1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Препорака за апгрејд на слушалки

Дискусија во форумот 'Слушалки, звучници и аудио продукти' започната од spiritBreaker, 24 Јануари 2020.

  1. TheMarshal

    TheMarshal
    On your way to fame

    397
    579
    3 Јануари 2019
    Машко
    Во тој случај, иди на Sennheiser HD 650. Појди кај Амски да ги чуеш. Тие се комотни слушалки, не се напорни. MSRP е 450€, ваљда на тоа ќе ти даде 10% попуст. Потоа купи JDS Atom или Topping A50 како појачало, а за DAC Topping D50s и ќе имаш топ сетап. Што ќе те фати приближно 800 евра. Ова е мојот сетап, само што чекам да ми стигнат појачалото и слуалките, ваљда ради сутацијава со COVID-19 се заглавени негде.

    Поевтина опција би било, Sennheiser HD 599 (околу 200€ кај Амски) и Meizu Hi-Fi Pro (dongle DAC/AMP) и ќе имаш ок сетап.

    Моментално користам Beyerdynamic DT770 32 ohm со Meizu Hi-Fi Pro и е одлично комбо. Проблемот е што за мене DT770 е напорна слушалка. Но појди и до Vision чисто да ги чуеш Beyerdynamic слушалките.

    Како и да е, do me a favor, гејмај неколку пати со ваква слушалка. Ќе видиш дека тој 5.1 е чист gimmick. :p

    Отворена слушалка му е мајката за тоа што бараш.

    Едит: Иначе, за 800-1000 евра имаш солидни монитори.
     
    Последна промена: 22 Март 2020
    На MadBuldog му/ѝ се допаѓа ова.
  2. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    1,192
    1,838
    13 Јануари 2014
    Машко
    Прашање зошто планирам до крај на годинава да земам солиден сетап и јас, зошто HD650 а не HD6xx, освен достапност локално, со оглед на разликата во цена?
     
  3. TheMarshal

    TheMarshal
    On your way to fame

    397
    579
    3 Јануари 2019
    Машко
    Ако имаш можност земи ги 6xx.
     
    На gOJDO и fuzzjaw им се допаѓа ова.
  4. MadBuldog

    MadBuldog
    Gaining Experience

    24
    59
    22 Јуни 2008
    Машко
    1. Се сложувам во суштина HD 58x, HD 660, HD 650 и HD 6xx се „скоро истиот“ драјвер, со различен тјунинг HD 660 S и HD 58x се само последните итерации на истиот дизајн. Истотака сметам дека најоптимални слушалки за цена/перформанси се Sennheiser 6xx, која е истата слушалка со HD 650, само по доста поевтина цена.
    Drop.com практично договараат пред-продажба на модели според нивна спецификација, поддесена претежно за USA пазарот и затоа нивните услуги се претежно врзани за испорака само до најразвиените земји. (дури некои Drop-ови не се достапни ни за земјите во Европа) Нивните слушалки обично зимаат некој добар модел како основа и понатаму гледаат со производителот како да ги намалат трошоците со минимални измени во квалитетот на перформансите, со гарантиран пласман за распродажба уште во сам старт, затоа и цените им се толку пониски.

    Zeos и Joshua ги предложив како рецензенти кои едноставно ги претставуваат производите, секако има и други рецензенти кои уште подлабоко ги разложуваат и објаснуваат работите, секоја препорака е добредојдена.

    Обично за графикони ги зирнувам на Reviews and Ratings имаат детални методологии и графикони, само што покриваат широк спектар на производи за различни намени, и препораките им се повеќе наменети за "consumer" корисници.

    2. Се сложувам „DT 1770 е скоро истата слушалка со DT 770, само што има попријатен treble.“, затоа и јас ги земав DT 770, дека се "closed back" изолација милина, ем да не ти сметаат ем да не сметаш по дома. AKG K701/702, K712 (во ZEC) или Q701 (во Болин), истотака ги гледав и се мислев меѓу нив или HD 660, HD 650 (од Амски) како "open back" опции, досега според мојот вкус некако ми натежнува накај Sennheiser-ите.

    3. Да во тој ценовен ранг нема грешка со било кој од Topping A50, JDS Atom и Schiit Magni

    И јас се сложувам со TheMarshal, Sennheiser HD 650 ти се најбезбеден избор во твојот случај. Само побрзај во Амски дека јас минатиов четврток/петок се информирав кај нив за HD 660 S и HD 650 и најверојатно ќе нарачувам HD 660 S али следниве денови ќе поминам докај нив да ги чујам и HD 650 па не е исклучено да ги земам тие наместо HD 660 S. Само внимавај има една разлика помеѓу нив HD 650 се 300ohm-ски а HD 660 S се 150ohm-ски, што значи ќе ти треба помоќно појачало за „придвижување“ на HD 650. Во секој случај било кое од овие појачала (Topping A50, JDS Atom и Schiit Magni) без проблем ќе функционира со било кој од тие два модели на слушалки од Sennheiser.

