1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Препорака за bluetooth in-ear слушалки

Дискусија во форумот 'Видео и аудио продукција' започната од fuzzjaw, 15 Март 2017.

  1. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    993
    1,522
    13 Јануари 2014
    Машко
    Здраво дечки.

    Имам проблеми со 3.5mm конекторот на телефонов, а стар телефон е, некако не ми се исплати да го носам по сервиси. Нов ќе земам тек октомври-ноември, а секако бев (скоро) решен за bluetooth in-ear слушалки. Пробав Jaybird X2, и ме убедија.

    Најмногу би ми завршиле работа Jaybird X3, но со оглед дека нема како да ги донесам во Македонија (ако грешам, поправете ме, и тоа е опција која би ја разгледал), барам алтернатива.

    Дајте предлози, битен ми е квалитет на звукот и батерија од минимум 4-5h. За цена, би дал и малку повеќе ако е нешто квалитетно во прашање.

    Фала однапред.
     
  2. Harrabed

    Harrabed
    Practice makes perfect

    1,466
    1,473
    22 Април 2013
    Машко
    Не му се работе
    Имаш ги овде можеш да си ги порачаш преку интернет и ќе ти ги донесе поштаро.
     
  3. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    993
    1,522
    13 Јануари 2014
    Машко
    Голема е разликата од Bluebuds X до X3, башка и не знам колку се оригинал овие од AliExpress. Фала во секој случај.
     
  4. mviktors

    mviktors
    Practice makes perfect

    958
    1,288
    25 oктомври 2012
    Машко
    Фејк изгледаат тие горе што се линкнати. Ја иам вакви, ги користам кога трчам, солиден звук и изработка. Батеријата трае повеќе од 7 саата. Сепак не очекувај премногу квалитет на звук од bluetooth слушалки.
     
    На Molec му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Molec

    Molec
    Unstoppable

    1,355
    2,169
    18 Мај 2011
    Машко
    Све ме занима
    Да тие се гарант fake пошо оригиналот кошта $130

    Како е lag-от при разговор...ми требаат за скајп конференции. Ај ако не ти те тешко испробај ги и кажи ми.
     
  6. mviktors

    mviktors
    Practice makes perfect

    958
    1,288
    25 oктомври 2012
    Машко
    Мислам дека ќе ти бркаат работа солидно, сум примил неколку повици на нив дур сум трчал, убаво ги слушам и нема никакво сецкање и доцнење. За скајп не сум ги користел, ако ти е битно ќе проверам кога ќе дојдам дома.
     
  7. Molec

    Molec
    Unstoppable

    1,355
    2,169
    18 Мај 2011
    Машко
    Све ме занима
    Да битно ми е, ако можеш провери па пиши. Секој ден имам разговори на скајп и преку К ми е од кабли, тастатура и маус елиминирав уште ова остана. Дека скајпот и без тоа lag-ира па да не биде премногу lag за нормална комуникација.

    Фала унапред.
     
    На mviktors и Harrabed им се допаѓа ова.
  8. mviktors

    mviktors
    Practice makes perfect

    958
    1,288
    25 oктомври 2012
    Машко
    Проверив на краток разговор од 10-20 сец дента од кога го праевме муабетов, ама скроз заборавив да пишам тука...
    Не приметив никаков лаг, јасно се слуша и на двете страни. Имав и неколку обични разговори преку слушалките дур трчав, све си е ок.
     
    На Molec му/ѝ се допаѓа ова.
  9. skullmonkey

    skullmonkey
    Модератор

    3,948
    3,057
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Јас земав ова - AUKEY Bluetooth Sport Headphones in Ear Earphones: Amazon.co.uk: Electronics
    Не се лоши освен што за мој вкус има многу бас. Цврсто стојат во ушите и кога се потиш и трчаш.

    Претходните кои ги користам ми се Sennheiser OCX 686i Sports Headphones кои коштаа 100 евра и звукот е далеку далеку подобар (пак, за мој вкус) но имаат кабел.
     
