1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

препорака за избор на лед телевизор

Дискусија во форумот 'Радио, телевизија, радио-телевизиски сигнал и него' започната од deki1, 2 Мај 2012.

  1. deki1

    deki1
    Gaining Experience

    168
    65
    20 Јули 2011
    Би сакал препорака за еден од следните телевизори:
    1. Samsung 40" LED TV, Model: UE40D5000PWXXH
    2. LG 42" LED TV, Model: 42LV4500
    3. Samsung 40" LED TV, Model: UE40EH5000WXXH
    кој од овие три би бил најдобар и зошто, мене искрено фаворит ми е првиот али може ќе ме разубедите со некој друг, цена до 39000 илјади максимум
     
  2. Revan

    Revan
    Gaining Experience

    660
    310
    25 Мај 2008
    Мора ли LED да биде? До тие пари LG 47 LK 530 според мене ти е најдобар избор. Во Нептун го има.

    Иначе меѓу тие три ја би го избрал вториот ради големината.
     
  3. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,923
    27,631
    4 Септември 2008
    Panasonic TX серија, било кој модел, ти се подобар избор од овие на Samsung. Другар го има, ми пушти 1080p филм многу добра оштрина - чистина, и перфектно умерени и детални бои Alpha IPS панел за мерак.
     
    На gokica и * ILE * им се допаѓа ова.
  4. deki1

    deki1
    Gaining Experience

    168
    65
    20 Јули 2011
    Стриктно за ипс панелите препорака од човек кој продава во нептун ми е да не земам, за ипс за монитор да закон се али за телевизор особено оваа големина велат дека има далеку послаб контраст и слаб приказ на црна боја, инаку и јас бев загреан по панасоник е30 кој е 39000, ама после ова се откажав од него, и од барање на ипс панел за телевизор.
     
  5. IVS

    IVS
    Баниран/a

    144
    57
    29 Јуни 2011
    Ич да не му се мислиш, вториот...

    Зошто? LK е постара серија од LV.
     
  6. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,923
    27,631
    4 Септември 2008
    lol ok.
     
  7. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,791
    1,929
    8 Мај 2007
    Машко
    од искуство:
    од нептун и од амц не би купил цд а не па некоја техника.
    а за збор на продавач во нептун, е тоа е некој што стварно многу добро го разбира хардверот, или е човек што едвај гледа да го продаде ѓубрето.
    инаку и вработените во нептун купуваат во техномаркет.
     
    На gokica и psyside им се допаѓа ова.
  8. Revan

    Revan
    Gaining Experience

    660
    310
    25 Мај 2008
    Ради големината.

    Нај future-proof елемент во секој телевизор е големината според мене, со текот на годините сликата сеедно на било кој телевизор малце деградира, а и сите фенси технологии во моментот со години стануваат стари вести, само големината на телевизорот си останува иста.
     
  9. IVS

    IVS
    Баниран/a

    144
    57
    29 Јуни 2011
    Што збориш бе чоек? Која големина? И двата се 42", ако на тоа мислеше...
     
  10. skullmonkey

    skullmonkey
    Unstoppable

    4,164
    3,295
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Јас имам 42LV5990 и изваден сум од памет колку добра слика вади. ГО имам во слапна соба на 3.80м далечина. Не боли глава, кристал слика, смарт ТВ ако ти праи некоја разлика. Процесорот му е доволно брз да да може да пушти 1080p од усб (доколку ти треба). Јас го земав 43к но сега сигурно е поевтин, или неговиот наследник е тука нешто. Имам СОНИ во дневна, 46“ ЛЦД, и кога гледам на него ми е како да се префрлам, од ХД на СД. Неверојатно добар телевизор.

    Да не ти ги прекуцувам техничките спецификации, немам лош збор за него + на далечинското има и night glow (стискаш копче и свети целото) што е прекрасен елемент во целава прикасна.

