1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Препорака за аудио за дома

Дискусија во форумот 'Видео и аудио продукција' започната од JasSum, 24 ноември 2018.

  1. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,672
    1,720
    8 Мај 2007
    Машко
    Ќе биде за во дневна, 25-30м2
    Многу ограничен буџет - 150еу
    Не мора да е ново.
    Што може да се добие за овие пари кај нас?
     
    На sas_klar му/ѝ се допаѓа ова.
  2. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,672
    1,720
    8 Мај 2007
    Машко
  3. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,184
    8,885
    23 oктомври 2012
    Машко
    Премногу е мал буџетот за да се развие некаква дискусија. Земи саундбар и тоа е тоа...или билошто што ќе ти дадат за тие пари во нептун...
     
    На StalkeR, mdeni, igor_xxxx и уште 3 други им се допаѓа ова.
  4. Balanar

    Balanar
    Practice makes perfect

    978
    1,011
    6 Декември 2016
    Машко
    Со тие пари - саундбар некој од средна класа.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  5. skopje_mkd

    skopje_mkd
    Gaining Experience

    255
    145
    5 Февруари 2016
    ајде нека се развие дискусија и мене ми е потребно аудио опрема за во дневна исто така 30м2 буџетот 30000-40000денари што би препорачале може на старо може и ново....
     
  6. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,150
    3,431
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    Отвори нова тема да не му ја узурпираме на членот оваа.

    Инаку на темата, се согласувам дека е мал буџетот. Ако е фиксна сумата, може да се оди со саундбар, кој секако ќе биде далеку подобро решение од вградени во телевизор звучници.
     
  7. Balanar

    Balanar
    Practice makes perfect

    978
    1,011
    6 Декември 2016
    Машко
    Ова му доаѓа исто како некој да бара половна кола до 4000 евра и некој им се убацува у муабетот - Абе препорачајте НОВА кола до 20000 евра...
     
    На DennyMK, Draynor, xenon и уште 2 други им се допаѓа ова.
  8. Feelyo

    Feelyo
    Intern

    31
    31
    2 Април 2017
    Машко
    @JasSum
    Во тој буџет, а и за таа големина на соба не би барал нешто комплицирано од типот на surround системи, туку нешто помало, а сепак колку-толку квалитетно и доволно силно - би ти ги препорачал Kurzweil KS40-a ( Kurzweil KS40A )

    Јас си ги користам веќе повеќе од 5 години во соба од ~15 квадрати и сум повеќе од задоволен. Kога ги земав ја беа поевтини (6100 ден.) од тоа што се сеа, но сепак мислам дека и по таа цена вредат.
    Единствено што треба да пазиш и знаеш за нив е дека имаат два влеза од кои што едниот има појачани високи што значи дека од тој влез има боење на звукот, а не е flat. До некаде ствар на вкус, но јас ги користам на flat влезот.

    Во случај да се одлучиш за нешто друго, мојот совет за аудио е: секад барај нешто што се користи од музичари или за audio engineering, а не конзумерски брендови од типот logitech/genius/sony и слично.
     
    На Ninjaa и Necromancer им се допаѓа ова.
  9. tomaso

    tomaso
    Practice makes perfect

    1,053
    1,560
    25 Јануари 2008
    Машко
    За тој буџет од 150 евра за домашна упортеба јас би одел на Behringer Studio 50USB. Имаат солиден DAC со usb инферфејс, така да не ти менува многу многу што ќе биде изворот, овие би биле идеални за некој HTPC нормално како буџет варијатна. За достапност кај нас прашај во arist.mk ili mimimuzika. А ако имаш опција од надвор тогаш Thoman.de
     
    На Costigan_Jr и Necromancer им се допаѓа ова.
  10. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,672
    1,720
    8 Мај 2007
    Машко
    Ок, ајде штом е премалку, што би советувале како минумум за некое ок аудио за дома.
    Која би била долна граница ценовно, и што би препорачале.
    Мислам дека тоа на многумина би им било добар репер.
     
    sas_klar, ImTheDude, mviktors и на уште 1 им се допаѓа ова.
  11. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,672
    1,720
    8 Мај 2007
    Машко
    Или да има некој гајд за кај нас, до 150еу, до 200, до 250, до 300...
    Само не претерувајте со цените
     
