1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Препорака за бежични слушалки!

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од AndrejGagale, 27 Септември 2010.

  1. AndrejGagale

    AndrejGagale
    Gaining Experience

    544
    71
    12 Април 2009
    Машко
    Сакам да земам бежични слушалки за на компјутер. Бидејќи стандардните само ги кинам и никако да останат здрави. Па што ми препорачувате, нормално цената да биде најмногу до кај 1200-1500ден. :bravo:
     
  2. Happy

    Happy
    On your way to fame

    1,202
    504
    21 Јуни 2010
    Wellness советник
    Порано знам се шиткаа на ауто-пазар за 1000че али пред 5-6 години, сега од го преместија, незнам какви се цените по продавнициве на малопродажна.. али би требало да има нешто асално :)
     
  3. AndrejGagale

    AndrejGagale
    Gaining Experience

    544
    71
    12 Април 2009
    Машко
    Абе има ама незнам дали на FM, Bluetooth, незнам на каква фрекфенција да ги земам кои се најдобри? И да фаќаат што повеќе.
     
  4. gokica

    gokica
    Модератор

    8,552
    10,654
    13 Јуни 2009
    Андреј, за таа цена нема што да се препорача. Всушност за таа цена нема ни жичани кои би ти ги препорачал а камо ли добри wireless. Што и да купиш за толку пари ќе биде од прилепскиот кванташки пазар и ќе биде бадијала фрлени пари. :D Sorry. :plachko2:
     
  5. AndrejGagale

    AndrejGagale
    Gaining Experience

    544
    71
    12 Април 2009
    Машко
    Фала за одговорот, чекав подолго време. :) Абе има за 1000-1400ден. слушалки ама незнам дали ќе чинат.....ќе видам немам ни уште прошетано убаво да видам.
     
  6. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,780
    27,504
    4 Септември 2008
    Асални слушалки, поготово бежични под 100 евра (минимун) не наоѓаш.
     
  7. Aleksandar!

    Aleksandar!
    Gaining Experience

    533
    169
    29 Јули 2010
    Јас имам бежични од 50 евра .Еве веке 5 - 6 години гајле немаат ..
     
  8. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,780
    27,504
    4 Септември 2008
    Не е работата дали имаат гајле или не збориме за вистински квалитет на звук, нели тоа е намената на слушалка. Дури и 100 евра се малце, ако збориме квалитет оној правиот е над 200 евра како почетна фаза од меинстрим накај слушалки од реално повисока класа.

    Eве еден модел како пример.
     
  9. gokica

    gokica
    Модератор

    8,552
    10,654
    13 Јуни 2009
    Јас да сум на местото на Гагале би си купил жичани со долг кабел но барем за уште 1000 ден. повеќе од тие 1500 кои тој ги издвоил. Многу е мал буџетот за да размислува за добри жичани а камо ли за безжични. Андреј, колку и да ти е беззначаен во моментов квалитетот на звук, во моментот кога ќе чуеш квалитетна слушалка работите ќе се променат и никогаш повеќе нема да се свртиш назад. Во Аудиоцентар во Скопје имаш AKG K514 кои имаат долг кабел, многу се комфорни и имаат звук кој оддалеку ги надминува сите оние чкљ модели кои се продаваат по ниски цени. Ако те носи патот накај Скопје и го имаш буџетот чуј ги па носи одлука. Јас сум чул десетина модели на безжични слушалки по продавници во периодот кога се запалив за купување на едни како за мој атер, и ќе ти кажам дека сите ефтини модели звучат како да слушаш на лименки од вашиот прилепски Златен даб.
     
  10. Aleksandar!

    Aleksandar!
    Gaining Experience

    533
    169
    29 Јули 2010
    Да ама тука не станува збор за професионални слушалки . Би го служеле и некои до 50 евра или слично
     
  11. gokica

    gokica
    Модератор

    8,552
    10,654
    13 Јуни 2009
    Кои слушалки му ги препорачуваш ти (модел)?
     
  12. Aleksandar!

    Aleksandar!
    Gaining Experience

    533
    169
    29 Јули 2010
    Па незнам не сум гледал какви модели има јас на пр. имам некои германски незнам шо марка ама многу се добри и звук имат добар и домет добар .
     
  13. gokica

    gokica
    Модератор

    8,552
    10,654
    13 Јуни 2009
    Добро, јас му посочив нешто врз основа на моите сознанија. Сега негово е да си одлучи што ќе зема. BTW категорија „професионални слушалки“ во класификацијата на слушалки официјално не постои. Како и да е јас посочив некои кои задоволуваат основни стандарди за добар звук и се ентри левел во светот на слушалките (оние вистинските). Но сега јас не можам да знам дали твоите германски слушалки не се квалитетни и добри зашто можеби си начекал екстра специјален попуст на некои добри слушалки. :D
     
  14. Aleksandar!

    Aleksandar!
    Gaining Experience

    533
    169
    29 Јули 2010
  15. AndrejGagale

    AndrejGagale
    Gaining Experience

    544
    71
    12 Април 2009
    Машко
    @gokica Па, во право си потполно, мене не ми требаат некои професионални ама сепак да имаат добар звук. За Скопје, да треба да идам па баш еве ќе појдам да видам, ако ме бендисаат секако би земал.