    Тенок, со пијано финиш.Имам едно видео за XBMC на APPLETV2 на форумов, можеш да го видиш тв-то во акција.

    Гледам редовни апдејти прават на фирмверот, има апликации ако те интересира таа тематика.

    Единствена лоша страна (ако ти значи ова) е што во него е исклучен DTS декодерот. Другото е браво за јапанците.
     
    olikomerc, uwemi и на deki1 им се допаѓа ова.
  11. boro1

    boro1
    Practice makes perfect

    1,636
    1,296
    13 Август 2009
    Машко
    Panasonic TX-L42E30E или E3E.
     
    На prichina му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Revan

    Revan
    Gaining Experience

    660
    310
    25 Мај 2008
    На овој мислев.
     
  13. deki1

    deki1
    Gaining Experience

    168
    65
    20 Јули 2011
    дечки фала на препораките, утре одам in life да ги споредам па ќе видам доаѓа во обзир и 42LV5990 доколку го има да го видам и еден до еден ќе ги споредам па ќе одлучам и ќе земам нешто од овие, па после ќе ги пишам првите импресии.
     
    На skullmonkey му/ѝ се допаѓа ова.
  14. IVS

    IVS
    Баниран/a

    144
    57
    29 Јуни 2011
    Моја грешка, сори :) Ми промакна 7-цата, јбг...
     
  15. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,614
    3,537
    11 Декември 2008
    Машко
    2. LG 42" LED TV, Model: 42LV4500
     
  16. pilch@rd

    [email protected]
    Gaining Experience

    1,338
    131
    22 Август 2009
    Ниеден од трите..За тие пари ке најдеш Sony LED Full HD >40" и ке уживаш во секоја изгледана емисија или филм. Имам гледано на LG и не ми прави кејф, а за samsung-от незнам баш пошо немам искуство со него. Земи разгледај убаво по праодавнициве за Аудио-Видео техника, сигурно ке најдеш нешто многу подобро за тие пари. ;)

    Уште еден од мојата банда, што сведочи дека е чудо од телевизор...И самиот си вели дека после гледањето на него е исто како да се префрла од коњ на магаре. :)
     
  17. gokica

    gokica
    Модератор

    8,575
    10,732
    13 Јуни 2009
    Јас само би рекол дека секој човек има различни преференци кога станува збор за квалитет за слика. Од погорните 3 во секој случај најмногу внимание би посветил на LG.

    Panasonic IPS е мојот фаворит но повторно секој си има вкус за слика па најдобро е на лице место да се провери и спореди.
     
    Ceco, olikomerc и на psyside им се допаѓа ова.
  18. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,923
    27,631
    4 Септември 2008
    Overrated, моделите на Sony кои вредат за парите се многу поскапи од цената која што купувачот во гемава ја наведе, или на кратко, ефтините модели на Sony, се доста полош избор од ефтините на другите брендови, купуваш име.
     
    Audiofil, deki1, igor_xxxx и на уште 1 им се допаѓа ова.
  19. deki1

    deki1
    Gaining Experience

    168
    65
    20 Јули 2011
    Дечки по долго шетање и гледање на телевизори и споредби меѓу себе се одучив за моделот на
    Samsung 40" LED TV, Model: UE40D5000PWXXH
    Сега ќе ви набројам кои работи ми се допаднаа па се одлучив за него во споредба со LG 42" LED TV, Model: 42LV4500 и Panasonic 42 E30E

    - глоси екран кој некако ми дава многу повеќе контраст во споредба со конкурентите од ЛГ и Панасоник, кога гo гледаш од далечина има многу повеќе контраст.
    - Има многу живи бои, тука се работи пред се за вкус јас сакам повеќе што би рекле дреч бои, кај панасоникот е многу реална бојата али и некако со послаба изразеност на боите добар е за професионалци али не и за мене.
    - И на крај што ми беше и најбитно имаше најдобра слика од овие на кабловска, односно најдобро ја пегла сликата благодарение на вграден графички адаптер, до тука бев измеѓу Панасоник и Самсунгот али ова беше клучно за да го земам Самсунгот, на Панасоникот на кабловска сликата е многу полоша.
    Пред се сакам да кажам дека е ова мое мислење и мој вкус, секој си има различен вкус но кој и да го земите од 3 нема грешка особено на ХД реди или Фулл ХД и многу ми е мака што немаше на лагер LG 42LV5990 тој исто така ми беше фаворит.
    Ви благодарам многу на советите.

