, аеродром или aerodrom, мерцедес или mercedes, ќе ги добиеш истите резултати.
 

FLEGMA

Epic
2 август 2012
9,056
13,612
Целосна копија на реклама 5 што и не мора да биде толку лоша критика за земање на срце.
Логоата и изгледот ќе се сменат и верувам во тоа. Она што мене ми се допадна, како на лаик за web design, е тоа што Adblock не блокира ниеден елемент за разлика од реклама5 каде безмалку блокира се.

Мојот совет би се однесувал да имате подобра подршка од реклама 5 (e-mail, телефон..) драконско и безмилосно казнување на сите оние кои би ти се обратиле со навреди преку пораки заради цената или што и да е. Регистрацијата задолжително да биде со верификација на мобилен телефон.
Вака злоупотребите ќе се сведат на теоретски минимум.

Имав прилично незгодно искуство со реклама 5 во врска со навредливи пораки. Безуспешно барав помош од нивните админи и на крајот сето тоа заврши со пријава во полиција и јавно обвинителство.
Ликот ни знат ни познат почна да ме навредува заради цената на тоа што го продавав. Немаше начин да се дознае кој е освен преку пријава во полиција.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #22

Reklama7.mk

Intern
3 септември 2017
8
15
Вo ред ти е oвa зaмислaвa, aмa дaли се сеќaвaш кaкo пaзaр3 се прoби нa пaзaрoт? И зaштo и двaтa oглaси oстaнaa пoпулaрни тoлку време.

Знaеш ли кoлку вaкa прoбaле пред тебе сo oгрoмни нaдежи декa ќе земaт дел oд кoлaчoт нa реклaмa 5 и пaзaр3 ? И штo се случи сите нaбрзo им oпaднaa нaдежите и прoектите oстaнaa зaбoрaвени.

2. Ќе си дaвaл бесплaтнo сo нaдеж декa тaкa ќе привлечеш клиенти. Oвa е пoвеќе безврскa oсoбенo aкo е нa дoлгoрoчен плaн бидејќи тoa ќе привлече неквaлитетни oглaсувaчи и втoрo ќе имa лaжни oглaси.

Третo дaли сметaш декa дo сегa нa некoј екoнoмистa не му текнaлo дa нaпрaви сaјт aкo тoј сметaл декa ќaр ќе имa.
Oдгoвoрoт е требa влoжувaње и реклaмирaње нa телевизијa,нa youtube, a сетo тoa бaрa пaри, дa не речaм 10000 еврa сaмo зa реклaмa aкo сaкaш дa имaш некoјa блискa пoсетенoст кaкo двaтa нaјпoзнaти сaјтoви зa oглaсувaње кaј нaс.
Сите тие пaри немa oдмa дa ти се врaтaт туку ќе требa време пa aкo си спремен дa влoжиш и дa си чекaш пoврaтoк нa инвестицијaтa пoвели.

Дa нaпрaвиме и втoрa кaлкулaцијa

Штo ќе се случи aкo немa вистинскa реклaмa туку вaкa сaмo пo фoрумчињaтa си пишувaш. Вo стaрт ќе привлечеш 10 oглaсувaчи oд тукa (aкo и тoлку) и тoa пoвеќетo oд тие кoи прoдaвaaт рaм мемoријa oд пентиум 3 пo некoјa ненoрмaлнa ценa и нa некoи нa кoи нениѓ не им се дaвa пaри зa дa прoдaдaт. И тoa ќе трaе тaкa нa пoчетoкoт, зa дa пoсле и тие ги снемa и сaјтпт дa ти дoјде нa 0.

Тoa се сoвети мoи. Спoред мoите кaлкулaции ќе ти требa првo дoбрo дa гo изреклaмирaш, пa вo првo време дa бидеш пoевтин oд пaзaр3 и реклaмa 5 нa пример сo 5 денaри oглaс итн. Пa пoтoa дa си јa чекaш инвестицијaтa.
Акo немaш дa влoжиш не си гo губи времетo безпoтребa. Oвa се нaјдoбрoнaмерни сoвети

Најпрвин благодарам за конкструктивните критики, совети и пресметки. Ми се допаѓа начинот на кој размислуваш. Верувај ми, и јас си ги имав поставувано овие прашања многу долг период пред да решам да влезам во целава работа и да ја истерам до финална фаза.

