1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Препорака за Телевизор

Дискусија во форумот 'Радио, телевизија, радио-телевизиски сигнал и него' започната од KalEl, 5 Февруари 2012.

  1. KalEl

    KalEl
    Gaining Experience

    477
    72
    20 Август 2011
    Машко
    Оверклокер
    Сакам да купам нов ТВ па ме интересира што би ми
    прпорачале до 30.000, и ако може на кратко зошто
    токму тој, поздрав.
     
  2. vlatkooo3

    vlatkooo3
    Intern

    104
    2
    12 Март 2010
    samsung. ne mi teknuva so brojka bese ali ke se potrudam da go najdam sea i report imaces. zaso samsung? bidejki licno sam uveren deka nivnata tv-tech e na najvisoko nivo. eco mode, senzor dokolku nikoj nema vo sobata televizorot automatski da se 'stand by', moze da se omrezat so pc, direkten primac za internet. skype tehnologija so vgradena kamera.
    ke probam da najdam toa nr. sea
     
    На KalEl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Sephiroth

    Sephiroth
    Баниран/a

    3,492
    2,518
    14 Мај 2008
    Машко
    Строго Панасоник, а за поевтини модели може и LG. Друго не ни погледнувај. причината за тоа се супериорниот Alpha-IPS панел на Панасоник и LG-Philips квалитетниот панел и убавиот фирмвер кај моделите на LG.
     
    Audiofil, KalEl и на zorandesign им се допаѓа ова.
  4. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,596
    5,163
    20 Април 2007
    Машко
    Купи си Sunny од Нико со Шљамсунг панел...
    Најбољи се зашо не се баш ефтини а се ноунејм...

    Дај направи некој потесен избор од два три модела, димензија, што би сакал да има или нема, што ти е битно на него и така натака. Има мал милион телевизори за кој може да се дискутира, но без конкретни работи кои ти се битни се е џабе.
     
    На KalEl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ARMac

    ARMac
    Орган

    6,198
    7,119
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Јас се заебав со SONY и ова нема да го кријам и покрај тоа што ме поткупија.

    Имав ЦРТ Самсунг Слим Лајн долго време и сакав да се модернизирам си купив 5.1 ресивер, HTPC и остана уште ТВ. Врти сучи во моментот најприфатлива ми беше понудата на Т-хоум за Sony 32bx320 720p панел.

    Значи го купив на 27 Јуни 2011.

    На 29 Јули 2011 се појавија 2 вертикални линии на панелот. Ало видео дата вака вака дојдете да го земете. Дојдоа од видео дата и го земаа.

    Поминаа 30 дена колку што пишува во гаранцијата (а и законски е толку) и јас нервозен на 1-ви септември палам кола правац видео дата во пинтија. Таму гужва чекам саат време доаѓам на ред и викам што е со телевизорот. И тој ми вика порачан е нов панел ќе стигне за недела-две и се сврте кон следниот на ред. Ми пукна филм го барав одговорниот и дојде дотична госпоѓа Сузана и почна да се вади демек она била на одмор затоа не бил порачан панел на време едно друго. Јас и викам не ме интересира сакам нов телевизор. И она почна ама знаете процедури ова она ќе чекате повеќе него да го замениме панелот итн. и ми предложи да ми се продолжи гаранцијата за 60 дена наместо за 30 демек надокнада за изгубено време. Ај прифатив пошто и детето ми беше болно па немав многу време да се ебавам со бирократите во телеком. Ми го вратија телевизорот на 12-ти септември 2011 и беше ок. На писмено не ја продолжија гаранцијата иначе.