    На mviktors му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Molec

    Molec
    Unstoppable

    1,355
    2,169
    18 Мај 2011
    Машко
    Све ме занима
    Ги нарачав овие имаат солидни рецензии на нет...битно ми беше да немаат додатоци како копчиња на самиот кабел....штом стигнат ќе пишам импресии и споредба на квалитет на звук со Sennheiser CX680 и фабричките слушалки шо доаѓаат со Note 5.
     
    На mviktors му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Molec

    Molec
    Unstoppable

    1,355
    2,169
    18 Мај 2011
    Машко
    Све ме занима
    Ок стигнаа слушалчињата пред 3 дена, редовно ги користам, па еве кратка рецензија.

    1.Пакување = минималистичко и задоволително.

    [​IMG]

    2.Додатоци = доволно: 3 големини силиконски рогови/закачалки за внатре во уво, 1 пар пластични закачалки за позади уво, 3 големини силиконски инки, кабел за полнење USB>Micro USB, мини торбичка за складирање/носење и упатство.

    [​IMG]

    3.Квалитет на изработка = солиден.

    4.Функции = како и останатите генерално ок се: примање/спуштање повици, менување песна, старт/стоп музика, звук појачување/намалување, google assistant/siri активација, лед индикатор (покажува дали се ON/OFF, слаба батерија, PAIRING MODE, кога ти ѕвони тел).

    [​IMG]

    5.Перформанси:
    -Батерија: солидна, скоро 6 саати издржуваат, не ги рокам на макс туку на средно ниво гласност. Се полнат мн брзо за 2-2:30 часа.
    -Магнетот е слаб за сами да напраат ч'к т.е. е да се спојат ако само ги пуштиш да висат на врат и лесно се откачуваат.
    -Јачина на звук: повеќе од доволна.
    -Квалитет на звук: меех накај лош, неспоредлив со Sennheiser CX680 па дури и со фабричките слушалки шо доаѓаат со Note 5. Бас нема, високи тонови се премногу изразени.
    -Сигнал: одлично фаќаат и преку 2 ѕида на растојание од 10м. ама ако има арматура тогаш хрчат и се губи врската ама штом се доближиш до изворот на сигналот одма се подобрува.
    -Микрофон: малку слабо се слуша за мој вкус ама чисто и разбирливо.
    -Нема приметливо доцнење на звукот при повици и музика слушање.
    -Вчера сакав да направам повик ама не сакаа, нешто забушаваа, ги избришав од bluetooth листа на paired devices, ги конектирав повторно и проработеа, од тогаш сум немал проблеми.

    [​IMG]

    6.Ергономија: релативно компактни, не испаѓаат од уво дури и без тие силиконските рогови/закачалки, лесни се скоро и да не се осеќаат, кабелот е краток дебел и плоснат па не се плетка воопшто, нема на него непотребни додатоци и кога се во употреба практично не се осеќа, копчињата се со тапа филинг ама знаеш кога си стиснал дугме се осеќа и слуша клик, изолираат надворешна бучава доволно, не премногу и не премалку. Једино што ми смета се силиконските инки - имаат некоја рапава текстура и при вадење/ставање/мрдање во уво се добива непријатно чувство (ова може да е субјективна појава).

    [​IMG]


    Оценка 7/10
    Заклучок: За парите се топ, слободата што се добива при немање кабел до телефонот е бесценета...не сум меродавен да ги споредувам со други пошто овие ми се први слушалки од овој вид. Би сакал подобар квалитет на звукот, подобар микрофон и евентуално поквалитетни инки (Sennheiser-от се многу попријатни во уво) друго не би менувал.
     
    Последна промена: 12 Мај 2017
    draganamon, aleksandar.divitarov, Astro и на уште 1 им се допаѓа ова.
  12. DarthJe5us

    DarthJe5us
    Practice makes perfect

    1,276
    1,022
    2 Јануари 2012
    Машко
    Од каде ги порача? :)
     
  13. Molec

    Molec
    Unstoppable

    1,355
    2,169
    18 Мај 2011
    Машко
    Све ме занима
    Од тука.
     
