• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Препукувања и докажувања помеѓу Македонските портали (???)

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

Lavot

Intern
24 април 2007
34
0
нема врска, да не излези дека си ги мериме кој има подолг, не е во тоа намерата. Туку нешто ми падна во очи. Како се викаше ова стручно?

http://www.taratur.com/node/821

http://www.kadevecer.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=931&Itemid=11875

Би ве замолил во иднина да наведувате доколку преземате содржини!

П.С. Се извинувам ако ја однесов темава во несакан правец.
 
simonovski

Intern
11 јуни 2007
5
0
PR

Како се викаше стручно?
PR или Press Release и истиот ни беше пратен од PR менаџерот на Клуб Кастро.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #3

Lavot

Intern
24 април 2007
34
0
Не знам јас англиски во руската паралелка бев :pPP
Инаку во дописот од претставникот за односи со јавност (можеш и да си го преведиш на англиски ако сакаш) пишуваше дека текстот е преземен од www.taratur.com нели?
Како и да е, во иднина кога ќе објавувате содржини пишувани од нас, би ве замолил да наведувате дека се преземени.

П.С. Уште еднаш се извинувам за дискусијава надвор од темата (можете и ова да си го преведите на англиски).
 
simonovski

Intern
11 јуни 2007
5
0
Доволно беше

Прво лош ти е хуморот, второ објавено е тоа што е пратено од PR-от, а од каде, како, што PR-от го напишал известувањето тоа е негова работа, трето мислам дека доволно беше и надвор од темата е муабетов што ти го почна, за крај неколку интересни линкови:

http://tocka.com.mk/vest.php?vest=4628
http://www.taratur.com/node/842

http://www.zazabava.com/content/view/1589/68/
http://www.taratur.com/node/785

http://kajgana.com/more.php?id=368&tema=17
http://www.taratur.com/node/833

кој од кого овде и како???, ке се повторам,
сакам само да ти појаснам дека ние не го правиме тоа што го гледаш во горните линкови а ова со Кастро е поради тоа што е допис пратен од Кастро и како таков е објавен, не си во право што воопшто го спомна, од каде им е нив информацијата тоа не е наша работа, ние само го објавивме текстот што ни беше пратен.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #6

Ај од почеток. Дописот од Кастро беше потпишан дека е преземен од Таратур.ком. Тоа е авторски текст, ако одиме веќе до тоа. Тој мој лош хумор пријателе, со пиперки, ајвари, јајца и крастајци ти си го објавил.

Второ околу линковите мислам дека си го згрешил човекот на кој му ги покажуваш. Или не сакајќи пишуваш во наша полза. И јас за истото зборувам и со гаранција тврдам дека сите тие текстови прво се објавени на Таратур, а потоа и на другите портали. Еден од принципите на Таратур (можеш да прочиташ овде http://www.taratur.com/marketing) за кој стоиме од почетокот (јануари 2006) е да не објавуваме содржини што се веќе објавени на мак. портали. Тоа премногу јасно и гласно го потенцираме како наш квалитет. Околу постовите што си ги навел може да се види дека на некои нема датуми и не може да се докаже, но можам да се потрудам да ти најдам барем 20-30 кај што сме биле украдени.

Ако сакаш веќе и за овие до толку да објаснувам и ако барем малку се разбираш ќе забележиш дека:

1. http://tocka.com.mk/vest.php?vest=4628
http://www.taratur.com/node/842
Пишувано е во ист ден, на Точка има една мала и една голема слика - на Таратур има две големи слики. Ти изгледа ли големата слика за преземена од Точка и потоа зголемена? Или ситуацијата е обратна?

2. http://www.zazabava.com/content/view/1589/68/
http://www.taratur.com/node/785
Нема датум на Зазабава. На Таратур има. На Зазабава има текст од 8-9 реда, две големи слики и едно малечко. На Таратур има цели 7 пасуси и пет големи слики.

3. http://kajgana.com/more.php?id=368&tema=17
http://www.taratur.com/node/833
Нема датум на Кајгана. На Таратур има. Текстот е скоро ист. На Кајгана има мало сликче, на Таратур голема. Ти изгледа ли сликата на Таратур за зголемена или на Кајгана е смалена?
 
Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2,599
65
andrijeski.net
Phew. Ppl, chillout, sorabotka, tolerancija i pred se slozznost e ona shto ni fali vo Makedonija na site polinja.
Ako mislite deka vie ste vovele neshto novo, pocnete od toa, vo sekoj slucaj kje bidete prvi ;)

P.S. Lavot, iako si bil vo ruskata paralelka, ako sakash da bidesh uspeshen vo marketing prv cekor shto treba da go napravis e usovrshuvanje na angliski jazik, bidejki kolku i da ne sakame da priznaeme stanuva univerzalen jazik :)
 
D

Администратор
31 март 2007
3,273
1,910
www.iwmnetwork.com

Добро бе таратуровци, кајганџии, точкици, забавњаци и што Ве знам веќе.... се расправате кој од кого преземал ова она... а мене едно што не ми е јасно е зошто нигде не пишува од кај е ОРГИНАЛНАТА сторија... ова од авион се гледа дека е преведено од некој сајт. Објавувате фотографии од професионални фотографи, а кај се нивните имиња под фотографиите, барем наведете веб сат од каде ја пренесувате веста?
Објавувате watermarked фотографии без око да Ви трепне... и згора на се` имате дрскост да се расправате за содржини кои НЕ СТЕ ги Вие создале туку само сте ги пренеле.

Се појавил супермен, се појавил... таа ќе е веста во сите новини, портали, магазини и слично. Објавете ексклузивно интервју, посебна некоја статија на која сте потрошиле повеќе од една недела работа, па тогаш ако некој Ви ја преземе бунете се.

Срамота бе луѓе.... убаво ви вели Андријески, ни треба соработка, толеранција и разбирање... не ни требаат кавги кои не водат никаде... и во кои и двете страни грешат. Сакате да постигнете нешто? Не е ова начинот! :ua:
 
simonovski

Intern
11 јуни 2007
5
0
Се е кажано...

Си кажа се аминистраторот немам што да додадам освен линк до слика која е поголема и од таа на taratur.com :)

http://laptoping.com/wp-content/tdk_ssd.jpg
 
  • Ја почнал/а темата
  • #10

Lavot

Intern
24 април 2007
34
0
Phew. Ppl, chillout, sorabotka, tolerancija i pred se slozznost e ona shto ni fali vo Makedonija na site polinja.
Ako mislite deka vie ste vovele neshto novo, pocnete od toa, vo sekoj slucaj kje bidete prvi ;)

P.S. Lavot, iako si bil vo ruskata paralelka, ako sakash da bidesh uspeshen vo marketing prv cekor shto treba da go napravis e usovrshuvanje na angliski jazik, bidejki kolku i da ne sakame da priznaeme stanuva univerzalen jazik :)
Соработка може да постои со секој кој првенствено стои на земја, тие што летаат некаде и мислат дека го фатиле Господ за брада, затоа што имаат можност да (пре)пишуваат на Интернет, искрено и немам голема желба да соработувам.

Пријателе, шега беше тоа со руската паралелка. Го владеам англискиот прилично добро, но не сакам да станувам како нашите иселеници кои (ќе го употребам клишето) одат со карот по стритот на биџот. Имаме ние јазик и доволно зборови во него.

Инаку почна од тоа видете колкав ми е:
http://www.kadevecer.com.mk/index.php?option=com_news_portal&task=section&id=4&Itemid=11866

Брендирана секција "Не Биди Беэ Врска" на порталот Каде Вечер.

Не само со Кастро туку и со сите останати клубови има соработка и се доделуваат гратиси.

Нема ни јас да навлегувам во детали само погледнете го линкот и видете од кого е преэентирана секцијата и на кој начин, е вакво нешто нема на друг сајт во државава :bravo:

Околу поентата на D дека ситуацијата е таква каква што е, има цела студија за пишување.... Само исто така знам дека цели конструкции на реченици кои сигурно не се чист превод ги најдувам по ден-два на други портали...

Туку ај, доста му е на муабетов.
 
Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2,599
65
andrijeski.net
Ок де, whatever.

Оff Тopic:
Имаме ние јазик и доволно зборови во него.
Искрено, за ова не би се согласил. Немаме доволно зборови. Мртов ни е јазикот. Зборови имаме доволно ама го забораваме фактот дека секојдневно се создаваат нови термини, а нашиот јазик не креира нови зборови. Немаме ни предвиден систем за создавање на нови зборови, заради тоа не е чудо што толку многу се користат англиски изрази.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #12

Lavot

Intern
24 април 2007
34
0
Кој вели? Така мислеа и нашинците кои пред 30-40 заминаа низ белиот свет. Така, мислеа и Ромите кои низ времето го загубија јазикот па сега зборуваат со три збора нивни, два во земјата во која живеат и три интернационализми.
Чиџук море башка специјално оргум карашвериш мош нормално... и тн.