    На 21.11.2011 (2 месеци) пак се појавија такви линии овој пат на другата половина на екранот. Пак ги викнав видео дата го земаа. На 26.11.2011 ми се јавуваат од сервис и ми викаат дојдете да ви дадеме потврда за нов телевизор. Ајде пак до пинтија, па до телеком, па чекање една недела. Ми се јавија од Галерија SONY да дојдам да си го земам новиот телевизор демек бил спремен. Ајде отидов пешки пошто колата ми беше во дефект. Здраво здраво каде е телевизорот, еве го повели го земав на раце да го носам, доаѓам дома и го оставив да се прилагоди на температура. Го пуштам кога што ќе видам десната страна на телевизорот 4 нијанси потемна од левата. Ајде пак го спакував назад во продавница и им викам ваква замена јас не ви прифаќам. Го спуштив таму им оставив адреса, податоци и излегов.

    Одма после тоа им пишав емаил на Сони Македонија. На 5.12.2011 ми се јавуваат од Сони да отидам во Галерија демек имале решение. Отидов и ми викаат на одговорните во Сони Македонија навистина им е жал заради целата ситуација и во знак на извинување ви нудат друг модел на телевизор (sony 32bx420) поскап за околу 120 евра. И го земав. Добив 1080p, 24p True Cinama, слика во слика и слични глупости. Овој сега за сега работи. Ќе видиме понатаму.


    За сите да си знаат. Панелите на SONY (т.е. sharp?) НЕ ЧИНАТ. Барем не на најефтините модели.


    Само да напоменам дечките вработени во Галерија Сони карши Рамстор беа крајно љубезни, коректни и услужливи. Алал да ви е.
     
    tamamuzicar, Audiofil и на KalEl им се допаѓа ова.
  6. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,596
    5,163
    20 Април 2007
    Машко
    Јас кога зборам дека Сони се одавна историја, вие мислите дека се заебавам.
    Самсунг се само дистрибутери на панели кои Сони ги вградува, а панелите на Самсунг како што имам и поодамна пишувано се живо срање. Затоа и се одкажаа од производство на Плазми... Тргнаа со развој на лцд панели...Но и таму според мене не се прославија...Меѓутоа на голем дел од корисниците кои се пристрасно поврзани со овие марки е невозможно да им се докаже спротивното, па така да не се ни трудам повеќе...Колку повеќе им објаснуваш, толку повеќе они се убедени дека ке го купат она за кое ти ги разубедуваш. И веќе ми е напорно и досадно да објаснувам едни те исти ствари и дефинитивно се откажувам...
    Како и да е, секој со својот памет. :)
    И со својата среќа...
    Верувам дека ARMac си имал само лоша среќа со неколку телевизори...Сони се најбољи, чудно што ти се десило тоа...Ти си еден таков случај...Други нема :)
     
    На Pane-G, Audiofil, KalEl и уште 3 други им се допаѓа ова.
  7. ARMac

    ARMac
    Орган

    6,198
    7,119
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Ќути не да ги мрзам.

    Ова ми е прв и последен пат да купам нешто од техника пред да се распрашам добро. Јас појма немав си отидов по логика, сони си е сони. Ама не е сони више.

    Иначе на брвиот телевизор стоеше Made in Malaysia, на овој поскапиов стои Made in Chez Republic. Иначе не е самсунг панел го проверив по бројче, овој е SHARP а на поефтиниот беше самсунг.

    Ваљда ќе потрае да не го урочам ми се смучи од сервиси и тегнење натаму наваму.
     
    На KalEl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,508
    25,576
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    И мене ми се сони вчера дека дека си купив Панасоник ;) j/k

    SaleSk чисто информативно пошто си многу упатен.Дали панасоник е најдобар во моментов (после пионир мислам) за панели? Колку ми е нубовско прашањево ;)
     
    На KalEl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,596
    5,163
    20 Април 2007
    Машко
    Pioneer Kuro беше најдобриот...Но беше, значи дека повеќе не е...Kuro од дамна не се произведува, односно Pioneer престанаа со производство и развој на плазмите, колку што знам.
    Во моментот по статистики, ривјуа и тестови Panasonic се број еден во плазма технологијата, но тука се одма LG кој минатава година му ги замрсија конците и на Panasonic и го завземаа лидерското место и во овој сегмент, односно се прогласени за компанија на годината за производство и развој во оваа област...

