Template Errors: PAGE_CONTAINER

  1. htmlspecialchars() expects parameter 1 to be string, array given in /home/forumit/public_html/library/XenForo/Template/Abstract.php(279) : eval()'d code, line 13462:
    13461: {
    13462: $__compilerVar252 .= '<li><a href="' . htmlspecialchars($xenOptions['privacyPolicyUrl'], ENT_QUOTES, 'UTF-8') . '">' . 'Приватност' . '</a></li>';
    13463: }
    
  1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Препорака за bookshelf звучници

Дискусија во форумот 'Видео и аудио продукција' започната од fuzzjaw, 21 ноември 2019.

  1. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    1,044
    1,608
    13 Јануари 2014
    Машко
    Се мислам веќе некое време да ги сменам Logitech Z533, па веројатно за некој ден ќе одат на продажба. Би зел bookshelf звучници и буџетот ми е до кај плус минус 200 евра максимум, не повеќе. Ако поминам и поефтино, супер.

    Од она што е достапно кај нас, ги гледав Kurzweil KS40A како поефтина варијанта и Klipsch R-15M како малку поскапа, иако се ептен на граница на буџетот. Ќе напоменам дека гледав само онлајн, немам разгледано по продавници кај има што има настрана од овие неколку што имаат сајт.

    Ако имате подобар предлог, I'm all ears :)

    EDIT: Во Нептун имаат и Yamaha NS-333 што исто би дошле во обзир.
     
  2. tomaso

    tomaso
    Practice makes perfect

    1,060
    1,550
    25 Јануари 2008
    Машко
    Што е изворот на звук?
    Едните ти се активни, другите се пасивни.
     
  3. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    1,044
    1,608
    13 Јануари 2014
    Машко
    Лаптоп, немам појачало. Кои се пасивни? Имав впечаток дека двата модели се активни.
     
  4. tomaso

    tomaso
    Practice makes perfect

    1,060
    1,550
    25 Јануари 2008
    Машко
    Klipsch се пасивни, во твојот случај најдобро би било некои со усб варијатна, ќе добеш така и dac. Е сега со тој буџет и достапност кај нас си ограничен.
    Мој предлог би биле behringer 50usb.
     
  5. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    1,044
    1,608
    13 Јануари 2014
    Машко
    Не знам зошто мислев дека се активни, веројатно сум измешал нешто, ама фала ти за поправката. Во тој случај веројатно отпаѓаат, не ми се даваат пари и за појачало во моментов.

    Кај би ги нашол Behringer-от кај нас, и која е цената ако имаш инфо?
     
    На tomaso му/ѝ се допаѓа ова.
  6. tomaso

    tomaso
    Practice makes perfect

    1,060
    1,550
    25 Јануари 2008
    Машко
    Артист носеа едно време....е сега цените му се заостанати како и сајтот.Така да најубаво да им се јавиш.
     
    На Глупав и fuzzjaw им се допаѓа ова.
  7. Alucard

    Alucard
    Шериф

    1,813
    1,608
    22 oктомври 2012
    Машко
  8. Banjifiko

    Banjifiko
    Unbeatable

    2,974
    4,207
    28 oктомври 2008
    Да внимаваш, цените кај аудио мониторите се најчесто за парче, ретко за пар. Инаку, Skymusic во ГТЦ има попуст на Pioneer DM-40 (2x21W/4Ω) кои влегуваат во твојот ценовен праг. Држат и Numark звучници.

    Pioneer DM40.jpg

    Како што ти предложија, во Артист има Behringer за 8500 пар, или Alesis Elevate 3...
     
    На fuzzjaw му/ѝ се допаѓа ова.
  9. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    1,044
    1,608
    13 Јануари 2014
    Машко
    Да, имам на ум за пар/парче, ама гледам да споредам со цените надвор па да имам слика кое е поверојатно, пар или парче.

    Убава е цената, изгледаат пристојно и колку што гледам имаат и Bluetooth со AptX, ќе се најде. Ќе поминам до кај нив деновиве веројатно да видам што имаат, не успеав сајт да најдам. Единствено што се бели, ама ај да не цепидлачам, веројатно би ги вклопил и така во setup-ов.

    Ги видов и Behringer-от, ама ги немаат на залиха, а Alesis-от не ме фасцинираа многу искрено. Фала ти во секој случај.
     