    На DarthJe5us му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Audiofil

    Audiofil
    Gaining Experience

    819
    324
    28 oктомври 2007
    Ако сакаш да извадиш максимум од звукот на слушалките од кој не си задоволен треба да направиш неколку работи.Прво треба да ги смениш гумичките кои очигледно се помали од отворите на твоите уши и да ставиш подебели за да не се губат ниските фреквенции.Останатиот спектар треба да го анализираш слушно со помош на тон генератор софтвер кој го имаш бесплатно на интернет и тој ќе ти каже каде има скокови и падови на фреквенциите и колкав интензитет се.Истовремено ќе го инсталираш овој плеер на телефонот бидејки има совршен еквилајзер така што ти овозможува буквално која фреквенција сакаш да ја корегираш и во која октава за на крај да добиеш максимално избалансиран звук низ цел спектар.Ако не можеш да се снајдеш побарај ме и практично во живо ќе ти објаснам како се прави.Ова е софтверот:
    TEAC HR Audio Player for iOS/Android | TEAC
     
    На Molec му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Molec

    Molec
    Unstoppable

    1,355
    2,169
    18 Мај 2011
    Машко
    Све ме занима
    Гумичките се тамам, поголемите ме стискаат, помалите испаѓаат. Ако најдам подебели ама помеки можда би ги сменил.

    Околу спектаров...не сум аудиофил не ми е до толку битно, ама у built-in еквилајзерот на Samsung сменив неколку вредности и се доби почиста слика без спајкови...и по саат време твикање чачкање тоа е сепак квалитетот е тој.
     
  16. Audiofil

    Audiofil
    Gaining Experience

    819
    324
    28 oктомври 2007
    Ова што го препорачувам е многу повеќе од еквилајзер.Еден куп програми сум пробал на телефонот за да отстранам недостатоци на евтини слушалки и ниеден не го бива.Софтверов е премногу добар плус бесплатен и од ѓубре слушалки доколку имаш добро уво можеш да ги калибрираш и од нив да извадиш 10 пати подобар звук ако знаеш да ги израмниш фреквенциите во целиот спектар бидејки целата филозофија во квалитетниот звук е што порамен фреквентен спектар од почеток до крај.
     
    На Molec му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Molec

    Molec
    Unstoppable

    1,355
    2,169
    18 Мај 2011
    Машко
    Све ме занима
    Баш ќе пробам после па ќе пишам. Фала на инфо во секој случај.
     
  18. Audiofil

    Audiofil
    Gaining Experience

    819
    324
    28 oктомври 2007
    Пушти ги прво слушалките на тон генератор за да слушнеш каде паѓа и каде скока спектарот и веднаш на секој пад или скок што ќе го слушнеш со пен пенкало за телефон ќе почнеш да корегираш бидејки со прст не можеш баш најпрецизно.Најголемите проблеми кај повеќето бубици е голем пад во подрачјето од 700,800hz до кај 4khz и после има скокови до кај 8khz па пад до кај 11 или 12khz и огормен скок како шпиц и после тоа почнува да се губи звукот.
     
  19. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    993
    1,522
    13 Јануари 2014
    Машко
    Да не стои темава така - решен е проблемот, порачани се Jaybird X3. Фала ви на сите што одговоривте.
     
    На Molec му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Molec

    Molec
    Unstoppable

    1,355
    2,169
    18 Мај 2011
    Машко
    Све ме занима
    Пиши импресии, дали вредат премиум цената што се плаќа за нив :) Јас уште ги користам Анкерот по по пола саат дневно за слушање музика и муабет на тел, задоволен сум генерално.
     
