1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Препорака за моно и колор ласерски принтер / мултифинкциски принтер

Дискусија во форумот 'Скенери и принтери' започната од smole, 3 Февруари 2014.

  1. smole

    smole
    Unstoppable

    2,995
    3,385
    18 Април 2007
    Уште не сум сигурен што точно сакам, па ми треба ваш совет за:

    1. Моно ласерски принтер
    2. Моно ласерски мултифункционален принтер
    3. Колор ласерски принтер
    4. Колор ласерски мултифункционален принтер


    Знам дека се многу ставки, јас ќе ги пишам потребите и намените, па кој каков совет има нека пуца :)

    1. За домашна употреба, исклучиво за текстови + некое текстче или сликичка во боја
    2. Тонерите да можат да се полнат, што поефтино може - и црниот и CMY тонерите

    Мрежа би било бонус, но тоа може да се реши и со некој мрежен принт сервер така да мрежна фукнционалност не е пресудна. Скенирање и слични ствари не се потребно бидејќи имам скенер, но ако разликата во цена е мала би одел на MFP.

    Имам Samsung SCX-4623F од кој сум презадоволен и истиот еднаш ми го чипуваа, и секогаш го полнам во Риверсофт за 400 денари.

    Во предвид доаѓаат и други брендови (Canon, Epson, HP, Xerox, Oki), со асална сервисна поддршка пошто планирам принтерот/MFP уредот да ми трае пар години.
     
  2. smole

    smole
    Unstoppable

    2,995
    3,385
    18 Април 2007
    Се прошетав низ град и се распрашав во повеќе места за тоа кои ласерски принтери се најпогодни за полнење, и одговорот секаде беше ист - НР.

    Кога се полни тонерот кај овие принтери (подоле споменатите) секогаш се менува и чипот, кој всушност брои колку копии се испечатени, па дури ако има останато прашина во тонерот џабе е - ќе прекине да печати. Цената на полнење на тонерот (било која боја од CMYK) и поставување на нов чип е помеѓу 1200 - 1500 денари, зависи кој како ќе те заколе.

    Кандидатите се малтене истиот принтер, спакуван во форма на соло принтер или MFP, ги користат истите 126A тонери и имаат идентични перформанси кога станува збор за печатење.

    1. HP CP1025nw (CE914A) принтер со мрежа - жичана и безжична - 7500 ден

    [​IMG]


    2. HP LaserJet Pro 100 color MFP M175nw (CE866A) - MFP со мрежа - жичана и безжична - 14 500 ден

    [​IMG]


    Читав ревјуа по интернет, и освен некои примероци кои биле зезнати од старт и жалби за скапите тонери други лоши муабети не прочитав за двата уреди - корисниците се генерално задоволни и радо ги препорачуваат.

    Добра работа е што кога се распрашував по фирми ми кажаа дека за НР има секогаш достапни и ефтини заменски делови (фјузер, тонер касети, итд), и дека се лесни за сервисирање, бидејќи се најраспространети од сите брендови за печатачи (зборам за SOHO класа на принтери / MFP).

    Изборот најверојатно ќе падне на MFP уредот, со тоа што треба да проверам каде по домата да го сместам.

    Кога ќе има нешто ново ќе пишам повторно.
     
  3. kjosmofon

    kjosmofon
    Баниран/a

    3,760
    5,730
    7 oктомври 2011
    kalfa
    druze smole za laser odbiraj od HP samo, gledaj gi site kupi HP, evtini toneri magarinja se
     
    На mdeni и smole им се допаѓа ова.
  4. smole

    smole
    Unstoppable

    2,995
    3,385
    18 Април 2007
    Да да, како што пишав горе, сите што ги прашав истото ми го рекоа, HP it is!
     
  5. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,343
    3,013
    4 Септември 2008
    Пред некој ден на моја препорака пријател зема HP LJ Pro M1132 за 6390 денари, тонерите компатибилни се по 800-900 денари за 1500 страници, додека X верзијата се по 1200 денари за 2200 страници.

    Прво се гледаше Brother DCP7055 кој е поевтин за некој си 800 денари но тонерите му се скоро 2000 денари за 1200 копии. Инаку за 1200 денари поскап од HP ти е Canon MF4410 кој е за нијанса побрз но ја има истата технологија како HP-то, цената на тонерите е горе доле иста како кај HP само кога барав каде ги има на лагер немаше никаде.

    HP-то има 1 година гаранција, Canon-от има 2 години гаранција, Brother-от е со 3 години.

    Мала тривија, Canon ги прави штампачите за HP така да квалитетот и технологијата кај тие два производитела се исти, исто и за тонерите со една разлика што може да има некое пластиче плус/минус за да намерно не си одговарат меѓу себе но сепак се работи за истата технологија. Пример HP пушта нов модел на штампач со подобрена технологија, го продава 2-3 години пушта нов модел и тогаш Canon го пушта тој стариот модел на HP во различна форма но внатре сепак е ист. Затоа кога се работи за ласерски штампачи HP и Canon се како брат и помал брат.
     