    На omegaRED му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Audiofil

    Audiofil
    Gaining Experience

    812
    322
    28 oктомври 2007
    Вака,докторот Владимир Филевски секогаш викаше од вкупниот буџет 80 до 90% да одат во звучници а само останатите 10 до 20% во засилувач и цд плеер бидејки звучниците се оние од кои зависи генерално звукот додека засилувачот само ќе прави разлика во некои финеси или нијанси во зависност од тоа дали сакаш посмирен или подинамичен звук.Е сега ако лимитот ти е 300 евра тогаш треба да бараш звучници околу 250 евра а за засилувач можеш да земеш и некој за 50 евра само да е исправен.Од звучници за 250 евра низ градов нови не ни помислувај да бараш во продавници како Сетек,Анхоч,АМЦ,Нептун,Техномаркет бидејки што и да купиш е стварно ѓубре за 250 евра.Да сум на твое место според она што се нуди во градов би би собрал плус уште некој денар и би земал Visaton кит за самоградба од 11000 па до кај 22000 денари од Логинг електроникс и правец кај браќата Сашо и Душко за изработка на кутиите:
    Звучници, Аудио/Видео | Loging Electronics
    Искрено лично мене оваа кутија ми фаќа око:
    STARLET | Visaton
    И пред да одлучиш дали ќе купиш нешто од Visaton замоли ги вработените таму да ти кажат дали некој нивни пријател има такви звучници за да ги слушнеш.Јас пред да купам Focal кит ги слушнав кај еден дечко што пред мене имаше купено таков кит и откако ми се допаднаа земав и за мене.
     
    На CBB_6 и mdeni им се допаѓа ова.
  13. Audiofil

    Audiofil
    Gaining Experience

    812
    322
    28 oктомври 2007
    А што се однесува до засилувач посети го местово и мислам дека за 50 евра ќе најдеш соодветен за твоите звучници бидејки човеков има голем избор:Prodavam Pojacala,Resiveri Od 50,60...Evra
     
  14. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,582
    5,101
    20 Април 2007
    Машко
    Во тој ценовен ранг можеш да купиш некое нормално системче кое се продава по локалните продавници, односно баш оние кои не ти ги препорачаа, СЕТ, Нептун, АМЦ, Техномаркет и слични. За домашна секојдневна општа употреба можеш да бидеш задоволен и со таков уред.
    Микро систем PIONEER X-EM12, 2x15W

    На пример нешто во оваа класа. Можеш да видиш и во ЗЕЦ електроник во Капиштец, Александар е многу фин момак и може да добиеш и некој попуст, ке си направите фин муабет, ке пробате, слушнеш и слично.
    Исто така како опција која ти се вклопува во буџетот може да влезе во игра и ова системче, кое чита Флак, можеш да го поврзеш со Тв и слично:
    Микро систем LG CM2460, 100W, BT, USB

    Инаку колку што разбрав бараш стерео... За сараунд исто така може да земеш од ефтините и ке ти брка работа за секојдневна употреба.

    Што се однесува до останатите коментари од типот:

    Појачало на старо ти е исто како и стара баба. Истото важи и за звучниците.
    Прво и основно со текот на времето, а поминало доста време, за 50 евра можеш да купиш ѓубре кое некому му смета.
    Звучници: Деформирани мембрани, ослабени амортизери, раздрндани калоти, исушени електролити, незнаеш дали се мотани, премотувани, крпени приправани, звукот од оној што треба да биде не е ни 30%.
    Појачала: Најчесто се со потенциометри без далечинска контрола, оштетени графитни контакти, чести прекини во звукот, исушени електролити, ослабнати електролити во напојувачката единица, исушени електролити во претпојачалото, можеби променети излезни транзистори, звукот далеку од она што навистина треба да биде.

    Да не зборам за фактот дека со текот на времето се менуваат и стандардите и поимот квалитет и звучење на звукот. Звукот пред х години имал една боја, имал една димензија, денес е друго, има друга боја друга димензија. Живееме во сегашноста, не во минатото.

    Изборот е твој. Парите се твои.
    На старо никој не може да ти гарантира за квалитет, никој не ти дава гаранција.
    Или да купиш од познат човек кој знаеш како водел грижа за аудио опремата, но и тука повторно факторот години и старост играат улога...
     