  10. tomaso

    tomaso
    Practice makes perfect

    1,060
    1,550
    25 Јануари 2008
    Машко
    Ако имаш опција од надвор не ни гледај тука. Нема споредба со цените, рачунај од надвор можеш да вратиш и данок. А за избор да не ни правиме муабет.
     
  11. Маша

    Маша
    Gaining Experience

    168
    309
    24 Април 2007
    Женско
  12. Banjifiko

    Banjifiko
    Unbeatable

    2,974
    4,207
    28 oктомври 2008
    На Маша му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,362
    3,071
    24 Септември 2012
    Зошто не JBL LSR308? Евентуално LSR305 ако сакаш помали/поефтини. Или компромис LSR306MK2.

    Последниве се џам до 30Hz.
     
    Последна промена: 21 ноември 2019
    На nikigo и Banjifiko им се допаѓа ова.
  14. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    1,044
    1,608
    13 Јануари 2014
    Машко
    Немам опција за од надвор, единствено Thomann.de, ама некако пре би локално.

    Не најдов ништо што ми фати око кај нив за мојот буџет.

    Затоа што LSR305 се 10к парче кај нас (PixPlus).
     
    На Маша му/ѝ се допаѓа ова.
  15. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,352
    25,755
    4 Септември 2008
    LSR 305 :cool:
     
    На gOJDO му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,362
    3,071
    24 Септември 2012
    Го искина.
     
  17. tomaso

    tomaso
    Practice makes perfect

    1,060
    1,550
    25 Јануари 2008
    Машко
    Не се 200 евра тие.А и ги нема веќе овие се замена JBL 305P MKII – Thomann UK. и да и тие се над 200 евра за сет.
    Ако дозволува буџетот ококу300 евра јас би одел на Kali Audio LP6 или Adam T5V да имав каде да ги сместам уште ....
     
    На gOJDO му/ѝ се допаѓа ова.
  18. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    1,044
    1,608
    13 Јануари 2014
    Машко
    Од се што видов досега, се мислам за Pioneer DM40. JBL-от иако ги видов кај другарче и многу ме бендисаа, ми се над буџет и не би да го кревам буџетот искрено. Ќе прошетам деновиве и по другиве продавници во случај да има нешто што не е онлајн, бидејќи сајтовиве генерално гледано се прилично заостанати. Фала ви на сите за предлозите.
     
    На tomaso и Banjifiko им се допаѓа ова.
  19. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,139
    12,665
    23 Јануари 2008
    Манга
    Супер се, ама за 200 евра ќе купи само еден звучник и еден кабел за него.
     
    На Krkac и fuzzjaw им се допаѓа ова.
  20. Ребро

    Ребро
    Intern

    6
    4
    18 ноември 2016
    Машко
    Последна промена: 21 ноември 2019
  21. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,362
    3,071
    24 Септември 2012
  22. Глупав

    Глупав
    Gaining Experience

    368
    172
    20 Април 2008
    Машко
    за активни едно време ми препорачуваа и
    m-Audio како добра опција...
    (барем за електронска музика зборам)...
    тука ти се сите модели од Артист палетата во опција исто така...
    јас се решив за пасивна опција со половно појачало...
    што и да земеш, колку и поголем буџет да одвоиш нема да згрешиш
    особено ако слушаш музика како мене по неколку саати на ден...

    Мал Совет со Големи Букви: иако не ти влегува во цена
    само како наговестување на оние кои живеат во стан
    а планираат и woofer да земат (нема потреба од такви излишни трошоци)
    бидејќи 100w звучник доволно ќе ги гуши комшиите при поголема гласност
     
  23. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    1,044
    1,608
    13 Јануари 2014
    Машко
    Океј изгледаат ама како што реков, нема опција за земање од надвор.

    Вон буџет се JBL-от. Ако веќе кревам буџет, пре би Klipsch R-15M и појачало.

    Ќе размислам и за пасивни со половно појачало, ама буџетот е тој. Да, свесен сум дека за "малку повеќе пари има многу подобро", ама тоа оди до бескрај и затоа стојам на тие 200 евра што ги спомнав на почеток.
     
    На Ребро му/ѝ се допаѓа ова.
  24. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,352
    25,755
    4 Септември 2008
    LSR 305 беа 15к како дојдовте до 20 не знам
     
  25. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    1,044
    1,608
    13 Јануари 2014
    Машко
    Вака? Не знам кај би ги имало поефтини, јас само овде ги најдов локално.
     

Сподели

Вчитување...