    Сепак сакав да видам што ќе кажите за бежичните, гледав едни ама за 1000ден. никакви беа така да ништо од нив. Би земал жични ама какви, ќе видиме.
     
  16. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,601
    5,175
    20 Април 2007
    Машко
    http://www.technomarket.com.mk/product_detail.php?product_id=09006455

    http://www.technomarket.com.mk/product_detail.php?product_id=09018046

    Мислам дека се ова сосема солидни слушалки за цената. Верувам дека ке бидеш и многу многу задоволен од звукот кој овие слушалки ке ти го приуштат. Знам дека не си заинтересиран за професионални слушалки, дека едноставно сакаш за некоја разумна цена да добиеш пристоен квалитет на звук, и верувам дека со овие два модела што ти ги посочив во моментов нема да згрешиш доколку ги купиш...

    Е сега секој респект за psyside и gokica за она што ти го предложија како опција, но сепак мислам дека таков тип на слушалка покрај тоа што не се уклапа во твојот буџет, воопшто не е за она за кое ти ке го користиш. :bravo: Така да разгледај ги овие две опции или некој слични на нив и ке чекаме да поставиш некој импресии наскоро. Поздрав
     
  17. zorandesign

    zorandesign
    Баниран/a

    1,618
    674
    6 Јуни 2007
    Јас ги имам овие, и неможам да се пожалам воопшто. Мислам дека би ги исполниле сите барања на еден просечен слушател на музика кој нема вграден мерач на нагласеност на сите поединечни фреквенции :)) Баш ми е смешно кога ќе прочитам како тоа некои фреквенции биле пренагласени а некои биле неконтролирани, а некои премалку јасни. Тоа може да се одреди само со професионален супер осетлив микрофон со којшто ќе биде снимен запис од некоја композиција и потоа со истиот микрофон ќе биде снимен запис од репродукцијата со помош на даден излезен уред и да се направи споредба на спектарот на репродуцирани фреквенции. Притоа, самиот звучен процесор ( картичка ) ќе има определно влијание. Па според тоа сите оценки за застапеност на одредени фреквенции на обични слашатели на музика, каков што сум и јас, којшто може да се прочитаат на нет, ми делуваат целосно необјективни. Ова го коментирам бидејќи прочитав за моите слушалки како тоа имале неконтролиран бас,средните фреквенции биле малку нагласени а високите пренагласени :LOL:
    Мој совет - доколку се чувствуваш како слушател на музика којшто бара повисок квалитет од вообичаениот, би ти препорачал најпрво да купиш солидна звучна картичка ( препорачувам X-Fi Audio за ограничен буџет ), а после тоа да тркнеш до AMC и да ги купиш тие слушалку кои ти ги посочив, доколку ги има сеуште, нема да згрешиш.Имаат кабел од 6м и не многу висока цена. Имаат контрола на гласност,а и репродукција на звук и удобност кои за таа цена немаат конкуренција. Се разбира, додатната звучна картичка е луксуз којшто е доброволна неопходност на секој што често слуша музика.
     
  18. gokica

    gokica
    Модератор

    8,552
    10,654
    13 Јуни 2009
    @SaleSk, Човекот кажа дека ги кине каблите од слушалките па затоа бара безжични. Јас му посочив жичани слушалки кои имаат еден кабел кој излегува од левата слушалка и кој е доволно димензиониран и прицврстен а истовремено и има доволна метража со која ќе се спречи ситуација лесно да се скине.

    Зоки, јас ги купив слушалките за кои ти говориш уште кога излегоа кај нас од АМЦ и тоа без претходно да сум читал било што за нив. Едноставно изгледот им е страшен. Ги вратив наредниот ден. При погласно слушање басот грчеше (на онборд звучна). Звукот беше едноставно рамен. Значи не стануваше збор за истенчен вкус на слушателот туку нефункционалност односно подпросечност. И не само во АМЦ. Во Истанбул се продаваат само филипсови слушалки во трговските центри и сум чул низа од нивните големи слушалки. Никои од нив не ги бива. Имаа една серија in-ear која да пуштија со дискмени кои беа подобри. Јас навистина ти препорачувам кога ќе имаш можност да дојдеш до квалитетни слушалки па да споредиш. Она што ќе забележиш дека разликата во звукот не е фиктивна или некоја ситница од која оние што прават ривјуа прават слон од мравка.

