1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Препорака за телевизор

Дискусија во форумот 'Радио, телевизија, радио-телевизиски сигнал и него' започната од dramallama, 3 Јануари 2014.

  1. dramallama

    dramallama
    Gaining Experience

    366
    259
    24 Јануари 2013
    Машко
    Здравејте.

    Треба да се пазари 40-42 инчен телевизор (бар јас мислам дека таман ќе биде за собата во која ќе биде поставен, би се гледал на растојание од околу 2-2,5 метри, во нормално осветлена просторија, а највеќе би се гледале HD филмови и спорт), и после пребарување на форумов за препораки, разгледав низ нашиве сајтови, читнав неколку ривјуа (од моделите што можев да ги најдам), и го стеснив изборот на неколку модели. Буџетот е докај 45000 (ептен преку сила).

    - http://www.panasonic.com/uk/consumer/viera-televisions/led/tx-l42e6b.html (не сум сигурен дека го има кај нас, има цена за модел TX-L 42 E6EK) - 29000 ден.
    - http://www.panasonic.com/uk/consumer/viera-televisions/led/tx-l42et60b.html - 38000 ден.
    - http://www.panasonic.com/uk/consumer/viera-televisions/plasma/tx-p42st60b.html - 43000 ден.
    - http://www.samsung.com/uk/consumer/tv-audio-video/television/led-tv/UE42F5000AKXXU-spec (на официјалната страна на Самсунг нема модел F5500, па најверојатно е овој, поправете ме ако грешам) - 34000 ден. (цена за F5500)
    - http://www.samsung.com/uk/consumer/tv-audio-video/television/led-tv/UE40F6400AKXXU-spec - 31000 ден.
    - http://www.samsung.com/uk/consumer/tv-audio-video/television/led-tv/UE40F6500SBXXU-spec - 39000 ден.

    Многу битно прашање: Дали, на пример кај Панасоник моделите (соодветно и за Самсунг), последната буква го означува регионот за кој е наменет? На пример првиот модел, кај нас може да е со ознака ЕК на крај, а во друга земја со ознака В? Дали се работи за истиот модел, и доколку не, што би била разликата?

    Доколку имате и друг предлог, би бил благодарен доколку ми го посочите. Избегнав Сони и ЛГ (Сони поради тоа што мислам дека се преценети во овој ценовен ранг, а ЛГ бидејќи, иако звучи глупо, дизајнот кој го имаат не ми се допаѓа).

    Извинете за долгиот пост, но навистина битни ми се мислења, искуства и совети. Ве молам да ми одговорите што поопширно зошто тој, а зошто не овој (доколку сте во можност), и ако може да избегнувате одговори од типот „Земи го тој и не му ја мисли, јас го имам и сум презадоволен“. Сепак не се мали пари во прашање, и сакам да го направам најдобриот можен избор.

    Ви благодарам на сите однапред за времето што ќе го одвоите, и среќни празници на сите, да сте ми живи и здрави! (Ме мрзеше официјална честитка да пишувам :D)
     
  2. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,596
    5,163
    20 Април 2007
    Машко
    На igor_xxxx му/ѝ се допаѓа ова.
  3. dramallama

    dramallama
    Gaining Experience

    366
    259
    24 Јануари 2013
    Машко
    Претпоставив. :) И мене највише ме влече тој, но сакав да слушнам повеќе мислења.
     
  4. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,596
    5,163
    20 Април 2007
    Машко
    Инаку кога би ги гледал во однос на понудено/добиено, цена, перформанси и квалитет дефинитивно би одел на оваа варијанта:
    http://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=1_174_4&product_id=206480

    Панасоникот би го прескокнал. Едноставно последниве две три години имам се некое лошо искуство со нив....
     
  5. dzunko

    dzunko
    Gaining Experience

    319
    265
    26 Септември 2007
    Машко
  6. Revan

    Revan
    Gaining Experience

    660
    310
    25 Мај 2008
    Дефинитивно Panasonic ST60 серијата.

    Прво со одбирање плазма добиваш слика далеку посупериорна од сите LED алтернативи до тој ценовен ранг и нагоре, значи дури и двојно поскап LED телевизор да купиш, пак нема да може да се спореди со црната боја, деталноста на сенките и целовкупната униформност на сликата што плазма телевизорите ја овозможуваат.

    Според тоа што го имам читано за овој модел на Панасоник, поседува една од најдлабоките црни бои, подобра црна вади само ZT60 моделот. Други позитивни страни се деталноста на сенките и точноста на боите, без пренагласеност со совршена неутралност.

    Негативни страни, 3D-то не е на ниво како кај најдобрите Samsung или Sony модели, но е задоволително и е со активни shutter наочари, така да нема да губиш на резолуција, но затоа губиш на светлина и повеќе ги заморуваат очите.

    Друго, дефинитивно не е за гејминг, прво заради високиот input лаг, а второ заради ретенцијата на статични слики, бидејќи игрите се преполни со статитични слики од мапи, интерфејси и слично.

    По форуми имам читано дека многу полесно се добива image retention од статични слики во споредба со другите плазма екрани, од burn-in нема потреба да се плашиш, бидејќи тоа е одамна надминат проблем кај плазма екраните.

    Така да ќе треба малку повеќе да внимаваш кога ќе гледаш нормална телевизија да не остане екранот на еден ТВ канал со статично лого повеќе од 12 часа бидејќи ќе ти бидат потребни неколку дена или повеќе додека се исчисти формата на логото.

    Првите 100 часа е пожелно да се гледа исклучиво fullscreen програма, без letterbox и слични ствари, после тоа можеш да гледаш што сакаш.

    Значи феноменален е телевизорот, бара многу повеќе грижа од LCD алтернативите, но затоа квалитетот на сликата е незаменлив, еднаш кога ќе погледнеш филм на плазма, сите LCD-а ќе ти делуваат слабо.
     
    На uwemi и dramallama им се допаѓа ова.
  7. dramallama

    dramallama
    Gaining Experience

    366
    259
    24 Јануари 2013
    Машко
    Фала на одговорите.


    Највеќе што се двоумам кај овој е баш 3D-то, односно тоа што е активно 3D. И дека доаѓа со 1 пар наочари само, а прашање е дали ќе најдам некаде посебно наочари. Инаку и јас читав за овој неколку ривјуа, и сите викаат дека телевизорот е топ ноч. Само ова шо го спомнав ме стаи у дума.

    Дали и LED би одбрал Панасоник, конкретно тој со IPS панел што е (http://www.panasonic.com/uk/consumer/viera-televisions/led/tx-l42et60b.html)? Тој некако ми е втора варијанта.
     
  8. dramallama

    dramallama
    Gaining Experience

    366
    259
    24 Јануари 2013
    Машко
    Ако може и одговор на прашањево само, доколку некој знае. Односно, конкретен пример: Дали TX-L42E6B = TX-L42E6EK?

     
  9. dzunko

    dzunko
    Gaining Experience

    319
    265
    26 Септември 2007
    Машко
    Isto e toa , se razliluvaat vo bojata na ramkata . B = black , EK mislam e srebrena boja, ama te sovetuvam ne gi kupavaj ovie modeli PANASONIC, kupi ili TX-L47ET60 ILI 42 istiot model so IPS panel , ili kupi nesto od Samsung koj e vo klasata na TX-L42E6B . Konkretno receno TX-L42E6B ima los agol na gledanje ,ama koga velam LOS stvarno los, a pak serijat ET e druga prikazna. poz
     

Сподели

Вчитување...