1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Препорака за телевизор

Дискусија во форумот 'Радио, телевизија, радио-телевизиски сигнал и него' започната од * ILE *, 22 Април 2012.

  1. * ILE *

    * ILE *
    Intern

    58
    20
    14 Декември 2010
    Решив да се подновам со нов телевизор 32 инчи,па ако можи да препорачате некој модел
    буџет од 25000 до 30000денари
    Јас ги гледавследните модели:

    Samsung 32" LED TV, Model: UE32D5000PWXXH во сет 27790денари
    http://www.samsung.com/uk/consumer/tv-audio-video/television/led-tv/UE32D5000PWXXU-spec
    LG 32 LV 5590 во Нептун 29999 денари

    http://prosat.hr/Default.aspx?pid=693
     
  2. MasteR_#0

    MasteR_#0
    Unstoppable

    2,707
    2,313
    14 Декември 2010
    Машко
    Види ако најдеш некој од Panasonic TX моделите со Alpha-IPS панел, имаат модели од 32-42", Steff_Maja има ривју за 42" модел побарај го на форумов, одлични телевизори за цената.
     
    На * ILE * му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Steff_Maja

    Steff_Maja
    Practice makes perfect

    4,111
    1,670
    30 Мај 2010
    32 и 37 инчниот модел со IPS-Alpha, а 42 инчнииот е IPS LCD.
     
    На * ILE * му/ѝ се допаѓа ова.
  4. * ILE *

    * ILE *
    Intern

    58
    20
    14 Декември 2010
    Го имам видено ривјуто на Steff_Maja одличен модел,меѓутоа го нема нигде моментално на лагер во Битола,прашав во T-mobile ,Нептун и Сет.
    За моделите што ги имам наведено погоре, кој е подобар Samsung или LG?
     
  5. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,577
    3,515
    11 Декември 2008
    Машко
    LG-то е екстра, LED, 100Hz TrueMotion, USB репродукција на скоро сите видео формати итн.
    Зимај :)
     
    На * ILE * му/ѝ се допаѓа ова.
  6. maci

    maci
    On your way to fame

    2,879
    635
    2 Април 2008
    јас земав лг 42 ично за 23 000 кога беше отварање на нептун кај кванташки.тогаш беше 28900.чита се.не е лед обично лцд е.сега гледам е 26000.
    земи си 42 не се заебавај со 32.јас ке се зафркнев со 32 инчното филипс....ама 42 е таман.32 е мало.

    LG 42 LK 430

    •42"(107cm) Full HD LCD TV
    •Резолуција: 1920x1080
    •Контраст: 100.000:1
    •Време на реакција: 4ms
    •3xHDMI 1.3, Scart, Component, RGB in
    •USB 2.0 (JPEG, MP3, DivX)
    •DVB-T/C MPEG-4
     
  7. Steff_Maja

    Steff_Maja
    Practice makes perfect

    4,111
    1,670
    30 Мај 2010
    Немој случајно да си земал HD Ready :D
     
  8. maci

    maci
    On your way to fame

    2,879
    635
    2 Април 2008
    со буџет од 25000 до 30000денари

    за тие пари што ги имаш се наоѓа 42 инчно. пак ќе ти кажам немој 32 инчно.
     
  9. pilch@rd

    [email protected]
    Gaining Experience

    1,338
    131
    22 Август 2009
    За тие пари ке земеш Full HD Sony LED телевизор и комшиите има да ти завидуваат..Остави LG, Samsung и остали марки, земај Сони да те види господ...Ова може да го каже некој кој што има вакво нешто, или имал непосреден контакт со ваков телевизор. Имав можност да споредам LG 32'' и Sony 32'' и двата LED, и сонито даде каде каде подобра слика..Sony Rules !!!
     
  10. * ILE *

    * ILE *
    Intern

    58
    20
    14 Декември 2010
    Никако HD - Rady :geek:
    За Soni Led телевизорите имам слушнато многу негативни коментари,така да испѓаат од игра во мојот случај, за тоа и лично се уверив во тоа денес во споредба со LG т.е телевизори од иста класа Soni i LG.
    И јас сакам 42 инчи ама не ми се совпаѓа во просторот сега засега.

