Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Препорака за "Ultrawide" монитор

latko

Intern
6 мај 2016
25
35
Скопје
Здраво дечки,
веќе некое време размислувам да земам ultrawide монитор.

Големина на екран: околу 38 инчи
Тип на панел: OLED или IPS
Мониторот би се користел 40 часа неделно за работа. Гејминг, до 10 часа месечно.

Потенцијални кандидати:
  • LG 38GN950-B - Anhoch - 61,880 ден
  • Dell Alienware AW3821DW - Макпетрол - 81.430,00мкд + 5%ддв (понудата е од почетокот на Декември)
  • Alienware 34 QD-OLED AW3423DW - Макпетрол - 78.096,00мкд +5%ддв.
    Не ми се допаѓа тоа што не го препорачуваат за светли соби, проблемите со оштрината кога прикажува текст поради специфичниот subpixel layout, и ризик од burn-in.
Го чекав CES 23 да видам дали се планира наскоро нешто интересно, но од ultrawide само LG излезе со новиот 45 инчен OLED кој што има многу мала резолуција.
Останатите би биле преку 2.5-3К еур што ми е надвор од буџет!

Што мислите за понудените модели? Кој ви се чини дека е најдобра понуда?
Сите мислења и предлози се добредојдени :)
 
Woofer

Gaining Experience
19 јуни 2008
181
213
Woofer's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 7950x3D & NZXT Kraken X63
Motherboard
ASUS TUF Gaming X670E-PLUS WiFi
Storage
Samsung 970 Evo Plus 1TB, Intel 660p 1TB, 2xToshiba 3TB
PSU
be quiet! Straight Power 11 850W Platinum
RAM
32GB DDR5 Kingston Fury Beast 6000 MHz
Video card
Asus ROG Strix RTX 3090
Case
NZXT H510 Elite
Mouse
Logitech G Pro X Superlight
Keyboard
Keychron Q3 Pro
Audio
Sennheiser HD 598 & Creative SoundBlaster X3
Monitor
Alienware AW3423DW QD OLED & LG CX 65 OLED
OS
Windows 11 Pro x64
AW3423DW го нарачав од Макпетрол Dell во Април минатата година, а ми го донесоа дури во Ноември...
Во случај да ти гарантираат побрза испорака, најдобра варијанта ти е без конкуренција.

Проблемот со fringing/острина се решава со Better ClearType Tuner. Го користам и за работа (најчесто во VSCode), и воопшто не се приметува освен ако не се залепиш многу блиску до мониторот.
За светла соба и рефлексии, немам никаков проблем.

Ден и ноќ ти е разлика помеѓу OLED и други панели, не би ги ни ставил во ист кош :)
 
Последна промена:

latko

Intern
6 мај 2016
25
35
Скопје
Ти благодарам @Woofer за информацијата.
Планирав да ги барам деновиве секако, ќе ги прашам и за потенцијална испорака на 3423ката. :)
 
null_ptr

Модератор
20 ноември 2013
773
714
да не го 'рушам' филмот - 1 причина зошто не земав ултравајд и се префрлив на дуал е што има бајаги чекање и ако нешто не е во ред со него... 2х
(не дека немаше проблем и со овие монитори што беа на лагер.. (сервис сакс)
 
fuzzjaw

Unstoppable
13 јануари 2014
2.062
3.832
Не знам каква ти е ситуацијата за работа, ама ако евентуално работиш на лаптоп со Thunderbolt 3, разгледај го и LG 38WN95C-W. Го имаш на ComputerUniverse, пред нецел месец ме фати околу 60тина илјади со сите давачки, и практично е 38-GN950-B, само без RGB осветлување позади и со Thunderbolt 3.
 
LG 38WN95C-W ми одговара повеќе бидеќи работам на Macbook, но до сега не сум го видел по нашиве продавници :(
Од ComputerUniverse не ми одговара, пошто планирам да го земам преку фирма, па мора да биде преку профактура.
Мислењето е автоматски споено:

да не го 'рушам' филмот - 1 причина зошто не земав ултравајд и се префрлив на дуал е што има бајаги чекање и ако нешто не е во ред со него... 2х
(не дека немаше проблем и со овие монитори што беа на лагер.. (сервис сакс)
Ти благодарам за информацијата @null_ptr. Секој производ има и ризик, така и со ова. Разгледував доста опции, и сепак мислам дека ulltrawide би одговарал најдобро за моите потреби :)
 
omegaRED

Adeptus Astartes
13 септември 2011
2.510
3.435
Скопје
omegaRED's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5800X & NZXT Kraken X63
Motherboard
ASUS TUF Gaming X570 Plus
Storage
2TB Samsung 970 EVO Plus, 1TB Silicon Power P34A80, 6TB WD Red + 2TB Toshiba
PSU
CoolerMaster Vanguard V1000
RAM
4 x 8GB Kingston HyperX @ 3600 MHz
Video card
MSI RTX4090 Suprim X
Case
NZXT H710i black/white
Mouse
Logitech G903 Lightspeed
Keyboard
Keychron Q3
Audio
SteelSeries Arctis Pro Wireless & Logitech X540
Monitor
LG UltraWide 38WN95C-W
OS
Windows 10 x64 Pro
LG 38WN95C-W ми одговара повеќе бидеќи работам на Macbook, но до сега не сум го видел по нашиве продавници :(
Од ComputerUniverse не ми одговара, пошто планирам да го земам преку фирма, па мора да биде преку профактура.
И од мене препорака за LG 38WN95C-W, на почетокот ми требаше време да се навикнам и на големината, закривувањето а особено на wide gamut-от, но по иницијалното прилагодување, не би го менувал за ниеден друг - освен за 38" OLED :)
 
