1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Препорака за телевизор

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од username, 13 oктомври 2012.

  1. username

    username
    Gaining Experience

    526
    66
    4 Јули 2009
    Машко
    Здраво,

    Сакам да се обновам со едно ново ТВ,

    Слабо ги следам последно време тв-ава и не се разбирам многу од тоа што треба да содржи од додатоци едно тв во денешно време.

    Би сакал да е Лед ма да може и ЛЦД.

    Да е минимум 32" и да е до 20 000.

    Гледав некои во амц Филипс Самсунг ЛГ тука некаде беа али појма неам кој е подобар. Гледав и еден Quart 42" за таа цена па се мислам и за него.

    Читав нешто тука низ форумов isp панели ово оно али појма неам ни што се ни како се.

    во препораката пуштите и линкче од нашиве маркети (амц, техномаркет, нептун ...)



    Благодариме
     
  2. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,031
    26,747
    4 Септември 2008
    LED = LCD, исто е. Како и да е, за таа цена т.е. малце повисока од овој подобар нема, и да сакаш.
     
    На goce ilievi и Sukhoi им се допаѓа ова.
  3. genius

    genius
    Gaining Experience

    357
    235
    6 ноември 2007
  4. username

    username
    Gaining Experience

    526
    66
    4 Јули 2009
    Машко
    Ја како што мислам LED != LCD

    Лед е нели позадиското осветлување кое е подобро од лцд и како што гледам со цениве за 1000-2000 се поскапи.

    Иначе овие убави али 24 000 многу ми е, иначе што ќе кажете за овој? или да не се залетувам по вакви чкљ марки?
     
  5. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,031
    26,747
    4 Септември 2008
    Да но LED осветлувањето е дел од LCD екраните, не се посебни производи, тоа ти е како да кажеш ќе купувам Ксеон наместо кола...
     
    На Sukhoi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. username

    username
    Gaining Experience

    526
    66
    4 Јули 2009
    Машко
    Во ред не се разбирам многу за да кажувам тука, само имам читано дека LED се подобри толку, а според цената ваљда така е, затоа напишав препорачливо да е лед но немора.

    Иначе за тој Quart-от мислење. Бидејќи многу сакам 42ка али од јакиве марки испод 25 не се наоѓа
     
  7. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,031
    26,747
    4 Септември 2008
    Quart е фирма од најниска можна класа на пазарот, дно.

    Додека од друга страна имаш Panasonic со IPS панел, Фиќо vs Mercedes E класа.
     
    На Sukhoi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. username

    username
    Gaining Experience

    526
    66
    4 Јули 2009
    Машко
    аха, а некој до 20 000 од типот на ЛГ Сони самсунг, па и панасоник, ете немора да е со тоа isp панелот. препорака. Гледав имаше неколку модели од овие производители кои беа да не речам скоро со иста цена.

    И кога сме кај isp панелот едно кратко објаснување што значи тоа?
     
  9. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,031
    26,747
    4 Септември 2008
    Подобар агол на гледање, по умерени и реални бои, неверојатна оштрина, подобар контраст, подобра бела, и пријатен на очи, другите телевизори од тој ранк не се споредуваат со Панасоникот, ако сакаш разгледај ги и другите, ама за тие 3000 помалце или приближно иста цена зависи кој модел ќе го земеш, ќе добиеш многу помалце, и ќе се каеш.
     
    На Sukhoi и genius им се допаѓа ова.
  10. genius

    genius
    Gaining Experience

    357
    235
    6 ноември 2007
    HD Ready се најчесто тие модели до 20000.

    Инаку размисли, телевизор купуваш еднаш во 5+ години, дали вреди да дадеш 3600 денари и да имаш телевизор кој е за една класа подобар од останатите до таа цена или сега да ги уштедиш овие пари, па наредните години да се каеш зошто не си додал уште малку, кога си можел да добиеш многу подобар ТВ.

    Со ISP панел на кратко ке добиеш многу попрецизни бои и поголем агол на гледање, а подетално има на форумот пишувано доста разврти ги темите малку...
     