    Утре ке одам пак во T-Mobile ,да прашам колку треба да се чека за Panasonik

    http://t-home.mk/mk/107/833/64/Korisnichki_uredi/Televizori/Panasonic_TX-L32E5E.html
     
  11. tomi

    tomi
    Guru

    9,818
    9,058
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    Моја препорака, немој LG, кога купував телевизор се консултирав со доста добри познавачи на телевизори и ми рекоа LG и ништо друго, првата 42`` плазма кога ја земав беше одлична но за кратко време го продадов иако немаше никаква мана, потоа купив 32`` LG LCD после неколку месеци му рикна неонката го однесов на сервис под гарнација го чекав 30 дена од кога го земав работеше уште 2-3 дена пак рикна, после ми го заменија со моја долата за 42`` Sunny, иако телевизорот беше турко производство немаше ниедна мана освен тоа што мене ме бодеше во очи она Sunny што стои на самиот телевизор, за кратко го продадов и купив LG 42`` LCD LK430, го користев некои си месец дена кога случајно приметив некои позадински флеки на екранот, се консултирав со SaleSK и ми рече дека има кондензација во самиот панел и слично работи кој не ми се јасни и не навлагам во нив, побарав одговор од LG за проблемот и не добив никаков Feedback, го однесов на сервис и пак чекав околу 30-40 дена, и сега на крај ми го заменија пак за ист таков нов, уствари само господ знае дали е нов како и да е беше спакуван уредно како нов. Исто така купив многу убав сараунд од LG кој сум презадоволен, користам и Монитор LG IPS, кој исто така сум задоволен ама некако со телевизориве не ми тргна, моја препорака не купувај LG, според мене проблемот е до тржиштето, многу е битно кај се прозиводува односно склопува, претпоставувам дека тука за балкан се е чкарт и ефитна роба тоа се однесува за се што е поврзано со техника така да, пред да купиш телевизор убаво распрашај се каде е произведен, што со гаранцијата за колку време би го сервисирале ако недај боже рикне нешто и слично, иако постои гаранција за секој дел во МК исто како да не постои, кога мораш да чекаш 30 дена да ти се плукнам во гаранцијата. Се знае ти рикне треба најбрзо да го средат дефектот, а во Мк сите чекаат последен момент да го прават ти го држат 29 дена и последниот ден, го прават. Ужас. Поентата на муабетот ми беше се во соба што ми е LG ама или е до мене што немав срека со телевизорите или стварно се некоја лоша категорија, како што прочитав на етикетата на класа на производсвто беше Б класа или пониска како и да е не беше А класа, самото тоа ме стави во даун позиција :)
     
    На * ILE * му/ѝ се допаѓа ова.
  12. maci

    maci
    On your way to fame

    2,879
    635
    2 Април 2008
    дали сеуште го имаш LG 42`` LCD LK430? колку месеци го имаш?
    каде на која тикета прочита Б класа?
     
  13. * ILE *

    * ILE *
    Intern

    58
    20
    14 Декември 2010
    Фала многу томи за исцрпниот одговор,ме зачуди за LG - то.
    Иначе и јас користам LG монитор и сега засега сум презадоволен. Но ако случајно неможи да се порача Panasonik
    http://t-home.mk/mk/107/833/64/Korisnichki_uredi/Televizori/Panasonic_TX-L32E5E.html
    според тебе што да се земи? И што мислите за Самсунгот?
    http://www.samsung.com/uk/consumer/tv-audio-video/television/led-tv/UE32D5000PWXXU-spec
     
  14. pilch@rd

    [email protected]
    Gaining Experience

    1,338
    131
    22 Август 2009
    Кои се тие негативни коментари? Дај напиши ги тука па ке продискутираме. Немојте само да прочитате едно ривју на нет, и ајде тој телевизор нечини. Користам монитор Sony купен пред 1997 година и до ден денеска го користам за мали работи, НО сеуште работи како денот кога е купен. Пред 5 месеци купив LED Sony 32'' и немам коментар за него, едноставно одличен е. Истотака имам уште неколку Sony производи по дома, меѓукои и Sony лаптоп и досега ниеден не покажал слаб квалитет, или некои друг проблем со нив. Затоа кај мене Sony се наврвот, пред сите други.
     
