Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Препорака за хостинг/сервер

patton

Intern
11 јули 2024
3
0
Здраво на сите,

Работам како веб девелопер и до сега поголем дел од клиентите ми побарале хостинг услуги, и поради тоа потребна ми е препорака за хостинг/сервер.

Клиентите со кои соработувам во моментов, претежно се од Македонија (мали и средни бизниси, владини институции, NGO и т.н.). Проектите ми се изработени во популарните WordPress, Drupal, OpenCart и custom web applications (PHP/JavaScript/React/Angular).

Направив мало истражување на интернет и, заклучив дека Hetzner и Anexia (netcup) се квалитетни компании но не знам за кој план/пакет да се одлучам. Генерално за моите клиенти потребен им е брз и безбеден сервер/хостинг кој со тек на време ќе може да биде надограден со повеќе ресурси (простор, RAM/CPU...) и по можност да има cPanel/WHM.

Исто така, ги разгледав услугите од македонски веб хостинг компании но колку што имам информации (непотврдени) и тие користат сервер/хостинг од Hetzner, бугарски компании (ICDSoft Ltd.) и некои од кај нас (Interspace, Akton, UNET).

Ве молам дадете ми предлози за моите потреби и, доколку имате дополнителни прашања, слободно пишете ми.

Поздеав!
 

Ron26

Practice makes perfect
4 мај 2019
1.048
1.376
Contabo ти е најдобар ефтин VPS хостинг со сервери во Германија. 5 евра некаде месечно беше. Штом работиш со клиенти, битна им е брзина, така да VPS ти е must. Овие шерд ти се океј за хоби некое.
 

patton

Intern
11 јули 2024
3
0
Contabo ти е најдобар ефтин VPS хостинг со сервери во Германија. 5 евра некаде месечно беше. Штом работиш со клиенти, битна им е брзина, така да VPS ти е must. Овие шерд ти се океј за хоби некое.
Ти благодарам!

Инаку, буџетот од старт ми е планирам 130 евра месечно... така да препораката не мора да биде и толку евтина. :D
 

Ron26

Practice makes perfect
4 мај 2019
1.048
1.376
Ти благодарам!

Инаку, буџетот од старт ми е планирам 130 евра месечно... така да препораката не мора да биде и толку евтина. :D

па имаат повеќе пакети, иако мислам дека и најефтиниот за ова ќе ти брка работа. Само ова нема cpanel, ти мораш да инсталираш некој бесплатен, cpanel кошта едно 20 евра месечно од тоа што видов пред малце. Едина замерка за овие како што гледам е лошата поддршка што ја имаат, нема да има некој на клик да ти помогне за нешто. Треба да ги разбираш овие работи ако земаш од нив.
 

TylerMkD

Guru
7 ноември 2014
4.437
9.387
Prohost.mk - одлична поддршка и uptime. Земи некој поголем пакет, потоа ти рентај хостинг + поддршка за клиентите.
 

MartinPP

Gaining Experience
26 јуни 2017
126
119
/root
Imaf 4 dedi od OVH , brzinata im e super - DC e ogromen , ali support tapa 24h nekogas i povece za response, i dokolku odgovorat pobrzo ce e nekoj genericki odgovor - i skoro sekoj mesec imase po nekoj cas downtime radi upgrades na network ili problemi so mreza.
Ali sekoj so svoe iskustvo mozda mene taka mi se pogodilo.
 

patton

Intern
11 јули 2024
3
0
Здраво!

Најпрво да ви се заблагодарам на сите за препораките.

Се одлучив за дедициран сервер, но пред да направам нарачка имам уште едно прашање.

При конфигурирање на серверот, има опции AlmaLinux 8.9 + cPanel и AlmaLinux 8.9/Ubuntu 22.04/Debian 11.9 + Plesk.
Со контролните панели имам одлично искуство со cPanel, но со Plesk досега не сум имал прилика да работам. На официјална веб страница на Plesk има demo верзија и не ми изгледа баш лош контролен панел.

Сепак, сакам да ми кажете кој контролен панел повеќе го преферирате и зошто.

Ви благодарам однапред.
 

Нови мислења

Последни Теми

Онлајн членови

Статистика

Теми
47.538
Мислења
981.832
Членови
35.784
Најнов член
Kiril.
На врв Дно