    За тие слушалки не е потребна подобра звучна картичка односно таква инвестиција е неоправдана а и има конфликт во намерите, односно во случајов посочуваме слушалки колку да се слуша нешто на нив без посебни критериуми за звук а звучната викаме да е посаглам. Нема причина за таква комбинација.

    Верувај ми дека немам за цел да противречам на постот и искуството. Сакам само да ти посочам дека треба да пробаш подобри слушалки па да ја почувствуваш разликата. А разликата е иста како да слушаш музика на малецки звучници од системче од шутка и висококвалеитетна хај фај линија со висококвалитетни звучници.

    Edit: Ова беше обид на Филипс да навлезе во сегментот на квалитетни слушалки но концептот не го доживеа успехот кој се очекуваше.

    http://www.p4c.philips.com/files/s/sbchp1000_00/sbchp1000_00_pss_aen.pdf

    Мислам дека ги видов во Нептун (и тоа по намалена цена) ама не би ги препорачал освен доколку цената им е до кај 30 евра па да речеме дека за таа цена се најдобри кај нас.
     
  19. AndrejGagale

    AndrejGagale
    Gaining Experience

    544
    71
    12 Април 2009
    Машко
    @Gokica точно така, не ми требаат некои професионални слушалки, односно слушалки кои се со пристојна цена и секако да имаат подобар звук. Ќе видам низ Прилеп што има како има па ако најдам нешто поубо ќе прашам, односно ако нема идам Скопје секако.:))
     
  20. mickeymkd

    mickeymkd
    Intern

    412
    43
    7 Јануари 2009
    Машко
    Во кој Нептун, и која беше цената?
     
  21. gokica

    gokica
    Модератор

    8,552
    10,654
    13 Јуни 2009
    Во ГТЦ, пролетва ги имаше. На цената не се сеќавам.
     
  22. AndrejGagale

    AndrejGagale
    Gaining Experience

    544
    71
    12 Април 2009
    Машко
    Уууу овие ме бендисуваат, ќе претрчам до Прилепскиов нептун да видам што има.
     
  23. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,780
    27,504
    4 Септември 2008
    Токму така, кај нас заради нискиот стандард све е дојдено до едно мининално ниво на задоволитенлсот така што за всушност да сватиш што е добро мора да искусиш нешто солено. Значи без навреда кон Зоки но мојот пост за над 100 евра мислам дека беше на место. Кога за моите HD595 кои чинат двојно повеќе од тие 100 на странските аудофилски форуми ми викаа дека се меинстрим/ентри класа тогаш што да се каже за слушалките што ги има кај нас кои идат по цена од некои си 1000 денари? :)

    Јас кога го купив мојот "сараунд" Logitech X-530 мислев дека произведуваат феноменален звук, се додека не појдов во комшии кај еден другар и ги чув неговите JBL од 800 и куср евра. Врв на сето тоа беше споредбата која ја направив помеѓу звукот на 595-те и X-530 (кристално чист звук од една страна vs бас без никаква динамика и тотално изобличени и средни тонови) :LOL:
     
  24. zorandesign

    zorandesign
    Баниран/a

    1,618
    674
    6 Јуни 2007
    Сеуште ги користам слушалките, кои навистина изгледаат страшно:)) Едноставно, се штедело на изработката, па така пластиката делува евтино, крцка...Еднаш кога ќе ги ставиш нема тоа да смета :) Само што ја побарав композицијата со презастапен бас и моментално ја слушам и неможам да забележам никакво грчење. Најверојатно било до онборд звучната.

    Токму поради тоа и нагласив дека набавката на звучна картичка е доброволна неопходност :)

    Токму затоа и дискутираме на форумот. Секое размислување е добредојдено ;)
    Поздрав :bravo:

    Целосно се согласувам со твојот совет :) Колку пари толку музика, буквално кажано :D
    Јас сум просечен слушател па можеби затоа philips слушалките кои ги користам и се најверојатно ниска класа според аудиофилите, за мене се повеќе од доволни :)
     
  25. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,780
    27,504
    4 Септември 2008
    Гледаш ќе заборавев дека ти всушност си му дал многу добар совет, ефтина звучна карта од 2-3000 + слушалки од 3000 денари (пример) се подобар избор од слушалки од 6000 денари без звучна во секој можен аспект. Поготово ако се работи за Asus Xonar D1 која многу аудиофили ја ставија како број еден опција во сегментот цена/перформанси. Или пак кога веќе се работи за слушалки една поквалитетна звучна од повисоката класа, солената Auzentech Prelude која доаѓа со појачало за слушалки . :bravo:

    Eдна Auzentech Prelude или пак кога подобро ќе размислам, убедливо најдобрата звучна Asus Xonar STX во комбинација со овие, и не искачам од дома :LOL:
     

Сподели

Вчитување...