  15. Fearless

    Fearless
    Gaining Experience

    753
    188
    22 Јули 2009
    Машко
    Проблемот со панелите на сони не е туку така од еден телевизор, туку веќе скоро цела година се пишува за тоа. Не е квалитетот ист ЗА НИШТО како што бил во 1997 година така да да не се навраќаме на тој период. Јас имам видено кај многу луѓе што во истото веруваат како тебе дека сони е најдобар и квалитетот на сликата воопшто не ме одушевил да речам WOW Сони, другиве везе немаат глеј каква слика има сони. Туку ми делувал и бетер од останатите.

    А тоа дека за нашиот пазар се носат чуда е точно. Квалитетот воопшто не е ист како што е во нормални држави. Кај нас на крај се се сведува ако ти се погоди производот и не дај боже да треба да го носиш во сервис. Чим почнеш во сервис да го носиш ќе си го носиш често и секој пат по 30 дена ќе чекаш.

    Јас генерално сум задоволен од брендовите во следниов редослед: Panasonic, Philips, Samsung, LG, Sony. А изненаден сум и од Quart затоа што воопшто не се лоши како што сум си ги замислувал порано, но далеку се од нормална конкуренција.
     
    На * ILE * му/ѝ се допаѓа ова.
  16. * ILE *

    * ILE *
    Intern

    58
    20
    14 Декември 2010
    Се согласувам со Fearless 100% кој објасна убаво за панелите на Sony.
    Пред еден месец едно другарче купи телевизор Sony поточно овај модел
    SONY KDL 32 EX 520 AEP

    и по една недела користење почна телевизорот сам да се исклучува и да се вклучува
    Но згора на тоа му се појавиа 3 хоризонтални и 2 вертикални црни линии на панелот,кутриот уште неможи да си го земи од сервис и
    не се знае кога ке биди сервисиран.
    Изгледа ти си имал повеќе среќа со твојот модел,дај боже никогаш да не ти откажи,но во глобала сегашните телевизори
    на Сони не се за машала.
     
  17. pilch@rd

    [email protected]
    Gaining Experience

    1,338
    131
    22 Август 2009
    Не е истиот модел како мојот. Сега проверив на кутијата пишува дека е произведен во Чешка. :) Може има и лоши серии, како што во секој производ има некоја серија која нечини, не велам не...
     
  18. helius

    helius
    Pro.

    37
    5
    24 Април 2007
    Јас имам LG 32'' LD420 скоро година и пол. Сосема солиден немам ништо лошо да кажам за телевизорот, не сум имал никакви проблеми. Само да потенцирам 32 инча ти е мал иако прочитав дека не ти одговара во просторот гледај барем 37 ако не можеш 42..
     
  19. Steff_Maja

    Steff_Maja
    Practice makes perfect

    4,111
    1,670
    30 Мај 2010
    BTW некој спомнуваше на форумот дека од Samsung само LED се the best. Plasma не им се добра страна.
     
  20. dzunko

    dzunko
    Gaining Experience

    319
    265
    26 Септември 2007
    Машко
    PANASONIC !!! прашај во Нептун дали сеуште го има моделот од 42 инчи со 5 години гаранција !!! Супер за парите ( 29900 ден ) и рает 5 години да си , а и најмалку се расипуваат ...
     
  21. * ILE *

    * ILE *
    Intern

    58
    20
    14 Декември 2010
    Денес бев во Нептун, го нема тој модел со 5 години гаранција.

    Утре треба да одам во Т-mobile да го порачам Panasonik - от ,па колку ќе се чека ќе видиме.
    Иначе фала на сите за препораките,кога ќе дојди телевизорот ќе пишам и ќе споделиме впечатоци.
     

Сподели

Вчитување...