  11. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,596
    5,163
    20 Април 2007
    Машко
    Гледам за кратко време се разви голема дискусија...По мене доколку си се решил за ТВ до 32 инча, и тоа да биде ЛЦД, во тој случај оди на Панасоникот...Немој да се замараш со други марки. Прво ради тоа што Панасоник става ИПС панели. Следна марка која би ти ја препорачал е ЛГ, но за нив мораш да го прелисташ гугл...Зошто? За различни пазари се вградуваат различни модели на панели, па за да си сигурен дека ке имаш примерок со ИПС треба да ги знаеш сите шифри и ознаки...Инаку кај ЛГ менито е многу попрегледно него кај Панасоникот, едниствено тоа ми пречи кај него, инаку за енџинот и другите ствари е ОК.
    Друга работа за 32-ка е тоа што фул хд не ти е воопшто потребен, туку и повеќе од доволен е да е хд реди.
    Ако сакаш да одиш на 42-ка, во тој случаај би ти препорачал плазма...Не ЛЦД. Но доколку си упорен и сакаш тоа да е ЛЦД, ке треба да платиш двојно повеќе пари за квалитет..
    Ефтините работи ке ти бркаат работа, но секогаш ке си викаш: Зошто не дадов повеќе пари и да не се замарам..

    Инаку препораките и советите кои ти ги даде псај ти се одлични.
     
    На psyside и Sukhoi им се допаѓа ова.
  12. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,469
    12,643
    2 Август 2012
    Машко
    Плазмата има една непремостилва мана а тоа е рефлексното стакло. Сите други мани ги отклонија но ова не можат.
     
  13. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,596
    5,163
    20 Април 2007
    Машко
    Па скоро сите нови ЛЦД-а се глоси, така да....
     
  14. Revan

    Revan
    Gaining Experience

    660
    310
    25 Мај 2008
    За некои е маана, за некои е предност.

    При отсуство на надворешно светло, рефлексното стакло дава поживописни бои, а без надворешна светлина не постои и нејзина рефлексија, така да останува само предност.

    Додека anti-glare coating-от, иако не рефлектира светлина, сепак заради неговата нерефлектирачка функција, се губи голем спектар и живописност на бои.

    Така да ствар е на вкус и потреби.

    За гледање филмови, со минимално или тотално отсуство на светлина, рефлектирачката природа и отсуството на backlight bleed, заедно со извонредната црна боја, плазма телевизорите ги прави многу повеќе примамливи него LCD/LED телевизорите коишто користат позадинско осветлување, не за џабе најдобрите премиум телевизори моментално се плазма.

    Единствена маана им е тоа што доаѓаат во поголеми димензии, а со самото тоа и повисока цена и тоа што бараат малце повеќе внимание во првите 100-200 саата.

    Телевизорите со позадинско осветлување (LCD/LED), едноставно се поприкладни, попристапни и поефтини. Светлината на собата не е битна, не е битно ако го заборавиш на статична слика и да се плашиш од burn in и трошат многу помалце енергија.

    Него да се навратам на темава, човекот напомена дека минимум 32 инча сака, но не и стриктно толку, мој совет ти е да присобереш уште 4-5000 денари и да си земеш 42 инча LCD од Philips или LG, види кој е најефтин.

    Бидејќи до таа цена скоро сите телевизори имаат иста слика, вака барем големината и за 10 години ќе си остане иста, додека сликата со тек на време деградира кај сите телевизори, според мене големината е најбитен елемент кај еден телевизор, поготово ако е наменет за во дневна соба.

    Искрено и јас мислев дека телевизорите на Panasonic со IPS панел се нешто феноменално, се додека не ги видов во живо, не се разликуваат воопшто од далеку од други телевизори до таа цена, IPS е супер технологија, но според мене е подобро наменета кај мониторите кои што се гледаат од блиску и се чуствува разликата.
     