    На smole му/ѝ се допаѓа ова.
  6. undergrounde

    undergrounde
    Gaining Experience

    407
    311
    11 Декември 2009
    Јас пред некој ден(по препорака на еден пријател што се занимава со правење на визит карти и разни покани) земав Canon MF8330cdn, го платив 300евра,
    комплет полнење на сите тонери е 6000денари
    секој тонер може да испечати 1500-2000 страници(оргиналните што се дојдени со него, околу 500 страници)
    Сега за сега сум задоволен
    Ако нешто те интересира, слободно прашај
     
    На smole му/ѝ се допаѓа ова.
  7. smole

    smole
    Unstoppable

    2,995
    3,385
    18 Април 2007
    @lynx

    Да, знам дека Канон и НР се скоро исти внатре, но сите ми посочија НР и најверојатно тоа ќе земам.

    Фала ти на одговорот, цената не е многу различна, но твојот MFP колку што можам да видам е нешто поголем (погабаритен) од HP 175nw што го гледам, а тој факт сега за сега ми е доста важен (мањак простор јбг).
     
  8. undergrounde

    undergrounde
    Gaining Experience

    407
    311
    11 Декември 2009
    E да, габаритен е, имам и Hp mono laser M1212, како играчка изгледа кога се еден до друг
     
  9. smole

    smole
    Unstoppable

    2,995
    3,385
    18 Април 2007
    HP М175nw во Bug и Mebius го немаат, во Riversoft моментално проверуваат дали го имаат.

    На друго место да не знае некој каде го ИМА на лагер низ Скопје?
     
  10. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,425
    12,583
    2 Август 2012
    Машко
    Мое искуство со моно-ласер:
    HP102o - купен во 2005 > маста извадена > проблеми нула. Магаре!
    Во меѓувреме мулти функ. колор принтери Epson - не им се знае бројот. Купувани заради можноста за користење на евтини бои. Давежот со Epson не ми престана. Остатокот, односно, скенерот е океј за несериозни работи. Ова е последен принтер кај мене од ваков вид. Следниот дефинитивно ќе биде лсер во боја. Ионака не печатам фотографии дома.

    Како и останатите ти давам совет да бараш нешто од HP од оваа класа/машина > дали ќе има мрежа или ќе биде збогатен со скенер ти одлучуваш.
    Реториката „овој е ист како HP, има иста машина“ нека му ја продаваат на некој друг. И Дачија има иста машина со Рено
     
    На smole му/ѝ се допаѓа ова.
  11. smole

    smole
    Unstoppable

    2,995
    3,385
    18 Април 2007
    HP175nw е во план, ама пошто Н И К А Д Е во Скопје нема на лагер, ќе се иде со HP 175 без мрежа, освен ако некој од тука не лоцира некоја 175nw на лагер некаде.
     
  12. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,536
    3,450
    11 Декември 2008
    Машко
    Логин Системи нели носат нешто роба од HP, провери таму?
     
    На smole му/ѝ се допаѓа ова.
  13. smole

    smole
    Unstoppable

    2,995
    3,385
    18 Април 2007
    Да, само моделот без мрежа го имаат.

    Амц и Сет го немаат, Неоком исто. Нико треба да утре да видам да не случајно добијат но чисто сумњам.

    Веќе не се произведува и се трошат залихите од истиот, друга фирма пробаа да ми продадат Pro 200 за 18000 ден, ама ги пратив да се вратат од каде што дошле.
     
  14. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,162
    3,502
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    smole ѕирни во АМС, јас таму го гледав и го меркав исто така. Не знам дали е баш тој модел, ама мислам дека е тој. Не барај на веб страна, во салон само. Јас во Соравија го гледав.

    EDIT: не приметив дека си пишал веќе за АМС....
     
    На smole му/ѝ се допаѓа ова.
  15. smole

    smole
    Unstoppable

    2,995
    3,385
    18 Април 2007
    AMC на веб глеав, у салон не бев. Вртев сеа, не креваат, ќе им идам утре.
     
  16. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,588
    5,113
    20 Април 2007
    Машко
    http://www.amc.com.mk/ShopDetal.aspx?ArticleID=29689&i=65&l=MK&q=&SupplierArticleID=CE538A&Action=

    Tонер за MFC-во е 800 денари. Се печатат по 2 до 3000 страни со 5% покриеност. Во претходната фирма имав оваков ист, маста му беше извадена и немаше никаков проблем. Сега во новава фирма повторно инсистирав да земеме оваков и да се раатисаме. Ем ефтини тонери, ем одличен цкенер, копир и факс...Што друго би ти требало. + е и мрежен.
    Како додаток земавме и најефтин колор, Канон за некој си 8200 денари на кој што само една боја од тонерите чини по 1800 денари од заменските.
    Би ти препорачал прво да ги провериш цените на тонерите, а после да си купиш штампач. Многу пати цената на штампачот е ниска, но тонерите се колку 2 штампачи.
    Заменски има и по 2800, што значи дека оригиналните може да се и со цена од 4000 денари по боја. Размисли. :)
     
    На smole му/ѝ се допаѓа ова.
  17. smole

    smole
    Unstoppable

    2,995
    3,385
    18 Април 2007
    Бојата ќе се користи ретко, полнење е 1200 од тонер, ако мислеше на тоа со муабетот за заменски.