    За ЛЦД технологијата:
    Единствено нешто кое мене малку ми го мати паметот е сервисната подршка која ја имаат овие фирми во моментот. Јас лично би одбрал LG, а Panasonic би го ставил како втора опција кога се работи за квалитет на слика и менија на самиот уред...Но ова е лично мое мислење, значи боите кои ги презентира ЛГ-то некако ми се попријатни лично на мене за мое око. Менито и навигацијата исто така ми е по јузер френдли на ЛГ-то. Е сега ако збориме за сервисна поддршка, во тој случај директно би одел на Панасоникот заради тоа што Видео Дата не се овластени за сервис на истите, односно за ова се овластени од сервисот на К&К.
    Уствари да не бидам на некој начин пристрасен, би се кршел помеѓу овие две марки...За даден модел, во даден момент би ја донел конечната одлука...Вака не би можел да кажам...

    Е сега многу ми се допаднаа некој модели на Philips, но гледајќи кои и што панели користат, и кој е овластен сервис, ги исклучив привремено од понатамошно разгледување, што не значи дека поворно можам да се навратам на нив...

    На кратко...Шарп панелите кои користат PVA/MVA матрици не се лоши...Напротив знаат да извадат многу подобра црна од ИПС панелите, и колоритот им е поживописен. Во смисла некому може ова да пречи, некому може да се допаѓа.

    Е сега па од друга страна IPS е непобедлив кога станува збор за агол на гледање и природност на боите, односно тие се релативно поумерени...Единствен проблем на некој начин им е црнилото, но за сметка на тоа има други позитивности.

    Сумарум...Оние кои користат МВА/ПВА панели на прв поглед делуваат како да откинуваат со слика, но по кратко гледање ова можеби почнува да замара...
    Оние кои користат ИПС, на прв поглед малку делуваат како да им се сликите онака пригушени...По некое време уствари сваќаш дека тоа е тоа што треба да го има еден телевизор и да не те замара...

    Во принцип се си има предности и негативности...На кого што му треба, и нормално кој каков вкус има...

    p.s. Се изнапишав а не ти одговорив на прашането Калчо :)
    Значи производители на панели има многу, а тие се прилагодуваат спрема она што го бараат крајните производители, во случајот Панасоник, ЛГ, Филипс итн...
    Значи се е измешано. На пример Филипс продава и произведува панели, телевизори итн, но во голем број на своите ЛЦД телевизори вградува Шарп панели, а не ЛГ Филипс...Ист е случајот и со ЛГ, со Сони, со Самсунг итн....
    Можеби се на врвот, кој да знае, но тука се и ЛГ-Филипс, тука се Шарп, тука се и еден куп други брендови :)
     
    На tamamuzicar, Audiofil, Тони и уште 8 други им се допаѓа ова.
  10. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,508
    25,576
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Фала ти немораше толку исцрпен одговор...;) Иуште нешто ме интересира...што телевизор имаш дома ;)
     
  11. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,596
    5,163
    20 Април 2007
    Машко
    Дома имам три CRT-a :)
    Сите три се Philips. Едниот е 37cm, обично телевизорче, мало знаеш за на тераса за летно време и така, другото ми е 51cm класика исто од 1990 година кое ми стоеше во детска на времето, сеа ми е у спална, а у дневна имам 70cm кој има слика у слика, 100 херци, сараунд, вуфер, и што уште не, на времето купен 3500 марки, далечната 1995 или 6-та, така нешто не сум тачно сигурен :)
    Зошто прашуваш?
     
  12. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,031
    26,747
    4 Септември 2008
    Нема што да се додаде, 100% точно, жалосно е после толку пишување и труд (на форумов) сеуште некој да живее во имагинарниот свет каде што Samsung & Sony доминираат, луѓето кои се водат според рекла казала се во голем број.