    bate mile, olikomerc, SaleSk и на уште 1 им се допаѓа ова.
  15. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,596
    5,163
    20 Април 2007
    Машко
    Све што кажа е одлично...Феноменално не постои ништо, но можеби не си загледал на вистинско место вистинска слика. Што сакам да кажам со ова...Голем број од ЛГ и Филипс исто така користат ИПС панели, само за да го дознаеш тоа мора да го превртиш гугл...За панасоник се знае дека со сигурност е ИПС...
    Е сега за квалитетот на сликата. Кога гледаш многу телевизори највеќе во очи ти упаѓа оној најконтрастниот и оној со најдречливи бои...Тоа е неоспорен факт. Човековото око е склоно кон такви работи...ИПС панелот секогаш ке биде помртов во однос на ВА панелот, а нив ги користат најмногу Самсунг и Сони (ВА), во поново време ги вградуваат и Филипс, односно панели кои ги произведува шарп...
    Меѓутоа кога ке видиш ИПС наспроти ВА при прикажување на човечка кожа, лице или тело, ке ја видиш вистинската придобивка кај ИПС-от и вистинскиот губиток кај ВА панелите.
    Природноста на бојата ја чини магијата на сликата, а не контрастот и јаките бои...Тогаш можеш да го воочиш она што навистина треба да се добие од квалитетен панел, односно телевизор... :)
     
    dreamson, psyside и на DJAMBAZ им се допаѓа ова.
  16. vane44

    vane44
    Баниран/a

    1,417
    774
    26 ноември 2010
    До пред некој месец имаше во АМЦ Panasonic Viera TX-L32C4E за 16000 тоа беше ептен best-buy сега веќе го нема за жал,но тука е техно маркет со цена од 17600 за истиот
     
    На psyside му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Jokerski

    Jokerski
    On your way to fame

    814
    733
    28 oктомври 2010
    Машко
    Прашоци, бели пецива и др. средства за бистрење
    A onaa toshibata od karfur :D so hiper cena ?
     
  18. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,469
    12,643
    2 Август 2012
    Машко
    Гледам никој не зборува за процесирањето на сликата. Ги гледам LG-иве имаат супер слика .....се додека кадарот е статичен или објектот не се движи брзо. Се наредно се претвора во мрља!
    Motion Interpolation е рак рана кај LCD-ињата која неискусните корисници ја пропуштаат или биваат заведени од маркетиншки трикови кои се кубурат со 240 Hz и 400 Hz(!) ....што е глупост.

    Сони од ова печали огромни пари меѓутоа, рака на срце, MotionFlow-ot одлично си ја врши работата.
    Можеби нема да приметите на 720x540 но на HD и Full HD итекако се приметува. Што се однесува до позадинското осветлување local diming FTW!
    Sony и Samsung имаат заедничка фабрика за матрици (S-LCD) а вградуваат S-PVA или Sharp UV2A матрици.

    Да се обрати внимание на бројот на HDMI конектори а мрежниот конектор е огромен плус!
     
    На mitkopp му/ѝ се допаѓа ова.
  19. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,596
    5,163
    20 Април 2007
    Машко
    Затоа што за широка потрошувачка им е поефтино да земат панели од Шарп, а и споредувајќи ги со нивните во некој сегменти се и подобри...
    Истите како што реков ги вградува и Филипс во своите модели, и покрај тоа што и они во коорпорација со ЛГ имаат фабрика за производство на панели! :)
     
  20. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,469
    12,643
    2 Август 2012
    Машко
    Да, целта на мојот пост беше да укажам на бесмисленоста од натегање кој е подобар Сони или Самсунг, LG или Philips итн.
    На пр. она што го има Самсунг го нема Сони и обратно..во смисла на ергономија во мени и надворешни џиџиња (сензори за светло и движење на пр.)
     
  21. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,577
    3,515
    11 Декември 2008
    Машко
    Значи колку да си знаете тие понеуптените. Панасоникот не дава ништо подобра слика од LG или Samsung, поточно тие помалите до 32 инчи телевизори. Не да е IPS него што сака нека има џабе е.

    Второ, како што вика форумашов над мене, да не наседнувате на финти како 100 Hz CMR или MCI (у превод Clear Motion Rate, Motion Clarity Index), што у превод значи на пола реална слика - 50 Херци, или вештачки интерполирани 100 херци.
     
