1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Препорака за ласерски принтер

Дискусија во форумот 'Скенери и принтери' започната од maximilian, 11 Декември 2008.

  1. maximilian

    maximilian
    Gaining Experience

    1,064
    74
    26 Март 2008
    Деновиве сакам да земам ласерски принтер (црно-бел). Само не знам по која марка да гледам повеќе.

    Ве молам, кажете искуства, знаења, било што поврзано со ласерски принтери, односно која марка би била најдобро да се земе, за да не се заебам на крајот :D

    Порано кога волонтирав во една НВО, во канцеларијата имаше два HP ласерски принтера (не се сеќавам кој модел беа). Според бене, беа добри, но сепак да ве питам вас за мислење :)

    Поздрав :)
     
  2. eldiablo

    eldiablo
    Баниран/a

    820
    48
    21 oктомври 2008
    Доколку ти треба само за домашна употреба и печатење документи, јас од лично мое искуство би ти го препорачал HP LaserJet 1020 кој го користам околу 3 години. Мене многу мерак ми прави тоа што е евтин, економичен и плус тоа воопште не ми зафаќа простор (14.6 x 14.2 x 8.2 in), и можам да го ставам каде сакам.

    Го користам за печатење на документи, си купувам хартија (220денари - 500 страни), редовно печатам, до сега два пати го имам наполнето кертриџот (за 1000 денари - година и пол ќе тера со редовно принтање од 3-4 страни на ден). Има USB приклучок, така да се е во ред.

    Исто успешно си штампа во Ubuntu 8.04 Hardy Heron, (нормално) и во sharing успешно си работи без никаков проблем. Јас сум 100% задоволен, а сега само види колку е цената, неможам да најдам кај нашиве фирми за технологија.

    Еве, посети ја официјалната страна на HP за спецификациите, a и овде имаш еден постар „review“ за HP LaserJet 1020.

    Поздрав.
     
    2 « број на членови на кои им се допаѓа ова.
  3. Psychoo

    Psychoo
    Intern

    374
    7
    1 Мај 2008
    Машко
    Дома имам Hp laserjet 1010 и да ти кажам презадоволен сум до сега никакви проблеми не сум имал. Е сега моделов е постар и незнам дали ке го најдеш ама валда ке најдеш некоја понова серија позз
     
    1 person likes this.
  4. Taurus

    Taurus
    Модератор

    2,337
    993
    13 oктомври 2007
    Машко
    UI Designer
    Би ти препорачел HP, имам работено во фирма кај што меѓу другото вршеа полнење на тонери и можам да ти кажам дека како едни од најквалитетни се имаа покажано тие.
     
  5. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,584
    3,524
    11 Декември 2008
    Машко
    Значи земи си HP 1005 или 1006 овие два модели се наследници на добро познатите 1010/1018/1020. Првиот е со 2мб, вториот со 8мб меморија, и двата се изглеа 600х600dpi, мада вториот нешто може да се направи демек и да печати со 1200х600dpi.
    Првиот е околу 4200-4500 денари, вториот од 5000-5500 денари, може да се најде и поефтино дилерски.
     
    1 person likes this.
  6. maximilian

    maximilian
    Gaining Experience

    1,064
    74
    26 Март 2008
    Јас и размислував да земам НР, а сега сум многу посигурен дека тоа веројатно ќе биде мојот избор (освен ако не испаднат некакви финансиски ограничувања :) ).
    Фала на сите за советите, па кога ќе земам ќе ви кажам што сум купил ;)
     
  7. Commie

    Commie
    Gaining Experience

    4,717
    218
    27 oктомври 2007
    Машко
    HP LaserJet 1018 сега ми се чини дека се 50€ комотно можеш да си земеш таков. Ја таков имам до сега преку 1000 страни имам испечатено сите супер извадени и уште тонер си имам.
     
  8. paneval

    paneval
    Intern

    178
    1
    2 Март 2008
    Т:bravo:окму така hp 1018, најдобриот до сега, нема да грешиш!!!
     
  9. maximilian

    maximilian
    Gaining Experience

    1,064
    74
    26 Март 2008
    Јас го купив овој HP P1005, пуштив првата Windows XP Test Page, и испринтав уште 2 страници, ама испушта некаков чад кога принта, и ми даде еден ERROR за кертриџот и меморијата нешто.

    Шо може да биде ова? Да не ми продадоа расипан принтер? :isplashen:
     
  10. Commie

    Commie
    Gaining Experience

    4,717
    218
    27 oктомври 2007
    Машко
    Тоа со чадот е и кај мене исто не бери гајле не е проблем. А за кертриџот и за меморијата не знам што му е ѓаволот...
     
    1 person likes this.
  11. Taurus

    Taurus
    Модератор

    2,337
    993
    13 oктомври 2007
    Машко
    UI Designer
    За кертриџот и меморијата, провери во упатството имаше едни додатоци, пластики, се ставени како заштита. Тие треба да ги средиш. Прочитај го упатството наведено е таму, точно каде се наоѓаат и што треба да направиш со нив.

    А за чадењето, тоа е нормално. Рачунај дека кога принта, крева температура некаде над 150 степени мислам дека беше.
     
    1 person likes this.
  12. maximilian

    maximilian
    Gaining Experience

    1,064
    74
    26 Март 2008
    ОК тогаш, мислев дека ми дадоа расипан :)

    Иначе, овој еророт ништо не пробав да сменам, а си принта без проблем :D.
    Како и да е, фала на сите за советите, ми помогнавте многу :bravo:
     
  13. eldiablo

    eldiablo
    Баниран/a

    820
    48
    21 oктомври 2008
    Тоа чадот ти е нешто како испарување, од шо е загреан листот. Немај гајле за тоа, инаку што грешка ти даде, поточно и кога ти ја даде грешката?
     