    Пример еден комшија неможев да го убедам дека неговиот стар добар CRT вади многу подобра слика од TN ѓубрето што го купи за 5000 денари на распродажба :D

    Не сфаќаат што значи катодна цевка :geek: за нив brightness = квалитет faceplam.jpg
     
  13. Shutter

    Shutter
    Gaining Experience

    349
    120
    29 Декември 2010
    Машко
    Студент
    Додека се отвори дискусија за телевизори, би сакал да видам што мислите за овој модел. http://www.lg.com/us/tvs/lg-42PJ350-plasma-tv/technical-specifications.
    Го имам веќе една година и засега немам никакви забелешки, но сепак да слушнам и ваши мислења.
     
  14. KalEl

    KalEl
    Gaining Experience

    477
    72
    20 Август 2011
    Машко
    Оверклокер
    Брат да е Full HD околу 100 цм, јас гледав еден LG во Нептун за 26.000, знам дека LG се меѓу најдобрите производители на ТВ и секако Panasonic кои по тоа што имав можност да прочитам се на врвот и го заебаа Sony, па би сакал да ми препорачате нешто од LG и Panasonic, може и други ако мислите дека се ОК, а што е работата со овие Sunny прв пат слушам, поздрав и благодарам на сите ;)

    За овој Sony што викате.

    30.990,00MKD


    KDL-40EX401
    [KDL-40EX401]

    • [​IMG]
    • [​IMG]
    screen 40'' (102cm) Full HD 1080p, LCD Tv with Bravia engine 2, USB media player, 130.000 : 1, 24p True cinema. 1 x AV, 3 x audio, 1 x Component video, 2 x SCART, 1 x RGB, 1 x VGA, 4 x HDMI, 1 x USB, optical.​
     
  15. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,508
    25,576
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Онака само прашувам без повод ме интересираше да не имаш некој монструм дома... ;)
     
    На SaleSk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. KalEl

    KalEl
    Gaining Experience

    477
    72
    20 Август 2011
    Машко
    Оверклокер
    Еве неколку модели од мене

    Neptun:

    PANASONIC TX-L 42 U 3 E •42"(107cm) Full HD LCD TV

    •Резолуција: 1920x1080
    •VIERA Image viewer (AVCHD, SD video, MP4, MP3, AAC)
    •V-Audio virtual Surround •VIERALINK
    •2xHDMI 1.4, PC in, Scart, Component, Optical
    •DVB-T/C MPEG-4

    [​IMG]

    29.999,
    GRUNDING 40 VLE 7131 BF


    •40"(102cm) Full HD LED TV
    •Резолуција: 1920x1080
    •PPR 400Hz
    •SRS Tru Surround
    •4xHDMI, PC in, Scart, Component, RGB in
    •2xUSB 2.0 (JPEG, MP3, DivX)
    •USB Recording
    •DVB-T/C MPEG-4

    [​IMG]
    29.999,

    LG 42 LK 450


    •42"(107cm) Full HD LCD TV
    •Резолуција: 1920x1080
    •Контраст: 100.000:1
    •Време на реакција: 4ms
    •3xHDMI 1.3, USB 2.0
    •Scart, Component, RGB in
    •DVB-T/C MPEG-4

    [​IMG]
    28.999,
     
  17. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,596
    5,163
    20 Април 2007
    Машко
    Монструм на времето беше Филипсот...
    Се уште го средувам спратот дома, во кој наскоро ке се вселувам...Наскоро мислам за година дена одприлике, па во план ми е веќе 50 инчна фул хд плазма, ја имаше во нептун...Него не ја зимам зошто џабе ке лежи неуклучена, а гаранција ке си тече...Плус за некое време сигурно ке има и нешто ново, па ке видиме...Копјата ке се кршат дефинитивно помеѓу Панасоникот и Лг-то....50 инчи...Поголемо е претерано, а помало, ке биде дежаву :)

    Во врска со темата.
    За Сони дискутиравме, ништо не велиме...
    Панасоникот е одличен избор, ЛГ-то 450 исто така...
    Ако се решиш помеѓу овие, кои и да го избереш, нема да згрешиш...
     
