1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Препорака за лаптоп до 60 000

Дискусија во форумот 'Преносни компјутери и таблети' започната од shapeless, 10 oктомври 2017.

  1. shapeless

    shapeless
    Intern

    28
    4
    7 Јуни 2017
    Најбитно ми е да има четиријадрен процесор, мин. 8гб рам и ссд. Дали некој има искуство со овој лаптоп од амц HP PAVILION GAMING 15-bc200nm Silver 15.6"FHD/i7-7700HQ/8GB/256GB SSD+1TB/GTX1050-4GB (1GM76EA) Баш како што ми треба е се, само што имам слушнато дека pavilion-ите имале проблем со загревање итн итн. Помош? Благодарам.
     
  2. Whisky Vishera

    Whisky Vishera
    Гостин

    Сите лаптопи имаат проблем со загревање - ама зависи што подразбираш под „загревање“. Нормално е лаптоп да качи и до 80 - 85 степени доколку играш или рендерираш.
     
  3. shapeless

    shapeless
    Intern

    28
    4
    7 Јуни 2017
    Мислење за лаптопот од линкот?
     
  4. tupacan

    tupacan
    Practice makes perfect

    1,449
    1,873
    10 Септември 2007
    Машко
    Lorem Ipsum.
    Види преку @Dinamit прво што има на лагер и што може да набави. Инаку јас не би зимал ништо од АМЦ. Анхоч > Сет.
     
    Rac58, Harrabed и на Arabian им се допаѓа ова.
  5. Rac58

    Rac58
    Gaining Experience

    229
    142
    5 Јануари 2017
    Машко
    слободни активности
    Не се согласувам дека е нормална температура 80-85 Ц степени. Јас на мојот лаптоп никогаш немам температура над 71 Ц степен и тоа кога конвертирам FHD видео од траење 30-45 минути, додека во игри некаде околу 65 Ц степени. За пребарување Фејсбук и сл. дига температура од 38-43 Ц стеопени.
     
    На Jovan2389 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. shapeless

    shapeless
    Intern

    28
    4
    7 Јуни 2017
    @tupacan Сега ги разгледав некои огласи од @Dinamit и има стварно многу ниски цени со конфигурации што ми одговараат. Е сега, без никаква намера да го навредам @Dinamit, пошто немам искуство со земање на било каква електроника од никој друг освен од продавници како амц, анхоч, итн, дали некој зел од него, дали се океј понудите и производите, да не се случајно користени па пакувани како нови, дали идат со гаранција и цел тој процес. Ви благодарам, поздрав.
     
  7. tupacan

    tupacan
    Practice makes perfect

    1,449
    1,873
    10 Септември 2007
    Машко
    Lorem Ipsum.
    Јас сум земал, а и доста членови овде. Зимај слободно.

    Sent from my SM-G950F using Tapatalk
     
    На Jovan2389 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    2,887
    2,445
    21 Јануари 2011
    Машко
    Невработен
    Земи apple не се заебавај со останатите.
     
    На FLEGMA му/ѝ се допаѓа ова.
  9. shapeless

    shapeless
    Intern

    28
    4
    7 Јуни 2017
    @goranzoran apple за 60к? ги гледав цените во дуна, 126к за 15'' со слична конфигурација.
     
  10. BEST

    BEST
    Gaining Experience

    308
    275
    10 Јуни 2011
    Машко
    Ако мислиш да го користиш редовно, мал ти е 15.4"
    Јас би препорачал 17 инчен лаптоп (помалку греат и по пријатни се за работа)

    Е сеа баш за гејмање... види ROG дали имаш за таа цена нешто... и не, НИКАКО APPLE ако е за гејмање...