  22. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    2,898
    2,476
    21 Јануари 2011
    Машко
    Најбитно е што ќе гледаш? Ако гледаш блуреј тогаш сликата ќе биде прекрасна, ако гледаш аналогна телевизија тогаш ќе пцуеш.
    Повеќето луѓе не приметуваат забележителна разлика во квалитетот на сликата кај различни класи на телевизори (зборуваме се разбира да речеме за истиот филм пуштен на различни телевизори), тоа е потполно нормално и секојдневно. Единствено нешто што приметуваат е разликата во цената и фалењето (рекламирањето) на одреден модел на телевизор и врз основа на ова донесуваат заклучок дека е добар или не е добар.
    Тоа ти е нешто како уметноста на Ван Гог.
    Еве конкретен пример и прашање:
    [​IMG]

    Би дал ли ти неколку милиони долари за оваа слика? Би дале ли повеќето нормални луѓе пари за вакво нешто доколку немаат чуено за него?
    Ако не си уметник и не ја знаеш нејзината вредност сигурно не би ја ни погледнал ни два пати а камоли да ја платиш!
    Мој совет: батали ги уметнициве на форумот и земи го најефтиниот 32 инчен телевизор што ќе го најдеш, ниту ќе згрешиш ниту ќе се каеш.
     
  23. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,031
    26,747
    4 Септември 2008
    Мислам дека никој при здрав разум не би купил телевизор само за аналогна телевизија во денешно време, еве и да не гледа HD филмови, ќе гледа HD (дигитални канали т.е. телевизии) на кои со добар LCD сликата е кристал.
     
    На SaleSk му/ѝ се допаѓа ова.
  24. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,596
    5,163
    20 Април 2007
    Машко
    Не е баш така како што викаш. Има огромна разлика. Незнам дали си имал можност да гледаш на ист сетинг два или повеќе телевизори, пуштени на иста програма?
    Ако малку, барем малку прошеташ по темите, ке најдеш една тема во која во лоши светлосни услови имам напишано збор два за професионални монитори, едниот со ВА, а другиот со ИПС панел. Има неколку аспекти, неколку критики и неколку различни заклучоци.
    Неоспорен факт е следново: ИПС панелот дава неприкосновено најдобар и најприроден приказ на бои. Има најдобар агол на гледање. ВА панелите имаат подобар контраст и подбро ниво на црно, но затоа боите им се како на цртан филм. ТН панелите не исполнуваат ни еден од горе споменатите карактеристики, но за широка потрошувачка се и најефтини.
    Ако мислиш дека 32 инчен ТВ дава иста слика, ондак зошто би мислеле дека сите оние панели за ТВ и монитори ке бидат различни? По тебе испаѓа дека било кој монитор под 32 инча ке биде ист и ке дава иста слика? Јас твојов пост така го разбрав. Мислам дека не си во право за ова...
    Маркетиншките трикови не сакам да ги коментирам. На нив наседуваат оние на кои не им е ни битно ни каква марка, ни каков панел, ни какви карактеристики ке има телевизорот. Овие потрошувачи се најбројните, па заради тоа менаџерскиот маркетинг тим на една компанија троши највеќе пари баш на овие финти...Целна група на сите компании се потрошувачите, и тоа оние во low end сегментот.
     
    На Necromancer и psyside им се допаѓа ова.
  25. deki1

    deki1
    Gaining Experience

    165
    57
    20 Јули 2011
    секој телевизор се зема за своја потреба, ти го одреди буџетот сега оди види пушти ги сите и спореди кој тебе најповеќе ти се допаѓа во приказ на боја и сл. а што се однесува до марките сите марки од познатата 4 мислам на Sony, Samsung, LG, Panasonic се добри, e сега колку пари толку музика, зато впрочем постојат и серија 3,4,5,6,7,8 на самсунг, се знае кое е најдобро, а за телевизорите стварно е дискутабилно да тврдиш оваа марка е подобра од другите, секој си има своја намена и целна група, во ревиите најдобри со години за лцд-лед се самсунг а за плазма панасоник макар и тоа не е релевантно, не е ко компјутер па вади толку краен скор и се знае кој е подобар.
    еве предлози од мене
    http://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=1_174_173&product_id=201966
    и
    http://www.set.com.mk/Proizvod.php?vrednost=10&grupa=28&si=65223
     

Сподели

Вчитување...