  14. maximilian

    maximilian
    Gaining Experience

    1,064
    74
    26 Март 2008
    А бе грешката ја даде веднаш после првата употреба, некаков Ерор за кердриџ мемори или така нешто, ама сеа нема проблем :)
     
  15. MARTIN_MKD

    MARTIN_MKD
    Intern

    419
    2
    27 ноември 2007
  16. Ibrakadabra

    Ibrakadabra
    Intern

    342
    7
    11 oктомври 2007
    Машко
    Ајде да се надоврзам со прашање околу принтер.

    Значи ми треба ласерски принтер (би одел на варијанта HP), е сеа не за домашна употреба туку за масовна:p:p т.е. за на работа. Каде што сите би принтале на него.
    Ми треба еден во боја и еден црно-бел :)
    Која варијанта вие ја препорачувате?
    Дали да одам на варијанта принтер+скенер се во едно?
    И тоа влага во комбинација, дека треба и скенер.
     
  17. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,593
    13,838
    23 Јануари 2008
    диско денсер
    Најпрво ќе ти препорачам исклучиво HP, само заради сервис. За друг бренд немаш добар сервис во земјава. Понатаму, бидејќи се работи за повеќе корисници кои го користат, земи си принтер со мрежна потдржка(тоа се модели со N на крај, на пример 2020N). Последно, ако печатите многу копии во денот/месецот(на пример 200/5000), ќе земеш полу-професионален принтер, т.е. серија 2000. Во спротивно земи си серија 1000, која е за домашна употреба.
     
  18. nCounTr

    nCounTr
    Intern

    474
    41
    5 Мај 2009
    Еве и јас да ви дадам една благодарница за советите, мислев и јас да отворам тема, но штом веке има, ги прочитав мислењата и се одлучив да земам и јас HP, само незнаев која серија, но сега знам. Фала уште еднаш на сите.
     
  19. /BRAINIAC\

    /BRAINIAC\
    Баниран/a

    447
    7
    12 Август 2009
    Пред недела дена рокот на траење на печатарот истече... кога пробвав да принтам ми вадеше Some of your printer parts need to be changed... го однесовме на сервис и викаат не можело, а и да би можело поскапо би фатило од нов ласерски принтер.

    Еве јас барам некој принтер, онака два три пати неделно да принтам по две-три страни. Црно-бел, среден квалитет, само за печатење текст. Негде докај 2000 денари +-500
     
  20. /BRAINIAC\

    /BRAINIAC\
    Баниран/a

    447
    7
    12 Август 2009
    Малце каснам за измена...

    Малце пребарав, и најдов 2 принтери кои ми се допаднаа:
    HP Deskjet F2200 All-in-One color printer
    HP Deskjet F2280

    Кој од овие два е понов модел, и дали воопшто чинат како принтер воедно како скенер.
     
  21. mickeymkd

    mickeymkd
    Intern

    411
    43
    7 Јануари 2009
    Машко
    Јас го имам HP Deskjet F4180 кој го користам година и пол, и за домашна употреба е одличен. Скенирањето е добро, и на слики и на текст, додека за принтањето немам замерки, иако сам ги полнам кертриџите со неоригинал бои. Така да неверувам дека има некоја голема разлика меѓу овој и моделите кои ти ги посочи.

    А HP Deskjet F2280 го имаш во Анхоч за 2500 денари.
     
  22. sdarko

    sdarko
    Gaining Experience

    1,051
    64
    28 Септември 2008
    Моја препорака и мое лично искуство земи си hp 1005 или 1006 ти бирај.. Цената им е некаде под 5000 денари. Јас имам 1005 и сум презадоволен од него но се покајав што не зедов 1006 не беше голема разлика во цената
     
  23. Zoran1966

    Zoran1966
    Intern

    26
    1
    7 Јули 2009

    Знаеме дека секогаш најефтиното излегува најскапо. Ако принтерот го користиш за домашна употреба HP e OK, но за принтање на поголеми количини е скап. Дефинитивно најефтин е Kyocera, но на стартот е скап.
     
  24. Zoran1966

    Zoran1966
    Intern

    26
    1
    7 Јули 2009
    Најдобро е да најде од постарите модели, HP1010/1020, ако најде. Новите HP1005 серија се многу полоши. Тонер касетата содржи 60грама тонер, за разлика од претходните кои имаат 120 грама тонер. Цената на кертриџот е иста и за HP1005 и за HP1010, и да се земи нов и да се наполни. Имаат често проблеми со препознавање на кертриџот и често имаат дефекти, за разлика од HP1010 кои практично и не се расипуваа.
     
  25. Gish

    Gish
    Intern

    21
    1
    15 ноември 2009
    Еве Ви неколку одговори на постовите:

    1. Не е точно дека нема друг добар сервис освен за ХП. Грешка огромна. Канон има свој сервис на сите типови на апарати освен на оптичките (мислам на камери и фотоапарати)
    2. Веќе подолго време Канон ги изработува сите принтери за ХП. Факт! (види гугл)
    3. Сум работел на 5 бренда на принтери со различни методи на принтање (инк-џет, ласер) и сите покажале слични преформанси и издржливост. Битно е ти како ќе го користиш.
    Дома користам Канон ИП4600 и сум презадоволен, заради квалитетот и брзината. Слики на фотохартија вади перфектно а црно-бел текст принта скоро со брзина на ласер. Кертриџите не се скапи.
     

Сподели

Вчитување...