  18. Steff_Maja

    Steff_Maja
    Practice makes perfect

    4,111
    1,670
    30 Мај 2010
    @Kaiei, погледни во мојата тема за телевизор, и да го видиш Panasonic-от горе што си го спомнал, ако те интересира уште нешто повеќе слободно прашај.
     
    На KalEl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. KalEl

    KalEl
    Gaining Experience

    477
    72
    20 Август 2011
    Машко
    Оверклокер
    Ми се допаѓа многу Panasonic ама нема USB влез, па нејвеќе ми прави мерак Sony и Grundig кој е многу добро опремен, порано беа врв за Телевизори иако од секогаш само склопуваат ама од кога го купи друга фирма имам слушнато дека биле многу тапа, па ве молам за ваше мислење околу него, поздрав.
     
  20. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,596
    5,163
    20 Април 2007
    Машко
    Грундиг на времето беше германски, се додека не го купи Беко...
    Сега бев во германија и во апартманите каде што престојував беа опремени со Грундиг ЛЦД-а 37 инчи...Имаа све на нив..Кој модел и како беа не глеав, искрено не ме занимаше, а отвараа дивикс филмови и тоа со превод...Менијата за навигација им беа ОК, имаа убава слика, уствари на дигитален сигнал не можат да имааат лоша, така да не беа во глобала лоши...Е сеа незнам какви се овие овде што се продаваат, никад не сум ги ни погледнал. Сони ти реков, не го разматрам, искрено не ме интересира.
    А за Грундиг ке мора да просурфаш малку повеќе по нетов...Инаку и шнајдер како фирма беше многу добра...Сега глеам повторно продаваат Шнајдер, но ова е кинески шнајдер, а не германски и нема никаква врска со тој на времето...
     
    На KalEl му/ѝ се допаѓа ова.
  21. KalEl

    KalEl
    Gaining Experience

    477
    72
    20 Август 2011
    Машко
    Оверклокер

    Брат разгледав и многу сум заинтересиран за него, има многу добри спецификации, 400 Hz , USB Recording , тоа се само некои ситници што ми влегоа во очи, прочитав дека се склапа во Турска ама дека сето тоа се работи под водство на германски инжињери, јас лично многу сум задоволен од Grunding има дома 2, едниот е многу стар и мало ёТВ со вградено видео и можам да ти кажам дека маста му ја извадив, а другиот е LCD Grundig Lenaro 19-7711, 19 " 4:3 aspect ratio, и веќе го имам 3-4 години го користам кај мене во соба и според тоа што се разбирам од квалитет на слика итн. сум доста задоволен кога станува збор за ТВ во негова класа,така да ќе разгледам уште некој ама овој некако ме влече, поздрав.
     
  22. windows8

    windows8
    On your way to fame

    753
    979
    12 Февруари 2012
    Машко
    Колку пари е отприлика нов панел за 37“ GRUNDING?
    имам дома еден со оштетен панел па дали се исплати да го сменам, или да го дадам за делови..

    овој модел е: http://www.reevoo.com/p/grundig-gu37blkse
     
  23. windows8

    windows8
    On your way to fame

    753
    979
    12 Февруари 2012
    Машко
    slika
     

    Прикачени датотеки:

  24. prichina

    prichina
    Cuda 5.5

    7,810
    5,012
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    Дали купил некој од сет од тие "сестра" телевизорите на LG. Фирмата е ST. :)
     
  25. ARMac

    ARMac
    Орган

    6,198
    7,119
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    A Quart од АМЦ? Што ѓубре треба да биде за да кошта 12.000 телевизор со 32" панел. Па иако е 720P.


    @Windows8 најверојатно повеќе него телевизорот. Јави се во видео дата или другиве поголеми сервиси и прашај ги колку би било да се порача пошто панел во продавница да купиш нема да најдеш.
     

Сподели

Вчитување...