• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Препорака за Линуксашите :-D

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Garfield

Intern
9 декември 2007
277
5
Ова е мое мислење и не мора секој да го прифати но јас мислам дека кога му објаснувате некому како да реши некој проблем во Линух, а тој првпат гледа Линух, немојте веднаш да почнувате со терминали и команди па едитирање на системски фајлови. И така само ќе изгубиме само уште еден корисник, кој после тоа нема веќе да подигне Линух. Затоа ако го сакате Линуксот па и другите слични оперативни системи, прво потрудете се да најдете решение кое се сведува на кликање со глувчето, за што во последно време 90% од проблемите можат да се решат во визуелно опкружување кон што цели и Линух како оперативен систем.
 

gdamjan

On your way to fame
3 април 2008
2,368
657
damjan.softver.org.mk
командите во терминал се поуниверзални, полесно се објаснат, може со copy/paste да се аплицираат и output-от од нив истотака лесно се копира.

премногу се покорисни за да не се користат.

а иначе кој е суштинскиот проблем со нив??
(windows-ашите неретко мора да чепкаат низ regedit за да средат некој проблем, а полошо од тоа нема)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #3

Garfield

Intern
9 декември 2007
277
5
Конзолата единствено мора да се користи за инсталација на драјвери и нивно сетирање, а се друго може да се изведе преку визуелното опкружување. А за универзалноста на командите и тука не е баш чиста работата многу команди зависат од визуелното покрузување (GNOME, KDE ....) на пример многу пати сум приметил да се користи во објаснувањата gedit едитор кој го има само под GNOME и не само тоа ме мрзи да набројувам ова е само нај очигледен пример. Друг пример се користи конзола за отварање на некоја програма за сетирање на мрежа на пример:lut2: (која исто така зависи од визуелното опкружување) зарем не е по лесно да се објасни во кое мени се наоѓа програмата и со тоа да не ги збунуваме и оптеретуваме обичните корисници на Линух.
 

PBaller

Intern
6 март 2008
76
0
Hmmm Chuden Post. Ne gledam shto sakate da kazhete so topikov. Kolku shto znam sekoja distribucija na Linux si ima svoj Control Panel kako vo Windows od kade shto se se setira. Za ispravanje problemi dovolno e da se bara na google i tamu da se najdat reshenija, a dokolku nemozhe tamu togash mozhe da dojdat i da prashaat tuka pa ako ima nekoj da pomogne. A za pochetnicite ne e losho da pochnat so terminalni komandi bidejki toa e del od sekojdnevieto na *nix sistemite.

P.S. Nikogash ne sum otvoril regedit za da ispravam nekoj problem vo windows...
 

sojic

Intern
29 април 2007
435
23
Многу полесно е за некои работи терминалното работење.

Како што пиша Дамјан... резултат од еден програм може да биде влез во друг.... многу корисна алатка се regular expressions.
 

StMartin

Баниран/a
24 февруари 2008
172
3
Абе преку глава од Linux-от што го фалите. Едни драјвери за NVIDIA не можат да се инсталираат. Или пак ако се инсталираат, после при деинсталирање и повторно да пробате да инсталирате ништо не бива. Смрден Grub Loader на почетокот ви го зазема цел Boot Loader. Кај кај понапред се Microsoft Windows.
 

fuUuUzZzZy

On your way to fame
14 декември 2007
4,842
885
Ohrid
хмммз.. Ми се чини дека и оваа тема ќе отиде по јабана..
Повторно ќе има „натпревар„ меѓу Windows vs Linux ?
Damn ppl.. Гледајте го насловот на темава, и пишувајте за него.. Нема никаква потреба од споредување..
 

StMartin

Баниран/a
24 февруари 2008
172
3
Тоа е насловот на темата. Во Linux-от секогаш мора да работам во Terminal, секакво смрдено инсталирање во Terminal. Преку глава од тоа, и за секое инсталирање драјвери мора да барам како улаф туторијали, и тоа за точната верзија на linux (постојат 5454353 верзии на linux).
 