Во истиот правец, без вистински институции кои треба да се грижат за јазикот (какви што има во секоја посериозна земја) оди и Македонија.
А, дека сме немале зборови е аргумент на неуките, останатите ако не можат да најдат или не знаат, попрво ќе одомаќинат некој збор (транскрипција) отколку да го преземат целосно.

Примери има безброј каде што од СНОБИЗАМ (намерно потенцирам) се користат термините PR - што е еднакво на нашето ОЈ, потоа адвертајзинг, мерчендајзер, лајт шоу, ватевер (наместо како било или како и да е), ват да фак (ај да го ебам, да му ебам бељата, што да го ебам, ех ебаго) и уште еден куп пцовки (барем за тоа сме махери), оф топик или надвор од темата, или ако сакате архаично башка муабет, потоа менаџер што е потполно исто со нашето управник и уште милион други.

Снобизам е тоа пријателе, сакате вие да си признаете или не.
Како што било пред 30 години да се користат србизми, тоа е само одраз на нашиот наметнат комплекс на помала вредност.
И би те запрашал, зошто ако е толку едноставно, Французите и Германците на пример, прават екстремно големи напори да си го заштитат јазикот?
 
WTF!?!?! :ua: Постов ти е без никаква врска.

Доколку си претставник на некој портал, би требало да имаш подобри ОЈ (!?!?!).... А за францускиот и германскиот, ај малку погуглај историја на јазици и слично.
 
Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2,599
65
andrijeski.net
Како и да е, нема да напишам одговор во врска со погоре напишаното да на не се комплицира темата со непотребни работи. Слободно продолжете во Боречки клуб - http://it.com.mk/forum/forumdisplay.php?f=91 дел кој е предвиден за вакви работи

Поздрав :)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #15

Lavot

Intern
24 април 2007
34
0
Ќе објасниш зошто или твојот авторитет доволно зборува, па нема потреба од тоа...
Околу германскиот и францускиот не знам што сакаш да гуглам, а не знам ни ти на што целиш, зошто и двајцата знаеме (барем се надевам дека знаеш) оти германците имаат премногу строга политика во однос на навлегувањето на англискиот јазик.
Таквата политика со пропис забранува да се емитува филм без германска гласовна синхронизација, во училиштата се внимава децата прво добро да го совладаат германскиот пред да учат втор јазик, во меѓ. односи политичарите често знаат намерно да зборуваат на мајчин јазик (за да ја истакнат својата земја), а дури имаше и најава да се сменат веќе прифатените фудбалски термини со типично германски (остана само на предлог закон).
Во однос на Франција ситуацијата е слична, ако не и порадикална. Французите во секоја меѓународна активност не остануваат покусо, па освен на анг. се зборува и на фран. Знаете за франкофонската заедница и која е нејзината цел. Понатаму во однос на културните активности, Французите ги даваат своите документарни програми во други земји бесплатно (како на пример кај нас) се со цел да се шири францускиот јазик и култура.

Доволно е за ова или?
А, можеш и да ми објасниш ако не е така... се надевам дека овој пат ќе се потрудиш, освен ако не сметаш дека твојот авторитет и трите букви ЊТФ мене ми значат толку многу што ќе речам добро, така е!

Инаку PR пријателе мој е термин кој во Македонија не се употребуваше до пред некоја година. Се велеше: „претсатвникот за односи со јавност....“.

Но, снобизмот е заебана работа!
 
D

Администратор
31 март 2007
3,273
1,910
www.iwmnetwork.com
Live long and prosper. :)))))))

П.С. Не си ме сфатил, ама неам намера да објаснувам од многу причини.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #17

Lavot

Intern
24 април 2007
34
0
Биди и ти здрав и жив...

П.С. Искрено, не се загрижив многу околу тоа
 
direktor.e

Intern
6 април 2007
608
4
Lele sto sve sum propustil...
Mislam, HELOOOOUUUU :)
Шефе, македонискиот јазик е слаб со зборови. Кирилицата само ни го комплицира животот. И мене ми е криво и жал што е така, но така е!
Сум бил и во Франција и Италија и Шпанија. Точно е дека сите си го штитат јазикот, само имаат една мала предност...МНОГУ МИЛИОНИ ГИ ИМА.
Ние сме само 2, за жал и не сме моќни...

Што се однесува до првиот дел од темава, за порталите за забава, уффф, меч со две оштрици, информациите се слободни за објавување, може секој да превземе од секаде... тоа не е страшно..но поштено е да се наведе од каде...