  21. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    993
    1,522
    13 Јануари 2014
    Машко
    Би требало да ги имам наредната недела, така да ќе пишам :)

    За цената искрено, се малку overpriced. Го имав тоа на ум кога ги порачав, ама не можев да најдам ништо друго што има солиден звук, sweatproof е (активен сум по 3-4 часа дневно, битно ми е), држи батерија и не тежи по 300g на секое уво. Работиве што ги набројав ми се базирани на тие неколку дена што користев X2 од другар, ама ќе пишам од кога ќе ги пробам, да не биде дека трчам :)

    Edit: Го пишав ова погоре чисто за да е јасно зошто не ми смета што се overpriced. А дека се, се, дефинитивно.
     
    На Molec му/ѝ се допаѓа ова.
  22. Psycore

    Psycore
    Gaining Experience

    483
    419
    12 ноември 2013
  23. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    993
    1,522
    13 Јануари 2014
    Машко

    Стигнаа вчера, и генерално сум задоволен, бар од слушалките. Звукот е одличен, истовремено ми се поврзани и со компјутер и со телефон и функционираат одлично. Дојдоа со еден куп ear tips и ear fins, така да гарантирано има добар fit за секој. Опцијата за поврзување со Jaybird апликацијата дава мал милион опции за custom equalizer, инфо за батеријата итн. И слушалките се помали и полесни од X2, што е прилично добредојдено за некој како мене што има проблем со големи in-ear слушалки.

    Од друга страна, крајно сум разочаран што стигнаа со скршен charging clip. Не можам да ги полнам никако, еден од конекторите во microUSB портот е скршен, и не функционира. Моментално чекам mail од customer support, веројатно ќе добијам нов полнач, бидејќи вака се бескорисни.
     
    На draganamon му/ѝ се допаѓа ова.
  24. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    993
    1,522
    13 Јануари 2014
    Машко
    @Molec , на кратко кажано, слушалките се одлични. Топла препорака за било кој што нема проблем да плати толкава сума. Плус, знаат на попуст да паднат до кај $99, што ги прави уште попримамливи. Како што пишав погоре, звукот е одличен. Батеријата држи околу 7 и пол до 8 часа, како што е рекламирано, и нормално, помалку ако се поврзани континуирано со два уреди. Водоотпорни се, иако некако не ми држи да ги проверувам.

    Малку се зафркнати дури не најдеш комбинација на ear tips и ear fins што функционираат, ама има 3 големини silicone ear tips, 3 големини Comply foam tips и 3 големини ear fins. Кога ќе си ја погодиш големината, може да се користат и под уво и преку уво за малку подобар fit. Со Comply foam tips изолацијата е одлична. Во кутијата има исто така и shirt clip, и две пластични делчиња за скратување на кабелот. Инаку, делот со батеријата и контролите е доволно лесен за слушалките да не бегаат цело време на таа страна, туку си стојат убаво.

    Споредени со Jaybird X2, имаат малку подобар soundstage, и опцијата за Jaybird апликацијата спомената погоре е огромен плус. Од друга страна, X2 може да се најдат и за $70-80, ако на некој не му се даваат толку пари за новиов модел. Се на се, јас сум презадоволен.

    Исто така би сакал да им го пофалам customer support тимот. Стигнаа со скршен полнач, и после 2-3 дена мејлови кај што единствен доказ кој го побараа беше screenshot од порачката, ми испратија нов полнач кој работи одлично. Проблем е што немаат достава за Македонија па морав да се бркам со нив преку Словенија, ама не се тие криви.


    [​IMG]
     
    На draganamon и Molec им се допаѓа ова.
  25. CHIMPANZEE

    CHIMPANZEE
    Gaining Experience

    362
    111
    23 Февруари 2011
    Машко
    Дечки, сакам да ги земам овие wireless слушалки, некој искуство/совет да сподели?
     
Слични теми
  1. HijackHacker
    Одговори:
    0
    Прегледи:
    1,540
  2. Molec
    Одговори:
    8
    Прегледи:
    2,964
  3. Harrabed
    Одговори:
    5
    Прегледи:
    1,280
  4. NanoCell
    Одговори:
    8
    Прегледи:
    1,046
  5. Avid
    Одговори:
    38
    Прегледи:
    2,693
Вчитување...

Сподели

Вчитување...