Јасно ми е дека генералниот принцип на успех кај еден производ или услуга, налага дека без разлика колку тој производ е добар, беспрекорен, совршен и бесплатен, доколку никој не го знае, неуспехот е речиси сигурен. Следствено на тоа, јасно ми е дека иако е бесплатен, самото тоа нема да на никој начин (или во најдобар случај многу тешко) да им даде до знаење на пошироката маса народ дека ваков сајт воопшто пости во земјава.

Затоа знам дека ќе мора да се инвестира во паметен маркетинг план, почнувајќи секако од facebook ads, па завршувајќи со да речам герила начини на рекламирање. Многу е тешко да се успее без да се инвестираат одредена количина на средства, па затоа тоа ќе биде неизбежно.

Освен банерите, многу брзо по официјалното пуштање во употреба планот е да се воведат и таканаречени Премиум огласи, за кој што би се наплатувала одредена симболична сума од 5-10 денари по оглас, услуга наменета за оние корисници кои сакаат по привилегиран третман споредено со бесплатните огласи. Ова во никој случај не значи дека бесплатните огласи ќе загубат дел од привилегиите за сметка на премиум огласите, туку дека премиум огласите наместо 30, ќе имаат поголем број на обновувања, ќе бидат секогаш во топ 3 позиции при пребарување и сл.

Барем за почеток, приходи речиси и да не очекувам. Ќе бидам фокусиран на промоција и усовршување на корисничкото искуство, и нормално на одржување на квалитетот на содржината.
 

Mr.Jack

Gaining Experience
9 февруари 2008
652
399
  • Ја почнал/а темата
  • #25

Reklama7.mk

Intern
3 септември 2017
8
15
Целосна копија на реклама 5 што и не мора да биде толку лоша критика за земање на срце.
Логоата и изгледот ќе се сменат и верувам во тоа. Она што мене ми се допадна, како на лаик за web design, е тоа што Adblock не блокира ниеден елемент за разлика од реклама5 каде безмалку блокира се.

Мојот совет би се однесувал да имате подобра подршка од реклама 5 (e-mail, телефон..) драконско и безмилосно казнување на сите оние кои би ти се обратиле со навреди преку пораки заради цената или што и да е. Регистрацијата задолжително да биде со верификација на мобилен телефон.
Вака злоупотребите ќе се сведат на теоретски минимум.

Имав прилично незгодно искуство со реклама 5 во врска со навредливи пораки. Безуспешно барав помош од нивните админи и на крајот сето тоа заврши со пријава во полиција и јавно обвинителство.
Ликот ни знат ни познат почна да ме навредува заради цената на тоа што го продавав. Немаше начин да се дознае кој е освен преку пријава во полиција.

Во однос на AdBlocker-от, јас како долгогодишен негов корисник бев и сеуште сум постојано приморан да го гасам целосно за да ми се вчита почетната страна на реклама5. Затоа се пазеше прилично многу на тие работи, така да корисникот на никаков начин не биде демотивиран со користење на сајтот од такви банални причини.

Во однос на подршката, секогаш сум за квалитетот на прво место, односно би се добивала професионална услуга и одговори за евентуални приговори, поплаки, молби по одредени барања во врска со содржините на сајтот.

Во врска со заштитата од злоупотреби, ќе ќажам дека ќе бидеме многу претпазливи со одредени категории на огласи за продажба на недозволени предмети и услуги, како и дека по добиен приговор по основ на одреден оглас, доколку постои основано сомневање дека станува збор за злоупотреба да било чии податоци или дека поради самиот оглас дошло до било какво вознемирување на друг член или на лице кое воопшто не е член на реклама7, огласот ќе биде повлечен се до расчистување на случајот. За почеток, поради малиот број на огласи, решивме да одиме на стратегијата да огласот се објавува директно на сајтот по кликање на копчето Објави, бидејќи би имало помал број на огласи и нивното следење и контрола би била реално возможна од страна на администратор, а корисникот нема да губи време да чека одобрување на огласот од истиот. Ова директно објавување нема да важи за категоријата Лични контакти, каде реално сметам дека е најголем ризикот од можни злоупотреби, па таму уште од самиот старт ќе има одобрување од администратор за огласот да се појави на сајтот.



Шитни им го на Reklama5 или Pazar3 и прави нешто друго :)
:D Не се откажувам јас така лесно. А освен тоа, сакам не толку лесни предизвици.



@Reklama7.mk Прочитај ги нашите правила Услови за користење на ИТ форум
Не пишувај дупли постови, користи +Цитат за да одговриш на сите цитати од еднаш.

Благодарам за разбирањето

Се извинувам, нема да се повтори :)
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,647
Мислења
822,395
Членови
28,283
Најнов член
MilMil1998
На врв Дно