latko

Intern
6 мај 2016
25
35
Скопје
И од мене препорака за LG 38WN95C-W, на почетокот ми требаше време да се навикнам и на големината, закривувањето а особено на wide gamut-от, но по иницијалното прилагодување, не би го менувал за ниеден друг - освен за 38" OLED :)
Фала ти @omegaRED за коментарот. Дали и ти го купи од ComputerUniverse или го има некаде и кај нас овој модел?
 
omegaRED

Adeptus Astartes
13 септември 2011
2.510
3.435
Скопје
omegaRED's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5800X & NZXT Kraken X63
Motherboard
ASUS TUF Gaming X570 Plus
Storage
2TB Samsung 970 EVO Plus, 1TB Silicon Power P34A80, 6TB WD Red + 2TB Toshiba
PSU
CoolerMaster Vanguard V1000
RAM
4 x 8GB Kingston HyperX @ 3600 MHz
Video card
MSI RTX4090 Suprim X
Case
NZXT H710i black/white
Mouse
Logitech G903 Lightspeed
Keyboard
Keychron Q3
Audio
SteelSeries Arctis Pro Wireless & Logitech X540
Monitor
LG UltraWide 38WN95C-W
OS
Windows 10 x64 Pro
Не го земав од CU, ми го донесоа од странство :)

Прашај можеби Нексио дали би се нафатиле да ти го донесат.
Фала ти @omegaRED за коментарот. Дали и ти го купи од ComputerUniverse или го има некаде и кај нас овој модел?

Испратено од SM-N986B преку IT.mk форум апликација
 
latko

Intern
6 мај 2016
25
35
Скопје
Не го земав од CU, ми го донесоа од странство :)

Прашај можеби Нексио дали би се нафатиле да ти го донесат.

Испратено од SM-N986B преку IT.mk форум апликација
Ми фаќа око @Rikimaru. но и да ја тргнеме цената на страна, нема да го собере ова чудо на моето биро :D
 
latko

Intern
6 мај 2016
25
35
Скопје
Здраво дечки.
Пред се, фала ви на сите за сугестиите, коментарите и советите :)

Пред некој ден го земав LG 38GN950-B, и иницијално сум презадоволен.

Сега сакам да земам еден држач (monitor arm) за да имам повеќе простор на бирото. Ги прегледав темите на форумов, и ги исконтактирав Ruvex и Vision. Ако знаете уште некое место што нудат солидни држачи пишете.
 
Атачменти

  • LG.png
    LG.png
    1,7 MB · Прегледи: 45

fuzzjaw

Unstoppable
13 јануари 2014
2.062
3.832
Здраво дечки.
Пред се, фала ви на сите за сугестиите, коментарите и советите :)

Пред некој ден го земав LG 38GN950-B, и иницијално сум презадоволен.

Сега сакам да земам еден држач (monitor arm) за да имам повеќе простор на бирото. Ги прегледав темите на форумов, и ги исконтактирав Ruvex и Vision. Ако знаете уште некое место што нудат солидни држачи пишете.

Со здравје да го користиш. За држач, зирни и Ergonomics, а имаш и Arctic во Нексио.

Препорака од мене, избегавај monitor arm со пружина со гас за ваков тежок/голем монитор, освен ако не е Ergotron (не се достапни локално). Постабилни се "обичните", само со шипка, ако не ти е потребно многу подесување.
 
Sonic.01

On your way to fame
5 јули 2016
211
636
Здраво дечки.
Пред се, фала ви на сите за сугестиите, коментарите и советите :)

Пред некој ден го земав LG 38GN950-B, и иницијално сум презадоволен.

Сега сакам да земам еден држач (monitor arm) за да имам повеќе простор на бирото. Ги прегледав темите на форумов, и ги исконтактирав Ruvex и Vision. Ако знаете уште некое место што нудат солидни држачи пишете.
За држач ако ти треба подвижност земи си monitor arm само види до која тежина држи, најчесто не е проблем и со поевтиниве ако не ти смета сам да ја го штелуваш vesa држачот.
Што се однесува за амортизерот се подесува така да нема да видиш проблем да мрда. Поголеми се шансите дека ќе мрда доле кај основата кај што се врти ама и тоа се штелува со имбус.
Иначе солиден избор на монитор, со здравје да си го користиш :D
 
Нови мислења

Последни Теми

Онлајн членови

Статистика

Теми
47.973
Мислења
988.384
Членови
36.118
Најнов член
sgjeoriov
На врв Дно