MetalGear

On your way to fame
14 април 2007
2,997
510
www.ibiz.mk
(постојат 5454353 верзии на linux).
па не мора да ги тестираш сите
според мене добри се ~5 а други се копии или мофицикации на истите

да те под терминал си е најубаво
добро може на почеток потешко али подобро е така
 

StMartin

Баниран/a
24 февруари 2008
172
3
знам, ама премногу ме фрустрира фактот што нешто ако отиде по ѓаволите, не може никако да се управи. Стварно многу тешко е да управиш нешто што се зафркнало.
 

Fiasco

Gaining Experience
2 март 2008
3,036
203
404
www.igorjanevski.com
Тоа е насловот на темата. Во Linux-от секогаш мора да работам во Terminal, секакво смрдено инсталирање во Terminal. Преку глава од тоа, и за секое инсталирање драјвери мора да барам како улаф туторијали, и тоа за точната верзија на linux (постојат 5454353 верзии на linux).
Drugar,
kako prvo terminal ti e najdobroto nesto vo linuxot.. pointeresno e da se zezas so komandi otolku vizuelno.
Kako vtoro, lesno se naogaat drajveri za recisi bilo koja verzija na linux (google is the answer.. samo na nekoj mu e tesko da go koristi)
I kako treto.. ako ne ti se dopaga Linuxot - zosto go koristis?
 

BSOD

Intern
5 јуни 2008
709
46
знам, ама премногу ме фрустрира фактот што нешто ако отиде по ѓаволите, не може никако да се управи. Стварно многу тешко е да управиш нешто што се зафркнало.
Не може туку така нешто да се зафкне освен ако ти чепкаш нешто а не знаеш што правиш. Користам linux(ubuntu) okолу една година и ретко користам терминал. Меѓутоа ќе си ставиш најкористени команди во едно тeкст документче и фураш.

Немам видено луѓе толку да се плашат од терминал........неверојатно!
 

Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5,748
288
Ова е мое мислење и не мора секој да го прифати но јас мислам дека кога му објаснувате некому како да реши некој проблем во Линух, а тој првпат гледа Линух, немојте веднаш да почнувате со терминали и команди па едитирање на системски фајлови. И така само ќе изгубиме само уште еден корисник, кој после тоа нема веќе да подигне Линух. Затоа ако го сакате Линуксот па и другите слични оперативни системи, прво потрудете се да најдете решение кое се сведува на кликање со глувчето, за што во последно време 90% од проблемите можат да се решат во визуелно опкружување кон што цели и Линух како оперативен систем.
Зависи за кого. Лично мене ми е многу полесно работењето во терминал отколку решавање на некој проблем дирекно преку ГУИ. Секој си има свој стил и тој стил си го применува во објаснувањето на проблеми. Сепак, нели моќта е во терминалот и командите ?


Абе преку глава од Linux-от што го фалите. Едни драјвери за NVIDIA не можат да се инсталираат. Или пак ако се инсталираат, после при деинсталирање и повторно да пробате да инсталирате ништо не бива. Смрден Grub Loader на почетокот ви го зазема цел Boot Loader. Кај кај понапред се Microsoft Windows.
Не си на топик ама ај, ако толку го мразеш линуксот, зошто го посетуваш гугл, јаху, и многу други страни хостирани на Linux како сервер дистрибуција ? Те молам вакви коментари не давај, не се основани, ако не ти се допаѓа едноставно не го користи.

Тоа е насловот на темата. Во Linux-от секогаш мора да работам во Terminal, секакво смрдено инсталирање во Terminal. Преку глава од тоа, и за секое инсталирање драјвери мора да барам како улаф туторијали, и тоа за точната верзија на linux (постојат 5454353 верзии на linux).
Прво се нарекуваат Линукс дистрибуции, а еден и единствен е Linux кернелот т.е. јадрото на секоја линукс дистрибуција и тоа е заедночкото на СИТЕ дистрибуции.

За останатото, ти си седнал одма на Windows и си станал гениј за него? Те молам, никој не се раѓа учен. Мислам дека овде може да се надоврзе “Без труд нема плод“.