    Баш дека ми е смачено од оние „гејмерски“ 5.1/7.1 финтици и ја се решив на посериозни слушалици и комбинација на DAC/AMP за истите, а за емулација на 7.1 сегогаш има бар во Windows по некоја опција како:
    - Windows Sonic for Headphones
    - Dolby Atmos for Headphones
    - Или опцијата што ја наведов претходно „го користам самиот контролен панел од Windows за да ги поддесам поставките на 24bit/192kHz кога слушам музика или на 24bit/48kHz за користење на сараундот во Equalizer APO 1.2.1 (линк: Equalizer APO) со HeSuVi модулот (Headphone Surround Virtualizations for Equalizer APO - линк: HeSuVi) за гејминг во игри што поддржуваат изворно 5.1/7.1 сараунд.“ Она што е добро кај оваа опција доколку имаш солидни слушалки е што во него има вградени/емулирани веќе повеќе различни surround технологии (како Dolby Atmos, Dolby Headphone, Dolby Home Theater v4, DirectSound3D, DTS Headphone:X, Sennheiser SGX 1000, Creative SBX Pro Studio, CMSS-3D, Fluz HEar V3, Nahimic 3, OpenAL, Windows Sonic for Headphones, Spatial Sound Card, Waves NX и плус уште еден тон разни други модули)
     
    На gOJDO и TheMarshal им се допаѓа ова.
  5. TheMarshal

    TheMarshal
    On your way to fame

    397
    579
    3 Јануари 2019
    Машко
    Драјверот кај 58x и 660s би требало да е истиот. Али сегде има различни мислења.
    I second this!


    Добар е Амски - само да знаеш дека те предупредувам, пред да ги чуеш слушалките цел саат ќе те задржи за теми од животот.

    Мислам дека HD 650 би ти бил боље избор, со разликата во цената таман ќе си купиш Topping A50. Поготово ако Амски ти ги понуди за под 400 евра, не се мисли.
     
    На gOJDO и MadBuldog им се допаѓа ова.
  6. MadBuldog

    MadBuldog
    Gaining Experience

    24
    59
    22 Јуни 2008
    Машко
    Чекам од Амски утре одговор за следнава понуда од Германскиот веб сајт на Sennheiser https://en-de.sennheiser.com/headphones-audiophile-high-end-hd-660-s-apogee, имаат намаление од 718 € на 549 € за HD 660 S со Apogee Groove USB DAC and headphone amp. Само DAC/AMP-от е околу 230 $/€, така да ако ја има таа опција и за кај нас би ги нарачал, да ќарам бар за на мобилниот да ги терам DT 770-те кога ќе сум надвор од дома. :)
    Ако ја нема таа понуда за кај нас HD 650 не ми бега, освен ако gOJDO не ме престаса да ги земе пред мене. :)
     
    На gOJDO и TheMarshal им се допаѓа ова.
  7. TheMarshal

    TheMarshal
    On your way to fame

    397
    579
    3 Јануари 2019
    Машко
    Мене ми рече дека тие понуди не важеле за кај него. Интересен тип си е.

    Инаку, внимавај на Apogee Grove затоа што има импенданса од 20 ома. Тоа не е добро за слушалки што имаат ниска импенданса. Дури и на HD 660S може да го променат звукот. Правилото мислам дека беше, отпорноста на појачалото да биде 8 пати помала од таа на слушалките. Али за DT770 ќе ти биде супер опција, гледам продуцира 71mW @ 300ohm што e солидно. Ваљда е и наменет за слушалици со висока импенданса.

    За месец-два, треба да искочи едно ново DAC/AMP комбо - E1DA 9038D, ќе кошта околу $90-100. Мислам дека тоа ќе биде идеално за тебе. Као AMP/DAC за кога не си по дома.

    Ќе ти го препорачав Meizu Hi-Fi Pro, ама ми текна дека ја имаш 250 омската верзија од DT 770. Би ти бркало работа, ама нема да е тоа тоа.

    Ја ќе ве претркав. Ама Амски дури после една недела ми врати на пораката, а во меѓувреме си ги нарачав. :D
     
    На gOJDO и MadBuldog им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...