    На DennyMK, Draynor, Necromancer и уште 7 други им се допаѓа ова.
  15. smole

    smole
    Unstoppable

    2,884
    3,197
    18 Април 2007
    Разгледај ривјуа за Monitor Audio MR1 и Monitor Audio MR2 , а за појачали ѕирни во Аудио Центар што имаат, во Алфа Аудио немаат голем избор на поефтини појачала.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Audiofil

    Audiofil
    Gaining Experience

    812
    322
    28 oктомври 2007
    За звучници се сложувам дека половни не е препорачливо да купуваш поради горенаведените причини што се набројани но за засилувач не се сложувам.Како и кај автомобилот целиот материјал е потрошен односно некој се менува почесто некој скоро никогаш.На пример кондензаторите и транзисторите се потрошен материјал и после неколку години треба да се сменат но тоа не значи дека ако се заменат нови потполно исти звукот нема да биде како претходно.Ако некој мисли дека за некои 5000,6000 евра ќе купи целосно нов автомобил од некоја NO NAME фирма кој би бил подобар од некој половен произведен од реномирана фирма за истите пари слободно нека си купи.Ако по секоја цена сака нов засилувач јас му препорачувам да си купи мал од D класа од aliexpress за некои си 25 долари со реална снага од 2 x 25 отколку да купува нешто што се продава кај нас.Го пробав дома на домашните и бев пријатно изненаден од звукот башка до максимум немаше никакво изобличување.Го купив со намера да го користам на велосипед плус мали кутии што моментално се прават со MTX звучници наместо да трошам пари на bluetoth кој чини и до 3 пати повеќе а звучно е послаб од ова што јас го правам.Засилувачот е моментално хит во светот и еден од најпродаваните аудио кинески производи:
    Nobsound - YouTube
    Buy Nobsound and get free shipping on AliExpress.com
     
    На Draynor му/ѝ се допаѓа ова.
  17. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,582
    5,101
    20 Април 2007
    Машко
    @Audiofil секоја почит за целокупното познавање на аудиофилството, но мислам дека малку повеќе грешиш во технички дел, посебно кога се дискутира за потрошниот материјал, а со самото тоа имаш веројатно голема дупка во поглед на познавањето на потрошен и непотрошен материјал.
    Кондензаторите не памтам некој да ги има сменето, се додека немал реален проблем на појачалото. Еве дури ни јас во мојата 40 годишна кариера никогаш не сум сменил кондензатори, не заради проблем, него заради тоа што не сум ниту па ке дозволам да имам потреба од тоа. Да не го ширам муабетот. Ако сакаш можеме да продолжиме во друга тема да дискутираме.
    Значи точно е дека кондензаторите се сушат и дека играат една од поглавните улоги во едно појачало, но и вистина е дека никој не ги сменил. Барем јас не познавам таков.
    Транзистор не е потрошен материјал. Ако е потрошен материјал, во тој случај и каблите низ дома ни се потрошни материјали, онака како паралела наведувам. :)

    Што се однесува до предлозите од Али Експрес, повторно не ги поддржувам. Прво не изгледаат на ништо, второ немаат далечинска контрола, немаат радио, немаат можност за приклучување на никакви екстерни уреди.
    Зборуваме за компактен домашен аудио систем и ништо повеќе.
    Првично тоа ни го покажа буџетот од 150 - 200 евра, а второ потребата на корисникот, односно членот.

    Али Експрес, Монитор Аудио, ЈБЛ, Денон, Харман итн итн се малку поразлична прикаска и друг буџет и друга намена.
    Мислам дека се слагате?
    :)
     
