1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Препорака за лаптоп до 50к

Дискусија во форумот 'Преносни компјутери и таблети' започната од krashot, 14 Февруари 2020.

  1. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,065
    1,313
    26 Март 2016
    Даскал
    Обично ги нарачуваат за брзо ама сега со Короната не знам снабдувачката како ќе оди и колку долг застој ќе има.
     
  2. Astro

    Astro
    Guru

    6,628
    9,295
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Брзо ќе дојдат и кај нас, јас типувам Мај месец.

    Според Techradar: "We should start seeing laptops rocking AMD Ryzen 4000 processors by the end of Q1 2020 across both ultraportables and gaming laptops".
     
    На StefAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  3. krashot

    krashot
    Gaining Experience

    161
    104
    21 Април 2013
    Машко
    Video Editor
    Епа ако е така како што велите, ќе си почекам уште некој месец и ке правам упдејт на темата :) Фала ви :)
     
    На StefAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  4. StefAngel

    StefAngel
    Practice makes perfect

    1,790
    1,165
    28 ноември 2015
    Машко
    Wow ти си првиот човек што послушал :)
     
    На krashot му/ѝ се допаѓа ова.
  5. boban984

    boban984
    Gaining Experience

    75
    145
    5 Јули 2007
  6. Futurelakimens

    Futurelakimens
    On your way to fame

    1,333
    780
    12 Април 2017
    Машко
    TL;DR: AMD"s battery life is so much better than last gen. But intel still drains a lot less battery when idle.
     
  7. MusicFreak

    MusicFreak
    Gaining Experience

    915
    68
    18 Јуни 2009
    • "ryzen integrated graphics is better than intel"
    • "integrated graphics is not representative of gaming laptops"
    • "TiGeR lAkE hAs oNe cLeAr aDvAnTaGe - GpU PeRfOrMaNcE"
     
    На StefAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  8. boban984

    boban984
    Gaining Experience

    75
    145
    5 Јули 2007
    Како и да е ... добро е што конечно има колку толку конкуренција во овој сектор, интел малце ќе ги спушти цените ... АМД ќе ги крене малце :) ние ќе добиеме повеќе избор и појќе за парите
     
  9. StefAngel

    StefAngel
    Practice makes perfect

    1,790
    1,165
    28 ноември 2015
    Машко
    Рајзен има нови лаптоп процесори...
    Купува дуал кор јеп
     
  10. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,759
    7,207
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    Еден мал совет од мене до сите. Не препорачувајте на некого да биде експериментален глушец со не знам ти какви најави и рецензии за амд што вие напалени ги гледате по нет а не планирате ни денар да потрошите на нов лаптоп и сами да го тестирате.
    Препорачувајте интел сега за сега, поготово кога некој неискусен или човек кој си го заработува лебот од таа опрема ќе ви побара совет. Интел и онака си се доволно комплицирани лаптопи, очекувам амд да биде двојно покомплициран, па соодветно на тоа и и поголема мака за потрошувачот, кој навидум може да заштеди првично, а потоа да зажали.
    Човечност и логика пред се!
     
    На Professor, kolesk, krashot и уште 3 други им се допаѓа ова.
  11. StefAngel

    StefAngel
    Practice makes perfect

    1,790
    1,165
    28 ноември 2015
    Машко
    Даниел не се разбирам од лаптопи и какви компликации би имале луѓето ако би одбреле амд спрема интел.
    Од моето искуство со амд процесори е доста стабилно.
    Сепак Мајкрософт имаат партнерство со нив за нивната линија на лаптопи. Овие две генерации може се бета фаза но 7нм мислам дека ќе биде подобро од претходните.
     
  12. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,065
    1,313
    26 Март 2016
    Даскал
    Верувам кога велиш покомплицирам тоа е од професионална гледна точка во случај да подлежи на поправка таков нов лаптоп дека ќе се појават други и повеќе потешкотии наместо ако поправаш постара генерација интел со којашто имаш искуство. Меѓутоа, кој може да каже дека нов Ryzen4000 лаптоп е подложен на такви проблеми. Плус, и нов Ryzen4000 да земеш валјда кога ќе дојде време за сервис веќе ќе поминат неколку години и тие такви „комплексности“ ќе исчезнат.

    Си велам постојат луѓе коишто се плашат од нова технологија и чекаат да се востанови пред да ја земат. Да би чекал така, додека го земам тоа старото и воставеното ќе има излезено нова технологија. Исто така, како што гледам голем дел тука се ентузијасти и сакаат најновото и најдоброто за парите да го имаат. Денес да купам лаптоп со 2 јадра кога има лаптопи со 8 јадра 16 нишки лично не можам да замислам, па се расипал не се расипал ќефот е најновото да го тестираш.
     
    Последна промена: 19 Февруари 2020
  13. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,759
    7,207
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    Од нова технологија воопшто не се плашам, напротив драга ми е секоја поднова.
    Ентузијазам во други теми, не во вакви кадешто вашиот ентузијазам некого ќе го чини пари.
    Колку од вас поседувале рајзен лаптоп па сте доследни за давање препораки за истиот?

    Земи бурек со месо многу е добар.
    А ти си јадел таков?
    Не ама брат ми глеал како јаделе, супер било..
     
  14. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,065
    1,313
    26 Март 2016
    Даскал
    Еве според тебе, кои контролни фази треба да ги помине нова технологија пред да биде безбедна за купување (во смисла на избегнување изненадувања од типот се расипал за брзо, не чинел чипот, итн итн.)

    Нека поминат неколку месеци од излегување на пример, ќе излезат 1000ници review-a. бенчмарци, лични искуства, да ги агрегираме нив и да ги земиме предвид. Во овој специфичен случај Zen e излезена веќе 3-4 години, така што надоградуваат секоја година. Не е прва итерација па да подлежи на компликации. Дали пречекорувам со ентузијазмот ако дадам совет почекај 3-4 месеци пред да купиш да видиш како ќе се покаже?
     

Сподели

Вчитување...