    Испратено од SM-G930F преку IT.mk форум апликација
     
  11. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,371
    12,479
    2 Август 2012
    Машко
    За проблеми и квалитет на изработка ќе ти кажат мајсторите овдека @kjosmofon и @Daniel86
    За квалитетот на изработка и „бубачките“ кои ги имаат ќе ти кажат овдешните паталци.
    Рекла-казала муабетите „разбрав дека грееле“ и „разбрав дека биле неквалитетни“ се за во тема „Општо“
     
    esquimaux, Jovan2389 и на tupacan им се допаѓа ова.
  12. shapeless

    shapeless
    Intern

    28
    4
    7 Јуни 2017
    Лаптопот не ми треба за гејминг, Visual Studio да работи брзо и беспрекорно, значи за програмирање најмногу, C#, Java, и такви работи (само без препораки од типот не ти треба за тие работи лаптоп од 60к ве молам)
     
  13. Frozen.

    Frozen.
    Gaining Experience

    83
    74
    4 oктомври 2015
    Машко
    И јас бев во слична ситуација како твојата. Ако не ти е толку битна големината на екранот и мислиш дека 13" се доволни јас го зедов овај. Јас повеќе се занимавам со Web Development во секој случај за таа работа е супер според мене. Да не се разбериме погрешно во врска со дисплејот се разбира дека со лаптопот користам и екстерен монитор за Web Dev.
     
    На goranzoran му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Fredy

    Fredy
    Unstoppable

    867
    2,202
    12 oктомври 2014
    Машко
    Бреј каква касапница е ова ејпл-ов со цениве.Разлика меѓу MacBook air со 128 гб ссд и тој со 256 гб 17000 денари :confused:
     
    STEFF, BEST, tupacan и на уште 1 им се допаѓа ова.
  15. shapeless

    shapeless
    Intern

    28
    4
    7 Јуни 2017
    Незнам која е поентата да земаш dual-core i5 епл, кога за тие пари што ги даваш имаш четиријадрен i7. И плус тоа целата конфигурација е далеку подобра. Дизајнот на мекбукот е перфектен, се согласувам, ама сметам дека ако земаш епл треба барем да имаш 2-3к евра буџет за да земиш нешто како што треба а не вака. И плус 13 инчен дисплеј што те ограничува многу кога куцаш код, тој што програмирал на мал екран знае колку е фрустрирачки да скролаш цело време. @Frozen. зашто баш овај избор? Фала :)
     
    На BEST му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Frozen.

    Frozen.
    Gaining Experience

    83
    74
    4 oктомври 2015
    Машко
    Најпрвин пред да земам и јас си го поставував истото прашање стварно има многу подобри лаптопи во однос на перфомансите. Но ниеден лаптоп не ме воодушеви со дизајнот. Незнам можеби за тебе и останатите тука битни се перфомансите но кај мене не секогаш то е мерка за истото поточно не во овој слуај. Исто така да не зборам колку е добра батеријата на лаптопот. Лесен, мал, буквално онака лаптопчето за мене зборам ги задоволваше сите потреби кои ми беа мене значајни. За екранот вистината е таја не е одличен едноставно е само добар. 1440x900 е резолуцијата и стварно на почетокот ми беше некако мал за кодирање. Сега пак ми е одличен некако се навикнав искрено. Абе се е до ствар на вкус според мене. Тастатурата исто мора да нагласам дека е перфектна. Иначе тогаш имаше еден лаптоп со GTX 1050 Ti црвен мислам дека беше Dell. Лаптопот можи беше 4 пати подобар од овој ама ко го видов дизајнот и дебелината на истиот едноставно јас на тој лаптоп не би се осеќал удободно. И ко ќе видиш незнам која е потребата да имаш GTX на лаптоп ако ти е стрикно за таја работа. Јас игра немам уклучено незнам колку време и едноставно немам потреба од неа. Ми беше битно добар процесор за програмиње, PCIe SSD, 8gb рам (сосема доволно) и одличен дизајн.
     
    На draganamon и ekonomist им се допаѓа ова.
  17. Whisky Vishera

    Whisky Vishera
    Гостин

    Интеловите процесори имаат Tcase од 100 или 105 степени, така да 80 - 85 степени се далеку од „критичната“ температура.
     