    На Draynor, mdeni, tomaso и уште 4 други им се допаѓа ова.
  18. Audiofil

    Audiofil
    Gaining Experience

    812
    322
    28 oктомври 2007
    Во 90% кај аудио техниката важи правилото КОЛКУ ПАРИ ТОЛКУ МУЗИКА но денес со големата економска експанзија на Кина полека но сигурно тој процент станува се помал и помал.Ако не си знаел истата елита која го изгради јапанското чудо пред 100 години,САД во минатиот век ја гради и денешната Кина за сметка на уништување на САД бидејки цела американска технологија од САД ја преселија таму.Кинезите имаат копии буквално од сите западни производи без разлика дали се поевтини или поскапи и истите со некои мали измени ги продаваат под други имиња за многу пониска цена.Пред 25,30 години кога добрите познавачи во автомобилизмот тврдеа дека јапанците ќе ги надминат фамозните германци сите се смееја но денес и малите деца знаат дека јапанец во иста класа е поквалитетен од германец бидејки на стара слава не се живее.Американците пред 40 години мислеа дека нивниот тогашен V8 мотор никој нема да го надмине но денес сите знаеме дека тоа е веќе стара технологија.Истата судбина ќе ги снајде и Денон,ЈБЛ и некои други врвни фирми кои беа без конкуренција.Многу од фирмиве што ќе ги видите на сајтов за светот се непознати но полека и сигурно една по една ќе испливат на површина:China-hifi-Audio online store, Yaqin,Meixing Mingda,XiangSheng,Line Magnetic Tube Amplifier, power amp, preamp,hi-fi CD Player high end audio for sale
     
    Последна промена: 27 ноември 2018
  19. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,672
    1,720
    8 Мај 2007
    Машко
    Сале, тоа што го барав е токму нешто како предлозите на аудиофил. Некој бренд што не е извикан а нуди солидно искуство за парите. Тоа мало појачало не личи на ништо, тоа е точно, но можеби има некое што има ок изглед. Верувам дека има и звучници што се со ок цена, ок звук, а звучат блиску до некои извикани брендови.
    Како што имаше препорака за некои слушалки од 20еу што растураат се во ценовен ранг од 100еу, верувам дека има нешто слично и од звучници. (ок, се надевам дека има).
    Кинезите ќе го освојат и тоа поле, а верувам дека не се само кинези во игра, може да има и некои источно европејци или некои азијати...

    Доколку нема таква опција, тогаш секогаш во игра се некои мали системчиња кои ќе бидат ок за по дома. И во тој случај сигурно има многу ѓубре но сигурно има и неколку бисери кои треба да буткаат од маркетиншки момент цела друга палета од брендот.
     
  20. Sharlovski

    Sharlovski
    Practice makes perfect

    892
    1,991
    28 Јануари 2017
    Машко
    Само едно ме интересира ако си желен да ми одговориш, кој 10% според тебе не важи “колку пари толку музика“? Се контраш самиот на некој искази па сакам да знам на што мислиш точно или сум јас грешка.
     
  21. esquimaux

    esquimaux
    On your way to fame

    528
    823
    16 Јануари 2016
    Машко
    Bang and Olufsen прво што ми паѓа на памет..
     
    На Audiofil му/ѝ се допаѓа ова.
  22. Audiofil

    Audiofil
    Gaining Experience

    812
    322
    28 oктомври 2007
    Го имаш кинескиот сајт погоре па пред да го поставиш прашањето и да ме обвинуваш дека се контрам самиот себе си требал да го погледнеш да видиш што продаваат кинезите и за колку пари во однос на западните производи во таа класа.Така тврдеше и за слушалките кога тврдеше дека не постои разработување на мембраните или таканаречено усвирување за подоцна самиот се повлече.
     
  23. Sharlovski

    Sharlovski
    Practice makes perfect

    892
    1,991
    28 Јануари 2017
    Машко
    Не мислев на фирма конкретно али ок, Бенг и Олуфсен ги плаќаш за шминка и уникатен дизајн, не за звук/видео.

    Пак ме шеташ по тавани, настрана кинескиот сајт, сакам да ми кажиш кој 10% според тебе не важи “колку пари толку музика“?
     
  24. Audiofil

    Audiofil
    Gaining Experience

    812
    322
    28 oктомври 2007
    China-hifi-Audio online store, Yaqin,Meixing Mingda,XiangSheng,Line Magnetic Tube Amplifier, power amp, preamp,hi-fi CD Player high end audio for sale
     
  25. Balanar

    Balanar
    Practice makes perfect

    978
    1,011
    6 Декември 2016
    Машко
    ROCK Zircon како мал дел од тоа 10%... Овака од прва што ми текна, а има и мал милион други примери.
     

Сподели

Вчитување...