Поздрав и ОПУШТЕНО
 
Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2,599
65
andrijeski.net
Што се однесува до првиот дел од темава, за порталите за забава, уффф, меч со две оштрици, информациите се слободни за објавување, може секој да превземе од секаде... тоа не е страшно..но поштено е да се наведе од каде...
Се согласувам..
Зависи што сакаат да постигнат. Дали се само кликовите битни или и квалитетот на посетителите. Во секој случај првото зависи и од содржините.

Јас лично, кога ќе прочитам некоја вест за која сум сигурен дека не ја измислиле македонските портали (можеби зошто веќе сум ја видел/прочитал на некој од странските???) прво нешто што сакам да го знам е дали тоа што сум го прочитал е точно, значи гледам до изворот кој е наведен најдолу во текстот.
Многу сум разочаран што скоро никаде не се наведува изворот. Доколку секаде се наведува изворот, лесно може читателот да дојде до коренот на веста и да ја сфати нејзината сериозност.

Ова беше причина да се откажам од посетување на многу македонски (ако не и сите) портали. Едноставно несакам да губам време на непроверени информации и такви без наведен извор што се ставени колку да има нешто интересно или да се пополни рубрика.
Да, за некои нема потреба наведување на извор. Ама тоа не е оправдување за сериозните вести што се листаат секој ден.
Практика ми стана, пред да читам нешто, да проверувам прво дали има наведен извор или автор на истото. Доколку нема, или не го читам или онака, поминувам низ текстот без посериозно да го сфатам или да се задржам.

Квалитетен читател бара извор, доколку го нема, во иднина медиумот нема да биде сватен сериозно. Ова оди само на негова штета.
 
Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2,599
65
andrijeski.net
Кога можат телевизии да соработуваат меѓу себе за некои работи, и соодветно да кажат од која телевизија е превземена снимката и веста, зошто тоа би им сметало на македонските портали?
 
Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2,599
65
andrijeski.net
Хех.. Погледнете го ова на пример (пред малку ми го дадоа линкот):
http://www.idividi.com.mk/Futurama/Nauka/388997/index.html

Цитат од написот: "(текстов е преземен од англиски сајт, па оди преведи ги некои од расите – така што се оставени во оригинал)"
</цитат>

Најдолу стои:
Извор: ИДИВИДИ
Објавена на 6/19/2007 2:58:47 PM

Нека се одлучат кој е изворот, или тоа поле на формата само го пополнуваат онака? И што е тоа толку страшно да го наведат англискиот сајт? ХАХАХАХ. Уште се пожалиле дека имале тешкотија во преведување на расите!!!

Трагикомедија!
 
Anarchy

Intern
17 јуни 2007
20
0
www.warez.bloger.com.mk
Eve taka sutkajki se niz blog.com.mk , go vidov blogot na lavot i na use eden a1 power, poseizgleda na A^1^T^E^A^M e, neznam to.

A1Power:
http://a1power.blog.com.mk/node/88664
Lavot:
http://www.lavot.blog.com.mk/node/88463

Taratur:
http://www.taratur.com/node/759

Ete taka sega, A1Power go zel od taratur, i go ima postaveno pred lavot na svojot blog.(Lavot go ima ostaveno duri vecerta)

Gledajte porakata od lavot sto e postavena na a1power na blogot
Код:
Наведувај те молам од каде ти се преземани текстовите.
(Lavot 26 Мај, 2007 - 20:33
a zosto vie ne naveduvate na taratur od kaj vi e prevzemenata vesta?

:ha: :ha:
 
  • Ја почнал/а темата
  • #25

Пак некој има проблем со датумите.
Прво пријателе, сторијата Сагата за Памела, децата и нејзиниот порно филм е токму она за што зборуваше Андриески погоре и не е преземена (прочитај ја ако не), туку е наше дело.
Се работи за очигледно неразбрана информација, што во овој случај оди до ептен извртена приказна - прочитај ја сторијата, ќе ти биде појасно.

А, за датумите
Таратур ја има објавено на 24.05.2007
На мојот блог е објавена на 25 Мај, 2007 - 00:44
На блогот на А1 Повер е објавена на 25 Мај, 2007 - 20:49

Имаш проблем со часовиве или?
Да ти појаснам - 00:44 во еден ден е 20 часа порано од 20:49 во истиот тој ден. Ти текнува сега или?

И оваа сторија е токму тоа за што се пишуваше погоре, покрај оваа на Таратур имаме објавено уште неколку кои зборуваат за непровереното преведување на мак. портали (најчесто од хрватски). Имам најдено тешки катастрофални утки, меѓу кои оваа за Памела е една од најдобрите.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,564
Мислења
823,401
Членови
28,069
Најнов член
Na$sko
На врв Дно