    На MFC-то твое му имате купено нов тонер или истиот го имате полнето цело време? Некои други делови мењано?

    Мојов е исклучиво за лабава домашна употреба - до 200 страници на месец.

    Башка твојов MFC е 12 и нешто, 175 без мрежа е 12 рамно.
     
  18. prichina

    prichina
    Cuda 5.5

    7,830
    5,014
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    HP is the best fuck the rest
     
    На smole му/ѝ се допаѓа ова.
  19. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,588
    5,113
    20 Април 2007
    Машко
    На тој јас што ти го кажувам заменски тонер му е 800 денари, а полнење не би требало да е повеќе од 500. У принцип сум многу против полнење на тонери, ама да не го тупам и објаснувам зошто и како до детал.
    + мене ми требаше и факс, а 100-тката тоа го нема.
    + мене ми треба двострано принтање, а 100-тката тоа го нема.

    Значи во зависност од потребите, по мое мислење, нема подобра опција и варијанта од земената за МФЦ монохроматски принтер :)
    Инаку тонери имаме купувано и оригинални и заменски. Оригиналните траат најдолго, имаат најдобар квалитет. Најлоши се полнетите кој покрај тоа што принтаат едвај 500 до 800 страни, вадат катастрофален отисок.
     
    На smole му/ѝ се допаѓа ова.
  20. smole

    smole
    Unstoppable

    2,995
    3,385
    18 Април 2007
    Епа тоа е разликата, твојот многу повеќе се користи на месечно ниво, и ти требало двострано принтање, и факс.

    Мене потребите ми се различни:

    - Еднострано принтање (двострано се праи софтверски - се принтаат непарните па се превртува хартијата што не би ми претставувало проблем);
    - Понекогаш колор;
    - Понекогаш копирање;

    Мрежата сакав како опција опција за понатака да ја имам, али тоа е што е ќе идам на usb верзијата.

    Моите имаат Samsung SCX-4623F - монохроматски MFP и ова ќе му биде 5то полнење за две години на оригиналниот тонер - сеуште е ок.

    Ако вадам по 4-5-6 полнења од тонер, тоа за мене би било исплатливо, После оваа цифра би купил нов оригинален тонер, доколку се укаже потреба. Ова за црниот зборам, другите (CMY) очекувам да ми траат барем по 8-10 месеци, минимум.

    Во секој случај ти благодарам за одговорите, исцрпни и издржани!


    Штета што нема едит опција за над 30 минути. (модератор нека ги спои постовиве)

    На e-shop.gr цените за оригинални тонери се следниве:

    Црн тонер - 1200 страни - 45.5 евра
    C M Y тонери,1000 страни по тонер, цена за 1 тонер во 1 боја - 51 евро
    CMY тонери, 1000 страни по тонер, цена за сите 3 тонери - 121 евро (100 после поврат на ДДВ) - 34 евра по тонер, што е скоро двојно од цената од 1200 денари за ставање нов чип и понење на тонерот

    Цените се повисоки од "пиратскиот" начин, но не се ужасни бидејќи највеќе ќе се користи црната, па можам да си дозволам еден нов тонер на година - година ипол доколку морам. Или да купам 3 црни одеднаш доколку (не верувам дека) полнењето тонери се покаже како неквалитетно решение.
     
  21. smole

    smole
    Unstoppable

    2,995
    3,385
    18 Април 2007
    Само што го купив М175, го палам, печатам - поред печатеното точкици мали - кај колор страна CMY точки, кај црна страна црни точкици.

    Утре се враќа назад на сервис. Ебате HP-то.
     
  22. smole

    smole
    Unstoppable

    2,995
    3,385
    18 Април 2007
    HP-то е вратено и парите се рефундирани.

    Разгледувам Канон MFP-а некое слично на undergrounde.
     
    На kirev му/ѝ се допаѓа ова.
  23. marv

    marv
    Practice makes perfect

    2,079
    1,360
    5 oктомври 2007
    Машко
    Го гледам сега и јас ова ХП-во. Зошто го врати ? Што нечини ? Каков колор отисок дава ?
     
  24. smole

    smole
    Unstoppable

    2,995
    3,385
    18 Април 2007
     
  25. marv

    marv
    Practice makes perfect

    2,079
    1,360
    5 oктомври 2007
    Машко
    Ama toa na site, ili nesto tvojov se pogodil. Rece na servis ke si go nosel, pa si rekov nesto kasale?
    Znaci po tebe ispaga katastrofa modelce a :)
     

Сподели

Вчитување...