1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Препораки без објаснување

Дискусија во форумот 'Ваши сугестии / забелешки / проблеми' започната од fuzzjaw, 15 Мај 2020.

  1. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Unstoppable

    1,329
    2,075
    13 Јануари 2014
    Машко
    На форумов секој ден се отвараат теми кај што одреден член бара помош за купување, било хардвер, било телефон, или било што друго. Некои од таквите членови се поупатени во она што го бараат, некои не и бараат препорака како да постапат.

    Она што ме радува е што на огромен број од таквите теми коментираат членови што се разбираат и што имаат желба да помогнат. Од друга страна, има премногу ситуации кај што се препорачува А или Б, без никакво објаснување.

    Еве фиктивен пример за да доловам на што мислам, член бара помош за конфигурација за видео едитинг. Добива предлог за Intel конфигурација што би му вршела работа. Нареден пост е од член што вели "НИКАКО ИНТЕЛ, САМО АМД" и толку. Никакво објаснување зошто AMD, никакво појаснување што точно членот добива ако оди со AMD наместо Intel во неговата конкретна ситуација. Најпросто кажано, муабетот е (со извинување за дијалектов) "Купи го ова, а не другото, зш јас така реков.".

    Мило ми е што на форумов вистина има упатени членови што знаат што зборуваат и не даваат препораки од ракав. Ама кога се објаснува на некој што не е упатен во темата, не е на одмет да се напишат и збор-два околу тоа зошто ја давате конкретната препорака и што конкретно добива членот ако ве послуша вас, а не оној другиот.
     
    На Joco Ilievski, Cika, moongose и уште 9 други им се допаѓа ова.
  2. Arabian

    Arabian
    Gaining Experience

    638
    367
    5 ноември 2013
    Машко
    Потполно се согласувам со тебе, но 80% од новите теми предлог конфигурации се нови членови. И ако сте приметиле коментираат на нив само нови членови , дали прават по 2-3 профили да бустаат мислења:confused:
    Како и да е, поп апот што излава во подкатегоријата е многу добро нешто, што би препорачал на сите што би сакале да се отворат тема прво да пролистаат по веќе постоечките теми да си го најдат одговорот.
     

Сподели

Вчитување...