    На null_ptr му/ѝ се допаѓа ова.
  18. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,191
    6,303
    27 Март 2014
    Apple е фрлање пари во вода кога се работи за програмирање. Посебно за тие програми што ги наведе секој лаптоп со i7 и 16ГБ рам ке ти бидат доволни. Графичката не ти е толку битна.

    Јас имам : Anhoch PC Market Online - Notebook Dell Inspiron 7559 i7-6700HQ/8GB/1TB+8GB SSHD/GTX960M 4GB/15.6" UHD Touch/Backlit/Win10 само надограден со +8ГБ рам (16 тотал) и 256гб ссд. Го фурам веќе година ипол секојдневно работење по минимум 8-10 часа. Добро машинче. Мојот, е со FullHD екран, а овој од анхоч е со 4K Ultra HD (3840 x 2160) Truelife LED-Backlit Touch IPS , што значи подобар дисплеј. Добро е што има 3 ладилиници за топол воздух при што топлината побрзо ке се отстранува од него. Ставање на моќна графичка со лаптоп со само еден ладилник, е самоубиство.

    * Во инфото анхоч имаат грешка кај усб портите. нема усб 2.0 порта сите 3 се усб 3.0.

    Второ би зел:

    http://www.anhoch.com/product/16157...q-8gb1tb8gb-sshdgtx1050ti-4gb156-fullhdubuntu

    предности:

    - 15.6-inch FHD (1920 x 1080) Anti-Glare LED-Backlit TN Display
    - можна доградба со 32гб ддр4 рам.
    - i7-7700HQ Kaby Lake
    - NVIDIA® GeForce® GTX 1050Ti
     
    Последна промена: 11 oктомври 2017
  19. Enquito

    Enquito
    On your way to fame

    975
    595
    8 Август 2017
    Машко
    Дали знаете кога ќе донесат лаптопи со и7 8550У процесор, кој е поефикасен и повеќе ќе му врши работа на дечкото? Како на пример овој модел од Делл
    Dell Inspiron 15 7570-9726 W10 - Notebooks / Laptops - computeruniverse кој го запали интернетот.
     
  20. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,191
    6,303
    27 Март 2014
    што е толку посебен тој лаптоп па го запалил интернетот?
     
    На BEST и Војвода им се допаѓа ова.
  21. shapeless

    shapeless
    Intern

    28
    4
    7 Јуни 2017
    Го гледав моделов али не ми се бендисува на излед. Имаат од анхоч hp omen со истиот процесор само нема ссд ама не е проблем би му ставил. Шо викаш за него?

    Испратено од HUAWEI VNS-L21 преку IT.mk форум апликација
     
  22. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,191
    6,303
    27 Март 2014
    Ништо не викам пошо немам искуство со него. Плус е постар модел што баш и не вреди за цената.
     
  23. Enquito

    Enquito
    On your way to fame

    975
    595
    8 Август 2017
    Машко
    Појма немам така го претставуваат на ова Јутубов рецензентите во видеата, ваљда ради цената. Пример подоле (7577):
     
  24. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,191
    6,303
    27 Март 2014
    Па освен 8- та генерација U процесор, и 512SSD во него и не гледам нешто посебно, за да го потпали интернетот. Не се потпирај само на Youtube видеа. Не ретко се и пристрасни.
     
  25. Enquito

    Enquito
    On your way to fame

    975
    595
    8 Август 2017
    Машко
    Исто така да го спомнам и Ми НотеБоок Про, како солиден нотебоок со цена од 700 до 900€, иако многу тешко да се најде надвор од Чајна.

    View: https://youtu.be/X7idqsTlDBw


    View: https://www.youtube.com/watch?v=iqrwW3N86G0

    Што знам, има доста солидни лаптови во овој ценовен сегмент околу 1000€, што може добро да ги изврши работите кои корисникот ги бара.
     

Сподели

Вчитување...