1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Препорака за хостинг провајдер

Дискусија во форумот 'Веб Хостинг' започната од M.Pix, 23 oктомври 2019.

  1. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    684
    2,275
    27 Јануари 2014
    Машко
    Дечки, ми треба мала помош за нов хостинг провајдер. До сега го користам siteground.com и ipower.com.
    Првиов е екстра ама е убер скап и годишно го плаќам по 400 долари, веќе 4 години сум на него ама мислам дека може да се најде нешто поевтино со истите перформанси или малку послаб. На ipower хостирам по небитни ствари ама се катастрофа и 2 пати беа хакирани.

    Посетителите се строго од Америка, единствен услов е да има барем 30гб простор и голем bandwith. На siteground го користам пакетот Go Geek, чисто за споредба. Се наоѓа ли нешто поевтино, а исто така добро? Еве и мала статистика ако игра нешто улога.
    Screenshot_2019-10-23 cPanel X.png
     
  2. Mao

    Mao
    Gaining Experience

    910
    452
    5 Јуни 2007
    Машко
    Веќе година дена користам Contabo VPS (реферал линк) и сум презадоволен. Јас го користам VPS од 7.99 евра, на него имам хостирани над 20 не многу захтевни сајтови. ВПС-от под дефолт нема контрол панел, може да избереш опција за фрее Webmin (истиот го користам и јас) или ако сакаш да си доплатиш може месечно за Cpanel.
     
    На M.Pix и Маша им се допаѓа ова.
  3. Маша

    Маша
    Gaining Experience

    130
    232
    24 Април 2007
    Женско
    ^ Повеќе од 3 години го користам Contabo без ников проблем. Додуше имав еднаш проблем, ама сама си ја запоставив куќата :)
    Е сега пошто ти се од Америка посетителите, а на овие во Германија им се дата центрите, не знам пингот дали ќе ти одговара. Зависи што ќе хостираш...
     
    Последна промена: 23 oктомври 2019
    На M.Pix му/ѝ се допаѓа ова.
  4. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    684
    2,275
    27 Јануари 2014
    Машко
    Untitled.png


    Еве уште една статистика колку иде месечно. Се работи за мини блог, со woocommerce и неколку други мали сајтови. Се освен Америка не ми одговара. Него и друго прашање, на овие посети се исплати да се прејде на VPS или shared сеуште е океј?
     
  5. bxxxn

    bxxxn
    Practice makes perfect

    1,032
    1,154
    11 Март 2011
    Ако сакаш во иднина да направиш scaling на сајтот, мораш еден ден да отидеш на VPS или Dedicated, според статистиката имаш по 100-тина посетители на ден, што за Shared не би требало да е многу.

    Бидејќи секој Shared е различен, а вообичаено се со лимитирани ресурси, подобро гледај Real Feel, т.е. ако почне да кочи, да отвара страни по 10-тина секунди, спремај ги парите :)

    Според статистиката немаш некој раст во 2019, така да би требало да си добар уште некое време со слични хостинг опции. Ако си за промена, едно време доста ги фалеа https://www.fastcomet.com/ Иако истиве имаа и доста агресивни рекламни кампањи. Имаат добри цени 3 - 6 долари за почетните пакети, во САД се лоцирани, почетните пакети им се предвидени за 25-50000 корисници на месец, не се дел од EIG групацијата...
     
  6. Маша

    Маша
    Gaining Experience

    130
    232
    24 Април 2007
    Женско
    Од американскиве од времето ги памтам HostGator и Arvixe, ама мислам дека нешто поддршата не ми беше по ќеиф. Сега не знам како стојат.

    Можеш уште да тераш, посебно што трендов некако надолен ми изгледа, ама слободата на ВПС е незаменлива :) Штета што Германија не ти одговара :/
     
  7. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    684
    2,275
    27 Јануари 2014
    Машко
    Сега за сега не сум осетил да кочи, ама кога одредени продукти се ставаат на попуст знае да има огромна навала и порачки, е тогаш почнува да кочи и нарачките стојат пендинг не сака да ги процесира, евентуално ерор им дава. Иако тоа е еднаш на 2 месеци. Овие fastcomet имаат одлична понуда што би ми одговарала и тоа со купон од 70% ми доаѓа 220 долари за 3 години. А, јас платив 400 за 1 година... Има ли некој што ги користел да каже некакво искуство?
    Фала ептен за препораката, баш ќе ги разгледам подетално и со секјурити како стојат.
     
  8. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    736
    671
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Што би изгубил ако го хостираш во Европа?
     
  9. Mr.Jack

    Mr.Jack
    Gaining Experience

    610
    336
    9 Февруари 2008
    Ако знаеш да подесиш и одржуваш ВПС сам, тоа е најдобро и ќе добиеш најдобри перформанси за цената. Евтино е ако ги користиш Contabo, Vultr, Linode, OVH, DigitalOcean и сличните

    За Shared хостинг имаш повеќе избор на квалитетни провајдери: NixiHost, HawkHost, KnownHost, FastComet, ScalaHosting...Сите се евтини. А ако бараш ептен евтино а сепак квалитетно можеш да пробаш со BuyShared

    iPower се од ЕИГ Endurance International Group - Wikipedia, сите провајдери таму се катастрофа и избегнувај ги
     
  10. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    684
    2,275
    27 Јануари 2014
    Машко
    Брзина? Колку што сум запознаен, големо влијание има локацијата на серверот.