Немам видено луѓе толку да се плашат од терминал........неверојатно!
И јас. Изгледа дека не се запознаени дека некогаш, секој оперативен систем вклучувајќи ги ДОС-от - претходникот на Windows-от бил само CLI средина на работење.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #15

Garfield

Intern
9 декември 2007
277
5
Изгледа не ме свативте баш што сакам да постигнам со темата. Јас знам дека е најлесно (за тој што знае терминал) да работи преку него. Но кога ги решавате проблемите на другите (кои прв пат се среќаваат со Линух) пробајте да користите визуелни алатки, не е џабе слоганот на Убунту "Linux for Human Beings". Кога ќе го решат проблемот преку визуелните алатки полесно ќе ги решаваат и проблемите потоа и ќе бидат по самоуверени и нема да се "плашат" од Линухсот и повторно да прашуваат на форумов а вие да им пишувате скрипти кои ќе ги копираат и ништо нема да сватат. За просечниот корисник кој го користи компјутерот за сурфање и средување на документи, нема потреба да учи како се работи во терминал, зар не е тоа глупо.
 

BSOD

Intern
5 јуни 2008
709
46
За просечниот корисник кој го користи компјутерот за сурфање и средување на документи, нема потреба да учи како се работи во терминал, зар не е тоа глупо.
Просечниот корисник треба да знае дека Linux НЕ Е Windows :)
Ако не планираш да потрошиш труд и време за да научиш нов OS тогаш остани со Windows.

PS: Те разбирам што сакаш да кажеш Garfield. За просечниот корисник сe треба да е 1-2-3 клик работа:) На пример: Ако ти фали некој кодекс кога пробаш да гледаш некое клипче/DVD на Ubuntu, оперативниот те информира кој кодекс треба да се спушти и ти дава опција(еден клик) за да го спуштиш.Google не треба:D Значи ubuntu програмерите дефинитивно се трудат да го направат што поедноставен за секој да може да го употребува....па дури и луѓе без многу време или кои се алергични на компјутери:)
 

gdamjan

On your way to fame
3 април 2008
2,368
657
damjan.softver.org.mk
Абе преку глава од Linux-от што го фалите. Едни драјвери за NVIDIA не можат да се инсталираат.
за жал тој проблем е дека NVIDIA драјверите не се слободни (или open-source ако сакате) ... а тоа е така дека Nvidia не сакаат да играат.

Да видиш колку е лесно со intel графичка :)
Смрден Grub Loader на почетокот ви го зазема цел Boot Loader.
па како иначе ќе бираш кој OS ќе се boot-ира??!?
 

gdamjan

On your way to fame
3 април 2008
2,368
657
damjan.softver.org.mk
Но кога ги решавате проблемите на другите (кои прв пат се среќаваат со Линух) пробајте да користите визуелни алатки
можеби има ова логика... ама со оглед дека 99% од проблемите се кај оние кои користат Убунту+Гноме .. како да им помогнам преку GUI кога користам Arch+KDE.

мене ми е полесно за сериозен проблем да искуца команда и да ми го ископира output-от. тука веќе разликата е меѓу no-помош и терминалска помош :)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #20

Garfield

Intern
9 декември 2007
277
5
Просечниот корисник треба да знае дека Linux НЕ Е Windows :)
Ако не планираш да потрошиш труд и време за да научиш нов OS тогаш остани со Windows.
Која глупа претпоставка дека секој прво знае Windows па потоа учи Линух:ua:.

Темава ја започнав со цел за популаризација на слободниот софтвер, кај оние луѓе како што предходно кажав обични корисници и заради тоа што моментално и самиот Линух се движи во тој правец се да биде преку GUI.

Ако ви е толку тешко да го прашате тој што сакате да му помогнете кое визуелно опкружување користи и кој Линух па потоа да се потруите да најдете решение што се сведува на GUI. А и повторно ќе нагласам дека кај секој Линух командите во козола не се исти, и не се имињата на конфигурациските фајлови исти.

Ако некој праша нешто за Линух и притоа користи Gnome, јас ќе се потрудам да најдам решение на проблемот во GUI.