    [img=http://s18.postimage.org/558yzkaut/100_4455.jpg]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    olikomerc, Revan, gokica и на уште 1 им се допаѓа ова.
  20. prichina

    prichina
    Unbeatable

    7,816
    5,015
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    Според боите се гледа дека е MVA панел.
    Поточно S-MVA панел, одличен панел е тоа, најблиску до IPS Alpha, нуди поголем контраст, совршен за игри :) Телевизоров има вграден DTS декодер, одличен избор.
     
    На deki1 и gokica им се допаѓа ова.
  21. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,923
    27,631
    4 Септември 2008
    MVA смрди, каков одличен контраст...едно е да постигнеш висок контраст, (на хартија) а друго е како истиот ќе изгледа на дело т.е. деталноста на црната боја ќе биде далеку од видлива, кој не верува во моето тврдење, (ако се работи за MVA панел навистина, не сум сигурен) може да се увери од видеата доле.

    Повелете, и повелете уште еднаш, и тоа S-PVA модели, далеку по супериорни од античките MVA панели...

    Ете....токму затоа не се купува MVA/PVA или пак S-PVA панел, далеку се истите од IPS панел....единственото што е солидно во компарација со IPS е PLS.
     
    boro1, prichina и на gokica им се допаѓа ова.
  22. gokica

    gokica
    Модератор

    8,575
    10,732
    13 Јуни 2009
    Со здравје да си го служиш.
     
    На deki1 му/ѝ се допаѓа ова.
  23. prichina

    prichina
    Unbeatable

    7,816
    5,015
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    E40D5000PW-Russia-CN01->Version No:01-Panel-LD400BGC-C1,CLL6BC2,8 BITS,40-CHILIN(CMI)-Type-S-MVA
    UE40D5000PW -Version No: -40H6UF0E-Panel-LD400BGD-V1 или LD400BGD-V2,8biт-CHILIN(CMI)-Type-S-MVA

     
  24. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,923
    27,631
    4 Септември 2008
    И S-MVA да е исто е, моделите на видета се S-PVA- C-PVA,најдобрите верзии на VA/PVA панели, значи лимитација на вид на панел, како што IPS панелите неможат да испорачаат висок контраст, така овие неможат да ги избегнат кршењето на црната боја - контрастот, како и променувањето на гамата, при менување на аголот на гледање.

    Друго, за разлика од нив, иако IPS панелите имаат послаб контраст (на хартија) кај нив во омилената занимација на сите нас, HD филмовите, всушност ќе можеш да гледаш нешто во темните делови од нив, што значи понизок контраст, ама корисен....т.е. употреблив. Исто така Samsung F2380, којшто е на видеото е сортиран како монитор со контраст од 3000:1, но дали знаеш што се случи на ривјуата за истиот? практично го допре дното, тоа е тоа.
     
    На prichina му/ѝ се допаѓа ова.
  25. prichina

    prichina
    Unbeatable

    7,816
    5,015
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    Here are ordered by contrast
    1. new A-MVA5 from Aser Unipac Optronics (AUO)
    2. S-PVA from S-LCD (Samsung,Sony)
    3. UV2A (UVMVA) from Sharp
    4. S-MVA from Chi Mei Innolux (CMI)
    5. ASV from Sharp
    6. IPS-Pro from IPS-Alpha (Hitachi,Panasonic)
    7. AS-IPS from LG Display
    8. S-IPS from LG Display
    9. S-TFT
     
    На deki1 му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...