    Дури и bluehost да ги избегнам? Нив ги разгледував, а гледам и доста ги фалат по нетов.
     
  11. bxxxn

    bxxxn
    Practice makes perfect

    1,032
    1,154
    11 Март 2011
    Поголемиот број ривјуа се платени, така да не е релевантно.

    Јас хостирав еден сајт на хост кој беше супер евтин, еден од ретките кој нудеше неограничен простор и бендвит, а кој потоа го купија од ЕИГ. Го тргнаа CEO-то, ги набркаа повеќето од техничка поддршка, веднаш почнаа критиките од корисниците и на крајот го решија и тоа со тоа што го исклучија форумот и никогаш не го вратија. :)
     
  12. Mr.Jack

    Mr.Jack
    Gaining Experience

    610
    336
    9 Февруари 2008
    Избегнувај ги Bluehost. Тие што ги фалат по нетот се платени реклами и афилиејт што сакаат само да заработат. Ако се префрлаш од ipower на bluehost, се префрлаш на исти сервери и ист support team

    За пореални ривјус гледај негде каде што има оставени од разни корисници наместо топ10 листи или платени реклами
    Пример Bluehost is rated "Bad" with 1.5 / 5 on Trustpilot
    Изгуглај за EIG и нема да најдеш ни едно позитивно мислење за нив :D
    As Full As Possible List of EIG Companies and Brands With Details (Beware EIG Hosting!)

    Локација на сервер има влијание но не најголемо. Побитно е да оптимизираш сајтови и да одбереш добар сервер
     
  13. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    736
    671
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Нема влијание, 100 милисекунди нема никому да му го сменат корисничкото искуство. Рам и процесор ќе го сменат. Купи VPS, барај хост кој не прави overselling и не ограничува мрежен проток.
     
  14. bxxxn

    bxxxn
    Practice makes perfect

    1,032
    1,154
    11 Март 2011
    Инаку некои хостинг провајдери даваат ИП адреса на која можеш да провериш traceroutе и ping, во спротивно можеш и самиот да најдеш некој сајт хостиран на нивни сервер и да го пингаш.

    Инаку администрација си, побарај прием кај директорот може ќе ти каже каде го хостира форумот :)
     
    На Маша му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Garfield'

    Garfield'
    Intern

    189
    43
    18 Јануари 2019
    Машко
    Имаше еден хост ваков илдо или лидо беше не се сеќавам,подобар за 40$ месечно со 10240гб и domain,ќе го прашам сервисеро оваа недела,бидејќки немам време и ќе ти напишам.
    Го прашав линоде бил.
    • Standard Linodes
    • High Memory Linodes
    • Dedicated CPU
    • GPU
    Standard linodes:
    $0.003 per hour)
    $ 40 /MO
    $.06/hr
    32 GB RAM
    8 CPU Cores 640 GB SSD 16 TB Transfer
    40 Gbps Network In 7000 Mbps Network Out
    Linode Plans & Pricing Table
     
    Последна промена: 24 oктомври 2019
  16. Psycore

    Psycore
    Gaining Experience

    480
    426
    12 ноември 2013
    Мислам и со AWS да идеш ќе поминеш поефтино од 400 евра годишно.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,333
    9,748
    23 oктомври 2012
    Машко
    И јас сакав да го препорачам AWS, иако теоретски би требало да искочи поскап од хостинзиве, ама па пофлексибилен, пеј ас ју го и слични ствари.
     
    На Psycore му/ѝ се допаѓа ова.
  18. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    684
    2,275
    27 Јануари 2014
    Машко
    Не знам дали сум доволно искусен да сетирам AWS. Клиент знам дека ги користи за бекап на фото и видео и само пофални зборови има, ама некако на cPanel се навикнав и лесно би мигрирал. Ај ќе расчепкам викендов коа ќе сум послободен како функционира AWS. Сега за сега fastcomet највеќе ми одговара перформанси и ценовно.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  19. coNNectMKD

    coNNectMKD
    Gaining Experience

    244
    177
    13 Март 2017
    Машко
    Опција 1:
    [​IMG]

    Опција 2:
    [​IMG]

    Дури и shared hosting ќе ти заврши работа, шо знам..
     
  20. artweb

    artweb
    On your way to fame

    1,166
    511
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Кој хостинг е ова?
     
  21. LaLi

    LaLi
    Gaining Experience

    315
    203
    3 Февруари 2010
    Машко
    Код:
    https://www.host.mk/web-hosting/
    Види го последниот пакет power, за woocomerce нема да имаш никаков проблем

    Пиши ми пп ако сакаш да тестираш бесплатно еден месец
    *(еу сервер)
     
    Последна промена: 5 ноември 2019
  22. Mr.Jack

    Mr.Jack
    Gaining Experience

    610
    336
    9 Февруари 2008
    Namecheap
     

Сподели

Вчитување...