Не е Линух конзола само :muahaha:, според мене има по напредни интерфејси од Windows (KDE, GNOME) на кој и Windows не е дораснат. Жалосно е да ги заобиколуваме :plachko2:
 

Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5,748
288
Еве едно мое мислење зошто треба почетниците да се ушат малце од малце во конзола да работат:

На пример постои човек А и има нешто проблем во линукс. Човекот А оди во некоја линукс школа која работи апсолутно све преку ГУИ и станува мастер на Линуксот преку ГУИ. “А“ добива сертификат за Линукс и сте остало. По некое време “А“ праќа оглас за барање во компанијата Б за место на работа како Линукс систем администратор. “А“ ја добива работата и првиот ден на работа требало да среди некој сервер да му инсталира уште една мрежна картичка и да ја конфигурира. Серверот го отвара и ја мести мрежната картичка, затвора кукиштето и све тоа и го уклучува серверот, арно ама ко гледа КОНЗОЛА! “А“ се чуде, вика што к** е ова нешто. Доваѓа шефот и “А“ го гледа шефот ко теле во шаренаврата оти нема поима што и како да прави. “А“ е отпуштен и се самоубива. And they lived happily ever after.

THE END.

Поентата на ова ми е дека ако некој не научи основни работи нема шанси да ги разбере понапредните
 

finger.k4

Intern
9 април 2007
228
3
www.myspace.com
@Aleks: postot ti e skroz inappropriate, nemoze da se aplicira vo gorenavedenata situacija objasneta od Garfield.

1. Skolo za Linux (ne sum posetuval) ama 100% sum siguren deka NEMA da bide GUI tuku ke odi do teoretskite koreni pozadi celiot sistem i site konzolski komandi.

2. Poentata na Garfield (kolku sto sfativ jas) e da se educiraa obichni korisnici na linux kako baba mi i dedo ti koi sto nemaat namera da se specijaliziraat i da pravat chuda tuku samo normalno da si go koristat operativniot sistem za kucanje dokumenti, slushanje muziche i surfanje po net

3. 100% se soglasuvam so Garfield. Iako negoviot pristap ima mani (kako na primer jas sum na Gnome a treba da resam KDE problem), sepak jas mislam deka kolku sto mozeme treba da se pridrzuvame kon objasnuvanja preku GUI-ja

$0.02

pozz
Ivo
 
  • Ја почнал/а темата
  • #23

Garfield

Intern
9 декември 2007
277
5
Се согласувам со предходниот пост. Така е finger.k4 погоди во сржта, не е Линух само за ситем администратори туку и за баба ти и дедо ти и секој друг кој користи компјутер а не го интересира што има под "хауба".
 

Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5,748
288
Горе наведов јас мое мислење, а 100% нема баба или дедо да седнат на комјутер да работат.
 

finger.k4

Intern
9 април 2007
228
3
www.myspace.com
Горе наведов јас мое мислење, а 100% нема баба или дедо да седнат на комјутер да работат.
ne bidi tolku siguren :)
jas licno imam dedo koj sto porano bil voen sudija i sega momentalno raboti privatno vo sk kako advokat. pred 7 godini si kupi toj laptop, pentium 1 so win 95 office star nekoj za kucanje tuzbi, zalbi i za browsanje net za da bide vo tek so site novi zakoni (se sto pravi regularen user). na pocetok mu bese dosta teshko da nauci da se snaogja i sekogas koga imase nekoj problem me cekase mene da mu pomognam.

e sega od pred nepolna godina jas mu instalirav ubuntu so makedonska lokalizacija (fala bogu kompjuterot mu "leta" spored nego :D ). e sega....ako ima problem i slucajno se upati tuka ti ke mu kazes pisi u consola dmesg i paste-aj output...ke procita, ke se zbuni i pak mene ke me povika da mu pomognam :))))

toa mislam deka e i poentava na celiot ovoj topic ;)

btw...aleks, posto znam deka celish nakaj kariera vo IT sekogash koga ke dizajniras nekoj softver, za da ti bide sto po-user friendly i po robust, treba da pretpostavish deka dedo mi i baba ti ke go koristat :))))

pozz
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,586
Мислења
824,067
Членови
28,083
Најнов член
Busavata
На врв Дно